Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Да се разбереме,не сум ни јас некој страсен фан на Лешоски.
    Ама човеков доби беспотребни критики од луѓе кои едноставно го хејтаат ради да се издвојат од "толпата"
    Ама такви сме ние македончината.
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Можеш да кажеш дека се двои од толпата, за некој што кажува нешто поразлично од илјада други, значи за еден во илјада.. Овде гледам дека повеќето не го љубат дотичниот, па не знам зошто имаш чувство дека сакал некој со приложување на своето мислење да се издвои од толпата.

    Јас мислам дека ти тоа го сакаш, со самото тоа што сакаш да се истакнеш со твојата правичност и несклоност кон критики, па ние да испадне дека само знаеме да плукаме.

    Не знам зошто одма играте на таа карта да викате -Па земете и вие пишувајте. Исто како во модните критики - Па земете и вие да ве видиме поставете комбинација :?:
    Зошто мислиш дека ние би сакале да пишуваме исто, мора ли да пишуваме, за да можебе да си го кажеме мислењето ?

    И разликувај те молам хејтање, од став кон нешто. Никој не го навреди дотичниот, по никаква основа, едноставно си кажаа став девојките дека не им се допаѓа, дека е сето ова исфорсирано и со многу поголема фама отколку што заслужува.
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Повеќето си прават сеир ^_^
    далеку од став.
     
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Секогаш исто...Хејтери, такви сме ние македончињата и ајде да ви видиме вас. Добро бе луѓе, зошто во последно време се научивте со тоа „хејтери“ и мислите дека никој не смее да има поинаков став или мислење? Се сеќавате некогаш на она „за вкусови не се дискутира“? Секој има различен вкус, ако на некој му се допаѓаат пи*ките на Лешоски слободно нека го чита и нека му се поклонува, на некои не им се допаѓа и не мора да се скока одма на тоа УУУ ХЕЈТЕРИ!

    Јас искрено се изненададив кога видов колку од моите пријателки и пријатели се обожаватели на младата госпоѓица Лајла Грејс, мажени жени со деца, девојки од моја близина што ми биле или сеуште ми се блиски, кои сум ги сметала за начитани, образовани личности, кои знаат да ценат добро дело, добро парче ЛИТЕРАТУРА. Помладите...какви вредности ќе имаат кога уште од мали нозе идоли им се Слаткар, Лешоски и Лајла? Ама, ајде да не хејтам, оти преку глава ми е од зборот кој многумина го употребуваат, а не го ни знаат значењето.
     
    На L-enna, theowndemon, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сите кои напишаа нешто против Лешоски, напишаа околу неговите вулгаризми, пичка, курој, да те ебам, да ти го опнам. Што тука не е јасно ? За какво хејтање станува збор ? :^)

    Извини што на некои ни сметаат навредите, пцовките и вулгризмите. :!:
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дарко Лешоски - поезија

    Наголемо почна да се пишува за Дарко низ другите теми, па еве една тема и за него.
    Може да постираме од неговата поезија, коментари за него, какво мислење имате и се останато.
    Неговите колумни, поезија, што и да е може да ги читате на офф.нет.мк, како и на неговата фб страница.

    Негово претставување:
    ДАРКО ЛЕШОСКИ - ПИЧВАЈЗ
    Сакам живи луѓе. Спонтани, а спокојни. Ги сакам оние луѓе што први имаат храброст да се насмеат на погреб ако е пијан попот или ако падне ковчегот. Ги сакам оние луѓе што на слави или родендени први почнуваат да пеат, иако им е тапа гласот, ги сакам оние по свадби што играат иако не можат да го фатат ритамот.

    Добар ден добри луѓе. Се викам Дарко. Дарко Лешоски (од стално го сакав она Бонд, Џејмс.. Бонд!)

    Од Вевчани сум. Не знам кога беше последниот систематски .. имав сто осумдес два три сантими и седумдес три четри кила. Сега везе немам, ваљда тука негде исто. Македонец сум. Името не го давам, ама па и не и им ја давам ни младоста на оние што го отекуваат со името. Имам работено различни работи. Сега работам за Американците (кога ќе помислам дека сум роден на 4 јули осумдесчетврта ( илјаду деветсто фала Богу!) , некако ми има смисла све...

    Ги сакам кафаните во Вевчани и сите луди луѓе во најпозитивна смисла што ми се таму. Ја сакам чаршијата во Скопје, го сакам топлиот бетон по Ленинова и Ѓуро Ѓаковиќ што се лепи за патики од прокапаните липи во пролет на полна месечина во еданаес навечер. Ја сакам бавчата од Излет и наутро црните дупки од Балет, Џубокс и Сектор. Ги сакам и со радост им се сеќавам на лунѕањата со тетин ми низ Дорќол. Никогаш нема да му простам на дедо ми што не се пребегавме во Минхен само ја и тој (бев страшно љут со денови и имав седум!) и вака кога ќе погледам не знам ни од кај сум, ни кој сум. Сакам живи луѓе. Спонтани, а спокојни. Ги сакам оние луѓе што први имаат храброст да се насмеат на погреб ако е пијан попот или ако падне ковчегот. Ги сакам оние луѓе што на слави или родендени први почнуваат да пеат, иако им е тапа гласот, ги сакам оние по свадби што играат иако неможат да го фатат ритамот. Ги сакам оние луѓе што се свои и имаат разбирање и љубов за сите. Што се спокојни во себе и тебе те прават таков.

