Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Не дека ја сакам, ама уште подалеку дека ја мразам.

    Ние сме менталитет што секогаш плукаме по наше, а по странско се воодушевуваме.

    Истите реченици напишани на англиски од Николас Спаркс, од филмови како Самрак, Госип Грл, текстови на песни од Ријана, Лана... ги цитирате по милион пати како тоа целосно се пронаоѓате, преведени на македонски не ве трогнале, ма немој |(

    Нека си пишува девојката, дека ја бива за патетики- ја бива.
    Кој сака романтични љубовни срцепарателни текстови нека ја чита, другите само да ја какате не сте интересни.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^ Како да не, ти нема врска ова. Јас тој Спаркс никогаш не сум го читала, ниту Ријана ја слушам, не ми е ни Лана омилена пејачка, ниту гледам Озборувачка или Твајлајт. Баш напротив секаде „тупам“ како мразам тaкви филмови и серии. Така што, your argument is invalid. За мене барем си кажувам, за другите не можам да знам. Не знам и за тебе, дали и се воодушевуваш или дали само сакаш да го браниш правото на глупите луѓе да се занесуваат дека се писатели дури трескаат зелени, твој проблем.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ^^
    Тоа е индивидуално не можеш да глобализираш , не паѓаме сите во транс од текст на Ријана и цитат на Спаркс,во се има поделба,некои зборови се моќни,што треба да е одлика на еден писател,нели,а таа претендира да биде тоа...кога би тргнале од правописот првенствено .И ти ќе кажеш дека некој кој не ги знае правилата на македонскиот јазик заслужува место помеѓу писатели?
    Со талент се раѓаш а потоа го развиваш.
    Што таа реално го нема!
    А и кој бара да е интересен?
    Темата е наменета за искажување став.А не за борба и место помеѓу интересните.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.599
    Допаѓања:
    161.138
    Леле бе...
    ЛЕ-ЛЕ!
    Плачам...од смеење!
    А кога ќе ми раскажат од прва рака колку е реално глупа... а она мисли дека и се другари, па им се пика...ау,па,па,пааааау!!!
    :D

    А и треба да ви е јасно дека тука генерално изгледа се собрани непоштувачки на Спаркс, така што... :wasntme:

    Ау сега видов, веќе сте ги споделиле овие опасни зборови... :D
     
    На Shmizzla, tanjabela, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^ :rofl: :rofl:
    Ама последното : биди ми љубов како што си ми надеж ....Која логика еј ?

    :rofl: :rofl:
    [​IMG]
     
    На Shmizzla, tanjabela и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Aбре Фрејм, абе...проблемот лежи во неписменоста и во неначитаноста.
    Да во неначитаноста. Извини ама од толку автори најде Спаркс да го цитираш? Само Спарксот пишува љубовна поезија и љубовни романчиња?

    Кога ќе прочитате асална љубовна поезија и проза, тогаш дојдете и споредувајде и кажувајте дали ние тука КЕЊАМЕ, или едноставно сме зачудени од преплавот на нејзината "поезија" на социјалните страни.
    Не го пишувам ова само затоа што мене не ми се допаднало, затоа што не е ПОЕЗИЈА ОВА. Колку сакајте вадете се на за вкусови не се дискутира, ама една моја другарка еднаш убаво рече, не се дискутира само со некои кои ги немаат, без навреда.
    Исто ко за Лешовски, денес се испокарав со една особа која почна да ми го брани. Затоа што некој нешто почнал прв да го прави и бил единствен не значи дека заради тоа и само тоа морам да го толерирам или сакам. И изговор- имал 10 000 следачи, мора да е добар, и Хитлер имал, па не значи дека тоа што го правел било нешто за почит и восхит. Глупава ми е споредбава јасно ми е, ама најдебилен изговор ми е прв се пробил, скршил мраз или има следачи многу што по дифолт го прави добар, НЕ ГО ПРАВИ.

    Ве молам читајте и не дозволувајте да ви сервираат вакви бљувотини како квалитет, затоа што ова ти е чиста дефиниција за квантитет и упорните успеаваат, и само упорните!!!
     
