Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Баш тој е бетер од неа затоа што е повозрасен и има завршено книжевност, а напишаното им е на исто ниво. Колумни не му имам читано ама „поезијата“ му е тешко гомно да ме извините. А самиот тој како појава е лигав, антипатичен и доволно полн со комплекси за да се расправа виртуелно како е тој најдобар. Сега си реков кога е веќе муабетот на темава, да напишам некој стих пародија на неговите, избришав, дури и тоа изгледа подобро од она што го пишува. Човече, таков лит. потпросек не знам како собрал толку самодоверба да се промовира сам себе и да се занесува...
    Ама не за џабе Бертранд Расел рекол нешто што во негово време не ни важело толку како денес
    Тhe problem with the world is that the intelligent people are full of doubts while the stupid ones are full of confidence"
    Затоа ќе се чудиме каде се талентираните, додека Лешо и Лајла прават ршум по Фејсбук со нивните глупости.
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно само кој има толку нерви и концентрација да дочита било кој нејзин текст до крај. Такви срцепарателни глупости препишувавме во споменари во основно, сега се мерило за нечиј талент. Кул.
     
    На Little-Mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Да, тој е. :)

    Можеш да го следиш и на Фб: Дарко Лешоски.

    Последната му беше за љубомората, ја објави денес мислам.
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Нека, фала. Не сум до толку фан :D
     
    На Shmizzla и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  5. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Го читам Дарко редовно затоа што пишува така откачени статии, а Лајла не затоа што ептен ми е литературно и монотно, ама незнам од каде најдовте да ги споредувате нив двајца, важно ви е да се хејта, Дарко ми е интересен затоа што понекогаш е саркастичен, романтично-саркастичен, а Лејла пишува поезија која што одамна е изумрена за нашата генерација, а повеке вреде од тие на Дарко и пцофките на другар му Бетмен, ама ете ги сакам, обожавам да ги читам.

    Дали драга ти знаеш од кога Лајла пишува на интернет, на фејсбук е скоро година, а блог има многу многу одамна, таа е талент и тоа каков само од сосем трета област од таа на Дарко.
    Не ја читам ама нема потреба ни да ја мразам, таа си го пишува што и лежи на душа, а мене ми лежи тоа што го пишува Дарко и тоа е тоа.
     
  6. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=Ig-zcr66 ... e=youtu.be

    Денеска е среда. Јас сум во среда роден.
    Ова јас го правев и кога имав 20 пријатели на Фејсбук. Истото. Пишував без влакно и без осет и баш ми било гајле дали тоа е добро или ќе повреди некого – оти така ми било. Така ми било. Оти сакав да си кажам, а не да собирам. На моменти си велев: „Дарко заш бе ги секираш дома ти ?“ „ Зашто секираш пријатели , роднини...“ ама НЕМОЖАМ ПОИНАКУ .
    Едно време си се борев во себеси ама после се прифатив... дека не можам и не смеам поинаку. Дека ќе се угушам сам во себе. Ќе овенам . Ќе скинам. И ако не пишувам. И ако не скитам. И ако не пијам. И ако не пушам. И ако не се смеам. Ако не сум таков каков што сум. Пред некој ден ја прашав мајка ми во Белград: ќе дојдеш ли ?
    Ми кажа - Искрено ... изгледа „да“ ама не знам... тешко ми е ! Некогаш ќе седнам пред компјутер ќе те прочитам 5 минути и после ... после мајка цел ден ми е криво што сум те читала...
    И кажав како ќе напраиш така – не ти се лутам! Те разбирам.
    Нејсе...Имам да ви кажам една убава работа.
    Книгата ваљда чади во печатница.
    Ете ... бидна.
    Тешки ми се вакви работи... Не знам... може и да недојдам јас... се зезам(во секоја шала полувистина) ама толку драги луѓе на едно место...ми се пристресуваат малце колената. Да не изигравам кулоќа или кур ме боли. Издавачи се Табернакул. Местото е МКЦ.
    Саатот е 19.
    Или седум по нашки. Можев да бирам датум и одбрав денот е 30 ноември, сабота. Не, оваа што иде - нареднава.
    На 30 ноември познавам 2 кои имаат роденден. Двете се кул и драго ми е што ги познавам! И познавав... Познавав еден добар и луд фраер. Луѓето кои ме познаваат многу добро и кои го познавале и него знаат и некогаш ќе ми спомнат дека покрај на татко ми кој е во суштина злато од татко, личам и на него, како време оди се повеќе на него ...на 30 му беше роденден на дедо ми .
    Ич не се сакавме. А знам дека мене ме сакаше премногу. Премногу. Последниот роденден ко да знаев дека „ќе ја кидне“ му напишав нешто. Mу признав. Тој ми призна кога ни се насмеа мене и на татко ми и ни избега од раце на двајцата. Имаше сонце. Се насмеа и кидна. Ова е крајот од моето од тоа напишаното:
    „...И ова ти признавам:
    Ме научи да зборувам вистина-никогаш лага!
    и како се собираат очите кога се смееш-за никогаш да не ти собираат влага!
    така во нив цел живот да свети тоа жарче!
    Од тебе научив како устата може да вели:Морону! А очите : Te сакам бе Дарче!
    Во срцето гордо и со добредојде да пуштам секого ко да не е само од месо парче
    ами ко оние згради што си ги градел со руски црвени блокови
    во крвта да чувам железо таман толку,
    колку да не стига за душата да си исковам окови..“