    Оние што нарачуваат шприцер ако им се пие тоа и во Монте Карло во Шератон. Сакам обични работи. Бурек во пет сабајле, наутро горко нескафе, Родео меко, Порше деветсто единаеска карера, кожни јакни од Isaac Sellam,ама некогаш и Ресен на автобуска ме прави среќен да испијам едно макијато. Сакам отворени простори и мориња и езера и кај и да е ќе ги испорушам сите ѕидови во станот. Не сакам да зборувам за тоа пишувам... и воопшто не ми е гајле дали е добро едноставно ми излегува, олеснува, а потем се црвенеам ко некој кретен и гледам во земја кога ми го зборуваат напишаното.


    „САКАШ ДА СИ ИГРАМЕ...АМ ?“
    Преку глава ми е од твоите игрици да ти кажам...
    Преку глава баш.
    Ми се повраќа !
    Ми се повраќа како во запурно јулско утро од мирисот на пресечена презреана диња во тесна кујна, а јас ноќта сум бил... препијан!
    Ми се повраќа од мирисот на твојата душа дури ме тераш како муле да ти ги следам правилата.
    А никогаш не сум правел глупости пред тебе да те запознаам.
    Секогаш имало во некоја покраина од мојот мозок малечка барака со запалена сијалица и буден чувар
    Секогаш имало некој буден во гуштер во караулата за да ја чува таа нормала
    А се сум прошол
    И тон алкохол
    И снег
    И топлина
    И зен
    И апчиња
    и секогаш... имало назад.
    Само полалитро сон,
    кубик вода и сам себеси гликоза во вена и ете нова страница
    Но ова веќе трае
    Ама овој пат преку глава ми е од твоите игри
    Преку глава ми е страста твоја болна
    Болна и црна аман наман
    Си правев некој план во главата синоќа
    Подобро небула отколку кандило на ветрот во староста
    Исто е... подобро наеднаш отколку пополека.
    Дали сега дали покасна...
    Во петок ќе ми ја остави на чување другар ми колата
    Му ветив дури е на пат дека ќе му ја причувам
    Во петок вечер јас ќе се дотерам и ќе ја измијам
    Ќе ти се јавам да ме чекаш пред зграда од пред пералната
    И несигурно ќе ја запалам полека оти немам возачка.
    Ќе возам пополека пополека
    Ќе застанам потем на железничка и ќе ја истурам правта од малата кесичка измешана со пепелта од твојата фотографија
    Како на крајот од соленките во грло кога ја истураш солта.
    ќе ги затворам прозорите и ќе ја испуштам Дују филавд од У два
    Од Дискотека втората песна
    Од онаа групата шо ја мразат сите диџеи на планетава
    И ќе возам само во прва
    само во прва со гласно испуштена музика пополека
    И спокој ќе имам со подзамигнати капаци дури се дере певачот : Дују филавд? – дури ме прашува
    Јас спокој ќе имам во грлото од правта
    магента огномети низ крвта
    Од разни цртани филмови шарени птички ќе ми летаат низ колата.
    Ќе ми се суши устата.
    Ќе ми се влажни предницата под фармерките кога ќе ми текне на твојата рака таму положена.
    И сам ќе бидам во тие неколку минути дури стигнам пред твојата зграда
    Јас сам ќе бидам и дечко и девојка.
    И принц и принцеза
    ќе ја истерам докрај како јас сам сакам и како треба онаа наша постмодерна препотентна и болна бајка
    Ќе бидам и Џонтра Волта и Уматур Ман со подразранета ноздрва
    И принцот и ѕверот со бело беемве и Снежана и Убавицата со машка светло кафеава плетенка

    А сите твои гнасотии и што ми ги залепи како пијавици на срце

    Сите твои духовно сексуални поимања за љубовта и твоите чувства јас на ретровизорот позади ќе ги гледам како седат

    Како седат како седум грди раскикотени џуџиња
    Ќе ги олицетворам сите наши интимни седум грева.
    Од твојата душа
    Од мојата.
    И ќе им се смеам.
    Срамежливо и заводливо како убавица со ангелски лик и гроза во најчиста форма длабоко скриена во темнината од мојата зеница.
    Ќе им шепотам: „Уште малку момци уште малкуцка и стигнавте кај мамичка"
    Ќе им шепотам грозно и перверзно како мерлинка
    А штом завртам на твојата улица тие ќе почнат од радост да се кикотат и подбуцнуваат:
    „Сега ќе ја земе мама!"
    „Сега ќе си ја гушнеме мама.. "

    И ќе те видам тебе на ќошот.
    Ќе те видам тебе на ќошот дотерана во долг летен свилен фустан со сите бои на пролетта.
    Со хардвер од рајот ама од пеколот одамна хакирана.
    Несомнено,
    истата онаа на која Ботичели дури ја сликал Раѓањето на Венера касно под свеќите помислувал кога си ја спуштал во меѓуножјето раката.
    И ти ќе се насмееш кога ќе ми здогледаш како доаѓам натака..
    А јас..

