Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас имам многу убави белешки, а и многу слични на овие... Само се нервирам не можам да си ги најдам споменарите, одамна ги пишував, уште не беше во мода овАј стил, напредна сум јас :emo:
     
    На livert, mims-89, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Зашо никогаш не си била по книгите,затоа не можеш да го разграничеш убавото од кич.А 'литературниот правец' кој го пропагира Лајла е тоа,само кич..

    Прочитај нешто од Петре М. Андреевски,Гане Тодоровски,Блаже Конески,Кочо Рацин..па тогаш кажи го своето мислење за срцепарателните белешки на дотичната.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bonie

    Bonie Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Оваа тема има толку многу страни, затоа што е најлесно со плукање кон другиот да докажеме како ние имаме вкус и стил. Само со тоа што ќе кажеме дека некој друг нема. Тие вистина можеби немаат, не ги бранам Лајла и сличните, ама каде сте вие да го докажете вашиот квалитет, вашиот истенчен вкус? Во вашиот стил на пишување и изразување? Во темите за книги каде нема убава рецензија за книга да прочиташ, никаква дискусија за вистинските ремек дела? Таму гледам ве нема, а тука која попрво да се пофали дека само квалитет чита.
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.190
    Пол:
    Женски
    Извини ама се’ што читам не го пишувам на форумот, туку во дневникот или на некое ливче, имам и тефтер. Ако не го пишуваме тоа на форумов, не значи дека не читаме книги, а што се однесува до плукањето, секако ќе има такви на кои не им се допаѓа, не сум и јас некоја да кажам, ама што не ги бива - не ги бива. Не оти нешто мене повеќе ме бива, сигурно сум и полоша :D , ама се гледа ова дека не чини. :!:
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482


    Ние со тоа што самите не ја читаме Лајла,значи колку толку рационално размислуваме кој пишан збор е убав а кој не.И не мора да значи дека ако читаш квалитетна македонска литература,и дела од странска литература,напишана од перата на реномирани автори,дека мора да имаш посебен начин на изразување.
    Значи читаш и уживаш во тоа.
    И никој не плука по девојката,само се објаснуваме колку тоа не ни се' допаѓаат нејзините белешки.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не мора овде девојкиве Достоевски да го цитираат па за да докажат дека се начитани. Доволно е да прочепкаш во подискутабилните теми за да сфатиш дали и колку е некој начитан или не. А само со играње форумски игри тешко дека ќе можеш да ја увидиш разликата. :)
     
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па гледаш тоа е разликата, ние знаеме дека немаме квалитет, стил и истенчен вкус и затоа не правиме блогови со наши белешки. Лајлица, свесна или не, го рекламира и просперира неквалитетот.

    А некој што не знаеше дали оваа има плагијати, нека го прочита текстот на црно па се не види, минус и плус и слични вакви срцепарателни српски химни, и нека спореди со белешките.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Рецензии преточувам во есеи за писмена, работа на професорката е да ми ги оцени и да го процени мојот начин на изразување, овде на форумот да не има малку што бараат pomosss sostav za utre па уште самата да одам да им пишувам, да си ги наоѓаат на готово :D

    Да не излезе дека ние овде без врска само ги хејтаме „од љубомора“ и дека не држи вода ова нашето, еве еден предизвик за поддржувачите на Дарче и Лајла, најдете ми симболика и објаснете го значењето на метафорите во нивните „творби“. Ај баш да ве видиме :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Фала богу дека тие што ги читаат и им се восхитуваат неа и него, не се ич по книгите, и немаат прочитано книга освен оние задолжителните за во основно и средно(шуќур и тие да ги читаа, добро ќе беше), инаку немаше да си ги кубат косите по дотичните и преспоменуваните во темава, нашите велемајстори и писатели над писателите Лешовски и Лајла Грејс.

    Белешките се за мали несозраени девојчиња, текстовите на Лешовски се благо-порногравски текстови за нафурани загорени неизживеани теткици, епа фала му на бога дека нема да се пронаоѓаме во нив, кога ни една од нив не може да ја отслика правата слика на девојките и жените и нивните реални проблеми, чувства и битки низ животот.

    Не се чудете ич драги мои како и зашто имало 700тини и кусур луѓе кои се заинтересирани за промциите, нивните илјадници следбеници, кога ние сме знаеле да го цениме тоа добро и квалитетно што го имаме? Никогаш, ниту пак некогаш ќе научиме.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во ред е на некој да им се допаѓа девојкава, ама ај нека копираат овде некој цитат кој посебно им се допаѓа, па да видиме што е убаво во него, да дадеме критика. Може? ;)


    А, Лешоски по која/кои женски жали? По некои ку*ви, фуфици, што ? Зошто вака не ми изгледаат на нормални жени. :?:
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.994
    Гледам дека не сум само јас...
    т.н. поезија на Дарко Лешоски, луѓе, верувајте мене ми е срам да ја читам. :tmi: :tmi:
    Сериозно. Кој може да се пали на толку вулгарно ниски зборови? |(
    Да не се повторувам како коментарите на претходните страни.

