Теткa ми имa фoрмa нa рoзa и грaнкa целa... бaбa ми вели демек тoa билo кoгa билa бременa укрaлa ружa и првo штo гo дoпрелa билo нa рaкaтa нејзинa нa рaмoтo и сегa теткa ми гo имa нa рaмoтo..пoмеѓу црвенo рoзевo е..кo тетoвaжaa
Не најдов баш соодветна тема за мојот пост, па решив да го вметнам овде.. Дечко ми има едни како топчиња по телото, не се гледаат не го болат но се чувствуваат на допир, над колената, по грбот едно две како испакнатини..дали тоа треба да ме загри`и? Го убедувам да одиме кај матичната вика дека нема потреба и дека не го боли...
Пред да ја видам темава,не знаев дека има ваква...мене како по обичај ми се читна погрешно... си велам во мозоко Бог на телото?! Арно ама после видов како се викала... да се вратам на муабетот...и јас имам два белези и тоа: Примариус:нешто во облик на слива на долниот дел од малото батаче на ногата отпозади(ама објаснав алал да ми е)(според кажувањата на мајка ми,таа кога била бремена му се направило форес кога видело слива и си скинала една слива од гранката и на несакање ете се фатила за ногата) Секондариус:во горниот дел над батакот,кај карабатакот таму некаде имам црвени црвени точки(иста приказна-само овој пат било нешто јаготки колку што знам така нешто) цела приказна шо сум и јас
На ќерками ова и е кога се роди, ама беше малечко и како расте и ова се поголемо станува. Знае некој како се вика ова како да најдам на интернет да прочитам, да преземам нешто да не расте или да исчезне
Јас имам белег на десната рака од раѓање. Малку е посветол од мојот тен, многу често ме прашуваат дали сум изгорела на сонце па сега се лупам...на некои им личи на елка на други на некој континент
Најдобро на кожен лекар да одите и точно ке ти кажат што е и дали се лекува. На темата: Имам темен белег од раѓање на видлив дел од телото, но ниту ми смета, ниту го приметувам.
Neznaev kade pa prasam I pisam vo koja tema.Ova ne se belezi od raganje tuku nekakvi izbeleni delovi vo predelot na vratot na maz mi koj gi ima veke eden mesec.dali znaete od sto moze da biday
И татко ми имаше слично нешто, само од себе му помина , не би знаела да ти кажам , нема никаква штета да посетите дерматолог. Сигурно ќе ви дадат нешто. На татко ми не му се одеше на доктор, мислеше дека му е од сонце. По извесно време исчезна ама не знам дали е исто нешто.
Jas imav bemka od raganje dolga 6 cm a siroka 2ipol cm. Posle 18 godini se odluchiv i ja otstraniv. Mnogu mala luzna kako linivce, so tek na vreme se smaluva i ne e mnogu primetno.
Јас имам белег од рагање на левата нога близу коленот , т.е како флека е , дебело и големо колку еден прст , со мн потемна боја и се забележува многу ... Според некои верувања ваквите белези значеле дека во минатиот живот настанала насилна смрт и на местото каде што се десило тоа настанал белегот во новиот живот ... Јас како атеист не верувам во ова , бидејки штом престане да работи срцето (што е моторот во нашето тело) престанува и животот и тоа е тоа
Gledam ovde ima post za ist ili slicen problem sto mi se javi i mene, dali e nesto seriozno? Toa se mali tocki koi gi imam po dlankite nekoj se kako kozni izrastoci mnogu mali a nekoi se samo kako bez pigment. Odvaj se primekja tie sto gi zaokruziv.
Имам белег од раѓање на средина на челото. Мал е и како тесна округла форма. Порано го мразев затоа што мислев дека ме прави грда затоа што сепак е на челото и се гледа. Ама сега не ми смета. И кога ставам пудра не се ни приметува. И мислам дека баш си сум уникатна затоа што го имам
Мене ми имаат кажано дека мајката кога е бремена ако има украдео нешто и веднаш потоа се допре на некој дел од телото, кај бебето се јавува белег на истот место каде што се допре. Јас имам темна флека во вид на грозје
Јас имам темен белег на грбот најдолу во форма на срце. Кога бев помала не сакав никако дводелен костим за капење, тогаш се носеа и маички кратки, јас од пусти срам ги тегнев до под газ немој некој да ми виде белегот. Сега мака си немам, ама не сум дете веќе нели , дури и ми е убав , а купачи нема шанси да облечам ако не се дводелни. Сметам дека секој човек е убав на свој начин. И секој белег е дел од нас. Па и бемките кои ги имаме. Јас на прстот на ногата имам и како мала и од тоа се срамев па на 40 степени чорапи носев . Деца , оди сега ми речи за срам .
Имам темно кафена флека на ногата не знам од што. Одамна ми е. Порано ми сметаше сега си ја прифатив.Дел од мене е.
Белег на телото баш од кога сум се родила немам.. Но сега имам еден куп белези од кога бев мала затоа што секогаш си ја барав бељата