    јас тогаш изненадно ќе додадам гас.
    Ќе ја притиснам со сета сила педалата
    Ќе дадам гас дури пиштат твоите каприци позади во паника
    „Еј еј еј еј еј а бе застани бе лудак ене ја.. алооо - ене јаааа!"
    И за делови од секунда и неколку метри после тебе јас ќе го разрушам ќошот од зградата
    Ќе го распукам металот и бетонот и сите твои гревови сите твои љубовни злобни игри

    како тигри мене грлото ќе ми го прегризат
    Ама ќе завршат ... ќе завршат!
    И ти ќе ме лупаш потем во градите со твоите нежни тупаници
    Ќе ме лупаш дури твоите црни солзи од растечената маскара ми ја валкаат крвавата кошула
    Ќе викаш: „ Што направи бе што направи а? А?"
    А јас насмевка
    Со крвава гргара во грлото ќе ти шепнам
    „Сега јас малце... си играв! "
    Ќе ти шепнам „Сега јас малце си играв љубена "
    Ќе ти шепнам дури случаен доктор со стакло од флаша ми крави трахектомија за да можам да издишам
    И ете
    само ти
    само ти ќе ми ја видиш душата како црна мачка од таа малечка дупка низ грлото како надвор изрива
    Во очите нејзини ти ќе остариш
    ќе ти смрзне крвта
    Ќе и ги осетиш ноктите како ти ги качи во твоето срце
    ко во мека нежна перница
    Ќе замижеш од болка и гроза
    ќе си ја стиснеш вилицата.
    А потем ќе ги отвориш очите
    Ќе ги отвориш очите и ќе се погледнеш во огледалото како стара мома со пееседна.
    Чат пат крвавиот свилен и пожолтен фустан
    пред да си легнеш во плакарот ќе го помилуваш како икона.
    Во скинат лист од читанка под твојата зграда ќе виткаат џоинт седмооделенци на клупата
    На листот ќе стои моја песна која само ти знаеш дека тебе ти е посветена.

    Ќе им викаш полиција.

    А тие со тебе ќе си играат.
    Ќе си играат!
    Ќе си играат!
    ќе ти довикуваат како ѓаволчиња под твојата тераса: „Вештеркееее! Вештерке!“
    Ќе се кикотат касно во ноќта.

    - Дарко Лешоски

    ЗА КИРЕ И НАТАША
    Кире и Наташа се фатија кога бевме на факс трета.

    Беа најубав пар во цел комплекс Битпазар.

    Тој висок.
    Жилав.
    Таа ... да си еба мајката.
    Ко во „Не виткај се Софке" народната..
    На лика светица.
    На тело Гомора.
    Паметни обајцата.
    Кире ми има зборено чуда дека правеле во викендица на Матка.
    Сè по пропис линија џоинт алкохол подвезица лисица шеездеветка.
    Али за испити ... насмевка, конзистентност, флуидност, додатна литература...
    Деца од директори беа обајцата.
    Таа од стара скопска.
    Тој од стара галичка фамилија.
    И дипломиравме сите во исто време.
    Пичвајз беше дипломската.
    Маски, мувања, трубачи ...еден куп срања.
    Потем изненадно Натка стави статус тазе имавме отворено Фејсбук памтам
    „Уште два дена и Наташа од Њујорк“ .. „уште два дена и Наташа од Америка“
    Ѝ се јавив...
    „Да"- рече, „Кире веќе најде стан ни дадоа виза."
    „Се селиме Дарче во Њујорк обајцата
    Ќе ни идеш на гости ќе те носиме да ѝ пишеш песни на некоја цура ко Фиби на сред Централ парк."
    Амин Натке ѝ реков амин на некоја манекенка да ѝ пишам на маќедонски на цицка!
    И набрзина се видовме и набрзина се испративме....
    Газ преку глаа..
    Потем се слушнавме неколку пати на Скајп.
    Рекоа арно се - нашол прв Кире работа.
    Почнал да работи џуниор асистент во некоја маркетишка агенција.
    Немал уопште којзнае колкава плата ама тамн за кирија за кондоми и јадење за нив двајцата рече Наташа.
    Потем некако како да оладивме...како да нè скина саатницата и временската разлика.
    Ама одвреме навреме се слушавме.
    Слушав и арни муабети -му одело се подобро и подобро во таа голема стаклена зграда.
    Дури и дека стигнал на врвот до заменик директор и најгоре добил канцеларија.
    Поминаа години.
    Одвреме на време за Божик за Велигден за роденден - си праќавме по некоја порака.
    Кире дојде есеноска.
    Здебелен.
    Окрупнет.
    Маж станал.
    Не прашав ништо.
    Немаше потреба.
    Правевме на почетокот муабет за како сте шо праите кај е овој кај е онаа
    Послем завртевме на плоштадот на глупоста на политика
    Потем му викнавме на келнерот да донесе уште една седма тура.
    Рече оти се разделиле.
    Оти не им одело со Наташа.
    Рече оти сам е.
    Оти не оди ништо со сила да му ебам мајката.
    Не спомна ништо .
    Не спомна ништо оти таа е вратена од пред две години во Македонија.
    Не спомна дека на денот на нејзината свадба нарачал 12 рала тапани и трубачи од Аеродром Александар Велики платено до Петта авенија.
    Не спомна дека се јавил на обезбедувањето да ги качат од 89 спрат до неговата канцеларија.
    Не спомна дека веќе имал испиено литар и двеста ракија и испушил гевгелиска кога го нашле легнат на земјата на 89 спрат – целиот отворено небо и сончева светлина за со точак да се возиш да му ебам мајката .
    Не спомна дека ги терал да вртат во круг наоколу со ритам кој може да ја руши зградата.
    Со затворени очи дека ги терал да вртат околу него



