Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.640
    Допаѓања:
    161.593
    Откако помина целата фама, ако ми дозволите (оти за коментар требало да се бара дозвола, така вели фракцијата на слободарите, наречена слободни фашисти) да кажам некој (повеќе зборови).

    Најпрво, да ги поздравам Табернакул и сенсот за бизнис, а и успешното истражување и препознавање на комерцијалниот момент во човеков. Уште кога беше буката околу мојот пост на фемина, имав пишано, тој што ќе го избере Лешоски убаво ќе се наслади и дека е каде-каде подобар избор од Лајла. Нека им е бериќетна "бербата". Денес издаваштвото зазема такви размери, во прв момент се изненадив, ама сега веќе ги разбирам, дека веќе не е само оној таргет кој го имаа претходно, оти навистина е тешко во време на криза, па уште во тешка читачка култура да држиш издавачка куќа во Македонија е навистина комплицирано. Ова ќе им го зголеми обртот несомнено.
    Да не бидеме лицемери, ако тие сакаат, нека бидат во бизнис смисла, ама работа со бројки и враќање на инвестиции ми пулсираат во челово, да се разбереме, ит ис ол абаут д бенџаминс пипл. А тие кои го средиле договорот, како сакаат нека го наречат, што и да им го ѕвони ѕвоното.

    Она кое што ме изненади и збуни е непостоењето на никаква дебатирачка култура помеѓу луѓето во држава. Што малку сега ќе ги измешам работите, ама тотално ми објаснува зошто имаме политика каква што имаме и ме растажува што мнозинството се такви.
    Се поделија на луѓе со срце и без срце, читани и неначитани, емотивни со неемотивни, хејтери и афирматори, луѓе со сензибилитет за поезија и такви кои наводно го немале. Интересното е што кај тн хејтери видов навистина интелигентни аргументи, а не отсуствуваше комедијата и сарказмот, додека кај афирматориве (патем слободари, граѓани на светот, љубовџии, луѓе кои сакаат да шират слобода, мир и хармонија) преовладуваа - одвратни сте, кретени сте, идиоти сте, тажни сте и еден куп погрдни зборови.
    Препознав и лицемери каде другде зборувале едно нешто, но пред него, така фино му го изцеливаа задникот, на повеќе наврати, со јазик, поштено, без трошка срам. Ама не оти за него, тие покрај гужвата за него, да се вмешаат, да искористат и оп, папала маца. Лешоски е од тие кои ако не дај боже му се случи дебакл, ќе биде онаа тажна приказна оти пријатели нема и вкупно пет на рака избројани ќе му се најдат, а дали и тие. Искрено посакувам сите оние луѓе кои тврдат дека му се тука за добро и лошо, засекогаш да му се, зошто препознавам еден куп лажни во сета таа гужва, занејќи им ја природата.
    Да ви кажам, дека има луѓе кои помнат, а можат многу повеќе да кажат за вас дека поодвратно од вашето лицемерие и да нема. Не зборувам денес за него ништо, зборувам за дискутантите.

    И убаво е да се каже, дека она кое денес ние го критикуваме или афирмираме, е она кое ќе го читаат нашите поколенија можеби и во примери од литература. Бидете паметни во изборите.

    Ако веќе зборуваме за сензибилитетот тогаш треба да преминеме на психолошка анализа и на дискутантите и на авторот, а тоа не би било фино. Моја ценета менторка, доктор на психологија кажа нешто многу умно, јас ја охрабрив да го искаже јавно, верувам дека појасно ќе им биде на сите. Ама познавајќи ја, оти би било непрофесионално да биде груба во искажувањата, ќе се сотре и нема да каже доволно. Не е мое да го спомнувам сега кажаното... ама не е фино и е горко. Ќе парафразирам кусо - родителите на нашата генерација премалку биле присутни и премалку не учеле за сопствената вредност и туѓата вредност, затоа сме приморани или похрабрите еве вака, така да се експонираат, а друго е што образовниот систем пак не ја пополнил празнината од истото, дури напротив, ја продлабочил за ние самите да заклучиме дека секоја поинаквост е добра само затоа што е поинакво, заради отсуство на правилно чувство за вредност, не сме способни соодветно да го оцениме. Затоа бесцелно лутаме барајќи признание од останатите без да се креираме себе си, да се сфатиме и да си помогнеме самите, е тек тогаш сме спастрени за пред народ што би се рекло бабински.