    Оние луѓе кои ми помогаат ќе им се заблагодарам и лично и јавно и со поклон (а не само на фала ко некој сељак!:) ) и се како што треба!

    Царче.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Незнам како може да се палите на вакви текстови и неможам да се изначудам кој се не стигна книга да издава кај нас. Ама се додека има обожаватели ќе си профитираат и изнадачките куќи. Три ќе лапне добра пара од книгата на Лајла Грејс затоа што тинејџерките, а и постарите госпоѓи кои се чувстуваат така ќе чекаат редици за потписот на „писателкава„.
    А за овој Лешовски па ич немам никаков коментар ниту мислење. Што е работава незнам, тоа ти е исто ко да измислиле топла вода. Незнам што е толку ново, убаво и интересно во нивните „раскази„. Дури и јас добивам желба да си изададам книга, со оглед на глупостите што се случуваат околу мене секој ден, 100 пати поинтересна ќе ми биде книгата од белешкиве :^) .
     
    На Neytiri, Hipster и Mishela им се допаѓа ова.
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    24.142
    Пол:
    Женски
    Кој сè не стигна да издава книги кај нас. |(
    Тука, таму-ваму по некое глупо пријателче - истомислениче и оп читателска публика. :^)

    Сè, сè... кај нас сè може да проЏе, али кога ќе видам некои сељанки (не скокајте одма, да се дообјаснам), баш, баш дојдени од некои село у ПМ, па тоа сè си пишат шо им текне и им лежи на душа... успут нАли, не им е добро познат македонскиот литературен јазик па едно добри 80% од „пишаниците“ им се на дијалект. |( |(

    „вратеш, лежаш...“ :tmi:

    Добро бе мајка му стара, не значи дека ако имаш шо да напишеш - оп пополнувањето на страници ти е еквивалентно на КНИЖЕВНО ДЕЛО. :headbang:

    Еднаш, некој ми рече: „Абе ја знам каква глупача е, колку е лигава а успут и злобна душа е, ама ете ќе ја погледнам во очи и не можам, едноставно не можам да и се лутам“.
    Не беше во сексуален контекст.

    До харизмата е, нАли ?! :?:
     
    На Mama25 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Јас проаѓам во темава само онака невино да го оставам gif-ов :wasntme:
    Налетав на ова денес, па си реков ќе го споделам
    [​IMG]
     
    На Dream-Girl, Neytiri, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    24.142
    Пол:
    Женски
    ^^
    И јас налетав на ова денес. На Филолошки. :lol:
    Со какви овации беше пречекан човекот... по, по, по... 8) :rofl:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.083
    Допаѓања:
    173.995
    Пол:
    Женски
    Има некои кои се добри текстови од неа ама има многу локален јазик кој користи и тоа просто го уништува текстот. „Глуп да си треба за да ја заборавиш.“ <--- Пример ова зошто ми ги ископа очите кога почнав да читам. Збора на тоа има многу правописни грешки.
    А за овој дечково, Лешоски, има ПРЕМНОГУ повторување во текстови што дури и звучи неприродно.
    Патем забележав дека имаат многу различен стил на пишување ... how the hell they even got compared in the first place?
     
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Taка бе, сите сте сега литературни критичари затоа што ги читате дечкиве плус Бетмен велит. Лајла и Лешо, пронајди ги стилските разлики (кои црни стилови!), демек немам друга работа. Јас гледам само неквалитет кај нив. Очаен обид за творештво кој не допира до мене. Книги заслужиле, абе ај. Да повторам, не знам какви колумни пишува Лешо и за тоа не можам да критикувам, јас само гледам дека оние поеми, песни, изрекици (или не знам ни за што се водат) немаат никаква литературна вредност.
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.616
    Пол:
    Женски
    Незнам од кај и е толкавата инспирација,нејзините текстови толку допираат до срето а вистините се многу не да не....незнам што да кажам секоја и чест.Еве нешто што ми остави впечаток :