    Дека се смеел само и гледал нагоре дури лежел во Армани на земјата
    дека не зборел ништо освен што викал ПОСИЛНО ПОСИЛНО дури вртеле овие околу него со Диникака диникака диникака диникака динакака диниакака
    Дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака
    дека се смеел дури лупале овие најсилно
    не спомна дека го гледале уплашено
    не спомна дека се смеел колку глас го држи ХАхахахахахаххахахахахаха
    Дека ги затворил очите на сред Њујорк во кругот од тапани
    дека ѝ рекол ти проштевам и машко ти сакам - во истиот миг
    оваа под мишка со црепот на попот во Козле дури му рекла ДА!
    Не спомна Кире од тоа ништо во Наџак ...
    Само рече, а што да праиш брат нејзе само да ѝ е убаво- живели ...

    a јебига!

    „Писмо за мајка ми.“
    (Ќе биде добро мамо! Ќе биде добро!)


    Последниве денови матер ми се еба мамо
    Последниве денови добивам толку љубов што би сакал уште 5 браќа да ми родиш за да им ја обесам како тешки ордења од злато таа љубов на вратот
    за да не ми тежи мене премногу мајчице
    за гром да не ме удри и да не ми го распука срцево.
    http://www.youtube.com/watch?v=5uTpKBqLE0I
    Луѓето жедни се за крв мамо.
    Бетер од вампири се кога се жедни за љубов.
    Последниве денови матер ми се еба мамо.
    Последниве денови толку омраза добив што би сакал да ти ја испратам како гној за бавчата и твоите рози и чери патлиџани
    за да почне пак на рози да ми мириса срцево и пак да биде црвено како твоите патлиџанчиња ова мало срце мамо - за пак да биде црвено наместо сино
    Последниве денови како Балканот јас сум мамо.
    И баш таквото ме боли и за мене и за поезија, а богами и за името вака најискрено.
    Ми се гади мамо.
    Последниве денови само ми се гади и од добрина и од зло.
    Последниве денови и крв и мед јас во душава носам
    Последниве денови матер ми се еба мамо
    И се мислам како душата да не ми избега
    Како да не ми се зароби душата како срна во грлово.
    Уста не ми отвора.
    Глас не ми се пушта мамо.
    Последниве денови само душата ми е важна и ти и сестра ми и тато.
    Последниве денови само душава и вие ми сте важни мамо
    само вие ми сте важни како кутрите фламингоси од зоолошката во Мајами кога се напикаа исплашени во ќошот од тоалетот во метрото дури беше лани ураганот Ендрју.
    Само вие ми сте птици.
    Птици исплашени кои низ душава ко низ затворена пештера летате и за мене се секирате ве сонувам - не ми криете ве гледам што склопам око во сонот.
    Само вие ми сте важни и како на себеси да си додржам и вас како едра до мене да ве стиснам дури пројде ураганот
    Како на себеси да си додржам и да заспијам и да ве сонувам и
    да направиш пица во сонот и на рози да мириса на рози и кечап од тие малечки чери патлиџани и да се смееме и јас ти и сестра ми и тато на терасата во дворот.
    И се да биде како порано.
    И се да биде како порано.
    И ќе биде.
    Ќе биде добро не секирај се мамо.
    Мора матер да му ебам не за нешто друго ами зашто не смее поинаку!
    Мора мамо !
    Мора!
    Оти ако не е добро тогаш ти ќе знаеш дека уште не дошол крајот.
    Гушни го тато!
    Не секирај се.

    Дарко.

    П.С : Оној истиот стар твој Дарко кој тресе глупости и срцето ти го остава овде во ова писмо да го ѕирнеш отворено.
    Не чита никој тука и нема, не не слуша никој, а и да има баш ме заболе курот само вие да сте арно и да не се секирате за мене - знаеш дека ќе бидам добро!

    П.С.С : Слушај... последниот пат кога ми беше на гости место еден два чаршафи ми сотра по грешка! Види таму провери си во плакарот!
    Ако е на несакање во ред е -ако не срам да ти е ако е намерно од дете родено ли се краде бе од дете свое ли бре алоо?!

    Ќе биде добро... ќе биде добро мамо!

    Мене лично ми е интересен, има некои стихови кои знаат да го допрат човека, онака искрени, но не ми се допаѓаат вулгаризмите и пцовките.
     
