1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Пффффф, демек еве јас колку сум бедес, сам си се хејтам. Туку ај овој пишува за да легне, не дека многу нешто уметник е, си нашол начин како да дојде до кхм, и најверојатно му успева, со оглед на фактот дека го читаат или загоренки неебени, или неначитани. Тоа што сам си се хејтал е само уште еден вид на себе промоција, бидејќи за овој не постои нешто како лош публицитет. Штета, а баш сакал да докаже дека ете под лажен псевдоним луѓето го сакаат бидејќи дип даун инсајд е ист како и сите ние ;( .

    Ќе заборавев да прашам, ако има некој што знае, кој е критериумот за група зборови да се наречат песна?
    Треба да бидат
    напишани вака
    едно по друго
    и ова да се нарече
    стихотворба, поема, песна?
    Исто така, дали ако јас ги издадам белешките од тетратката од факултет можам да објавам книга докторатите на Нимерија? Бидејќи, технички, и тие се цитати, како белешките од Лајла, и автоматски ако ги потпишам и објавам ќе бидат и мои. А не ли и текнало на Лајла на пример дека може да добие тужба за авторски права на пример, еве од црно па се не види авторот и од другите автори што ги преведува од српски на македонски?
     
    На Esperanza, Azriel1 и anabel-a им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.632
    Допаѓања:
    161.494
    Добро и онака одамна го констатиравме нејзинот неталент, не останува ништо друго за коментирање, освен нејзината пудра... Што да правиме сега?
    Јас не сум корисник на фотошоп. Никогаш не ми текнало да го употребам за таква намена, а и чудно ми паѓа кога се коментира дека обични девојки користат фотошоп за нивните фотографии за фб.
    Ако фотошопира се што става на фб... тогаш девојченцево е има многу посериозни проблеми со самобендисаноста и нереалното прифаќање на животот.
     
  3. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Јас се сеќавам многу одамна беше прв пат кога прочитав нешто нејзино и ми се допадна, но не се сеќавам за што се работеше ама знам дека беше долго...но после гледам некои нејзини други белешки и гледам дека во ништо што она пишува јас не можам да се пронајдам и престанав да ги читам нејзините белешки но никогаш немав оформено мислење за нејзиниот стил на пишување, зошто не се разбирам во тоа, едноставно не се замарав со анализирање...не ја читав и толку...но ќе ми се појавеше нешто на почетна од неа и ме нервираше на моменти нејзиното феминистичко размислување ...па после во друга објава ќе прочитам сосема спротивно размислување, како така во една белешка викаш тој дечко е сељак (се разбира она со други зборови го кажува тоа) а во друга дека е најдоброто нешто што си го имала?...не се замарам со тоа дали има стил на пишување или не, ме нервира начинот на кој размислува она и сите што ги објавуваат нејзините белешки...зошто не бидете малце по либерални во размислувањата, зошто да заостанувате со стереотипите за машките? како така се пронајдувате во нејзините белешки? или можеби е до мене...ццццц срам да ми е!
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    И е гајле бе важно ја има на телевизија :D баш пред некој ден ја гледав на алфа, леле како ја покажуваа објективите мислиш Викторија Бекам е на Тв :x никој не хејтам, ама беспотребна прашина се крена околу Лајла, не ја бива баш, нема некој концепт на пишување нешто како ваууу леле срцепарателни текстови има се пронаоѓам во повеќето :x
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    А кој гледа македонски телевизии воопшто денес, па уште и емисии во кои Лајла Грејс се појавува? Ќе почнам да се загрижувам од каде ви се овие информации :D

    Останав должник да кажам нешто за Лешоски. А шта речи и коју поруку послати за самопрогласен слободен уметник кој времето го поминува во игрици на некој сајт за шестодделенки по име чик погоди и кој шернува статуси од типот Majka Makedonija tatko narkoman (Лесоски поет ја астронаут ок?)? Ремек неделата на современиот македонски кич нека ги анализираат поупатените, мене неколку секунди на таа страница ми беа доста за денес и за наредниот подолг период.

    И што има па јас да ги коментирам понатаму, уште да си ги дигаат акциите.
     
