Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Во темата „Што читате моментално„. Ма каков Гогољ, Толстој, Достоевски дај ваму Лајлја Грејс и Лешовски. Ќе се замараме со глупости. (смајлиштосеубива)
     
    На Shmizzla, Foreveryoungiwannabe, QueenN и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    "- Имате од онаа трослојната тоалетна хартија, што беше 100 и нешто денари?
    - Не, ни заврши.
    - А, книгава на Лајла Грејс колку пари ви е?"
     
    На Shmizzla и babyboy123 им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    Све почнав да игнорирам од ваков тип.
    Ама она со ПИСАТЕЛКАТА Лајла на денот на вљубените... Ми оди да запалам цела библиотека оти поимот писател ја изгубил својата смисла.
    Писателка...ми одѕвонува во главата. Она писателка?
     
    На Shmizzla, QueenN, JoxyTheFreak и 10 други им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Полоша навреда за македонската литература и неможе да се даде, ако оваа некој ја нарекува писателка потполно ќе ја поддржам Лилит во палежот.
    Не можам ни да поверувам...
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Абе барем на литературен македонски јазик да пишала, тоа с*ањата нејзини се полни со србизми...
    Тоа е, отиде светот у Свирипичино..


    Достоевски и Толстој сега во гроб се превртуваат.
     
    На prettyliar и Shmizzla им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    Искрено да сум некој лингвист, компаратист, докажан поет или не знам веќе што, ќе организирам слични на мене и ќе одам да протестирам на нејзиниов и настан. Сериозна увреда за писателите е ова...
     
    На Shmizzla и babyboy123 им се допаѓа ова.
  7. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Па ги охрабри, се споредиле со неа и си рекле "Еј мајката, па јас имам талент бе, може и јас сум роден под среќна ѕвезда". И ајдеее, денеска од секоја страна лупотрскање.

    А ова за чиј блог е, ако може да знам? :)
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Абе Лајлица е како пубертетски години, неидентификувана, несебепронајдена, неоригинална, недозреана и наивно, избувливо агресивна. Само има еден проблем. На Лајлица пубертетските години и поминаа.

    Зошто бе деца не Петре М. Андреевски? „Касни Порасни“ е позабавна, попоучна, повеќе емоции ќе ти разбуди од овие бљувотини (ем ќе ти се пријаде од неа, јаготче, црешиче). Оти не „Малиот Принц“ ? Оти не „Злосторство и казна“? Оти не нешто такво? Не за џабе постојат класици, и светски, па и во македонската литература.
    Не знаете писмени да пишувате оти читате нелекторирана, неуредно напишана, непрописно, абе никако, во никој случај значајна... не знам бе нема да го наречам литература - не е литература. Бљувотини, немам друг термин како ова да го наречам. Полно србизми, полно се. Не знаете пасус од пасус да одделите, не знаете да формирате реченица, не знаете вовед и заклучок, содржина не знаете. Ништо не знаете.

    Книгата е многу повеќе од нафрлани зборови, не се што е испринтано со име, презиме и година на издавање и сите процедури е книга. Во книгата покрај тоа што го читате го полните вашиот вокабулар, си ја развивате креативноста, фантазијата.. ова у прво одделение требаше да ви го кажат мислам, учевте песнички за книгата дека ви е најдобар пријател - и тие песнички не се за џабе.

    Не ни морате да купите книга денес, по интернет се имате.

    До Лајла Грејс имам еден апел, да ми ги објасни со најдлабоки зборови нејзините бљувотини, да ми каже дали смета дека тоа нејзиното треба да се рамни со вистинска литература, ама најискрено, без зезанции, без летање у облаци да ми каже дали гледа дека освен тинејџерчишта недоковани (што се патем за по еден шамар оти во случајов за вкус се дискутира и те како, ехехеееее, и те како, да не се знаело македонски ни граматика ни ништо, еден состав не знаат да напишат и ќе кажуваат после), никој друг не ја чита.
    А и патем у реченицата:

    Лајла Грејс, престани да издаваш безначајни белешки и рецепти за торти.

    Нека најде прирок, подмет, глагол, време, свашта, граматичка и синтаксичка анализа, што и да е друго, без да гугла. Чисто да повежбаме македонска граматика, кога литература веќе не може.
     