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Дарко Лешоски - поезија

    „Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш бе лепотице!“

    Чувај го оној што станува малце отсабајле пред тебе.
    Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
    Чувај го оној потем на наткасната од креветот што ќе ти остави
    Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
    Чувај го оној што ќе ти викне со весел глас: Станувај вештерке за клецање шопрајме?
    Чувај го оној кого ќе го налутиш што не ти ја пцуе мајка ти ами тебе.
    Чувај го оној што и ако се разделите ќе знаеш деке тој стално на мајка ти пичката ќе и е благодарен што те родила баш тебе!
    Чувај го оној што пробуваш срцето со милост од петни жили која ја вадиш да му го омекнеш!
    За на момемнти кога ќе стане несигурен , троа љубоморен да собереш сила и да му кажеш: Те сакам бе будалче – тебе те сакам баш тебе ... само тебе!
    Чувај го оној што ќе ти каже : Губи ми се – јас тебе не !
    Чувај го оној чиј поглед му говори: Јас тебе дупло.
    Оној ист поглед кој може да те соблечи и расплаче – во исто време!
    Чувај го оној што останува во собата кога лом ќе се испокарате!
    Чувај го оној што не напушта ами чека да ја лупнеш ти прва вратата.
    Чувај го оној што прв излегува од колата и ти ја отвора вратата и кога сте лути за да излезеш.
    Чувај го оној што те смее и ти знаеш да го насмееш.
    Чувај го оној од кого никогаш "ми дужиш" или "ти дужам" нема во животот како збор да го чуеш.
    Чувај го оној кој те знае.
    Чувај го оној кога си депре што знае како циркуски слон душата со триста тривијални глупости и смешки да ти ја испрска и од сивата прашина да ти ја измие.
    Чувај го оној кој знае да молчи кога треба.
    Чувај го оној кој знае да молчи како риба и како муле.
    Чувај го оној кој знае да гушка како горила во тие јебени мигови...
    oној кој не остава срцето да ти се предели на две кога некој твој близок од овој свет ќе си замине.
    Чувај го оној што те брука на свадбите од твоите роднини и пријатели оти се радува - ко негови да се.
    Чувај го оној чие рамо ќе знае солзите твои да ги памети и да ги впие.
    Чувај го оној во чие рамо солзите твои се закачени како игли во шивачко перниче.
    Чувај го оној за чие минато малце ќе знаеш.
    Чувај го оној што за ситници или трагедии понекогаш ќе знае и да те подизлаже.
    Чувај го оној што знае да те заштити од се што превидел или правел.
    Чувај го оној што годишници и родендени заборава.
    Чувај го оној што и простува така.
    Чувај го оној што од улица знае да ти викне наздравје ако ти на терасата на глас кивнеш.
    Чувај го оној што не го мрзи и стопати по ред тоа да ти го каже.
    Чувај го оној што слуша весел и плиток турбо фолк и го чита Неруда, Шопенхауер и Тагоре пред спиење.
    Чувај го оној што ќе ти ги кажува девојките од претходната ноќ кога бил излезен со другари дека му се пуштиле.
    Чувај го оној што те сака и заради цицките и заради очите.
    Чувај го оној што и ти го сакаш заради неговиот тврд газ и лудилото кое му шиба ко токиско метро во мислите.
    Чувај го оној кој станува малце пред тебе утрото, а секогаш легнува малце после тебе.
    Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
    Чувај го оној потем на наткасната од креветот ќе ти остави
    Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
    Чувај го оној што ќе знае да ти ги подигне како ролетни
    со радост со глупости со живот некои утра кога ти се тешки и од очите капаците.
    Чувај го оној наутро на масата дури молчиш како накиснат стаорец
    што ќе ти каже: Види ни оставиле на кваката флаер дека прават слатки и торти за веселби - сакаш да им кажеме „создравје да ви се јадат и да им спуштиме?!“
    Чувај го оној што следната секунда ќе те плесне по газ кога ќе прснеш со кафето и во лице ќе го испрскаш од смеење!
    Чувај го оној што ќе те бакне одма после во чело
    и ќе ти каже отидов на работа -имај убав ден лепото - се слушаме после!
    Чувај го оној што те знае уште пред да се запознаете.
    Чувај го оној со кого времето брзо ти поминува.
    Чувај го оној со кој животот знаеш дека ќе ти пројде како луд викенд.
    Чувај го оној што ќе ти дојде со трубачи и пола пијано маало на породилно...
    ако останете заедно...
    ако останете заедно и ако му дадеш дете.
    Чувај го оној кој те прави луда.
    http://www.youtube.com/watch?v=iVJPtpgh9Is
    Чувај го оној кој знаеш дека е луд по тебе.
    Чувај го оној што ќе те натера во предбрачен договор да стои дека мора во рок од една година море да ставите излација и силни звучници во веце – за заедно да се туширате.
    Чувај го оној чии очи прават како хаус бас да чука твоето срце.
    Е тој да го чуваш...
    Тој да го чуваш бе лепотице!
     
    На sanji4kamwa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Искрено се изнаслушав за него позитивни и негативни критики, ама не ме примамуваше да почнам да го читам, се додека не излезе ова од Весна.
    И читајќи , кога стигнав до првиот вулгаризам, тука прекинав. Си реков ова не е за мене.
    И не, не е никакво хејтање, ама како што рекоа многу феминки погоре мене ми е срам да го читам ова и не гледам ништо поучно или интересно.
    Кој љуби да чита вулгаризми нека повели нека си ги чита.
    И јас ко Силвер бев повеќе од изненадена од лајкнувачите на Л и Л , како возрасни , стабилни луѓе го читат ова..
    Ама тоа е, секој со вкусот , ако воопшто ова е може да се нарече дело.