    На Nymeria, AnaKarenina и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А зошто пак се потенцира дека дотичниот Лешоски или оваа самопрозвана писателка се први кои што измислиле нешто во оваа скапаница држава?
    Смислила две реченици заради кои се трескаат од земја глупави тинејџерки и сега треба да ја дигнеме до небо затоа што ете она измислила топла вода. Како не!

    Ако веќе некој сакаш да браниш а немаш аргументи тогаш настапува она, па дообро ние Мекдончињата сме навикнати само да плукаме по нашето, ама они први се бе што измислиле љубовна позеија нели ? Всушност, неможам ни да ја наречам поезија тоа што го пишува, но ете да ја именуваме некако.
    И да, ќе плукам, или пак ќе се смеам како за ова добредојде на Октомври. Друга емоција тешко дека можат нејзините текстови да ми разбудат.
    Ми се сере од целата онаа проста маса која ги шернува нејзините слики и ја доживуваат како некое божество.
    Па уште со тој глуп псевдоним, Лајла Грејс. Ма фак оф бре!
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.599
    Допаѓања:
    161.138
    Лешоски изјавил дека се бунел против критичарите, зошто му било преку глава од веднење на главата и ставот дека требало да се игнорира.
    И чекај сега... мене тука нешто не ми е јасно.
    Да сум била од тие мажи кои му се заканувале дека ќе го скршат од ќотек, директно и без срам, би рекла дека заслужувам во најмала рака и тужба, ама неговото курчење за КРИТИКА, како да го толкувам? Он самиот одлучува дека е супериорен и се брани од критика за неговите дела. Колку треба да си самобендисан за да го направиш тоа? Обично се браниш себе си кога си нападнат, а не си виновен, како тој одлучи дека е нападнат ко прво, а ко второ како во дадената ситуација ќе докаже дека тој е во право? Зарем е објективен во одредувањето на вредноста на своите песни? Не може и да е автор и сопствен критичар...Е тука, изгуби од својата вредност.
    Не пишува колумна па за да остриме ставови, да не се согласуваме,па ќе аргументираме, пишува поезија која не ми се допаѓа и не може да ме натера никако да ми се допадне, а сега уште повеќе пак ми предизвикува отпор и за од забава да го читам. Едноставно ми пречи кога ќе забележам самобендисаност и точка.
    И тоа е причина зошто неговите песни не се убави.
    Во љубовната поезија авторите претежно ги опеваат нивните љубови, а во неговите песни ќе забележите дека тој се става во центарот на случувањата, а девојката има споредна улога. И? Каде јас грешам дека тој е самобендисан кој пишува за себе си, а не за љубовта?

    Ама добро, во државава ретко да најдеме господа кои знаат културно да дискутираат за своите спротиставени ставови за било што, од него пак не ни очекувам повеќе. Неговата тогашна реакција ми остави впечаток дека реално он не ни знае како со жени и се она кое го реди е горко посакувана желба за да се претстави себе си. Сакам да кажам, не е џентлмен, ниту толку интригантен, туку премногу предвидлив во обичните реакции...

    И така...

    И зошто Лајлица не пратела постојано, само да и упатам еден срдечен поздрав. :* Љубоморне душе, могу да ти пуше Лајлице, не не слушај, ти љубомориме! ;)
     
    На Golden, Bright, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  9. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Лајлица си склучила договор со Три!
    Што уште нема да се случи ах бе...............
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Според мене ова не се никакви глупости,пред се треба да имаш талент и да ти фака кликерот да смислиш барем две три реченици.
    Пред да се избега од целта на темата да се надоврзам


    Живот во шише

    Не можеш.
    Не смееш.
    Ти не си за тоа.
    Нема да те примат.
    Кај ти текна сега тоа?
    Не се занесувај!
    Тие се друго.
    Ај, седи си на местото.
    Слушнав само поранешната дека ја сака.
    Не ти чини, те оцртува, покриј се, срамота е во кусо, голем ти е задникот.
    Успеале, ама знаеш чии се?
    Страшно е странство, што ти фали во градчево?
    Немој да го побараш, сељак е.
    Срамота е да те видат со него
    Тој колку пати те побара?
    Ова знаеш колку калории има?
    Девојче си, не те личи, тоа е само за машки
    Тој мене ми се пушташе, батали го, женкар е.
    Ако го сакаш, ќе правиш тој како ќе каже.
    Чекај го, тој машко е.