    На Shmizzla, Foreveryoungiwannabe, Jinx и 15 други им се допаѓа ова.
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Шта речи а не заплакати ?!?? :|

    И тинејџерки почнаа да отвараат блогови...па нормално Лајлица не е нешто подобра од нив и сите си зедоа слобода.Па и Лајла слободно можам да ја наречам тинејџерка!

    Токму тие што ја нарекуваат писателка и оваа книга им е must have ,очигледно дека во животот немаат книга прочитано.
     
    На Shmizzla, naturally, Golden и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Секој втор писател.... ама баш секој втор ... абе ме интересира содржината на книгава, и кога би ја прочитала ... би било од радозналост да знам за што се крева толку фама .. Едноставно сите почнаа преку фејзбук писатели да стануваат .. И овој Лешоски ... шо е бе толку многу, као искрен демек, пишува што мисли тоа ли е поезија ... Боже Божее, прости ако некој навредив ама овааа нема П од писател, Македонијава забрави што е квалитет ... ( и за Лешоски важи тоа ) ... оној безобразлук кој го пишува тој ... сервиран у тањир да ми го дадат не го читам , па макар последно да е :envy: :puke: :puke:
     
    На Shmizzla и herbst-girl им се допаѓа ова.
  11. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    http://off.net.mk/bavchi/darko/drushtvo ... as-za-tamu

    Ако имате трпение прочитајте што мисли Дарко за критиките кон неговото пишување.
    Од мене едно големо браво за Дарко.
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Ц, ц ц... јас се срамам место него... и место тебе. :emo:
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    2.457
    Нешто Бетмен велит се збуни дека на Златна бубамара на популарноста кажале нешто со Шумахер, демек тој прв што кажал... Па сакав да прашам дали знае некој што било тоа што пишал Бетмен велит за Шумахер?
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    http://off.net.mk/bavchi/jana/za-makedo ... da-chitame

    Се сомневам дека некогаш се заинтересирала за одредените спецификуми на творешства од одредени поднебја... или конкретно да ја заинтересира европската литература и општо, уметничко творештво. Никој не бара да бидеш професионалец, ама пред да се осудиш да напишеш колумна се претпоставува дека знаеш за што пишуваш и истражуваш за истото. Ако не ти е врвно поле на интерес, те молам не се ни труди...добро? Задржи се на општите трачарски теми кои и онака не бараат премногу знаење освен искуство во шетање по скопскиот асфлат, а можеби и по светот, за да може да се воочат културните разлики и да се спореди од-до.
    До кога ќе пишува девојкава вакви "сатири"? (сериозно сакам да е сатира во прашање!!!)
    А добро Јана, ДО КОГА ЌЕ ПИШУВАШ ВАКВИ КОЛУМНИ КОИ НЕМААТ НИ ТЕК, НИ ПОСЕБНА ПОЕНТА ТУКУ СЕ ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ГРДАТА ПОП КУЛТУРА?
    Читај го Коста Петров и гледајте се на врвот. Баш е позитивен онака...
    Фасцинантно е како она е опружена со такви генијални творечки умови... Штета Јано, не можеш да се пофалиш со ист творечки талент, овај талент за пишување на интересни колумни. Да, крајниот резултат е - те читаат, многу. Но зошто те читаат? Зошто ги иритираш луѓето и зошто предизвикуваш чувство на надменост и исмев кон тебе... сеирот ги тера да те читаат.

    Можеби е малциозно од моја страна, ама сериозно ценам луѓе по неколку критериуми кои се комплементарни, но и взаемно контрадикторни и исклучиви, па вадам нзс. НО, кога се работи за литература фб многу ми помага. Има три фори на грешка,ама кога ќе ја видам оваа комбинација - Лајла Грејс, Шарма ИИИИ... Меша Селимовиќ... ми се повраќа. Или ако за среќа Селимовиќ го испуштиле, но го вклучиле Коељо, онда помало зло ми е, кич си е човеков и ужива во своето, ама Селимовиќ кои го вклучуваат одма ја гледам несуптилната тенденциозност кон нештото де...да глумат умни, се тоа проткаено низ многу лајкнати блогови за некоја улична мода и сликите од тазе гелните нокти.