    И не си правам сеир ама не ги љубам и не ги читам!Не се пронаоѓам во баш ниту еден збор од напишаното т.е преведеното на г-ѓица Лајла и фамозниот Дарко.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    А мене уште не ми е јасно како можат толку да се палат на оваа креатура...?
    Џони Деп бе :D

    [​IMG]
     
    На DzingrlakaDzikica, SunFlower94, Kacjushka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Живти се, како поинаку да реагираме за поетот кој сака да и ја излиже п*чката на женската и тоа го претвора во "поезија" ?
    Ма хејтање, плукање, како сакате наречете го, јас плукам ама она сочно од плуќа собрано по сите тие што се собираат на таквите поетски читања и се видно потресени и растреперени од нивните стихови, а последна книга која ја прочитале била касни порасни.

    Он им вели на женските чувај го тој лепотице, јас би им рекла, ЛЕПОТИЦИ, чувајте си ја гордоста и достоинството ако си го имете, зашто мозок очигледно немате.
     
    На Yowannty, anuskaNESTLE, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Ама остај што жениве испопаѓаа у несвест по „чувај си го лепотице„ него и некои мажи кај мене го споделија. :^)
     
    На Shmizzla, Hipica и Neytiri им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Како не сфаќаш бе мимс, па они се тие тие што треба ди ги чуваат, ја споделуваат да им дадат до знаење на момите нивни да ги чуваат |(
    Јас дефинитивно не ги сфаќам жените поише него мажите, искрено.
     
    На anuskaNESTLE, mims-89 и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Машкиот мозок е секогаш во потрага по тема за муабет со женско а сега имаат сервирана тема на тацна, целта ги оправдува средствата :D.

    Пс. Првиот примерок од книгата јас ќе ти го купам (не од Л.) :D
     
    На mims-89 и tessie им се допаѓа ова.
  14. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Не сме хејтеришта, само имаме право на свое мислење.
    Што се потресе па ти толку ??
    Поезијата на Лешоски не може да се спореди со некои си врвни писатели.
    Ќе се навредат писателите.
    И да напишана е на улично ниво, со безобразлуци и непристојно изразување.
    Ќе напишеме и ние книга, само некој да не навреди ,понижи и исфрустрира до толку како што му направиле на Лешоски( тој впечаток го добивам за него).
    Башка сега знаеме дека е дозволено да пцуеме, вреѓаме, понижуваме, па што да не.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.640
    Допаѓања:
    161.594
    Лешоски е познат по прост принцип. Цела екипа се познати. Мислам, познати... Другарски е, да се разбереме.

    Тоа е како во свој бизнис. Прво познатите и блиските, па после натака. Или еврејски бе, сите за еден еден за сите, чао, пријатно.

    Ете толку просто.

    Имаше кој да го избие. Со прави луѓе на право место во право време.
    Да ги ставаше шкрабаниците и неговите пријатели/познаници беа некои кои не се самите по себе исфорсирани пикала, поинаква ќе беше сликата и крај на дискусијата. Не знам само еден од нив зошто со очигледен талент за добра проза се откажа од истата, а баш ја пишуваше добро за своја душа, ама живот,тоа е.

    Ако сакате да ја анализираме неговата поезија, повелете, дадете по едно негово творештво и ќе се спрдачиме на неделно ниво. А останатите теми за квалитетна литература зјаат заради квалитетот на дискутантите (чест на исклучоци), имам неколку мислења зачувани заради некои причини сум се премислила да ги испратам. Можеби време е сепак да ги истакнам.

    И пак сум во дилема дали е чудово намерно... матер ми ебаа мамо. Значи... се надевам дека е. Не ме интересира колоквијалната употреба на изразот, колку што ме изненадува на лош начин дека ова му е можеби единственото нешто со двослојно значење во целото негово творештво.
    Не сум паметна како да го разберам ова. Како и да го разберам, не можам да го разберам во позитивна насока.

    И Јовчевска истакна, критика на ЛИЧНОСТА Дарко, пред ПОЕТОТ Дарко. Драга моја Ано, нас во основно не учеа дека литература не се анализира без да му знаеш биографија на авторот и во кое време и збиднувања го пишувал, кои мотиви. Освен анализа на дела, правевме и анализа на авторот, која не беше можеби продлабочена психолошка, ама содржеше термини од типот, депресивно, депресивен, егоист, алкохоличар, под дејство на дроги (што само по себе говорело за каква личност се работи). Ова не е политика, па да разделиме личност од вокација, та дури и таму не е можно.
    И секогаш ми било смешно како обидувајќи се да се изманипулира за поуспешна дебата, секогаш се форсира двоење на личноста од делото... Тоа е како да кажеме, ама не ја поистоветувајте неговата добра личност, со неговата гнасна потреба да биде педофил. Може примерот е обскурен, ама држи вода ако ја гледаме логиката. Едно без друго не оди. Генерализациите се лоши, ама постојат за да направиме па и просек. Не може човекот да биде добар хуманист, при тоа да има фирма во која вработените практично се ангарија и да речеш, еј па не мешај го неговиот бизнис со неговата хумана личност. Не може да веруваме на политичар кој излегува на протести против насилство на жената, а дома ја тепа својата. Тоа го прави за маркетингот на неговата партија и вредностите на партијата, ама дали ако аргументираме - тој ја тепа својата жена, таа го пријави случајот, нема да го демантира неговото лицемерно заложување?