  6. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Девојчето има талент тоа што ја имало по телевизии го заслужила, има некои текстови што стварно вредат и тоа не е воошпто за хејтање, мислам нема потреба, и текнало, пробала, успеала.. па ете денес стигна до таму до каде што е ... Но едно ме нервира кај неа, а тоа е дека мисли една е единствена млада личност во Македонија што го има тој талент па читав последно некои права бара да ја цитираат на статус ако копирале... :clap: :fubar: Во ред е да имаш талент, ама не е во ред да се крениш високо толку наеднаш и да си замислуваш дека си една од најдобрите Светски писателки .. |( Инаку за пишување, капа и симнувам... :hai:
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Are you fu*king kidding me? :D
    Ако подобро ги пролисташ темите Што би му кажале,Сакам да кажам ем,наши дела проза и поезија,ќе забележеш дека има феминки,кои не се експонирани,дури би рекла тотално непознати,кои за разлика од Лајла,умеат вешто да си поиграат со зборовите,радо би рекла дека се милион пати подобри од нејзините.
    Друго,ја зема нејзината 'писменост' во предвид.Како може некој да си дозволи,од таква сфера на делување,да употребува-све,и мн други такви термини,не ми текнуваат во моментот.
    Каков писател/писателка,поетеса е таа,ако нема доволно познавање од литературниот јазик и правописните правила?
    Пролистај ги страните наназад,можеби ќе се просветлеш околу дотичната.И што е добро,а што кич..
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Зашто бе немате родители да ве научат на вредности бе? Затоа неам деца и не сакам да ги имам, зашто ќе треба да ги научам да сакаат Леб и Сол, Манчевски, Блаже Конески, ќе ги носам у театар и после ќе израснат и ќе праат фејс палм коа ќе прочитаат вакви постови. :worried:

    Пази ја Лејла Грејс:
    „Црно па се не види. Ама ќе помине...
    Ќе помине, знам јас.

    Ќе помине.

    Ќе помине.

    Ќе помине.“

    И еве ти родителски совет, за да израснеш паметна и да не се омажиш за некој абдал од Дељадровци што се пали на цицките на Станија. Блаже Конески, поезија, ја има во сите македонски книжарници, читај ја со внимание и обиди се да ја сфатиш секоја песна. Еве ти една:

    Љубов - Блаже Конески

    Тие ми шибнаа суво копје в срце,
    многу раце стискаа поздраво да го зацврстат.
    После рекоа:
    „Чекај да раззеленее!“
     
    На Neytiri, Yowannty, Skyfall и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Вакво перфектно лице се добива само со Есте Лаудер Максимум Кавер, тетоважи покрива, а не пак несовршености. 8)
     
  10. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    За убава, убава е, ама мене ,,уметност" од типот: на слика стави ,,инспирирачка" реченица не ми проаѓа :)
     
  11. makemeyoureverything

    makemeyoureverything Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Океј си е девојчето, не дека нема талент.. Само не знам, некако сите нејзини текстови се исти. Инаку навистина самата си се крева во облаци, како да е една, единствена и тотално незаменлива. Сличен блог кој го читам чат-пат, за тепање време на пауза е http://prettypeonybouquets.blogspot.com/ . Исто така ми се допаѓа анонимноста, тоталното непознавање на авторот кој можеби е и меѓу нас. Офтопик муабет: Ако се решите да читате, моја препорака се постарите постови.. Некако пооригинални и уметнички ми се. На крајот, секој со сој вкус.
     
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Многу се намноживте. Не оди на добро :?: .
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Јас сум крива што ги „посетувам“ ама ми требаше нешто за да се посмеам (couldn't help my self) и наидов на овој искрен изблик на емоции ко за уметник