    Феноменот на хејтеризмот сам по себе ме нервираше, како што ме нервира и овој новиов пост-хејтеризам период. Веројатно беше неминовно нели, репресираните да кренат глас. Ама пак и овие и оние не се во право. Од една страна се збори сешто, често и навредливо и неиздржано, па и да е навредливо, барем да е издржано,а од друга страна пак другиве го бараат својот конформизам кој некогаш пак и подразбира и глупости, неквалитет, барок, сечење дрва, турбофолк.И нема крај. Неосвестено лутаме, може да заклучме дека сепак немаме сензибилитет како нација, во ред? Не можеме да се разбереме и одиме во крајности и тоа е тоа. Немаме чувство за баланс и е тоа на колективно ниво. Јинг - јанг народе, тежа и контра тежа, тоа е балансот, како инаку ќе постои светот?
    А во даденава ситуација, јас се чудам кои се хејтерите? Зошто видов два табори на хејтери. Едните го хејтаат правото да имаш право на мислење и мене лично, ми се поопасни и пострашни. Се надевам дека се чувствувате како владата на Груевски. Ти им велиш, не сакам барок, а тие ти викаат, ти си глуп, ништо не знаеш, немаш чувство за естетика.

    За Лешоски само ќе кажам едно. Едно е да имаш уметничко алтерего кому срамежливоста му е непозната и го отвараш низ пишувањето, а си срамежлив по природа и ја веднеш главата на секој добар или лош збор заради несамодовербата и самата депресивна природа (какво што му е творештвото), па никогаш ништо нели, не му е доволно добро за да му биде убаво.
    Ама за мене срамежливо, скромно и фино, нема облик на бранење на себе си со - да ви се напушам, шо мајка ти? Ако се срамиш, никому не му пишал такво нешто, зошто нели, ќе ти биде срам. Мене ми е тотално спротивно од тврдењата на авторот, не ме убедува во неговата искреност.

    И еве ви ја тетка Нина.
    http://www.youtube.com/watch?v=9QRjz6TY ... ture=share

    А оти општа темава. Потегот на Трендо и бундата, и дебатите околу тоа. Искрено, ми се стегна душата. Се потегнаа да го бранат својот пулен од хејтерите, а тие што прават со обичните? Па по логиката, ако некому му била смешна, некој моден гуру може го смета за револуционерна...нешто како со "поезијава".
    Може некому е смешно како госпоѓата се вознемирила, ама неа тоа и е важно и убедена сум дека навистина и стресно го доживеала сето тоа. Ме изненадува немањето осет за сето тоа. И треба да ти биде јасно дека неа тоа ја повредило и вознемирило, а тебе ништо и да не ти менува. Ама не...
    Се заканила со тужба, па ете имале право така да вратат. А не оти ја разбрале дека тоа таа го направила од немоќ со желба да му даде силина на кажаниот збор, но да зборуваме искрено, кој би рекол дека би го направила тоа? Она се понадевала дека така ќе биде посериозно сфатена.
    А и ако си убеден во тоа дека правно не си прекршил ништо, согледај ја нејзината повреденост од сето тоа. Биди барем човек!
    Многу, многу невкусно.
     
    На CameliaMiller, drugarka, SunFlower94 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    296
    Лилит апсолутно се согласувам со тебе.
    Таков невкусен и арогантен одговор, искрено мноогу се изненадив.
    А за Лешоски што да кажам,.... работава МОРА да ти се свиѓа, МОРА да мислиш дека е талентиран и одлично пишува во спротивно бандава остро ќе реагира и ќе те направи неарен пред другите. Бог да чува, да не може човек да си искаже свој став!
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас не ја ни знаев ни Лајла ни Лешоски се додека на фб не видов некои фини слики со нафрлани зборови во прости реченици по истите.
    И еве почнавме и ваков шунд да прифаќаме, ко да малку ни е турбо фолкот, турските серии, барокот, биртиите и старлетите на секој агол од државава.
    Видете секој има право да се искаже и да биде што сака во својот живот, меџутим кога опшеството тоа го прифаќа со ширум отворени раце наместо да го игнорира е веќе сериозен проблем. Им издаваат книги, вчера гледа Весна Петрушевска емотивно го чита Лешоски, ко да е ова некоја тешка поезија брате па глумица треба да ја долови сета таа сензитвност, а оно нафрлани зборови и вулгаризми, без никакво чувство за поетичност.
    Искрено јас се плашам од она време односно бреме што ни следи, во ваква држава, со ваков народ и младина, со вакви писатели и нивната публика, со стрлети и нивни фанови... Бугарија е синоним за кич на кој се потсмеваме не сфаќајки кон колку полошо ние се движиме.
     