    Така што не се согласувам дека поетот Дарко и личноста Дарко се многу поинакви, неговите вредности се согледуваат и низ неговата поезија и низ бранењето на себе си. Впрочем бранењето на погрешни начини само го утврдува се она кое може да се заклучи од поезијата.

    Жена да пишеше да ти го биб пенисот, одма ќе имаше несвестици. Впрочем на твитер паднаа во несвест жените зошто некоја извади хаштаг е*ија како да... И нели, беше страшно! Ама затоа е ова сосема ок!
    Двојности.
     
    На CameliaMiller, livert, De-lovely и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.640
    Допаѓања:
    161.594
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Ако ти така мислиш кажи и го тоа на неа, што ми го кажуваш на мене. Не мора толку нервоза да имаш во себе па врз други да ја истресуваш и да им заповедаш кој што и како да си остави мислење. Смири си ги тензиите и прифати ги мислењата на другите ти се допаѓале или не.
     
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ама сепак во право е, ти се допаѓало тоа тебе или не :wasntme:

    Видов и нова тема за Даре во подфорумот, наздравје нека е, не беа доста рефератите и шкарт анализите што му се веќе посветени - аматерски речиси колку и неговото творештво. Ама персоните за кои постои темата не ни заслужиле нешто подобро и повеќе, затоа слободно терајте, има простор.

    Е сега, овде секоја натамошна расправа е вишок зашто се е веќе кажано и клиширано и имам некое глупаво чувство што пак се одзивам тука, ама тоа што ме натера мене уште еднаш да искоментирам има врска со преиспитувањето на интелектуалниот капацитет на дискутантите врз основа на нивната активираност во темите врзани со книжевноста... Логично е да нема дискусија за значајни фигури кои оставиле белег во литературата... засега не би пишувала критички осврти на литературни дела тука анонимно на форум, не е важно тоа што заинтересираните за дискусија ќе бидат ретки, што пак само по себе нема да гарантира квалитет, туку многу јасно е дека ќе се јави и злоупотреба на текстовите за свои лични цели. Од исти причини не ми се пишува ни една филмска рецензија анонимно, што останува за објавување лични дела. А колку и да е незавиден творечкиот капацитет и талентот на некој критички расположен „хејтер“ тука, не научивте дека не треба да го потценувате? Јасно е како бел ден дека кога можат велелепниве од темата, може секој, секако ако мама и тато се спремни да платат доволно или ако не тоа, барем ако си најде некој да го поттурне, како што некому му се најде Трендо на пример. Роди ме мајко со к'смет, не ми треба мозок и се останато, нормално, ако под тоа „ксмет“ подразбираме пружена можност во животот да се занимаваш со она што сакаш колку и да не те бива и притоа да те возвеличува маса на умствени безрбетници и мекотели... тогаш да, соодветствува.
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дарко Лешоски - поезија