    :?:
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.326
    Допаѓања:
    182.188
    Пол:
    Женски
    Ок. Факт е за вкусови не се дискутира.
    На некого секогаш ќе се допаѓа, на некого нема. Истото важи за се и за секој во животот. И тоа е тоа.
    Како шо ние во земјава наша напатена си имаме личности кои се ненадминливи во својот тален како поети, и оставиле трага во македонската поезија и проза,
    дел од нив се спомнати во претходните постови и нема потреба да се повторувам ниту да набројувам, зошто тие шо ги читале и учеле за нив, веќе ја познаваат нивната вредност, кај дел ќе проработи љубопитноста, ќе се заинтересираат, ќе ги истражат и ќе компарираат, а оние другите, останатите, ќе се клањаат само пред единственото нешто шо го прочитале во животот
    така и во светски рамки постојат луѓе на кои цел свет ќе им симиња капи, не само одредена целна група. И тоа целна група која не прочитала ништо повеќе од тие 2-3 реда зборови, и тоа ни помалку ни повеќе туку на фејсбук.
    Сјајните писатели прво објавуваат книги, а потоа стекнуваат фанови.
    Денеска е обратно. Прво мораш да стекнеш онолку фанови колку што ти се доволни за да се убедиш себе си дека вредиш како писател, па после тоа да објавиш книга. Значи, прво треба да најдеш луѓе кои ќе ја купат и ќе те слават, за потоа да ја објавиш. Тоа е единствено логично во муабетов.

    Без разлика дали ми се допаѓаат или не, кога ќе сретнам нешто од било кој од дотичниве го читам. Како иначе ќе можам да напраам споредба меѓу она шо ми се допаѓа и она шо не ми се допаѓа? Ја читам секоја книга која ќе ме привлече или некој ќе ми ја испофали. Тоа не значи дека и мене ми се допаѓа толку многу. Читам анонимуси од писатели, читам познати.... И да, некои не ги ни читам до крај, некои ги препрочитувам уште неколку пати... на тој начин учам шо ми се допаѓа...а шо не..

    Некој погоре имаше спомнато нешто околу тоа дека за врвни поети едвај неколку страници се испишани со коментари, додека пак тука се пишува цело време. Јас искрено мислам дека едноставно така мора да биде. Кога се чита сјајна литература, не постои толку сјајно зборче кое може да ја опише, напротив тогаш стануваме неми, сиромашни со зборови, зошто се што понатака ќе сакаме да кажеме не е доволно да се опишат искрените воздишки и емоции предизвикани од истата, па така, нашите импресии ги оставаме само за нас, ќе ги чуваме зад она "...тоа е мноогу добра книга." "Одлична книга" "Страшна книга" "Прекрасна..." и тоа е тоа.
    Од друга страна пак на глупоста никогаш не и се доволни зборови. Во секој ќош ќе ги најдеш.
    Како викаат... кога човек ќе најде нешто шо не му се допаѓа, ќе најде толку многу начини и толку многу зборови за да го каже своето мислење, револт, омраза према тоа одредено нешто. Додека пак за љубов отсекогаш недостасувале зборови. :)

    Едит: Наредно чекам самопрогласување на Светци, и чекам да ги сретнам по верските календари за 2014! :|
     
    На Marossa, sanja.burgundy, Skyfall и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не се занимавам со вакви овчички ама не можев да не искоментирам, обично на Фејсбук на луѓето им го гледам паметот по тоа каде ги оставаат лајковите. Епа Лајла - писателката го имаше лајкнато ВеличеНствениот. А јас мислев дека такви кичести серии се гледаат инцидентно и за сеир. Ништо чудно девојчето да е едно од оние опседнати со Хурем уана би султанки кои испоникнаа како печурки во државичкава. И во денешно време некоја со такви интереси ќе ти издава книги и ќе ти изигрува иден интелектуалец.
     
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Ладна глава е најдобар лек, посебно кога станува збор за Пирова победа. Инатот тука ти е најголема болест, а најпорозна е границата меѓу инатот и амбицијата.

    - Јаневска Марија, 2013


    Ако знае што кажала со ова, ќе се обесам јавно со оние конците за табли јајца врзување :rofl:
     
    На Shmizzla, iloveyou29 и Ruby.rose им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Писатели тешки за читање: Кафка, Достоевски, Лајла... :D
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, Mama25 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ова нешто старо и било.. ама сега приметив. :D

    Magazin-Minus i Plus

    ko minus i plus, ko Amer i Rus
    u mom svijetu ti si korov, a ja hibiskus
    :rofl:
     
    На Shmizzla, tanjabela, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Не сум ги читала баш белешкиве. Пролистав низ темава. Ама интересно како ти паднало во очи :D А коров не е ни корал, плевел е. Лошо преземена „инспирација“ :)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    ^Па добро де, Лајла мислела дека коров е корал.