    Пери, готви, раѓај, чисти, чекај, пати, молчи, трпи, плачи!




    Живеј живот во шише!
    ...Ќе се скрши ли некогаш?


    Писателката од Лозана-Марија Лозаноска
     
    На loppez19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Навистина треба голем талент за да се напише ова:
    И 250 лајкови под посот. Незнае и она веќе што да напише, мислам дека . да стави ќе има милион лајкови. :D
     
    На iloveyou29, Someonespecial и Neytiri им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Епа кога ќе видам вакви работи се чудам зошто и воопшто плукам по дотичната кога всушност таа маса од народ која и е верен следбеник треба да се осудува.
    Ај што пишува обични глупости оваа, нејзино право си е да пишува мемоари или белешки ама толкава група од народ која се пали на неколку безвезни зборови, е тие таквите не ми се јасни.
    Прост народ, силна држава. Така е и за се останато.
     
    На Esperanza и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не за друго, на фб ми е френдица и ја гледам како ја лајкнува Лајла, а и како сестра и постојано си ги лајкнува белешките на Лајла.
    Истата тука кажува колку глупи биле лајкувачите на Лајла.

    Интересна смисла на сарказам. Блазе и на девојкава. Одлична е. И успешно и оди сето тоа надри презентирање на нејзината суштина.

    Живели!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^ Епа директно кажи која членка е и обрати и се да не биде толку лицемерна. Вака не ставаш сите што сме рекле нешто такво за Лајла и што мислиме дека е глупа во исти кош.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не ве ставам сите, реков една френдица.
    Форумов е анонимен покрај се.
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сон.
    Вчера сонував.
    Сонував страшно и гласно.
    Сонував лудо и незаборавно.
    Сонував сон страшен.
    Росонерка дојде на мојата врата.
    Тропна тивко, нечујно.
    Можеше да се чуе дека тропкањето
    всушност е придушено
    бидејќи
    имаше нешто во рацете.
    Отворив врата.
    До тој момент моето дишење и моето срцечукање
    беа нормални.
    Од тој момент, кога видов
    дека во рацете држи листови
    захевтани со хевталица
    како скрипта од факултет
    само на едното ќоше
    почнав да се потам и да трчам
    но не можев да побегнам.
    Росонерка ја држеше во рацете
    КНИГАТА НА ЛАЈЛА ГРЕЈС!!!
    а јас се чудев зошто
    не ставила корици.

    Нимерија, 3 и 40 по полноќ, подзнак близнак.

    (бтв навистина сонував дека росонерка ми ја донела книгата, така што песната е инспирирана од вистински настан, што и дава особено значење и уметничка вредност и автентичност, и колку и да вие тука кажувате спротивно ништо не ми можете бидејќи ова е поезија)
     
    На CameliaMiller, Dream-Girl, Golden и 8 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Најубавата според мене белешка на Лајла Грејс
     

    Прикачени фајлови:

  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater

    На здравје 500 лајкувачи на срањево у боја, али баш у боја, одлично, ми влева невидена надеж!
    Просто се наежив едно три милиони пати по ред коа ги прочитав редовиве!


    ,, Че си умрам млада '' - Anabel-a
     
    На Shmizzla, tessie и Neytiri им се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    За кого пишува девојката, кои се нејзините лајкувачи? Ако се млади девојки кои сега влегуваат во пубертет тогаш ок, остајте ја на мира. Си створила имиџ некаков, девојките ја сакаат, лична е (ме натеравте да и пребарувам низ профилот :D ) си пишува што и лежи на срце, ете некој ја следи. Ако вас не ви одговара што ја читате, што ја споредувате со вистински писатели, зар секој што чкрта на нет треба да е на ниво на врвен писател? Па и книга да издаде, знаете колку лесно се издава книга ако имаш пари?
    Остајте ги децата нека се лажат со романтични зборови и убави слики макар врска немале од логика, кога ќе пораснат ќе читаат нешто друго...
    А и ние на форумот имаме или сме имале девојки кои добивале куп лајкови заради два-три збора -Небо, тивко ветре и чај од липа... |(
    Тоа е...Лајла, Бибер...оди па сфати.
     
    На Esperanza и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Се намножиле минвајл на 560 и кусур :)