    Пре би идела на концерт на тој што го глумеше Сакис Рувас на х-фактор отколку да земам да читам таква книга.
     
    На Shmizzla, Saya, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Тој Дарко Лешоски ми остава впечаток на страшно искомплексирано и исфрустрирано суштество.
    Незнам што романтично наоѓаат девојките во неговиот текст?????
    Зборам за последниот, други немам читано , а после овој искрено не ни имам желба.
    Вулгаризми, безобразлуци, навреди безброј.
    Дефинитивно господинот Лешоски наидувал само на девојки од тој калибар, па логично е и да пишува такви текстови.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А Весна Петрушевска кој текст го читала? И како со емоции го читала ако е конкретно тој Чувај го лепотице, што правела толку емотивно, свршувала ли?
    Цело време тоа ми иде на мисла и се умирам од смеа сама со себе, ама сериозно ме интересира кој текст го читала Весна?
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
  16. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Темава испочетка, до краја ја читам и сакам на почеток да кажам, браво Лилит! :bow: Навистина, секоја чест.
    Жалосно е. До денес само го имав онака прочитано негде, во десниот агол горе, на фб ми излегувало тоа Лајла Грејс, а денес на почетна ми излезе тортата со која ја разбудиле, па си реков чекај да видам. Кога отворив, што да видам. Да не знае човек дали да плаче, дали да се смее. Се прашувам дали девојкава и ваквите како неа, во последно многу ги има (со исклучоци) имаат родители, брат, сестра, да им кажат, ќерко или сестро, не те бидува, немој да се бламираш. Па мислам стварно ова е жалосно.
    Потоа гледам, невероватно медиумско покровителство. :^) А потоа сфаќам дека се работи за некоја си dady's princess, што вози розов автомобил. А потоа сфаќам дека ја у суштина ја познавам девојката од град. :lol:
    Увек неквалитетните ќе бидат популарни, поради "квалитетниот" вкус на македонскава маса.
    А оние добрите, оние кои стварно умеат, никој нема да ги познава.
    Како во случајот што Лајла Грејс има над 500 лајкови, а некои навистина квалитетни постови имаат 10.

    Братучедка ми ми го испрати денеска, не знам од кого е напишано, го пронашла на фб. Ова не би го споредила со Лајла и Лешоски во никој случај. Според мене, многу е добро.

    Бог да не прости...

    Слушаш? Баба ми. Сама си зборува сирота. Му раскажува некому, кој знае кому. По цел ден на чардакот стои. Кога ќе ја прашам "Шо прајш бабо цел ден таму?", таа вели "Дните си ги одбројувам, чедо!" Раскажува за минатото, за арната свекрва, за мама Таса, како што ја вика, Бог да ја прости. За бунарот како се смрзнувал во зиме, како чадел во лете. За тортата што ја смеси јатрва и Бог да ја прости, кога му славеле роденден на радиото, Бог да го прости. За спанаќот со весници зготвен. За чичко ми и тенгалото, за врапчината кои ги тепал, Бог да ги прости. И за нејзините љубовници раскажува некогаш, Бог да ги прости, ретко, но и за нив зборува. Тоа го прави кога најулавите ќе ја штракнат. За дедо ми раскажува, за дедо ми кој посакував да беше жив, да го запознаев ако не повеќе, Бог да го прости, за дедо ми како со заби масата ја кревал од земја. Чуда, чуда. За брат и раскажува, Бог да го прости, за војска кога бил, и бугарин се нарекол, да се спаси сирот, да може дома да си отиде кај мајка и татко, Бог да ги прости, кои веќе за мртов го сметале. И за германците раскажува, за Хитлер, за војната. За кршот, за ломот, за сиромаштијата, за арач, за смрт, за глад, за жед. И песната бре ден денес ја памети, германците што ја пееле, како малечка и заспивав со песната на германците, а денес кога ќе пробам да се сетам, не ми доаѓа на јазик, матната да ме однесе.
    Девеесеттата од животот ја турка и уште ко да не се измори, да се избори.
    Не ја куди свекрва и, Бог да ја прости, иако од покривот што и го понуди и ќиснеше над глава. А нам, што ни фали нам? Над глава ни ќисни? Ни ќисни, празноста.
    Нит чадат, нит мрзнат модерниве чешми, како на баба бунарот. Што ни фали тогаш?
    Ех, смешно, смешно. На радиото едвај од Турција, со триста маки шо го донесле и прв роденден му славеле. Вистина ви зборувам. На радиото. А што е за нас еден ај фон пет, еден самсунг галакси ес четири. Пфф..
    Спанаќ со весници и ќе се јаде ако треба. Низ смеа која не запира раскажува, низ смеа и го ручале, и им подзастанувал на грло. А ние? А нам?
    Денес врапчината мирно живеат. Не знаат децава, не слушнале за тенгало.
    Ако, ако живеела во минатиот век, и баба била млада, и баба љубовници имала, до школо само смееле да ја отпраќаат.
    Баба ми била вљубена. Очите тоа и денес и го кажуваат, без збор да проговорат. После 40 години од неговата смрт, таа е уште вљубена во него. И верна, верна му остана до гроба. А ние? Не знаеме ние дефиниција за љубов, баба знае. Баба уште му е верна, на оној кој под земја гние 40 години. А ние?
    Страв, трепет, глад, жед, немаштија, безизлез, крв, војна..!! Човекот за бугарин се прогласил, за жива глава да спаси, а и денес тоа се случува, бугари станавме, сите, и ние жива глава да спасиме. Ах бре, глави празни, души ефтини. Се видела сирота. А ние? Ние, што? И пак ништо не ни е погодено. На девеесет години ја памети песната, германците што ја пееле, за време на војнта и знае и ден денес да ја запее кога ќе удри една чаша ракија пред ручек. А јас? Јас на дваесет ја заборавив.
    Нас, нас! Нас бог да не прости, гревовите да ни ги прости. Ние, децата на 21виот век, ние после Тито, децата на модерната технологија, децата на фејсбук. Бог да не прости.
    Ние што кукаме.
    Нам, ненаситните.
    Нам, празноглавите.
    Нам, неверниците.
    Нам, мизантропите.
    Нам, невљубениците.
    Нам, Бог да не прости. И да не освести.
    Барем нека не освести, ако не се простува.