    Абсурдноста во се ова е што секој од нив пати од тешка нарцисоидност која ја имам видено лично и персонално во живо. Ве молам зборувајте ми за позитивното размислување за вашето совршено јас.
    А во себе врескам, глупав си! Ама културно отварам разговори на тие теми и се пукам како што треба, сериозно нема ништо лично, ама лично е кога се потпикнуваат под сечиј нос како посебни, газејќи други, па тука...мора да бидеме пата-пата.
     
    На EmGreen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Апсурдноста е во тоа што некој што ги има симптомите во голема мерка дека и самиот е нарцис става во таа категорија личности за кои знае многу малце или можеби воопшто. Но сепак тоа се симптоми на една нарцисоидна личност која себеси се смета за најпаметна , а при тоа и пати од тоа да привлече внимание , што е уште еден симптом за нарцис. Навредувајќи ги останатите всушност себеси се става на едно повисоко ниво и самата се доживува така. Не би можела да најдам друго објаснување за една особа која просто ужива некого да понижи и омаловажи. Е сега најголемата апсурдност кај нарцисоидноста е тоа што тие НИКОГАШ нема да го признаат тоа за себе , за жал. :worried:
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    ^ Зборуваш за себе си Флоренса, не?
    Не знам колку го гледаш вртлогот и иронијата во ова.
    Да ти појаснам, не знам дали еднаш напишав,ама сепак ќе се повторам. Освен што е тоа моето размислување, истото го има дадено како анализа доктор на психологија... и е согледување како од неговата поезија, така од неговото однесување. Да не речам, послужи како пример.

    Собери се малку со анализите, преголем залак се за тебе. Симптоматично се однесуваш за 37 годишна жена. Дали треба да ти се обратам како тој со - гледај си го климаксот ГоспоЖа и при тоа да биде во ред? Зошто сериозно си ми смешна. Ти во ваквите теми и Валерија во политичките, Шврци во забавните, постојано се појавувате како некои чудаци и при тоа само под одредени услови како тригер фактори.
    Маж кој почитува жена и пишува за возвишени чувства за жена никогаш не би ја имал душата да го напише тоа, ако е вистински. И не ќе имавме ништо против неговата поезија, критика ко критика, ќе дојде и ќе отиде, ако не ја покажеше својата личност, а потоа инсистирајќи да се прикаже како скромен. Зошто едноставно не е. Подобро ќе беше да рече, не сум скромен, таков сум, најдобар сум, не сакам критика, зошто сметам дека сум најдобар и ексцентричен, него ли да се труди да се брани низ семејството и важно му е како тие се чувствуваат и заради тоа се брани. Извини, ама луѓето имаат демократско право да даваат мислење и замисли размислуваат, секогаш ќе имаш такви кои ќе те сакаат и кои нема да те сакаат. Кога си одбрал да го одиш тој пат и тебе и на твоето семејство треба да ви биде јасно сето тоа, така што не е до тој изговор, да не се лажеме, тешко прима критики неговата личност. Патем покрај масата статии ми долета и таа со неговото семејство, баш љупки луѓе и ми падна некако...жал, онака не жал како сожалување, туку жал како човек за човек, како за сопствени родители и се потрудив да ја согледам поголемата динамика и само ПРЕТПОСТАВКИ и викам пушти, ако сака нека твори и што сака нека прави и мисли. НО сега повторно излегува со пцости и кога легна ситуацијата и никаде не повикан, сфатив дека нема никаква врска со неговите родители.
    Само Флоренса не знам колку го имаш ти капацитетот да ја сфатиш поентава. Џабе ми е овој труд и веројатно е дека за последен пат ти пишувам, па што и да пишеш после ова, не ти враќам и сметај си го за сопствена победа, зошто мене, искрено не ми е важно.

    До некаде и разочарана сум ова што го гледам. Ги гледав двете страни, критичарите и критикуваните, бев на страната на критичарите (и при тоа не мислам на Лешоски, туку на системот и состојбите во кои живееме) и потоа согледав дека не се ништо поразлични од критикуваните, освен дека ја бараат нивната позиција и дека истото би го правеле како и нив. Во голема доза суета која не ми прија.