    „Jaс научив.“

    http://www.youtube.com/watch?v=ilKMjyPXdHc
    Јас имав едно детство кое сакав нејзе да и го дадам.
    Само нејзе латиците од ружи на главчето да и ги спрострам
    Латиците светки и желби од моите родендени пролетите и сонцето ѕвездите и во замрачка светулките над селските зелени бавчи со чемпреси и борје
    Да ја научам да копа да черупка да корне кога во очи те гледа и да се забавува
    Со чисто срце со бистар поглед да скока во сечија душа ласта како во бистра река
    Така да ја научам
    Така да ја научам
    Јас имав една младост која ја не сакав никому да му се случи
    Никому нит на душман
    Јас имав една гадна младост оти научив една тајна
    Една малечка тајна
    Научив како пенкалото се поврзува со вената и од таму
    од срцето мастило како се зема
    Научив од Исус, од Блејк, од Рочестер, од Валјд од Конески од Неруда
    Јас научив дека кога ќе си го извадиш срцето во слово и на хартија луѓето не знаат што да му прават
    Јас научив дека таквата искреност ги збунува, а не напишаното кое може да биде убаво како торта или блуткаво како помија
    Јас научив дека искреноста дека ги боли и дека не знаат веќе што со неа
    Јас научив дека мене потем лесно ми е
    Јас научив дека тука долу многу полесно се чекори по земјата оти товарот на Љубовта од рамената ти е симнат.
    Јас научив,
    јас научив дека Љубовта од пеколот е.
    Од Ѓаволот сам дека е измислена.
    Јас научив уште млад оти таа треба да се споделува со луѓето за што помалце да ти ја оштети душата.
    Да не се чува.
    Јас научив дека таа треба да се раздава.
    Да се раздава.
    Со отворено срце
    Со отворено срце кое го носам во градите, јас научив како да кажувам „дај ми ја пиле раката пипнисо прстето тука како Исус на неверниот Тома.“
    Јас научив дека поезијата е зло.
    Јас научив дека поезијата е зло освен ако животот не ти е тоа.
    Јас научив дека не сакам да знам ништо за поезија - за да не остарам или овенам.
    Јас научив да слушам тоа што ми се слуша да читам тоа што ми се чита да јадам тоа што ми се јаде за да можам да останам вечно млад и никому потем да не му крадам енергија.
    Јас научив уште од млад на оние што ми велат „чувај се“ во мислите да им враќам : Во пеколот кој ќе ме чува?!“
    Јас научив уште од млад на оние што ми велат : Бог ќе те казни и верувај во Бог да им враќам – што знаеш ти за Бога –вчера ли бевте на пијачка?
    Јас научив уште од млад која е разликата меѓу момче и маж и љубовник и ебач.
    Јас научив уште од млад да мешам светлина и темнина,а бојата на моето сиво око само да сведочи за тоа.
    Јас научив уште од млад како да простувам во тишина и со склопени очи за неколку секунди ѓоа сум синче на Буда.
    Јас кој бев многумина научив .
    Јас кој бев многумина решив да станам еден и да пишувам
    Да раздавам
    Да раздавам.
    Јас научив оти оние кои ми зборуваа за поезијата како за најубаво нешто никогаш не виделе гола девојка во езеро на полна месечина како се бања или дете кое се смее дури шлапа со нозете во кафеавите вирчиња.
    Jaс научив уште млад дека оние кои се плашат од осаменост и тишина на крај најблискиот го оставаат така.
    Јас научив дека оние најпаметните најучените и оние кои сакаат да попуваат со светкави слова на усната молчат кога ќе се донесе таа на масата како пред богиња и врвна убавина
    Јас научив дека на крај словата на брадата им се измастена од печената срна или свиња и од скапи вина за кои тие не ја платиле сметката.
    Јас кој можев оргии секоја вечер да правам научив дека е подобро храм да запалиш да се згреат илјадници бездомници ноќта - отколку на другар, пријател или сосема туѓ дечко да му ја изебеш девојката.
    Јас научив дека сите оние кои најмногу урлаат за убавината никогаш нема да имаа сила да клекнат пред нејзините стапала или грациозно со шешир да ја отпоздрават
    оти самите никогаш нема да можат да ја создадат, а ја препознаваат
    Јас научив дека јас дека на таквите им е криво и на погреб кога одат ама не од жал туку од што им е мака што тие не се покојникот или покојната на кои сите тој ден почит им одддаваат.
    Јас научив оти тие никогаш почит кон себе и немале - јас научив таквите најмногу да ги жалам
    Јас научив оти оние кои ми зборуваа за Бога и како не треба да го спомнувам во иста реченица со пичка се тресат од страв и се плашат од своите родени татко и мајка
    Јас научив дека истите кога родители ќе станат не ги болат солзите од нивните дека
    Научив дека истите „неможе така да излегуваш им викаат на ќерките во мини сукња.“
    Јас научив оти тие луѓе се поблиски со тој нивен бог отколку со сопстевниот син , ќерка или со човека.
    Јас научив дека се поблиски со нивниот бог – со нивниот бог кој не се насмеал никогаш.
    Јас научив дека сите оние кои ми зборуваа за Љубовта ја криеле долго во себе и таа душата им ја отрула.
    Јас научив дека ѕвездите се само изгризани дупчиња од молци низ кои проаѓа Светлината која е позади нејзе и дека сите сме оттаму од Таа Сила и од Вселената и нејзе да ја ебам .
    Јас кој бев многумина решив еден да станам и да пишувам.
    Јас кој бев многумина решив во животот да бидам лажен, а вистински само на хартија.
    Јас кој некогаш бев и ангел и поет и немав потреба никој да ме сака.
    Немав потреба никој да ме сака зашто љубовта е тежина.
    Тежина.
    Потем јас се заљубив.
    Се заљубив во една смртна девојка.
    И решив да бидам човек.
    Да простувам.
    Јас научив како сите фрлени камења во дланката да ги пречекам и да ги стоплам ѓоа душите нивни ладни ги греам.
    Решив да давам.
    И злобен да бидам.
    Да давам и онолку колку што немам за да бидам полесен и така кон небото побрзо да полетам.
    Јас научив дека сите зборови насамо во детство кажани од баба ми Чужди кесмет ми си ти бре куќо бабина дупнати ми ти се речињата чужди кесмет ми си ти бре куќо моја – чувај ми се глуварка на ветар ми е душата –оти се било вистина
    Jас научив ангелите кои одамна на небото сум ги среќавал да ги препознавам околу мене па и случајно на улица ако се разминам
    Јас кој свесно пак би му се смеел и на Исуса во фаца дури страда и би му ги украл шајките од неговите дланки за мене да ми ги стават оти не можам да поднесам туѓа несреќа ,а мојата во секое време можам и морам се сам!
    Јас научив да бидам човек
    Јас научив
    Јас научив да бидам човек каков што тие никогаш не виделе.
    И не биле.
    И нема ни да бидат.
    Јас и таквите како мене го научија и Бога да проштева.
    Го научив ноќта кога меѓу илјадници јас во себеси го замолив
    Од крилјата кој мене одмана ми ги исече нејзе обетки да и остави.
    Да и остави обетки на перницата од две малечки бели пердувчиња.
    Јас научив.
    Јас научив да љубам и љубовта да ја раздавам.
    Јас научив да проштевам и на злобата секојдневно како детенце во очи да ја гледам и да и се смеам.
    Јас научив човек.
    Јас научив човек да бидам.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Немам пари.
     
    На Shmizzla, QueenN, Bescheiden и 18 други им се допаѓа ова.