    На Neytiri, Nymeria, Ordinary и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.640
    Допаѓања:
    161.593
    Ма смешно е што го поддржува некоја си од организаторките на боди, мајнд енд спирит фестивал, неводејќи сметка дека поддржува уништување на дух на некоја личност.
    Колку е тешко да се сфати дека некому нешто му е важно во животот, приватниот живот (ало) и дека ти немаш право јавно да го исмеваш.
    Не е ова хејтеризам и пред се идиотизам и отсуство за емпатија?
    Алал да ви е колку сте погани.
    Можете да замислите колку повеќе ја исмејувале на работното место колегите па тек после ова... Ужас. И тоа као треба да е смешно?
    Не, не е... Ако е она мазохист, треба некој да е садист. Кој е тогаш садистот?
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во среда, 4 декември во 19 часот во кафе Концепт 37 ќе се оддржи промција на книгата "Белешките на Лајла Грејс" на Марија Јаневска, македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели.
    Марија Јаневска на јавната книжевна сцена се појавува летото 2012 година, преку својот блог „Белешките на Лајла Грејс“, по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс доживува огромна популарност.

    Нејзините текстови се препознатливи по скриените пораки што ги носат во себе, по живот и разговорлив јазик, како и по силните чувства во кратките приказни во кои може да се пронајде секој од нас. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажуваат се вметнати во туѓи приказни.

    [​IMG]
     
  6. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ^ Мене ми се чини така или навистина тотален плагијат и е насловнава,па дури и облеката?
     

    Прикачени фајлови:

  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ На неа сите текстови и се плагијати па за една насловна.. туу големо чудо. :D
     
    На Dream-Girl, Shmizzla, iloveyou29 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Мене ми се чудни ваквите што додека зборуваат убаво за нив, супер, сите среќни весели, а некој каже нешто против, скокнуваат како лавови, партал ќе те направат. Момци и девојки од овој тип, сакам да ви кажам дека треба да ги прифаќате и позитивните и негативните коментари, можеби од негативен коментар ќе извлечете нешто позитивно. Не скокајте веднаш и не се понашајте како разгалени деца. Вие треба да сте во состојба да прифатите и коментари од типот: ,,Сељак/чка, појма нема од животот"; ,,Ма кај знае тој/таа да пишува, се е тоа срање!" и слични такви, зошто има секакви луѓе и секакви коментари ќе излегуваат, а вие треба да ги игнорирате, а не да се карате на фејсбук со таквите коментатори како јатрви. Мислам срамота е, а и не ви личи. И најголемите писатели не секој ги сакал, ама тие не се препукувале на вакво ниско ниво. Мислите ли дека со карањето и расправањето со тие луѓе ќе ги натерате да сменат мислење за вас? Не, ќе го направите сосема спротивното. Ќе испаднете многу помудри ако останете глуви на такви ниски коментари, наместо на фејсбук да се препукувате на ниво - зошто не ми ја сакаш поезијата, пичка ти матер?! Но, во ред, уште сте млади, неискалени, ќе сфатите со тек на време. Пуштете ги луѓето нека зборуваат, ако стварно ве бидува ќе се прославите без разлика што велат тие.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    @linguaragazza Сликата шо ја имаш постирано ја има и таа на блогот, така што мислам дека не ја ни крие инспирацијата за насловната. Башка има црвен шал, марама, шодае од страна. Извини.
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене најчудно ми е што многумина ја осудуваат, а толку страници испишавме овде...
    На овој или оној начин и придаваме значење и неа, и на Лешоски и на сличните...

    Можеби треба една тема и за Лешоски, гледам почна и за него да се пишува овде... Мене човекот ми оди од крајност во крајност... Од навистина убави стихови до грди навреди, пцовки, до кревање на своето его (со некои стихови и тоа како индиректно се става на пиедестал)...
    Како и да е, претеризам ми се вулгарностите. Убаво, убаво пишувал и на крај читаш:
    жими куров
    . Ај донт лајк тхет.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Моментот кај лепојкава е дека текстовите ѝ имале скриени пораки. :rofl:
    More like сам себе не разбирал.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  12. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски

    Па искрено мене ова не ми е само инспирација.Инспирација ете може да и биде лисјава што летаат,не може баш се‘. Шалот не ја прави различна сликата,мислам барем за мене. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, LittlePinky, Domino и 12 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    Забораив да ставам смајли, па затоа ваљда не сме се разбрале. :D ;)
     