    Весела е најчесто, полна е со живот, да ти дојде да и позавидиш. Само некогаш, некогаш ретко, ќе и се насолзат очите, но не сака да признае, дека плаче.
    "И ден денес, воздухот на него ми мириса. Тишината звучи на неговата хармоника. Смртта ја чекам, како што млада чупа, свадбениот ден си го чека. Свадба ќе биде и за мене тоа чедо, со мојот зет заедно."
    Но тогаш јас ќе немам некој кој толку чисто и тивко ќе ме сака. Ќе немам. Ќе немам.
    Дај боже, сите да сме толку весели, колку баба. Дај боже сите да се растажуваме толку ретко, како баба.
    За се што сторив, Бог да ме прости.
     
    На CameliaMiller, livert, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се сложувам.

    Колку и да има некои ударни зборови, стихови (ако можат да се наречат стихови), наеднаш ќе прочиташ
    (на мајка ти пичката расчепана, куров, пичката..)
    :x .
    Ако сака да го читаат и млади и стари, и пред се покултурен народ, тогаш мора да заборави на овие вулгаризми.
    На културен човек му е срам да чита вакви работи!

    Колку е исфрустриран не знам, но познавам вакви фаци, кои го промашиле животот до некаде, па се разбушавиле, везден се со цигарето в рака, касно легнуваат, по цел ден спијат, се прават паметни, што правел, како правел...и девојкиве (за чудо) лудуваат по такви мрзливци и денгуби. :o

    Од друга страна, пишувал, а Дарко ќе ја ебе која стигне, секоја вечер друга, ама не е тоа тоа... (нешто во тој стил беше), каде индиректно (по мое мислење) се фали. Во самово жалење, има и фалење. А, од такви машки ми се :puke: .
    Ама пак, сигурна сум дека е и вистина. Зошто има многу празноглави жени, па кога ќе слушни за Лешоски, да, ќе сака секс,
    (ќе му направи и орален и се, си чиниш кој е, извинете на изразиве)
    ..
     
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Абе хејтеришта едни.
    Извинете за мојот ограничен ум,ама престанете да ја споредувате поезијата на Лешоски со поезијата на некои си врвни писатели.
    Ако сметате дека неговата поезија е напишана на улично ниво.
    Тогаш напишете и вие,и вие издадете,промовирајте книга.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    81.626
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто мора да се класифицираат како хејтеришта оние на кои не им се допаѓа хм, поезијава? :^)
    Eдноставно, не ми се допаѓа, давам критика и едно фино-лепо објаснение зошто е тоа така и тоа е тоа.
    Нит хејтање, нит бутур.
    Не ме интересира „поезијата“ на Дарета, дечко ми кога е инспириран поубави песни ми пишува да ми извините вака. :wasntme:
    И ќе си го чувам бе, иако не сум лепотица. :rofl:
     
    На Silver.E, Dog-lover, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    ^^ :^) Да бев машко, ќе пишував. Лесно било бе.
    Пцовки, опис на секс, тоа е поезијата што ја сметам на улично ниво.
    А тоа е Лешовски. И повеќето женски ќе ме сакаа.

    Лешовски можам со песните на Слаткар да го споредам. :puke:
     
    На CameliaMiller, gangstergirl, Silver.E и 2 други им се допаѓа ова.