    Секогаш мислев дека премногу оддавам. Премногу лесно се зближував со луѓето и се прекорував поради тоа. Од секогаш мислев дека искреноста е тука негде со наивноста. Бар така ме учеле. Не лажи, ама премолчувај за твое добро. Во денешно време како сите врски помеѓу луѓето да се изградени по точно определен распоред, како секоја конверзација да се одвива според одреден протокол, цензура. Сите односи се како мрежа од социјално пресметани сталежи, подредени поради нечии јавни ставови кои постојано циркулираат. Циркулираат, а тој круг веќе станува смешно клише. Смачено ми е да ги гледам тие исти погледи, исти фаци и наместени насмевки. Просто, тие искалкулирани движења се како комерцијален амерички филм.
    Сметав дека можам подобро од тоа, па решив да излезам од зоната на комоција и да пробам да направам нешто надвор од полето на сигурноста. Викаат ако ризикуваш премногу ќе останеш со празни раце. Ама ако ризикуваш без да очекуваш, по секој основ ќе добиеш многу. И ќе научиш и ќе се забавуваш. И тогаш веќе не си шизик на ризик, туку само шизик. Кога еднаш ќе ги пресметаш ризиците и ќе ги сведеш на минимум, адреналинот се губи, а со тоа и задоволството. И веројатно така се` ти е рамно, се ти е сеедно. И тука веќе не ја сфаќам поентата на таквото добивање. Како да не живееш, туку само живуркаш. А си се запрашал ли, кога последен пат направи нешто за прв пат? Ни јас.
    Еднаш некој ми рече дека песимистите се најсреќни. Ако добијат негативна реакција, ќе биде очекувано за нив и тие ќе останат смирени и задоволни, а од друга страна ако добијат позитивен фидбек, тоа само ќе им ја дуплира среќата. Од неодамна сум реалистичен песимист без цензура. Луѓето ги гледам како шаховски фигури, климам со главата, се забавувам и акумулирам факти со по некоја чаша вино, додека полето на довербата е секогаш табула раса. И така сум среќна и секогаш позитивно изненадена. А јас? Јас сум секогаш победникот, секогаш центар на светот.

    А победникот?
    Е да… „победникот е секогаш сам“.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Јас па се чудам како некои луѓе незнаат да преознаат цитати од текстови на песни или од познати светски автори па се чудат од кај на Лајла и текнало да напише нешто. :^)
    Конкретно ова е од Коељо, знам има таква книга „Победникот е сам„, а инспирација и е се и други текстови од турбо фолк песни до преработени цитати на Петре М. Андреевски.
     
    На iloveyou29, Neytiri, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  15. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Белешките на Катерина Монсен

    Имам еден другар со него сум од кога знам за себе..он направи исто така блог како Марија и како другите....сакав да прашам дали сте го виделе блогов и какво е вашето мислење?
    http://beleskitenakaterinamonsen.wordpress.com/
    Мене лично ми се допаѓа затоа што знам дека он самиот ги има пишувано цитатите и останатото со ова сакам да кажам дека не е копи пејст како останатите... :)
     
  16. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Ја видов темата и си викам ајде да видам , добро /лошо имам јас вишок слободно време :) И наидов на ова http://www.youtube.com/watch?v=lVQkAwbTIJk
    и ова ->
    „Дарко се ебе со која ќе стигне и на крај ќе заврши или со некоја дроља
    или ко некое куче во дом сам. Ни род ни роднина.
    Не може ни Вардар греовите да му ги измие – по двеста грева во минута.“.
    За ;( и :$ е кога на денешната младина идоли и се т.н. Поети и Поетеси кои се толу речити што две реченици не можат да состават како што треба, ама па затоа пак не изе*аа у здрав мозок !
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ Од кога е видеово? И од кога дотичниов е експерт за климатски промени? :D
    Т.е. изгледа не му успеала кариерата како експерт за климатски промени, па ај си рекол да се проба како „поет“ :D
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    ^ Нема да се изненадам ако го видам наскоро како презентер на климатските промени,овој де презентер на временска прогноза :D
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.083
    Допаѓања:
    173.995
    Пол:
    Женски
    Не сум го видела до сега, сега прв пат онака на прв поглед како што ги скенирав, убави текстови, далеку подобри од тие на Лајла.
    Патем што е ова сите што крстуваат блоговите „Белешките на -било кој-“? :^)
     
  20. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Најискрено незнам дали му е пред или после заглавувањето на Ентер копчето од тастатурата кое очигледно му е инспирација а тој самиот на себе си, си е муза. И после темава дефинитивно морам да си го сменам потписот во профил да не речат дека ја цитирам Лајла, а може ке ми бара и да ја потпишам !:^) :D Само незнам од кога ,, Китењето со туѓи перја ,, подлежи на авторски права ? :x
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.