    На linguaragazza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    го жалам тој што ќе троши пари за книгата... :shake:

    Искрено.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Оооо боже, каков турбофолк од држава сме значи, додека има цицки, нек се тресат, не е важно дали има глас певаљката.
    Би рекла дека Лешоски е за нијанса подобар (во смисла подобар конкурент за книга) бидејќи сепак текстовите се негови, не се српски песни преведени на македонски. Од друга страна
    ќе ти ја излижам пичката и ќе те оставам пред да свршиш за да и плачеш на мајка ти додека го пиете утринското кафе
    и не е баш некоја поезија. Вулгарност воопшто не може да биде поезија. Сите поети го преточуваат вулгарното во нешто преубаво. Евентуално, има минимална доза, и сепак тоа не е
    на мајка ти пичката.

    Јас разбирам има девојки што се палат на мачо ефтиноќа, има девојки што се палат на патетика, ама дајте бе, не ли се тие сами по себе доволно жалосни па мора и да им го наплаќаме сега тоа?
     
    На calliope, sparklie, drugarka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    ^
    Леле од прееска се смеам. :D
    Него глумциве што биле на промоцијата ги платиле како забавувачи на толпа луѓе или престанало познавање на литературата да е главен предмет на изучување на Драмски?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еј абе дотичнава денес имала промоција на „книгава“. Да не заборавите да отидете, ако имате потреба од патетика и плагијати.. Па и 700 и кусур души стиснале going, каде со ваков народ не знам ...

    Не е до толку глупа типката, во се што пишува женските ги претставува како жртви, повредени убавици, заљубени а издани, абе просто бајка за трето одделение. А кај нас сите се поистоветуваат со тоа принцези, нежни, кротки, жртви, па сите се пронајдоа во „поезијата“, ако впрочем може да ја наречам така..

    Па јас гарантирам дека и Лешоски со таа својата „Тој да го чуваш бе лепотице.. “ половина му ја лајкнаа и шернаа, само зашто се пронајдоа во тоа „лепотице“, а не дека сите до крај ја дочитале или пак разбрале.. Кај нас малце се преценуваат младиве, штом слушнаа „лепотице“ се соживеа секоја, па ајде лајкче, браво Даре :rock:

    Сите сме лепотици, сите сме повредени жртви во љубовна бајка, сите сме во невозможна љубов.. барем така викЕт Мара и Даре :wasntme:

    Кај нас е проблемот што ако нешто критикуваш, веднаш изглегува дека си љубоморен.. Среќа што на форумов гледам дека сеуште постојат девојки со изострен вкус за добар пишан збор, начитани, кои не паѓаат во несвест од срцепаратрелни песнички. Добрата поезија не е за такви малограѓани кои се потресуваат на овие двајца, сепак побитен е квалитетот на публиката, одошто квантитетот. Да го анализираш кругот кој ги подржува ваквите поети и поетеси, ќе увидиш колку тие всушност се квалитетни..

    Тоа е, нека ги вишкаат, они се умислиле заради народот кој паѓа на неквалитет. Од таков неначитан народ не ни очекувам да препознае што чини, а што не.. А тоа што им е пружана шанса да издадат нешто, како што споменавте веќе и другите, е само поради фактот што знаат каква потрошувачи има во Македонија и дека од нив ќе заработат. Не дека мислат, дека се нешто посебно, денес се е профит. Џабе ќе донесат нешто од неверојатни автори, кога нема ништо да продадат. Вака за овие ќе се потепа тоа неписмената, раја. Гајле им е на издавачите за другото, кога профитираат.. А денес се е околу профитот, така да нека не се занесуваат дека им издаваат книги зашто се страшно добри, не сестро, тебе таму те гледаат како предмет кој ќе им донесе заработка.

    Какви купувачи, таква понуда.. Таков ограничен народ и не заслужува и не може да разбере подобро, така да тоа е тоа.
     
    На Azriel1, mimiiiii, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто ја критикувате и чив плагијат правела девојката.
    Како и да е убави белешки има, ми се допаѓаат вака на фб. А за книга не би трошела пари да ја купам и онака нема да ми служи за нешто покорисно, но за социјална мрежа вака супер се.

    Како и да е, колку промоции и да прави нема да отидам, никогаш не сум била по книгите.
     
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    24.142
    Пол:
    Женски
    Епа тие сте де, тие... Тие шо ја читате и ви се допаѓаат нејзините "белешки" и онака не сте по книгите "баш". |(
    Нам одамна ни е јасно. ;)
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, livert и 16 други им се допаѓа ова.