Јас имам една поголема бемка, од оние како зрно од кафе што се, на листот од десната нога, малку под коленото. И имам едни како флеки, малку се потемни од бојата на мојата кожа, не се познаваат многу, но јас си ги знам. Едната ми е на левата страна од стомакот, а другата на десната нога горе кај што се витка кај препоните. Не ми сметаат, никогаш не сум ги гледала како нешто што ми смета.
Имам, од внатрешниов дел на деснава нога сосема мал, некоја нијанса потемен од бојава на кожа и скоро ич не се познава и од што е мал не можам да го дешифрирам да му ја одредам точно формата, лишај бил (додека си бил во стомак, мајка ти нешто "украла" зела без прашање нешто да јаде и ако се фатила на некое место, на тоа место ќе ти излезе), бај д уеј исто е лишај и белег ?
Јас уопште не се замарам со мојов белег и имам еден над Спојлер цицето у формичка на слива и еден над карлицата и двата ми се од лева страна,на дечко ми баш му се секси
Јас си имам белег на стомакот (од лева страна до папокот) и има форма на грозје (само едно топче) и бледо е ама онака се познава и не ми смета напротив ми е баш интересничко
и ја имам хах :Р на левата рака, под рамото, над лактот :Р хахаа :р мене ми личи краставица. а од двете страни на белегот имам бемки :р и ми личи на % hah
имам белег на десната рака во близина на лактото, и појма немам што форма е ова нз ни како да го опишам
Јас имам белег на внатрешната страна на ногата. Нема некоја посебна форма и е за нијанса потемен од кожата. Спојлер Тука некаде
Мене па баш ми се секси белези на телото. Јас имам еден мал на раката, во некоја "апстрактна" форма...воопшто не ми смета
Мене ми е баш слатко кога ќе видам белг на некого,нешто мало што го имаш само ти и никој друг,а исто ми е симпатично и бемки на лицето. Јас лично имам едно мало белегче на десната рака-некоја неодредена форма.
Јас имам некако чуден белег на ногата во форма на срце , некоја извртена фигура немам поим важно си го сакам дека не е големо туку е малецко
Имам на левата страна од стомакот , кафеав е, не е некоја одредена форма,тоа мајками коа била трудна украла волница и се фатила за стомакот
Имам еден мал белег светло кафен на десната рака, а истиот го има мајка ми само на левата рака. хехехе.
Имам јас два. Еден мал над газето. Е него ич не го сакам! Мада не ми се познава кога носам гаќички а на дечко ми му е интересно. Другиот ми е на десна нога, горе. Голем белег. Долго време не можевме да откриеме на што е формата но пред некоја година на доктор кога го виде докторката вика: ’’ Еееј си носиш карта на Македонија на ногата а ? “ Јас и моите останавме зачудени. Кога отидовме дома одма да споредиме, гледам тоа е . Ја има таа форма. Незнам како е можно тоа, но ете. Уникат!
И јас имам кафеав белег во форма на бројот 7 на левата рака (точно над зглобот). Апла број 7, не знам што би можело да значи тоа, знам само дека ми е од раѓање таков
Имам белег кај колковите,од десна страна во форма на цвет...и мене исто така ми кажуваше дека кога била бремена на мене,украдила цвет од некоја тезга..мене лично белезите ми се допаѓаат затоа што се уникатни.. Oнака секси ми изгледа кога доаѓаат до израз..
Лелеее ви завидувам сите малечки по нози по раци а јас праку цел стомак имам посветол белек но како што растам и тој станувам се посветол се надевам дека ке го снема