    Нејсе...ни жена на жена не е убаво да го каже, зошто сите ќе го минеме истото и климакс не е дијагноза, твојата мајка минала климакс, како и мојата што ќе минува, па и твојата ќерка и мојата, ама дали ти е сега појасно што не е во ред? Или се уште морам да ти пишувам околу тоа? Не знам како не го гледаш деградирачкиот момент во сето тоа и отсуството на сериозна машка зрелост. Ама да речеме дека утре во биографијата ќе му го пишува како мал кикс при зреењето и дека ќе прерасне во баш маж.

    Патем, ти благодарам на исправката,често правам грешки, често и редактирам,но не запазувам на деталите, колку на поентата. И при тоа редактирам за да ја доловам поентата, а поретко за правописните грешки, што е моја грешка. Се надевам дека твојата нарцисоидна личност се издигна над мојата личност со големото П во рака, па се чувствувам сега јас добро што ти го овозможив ова (гледаш како се вртат работите и изгледаат смешни сега и од мојот агол? ;) Ја гледаш заебаноста во тоа кое го направи ти?) барем малку да внесам среќа во твојот живот.

    И твоето браво на неговото дело околу критиките не знам колку е свесно дека на тој начин се депласира себе си како важен. И не знам колку ти согледуваш што сака да направи со истото. Ќе се навратам на нарцисите - секогаш имаат проблем со критика и никогаш не се чувствуваат должни да се објаснат себе си, ако треба. Ете мојата маленкост ти се објасни горе (зошто си права де) за своето П кое сакам да си го наречам баш згодно Пи, зошто пи е ирационален број токму како и ти.

    Ама тука ни е времето и ќе почекаме на квалитетот.
     
    На CameliaMiller, Hipster и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Види мила Лилит.Што и да напишеш за мене, мува не ме лази. Право да ти кажам од некој како тебе кој постојано го прави тоа не ни очекував нешто позитивно. Ти си впрочем мајстор за омаловажување , потценување...
    Незнам само што се потресе толку ако некој мисли за тебе дека си нарцис.Па ти си за мене само еден виртуелен лик (ништо лично) де нели ? :angel: Може во реалниот живот си нешто сосема спротивно , ама ете анонимноста овде ти овозможува да се прикажеш како нај паметна , нај образована со огромен капацитет . И нека е така , уживај во анонимноста и во сликата што си ја создала за себе.
    Но дали си помислила дека не е фер некој анонимно да навредува со име и презиме како Јана , Дарко , Коста , Мелита......и којзнае уште колку ги има.
    Цитирам
    Абсурдноста во се ова е што секој од нив пати од тешка нарцисоидност која ја имам видено лично и персонално во живо. Ве молам зборувајте ми за позитивното размислување за вашето совршено јас.
    А во себе врескам, глупав си!
    Право да ти кажам кога ќе прочитам вакво нешто , прво што ми паѓа на памет е :" Што се замислува оваа , демек сите се глупи а она паметната "
    Кај тебе мила е премногу нагласена таа особина на себеекспонирање преку газење врз други личности. Ама за разлика од тебе која си анонимна тие се ликови со познат идентитет.
    И нетреба да имаш којзнае колкав капацитет да сфатиш дека една особа која постојано и се повраќа :puke: де од парови кои се дружеле постојано , де од девојки кои постојано сакале да се истакнат "ја па ја " де од млади мајки што си се фалеле од своите бебиња па од бабички кои барале да им мериш притисок..................... Мила Лилит , до тебе е.
    Не ти се криви ни Дарко ни Јана ни бабичките ни мајките. Ако не постоеја ке ги измислеше.
    Не сакам да сум безобразна , ама незнам со колкав капацитет ти располагаш па еве најпросто ќе се обидам со една реченица да ти објаснам , за да ме сватиш де нели,што ми паѓа на памет прво кога ке се сретнам со лик како тебе :" Р џавом к... и длаке сметају " :x ( патем од колеги на работа сешто ке чуеш па и вакви реченици :lol:
     
    На blonde_supergirl и kikav им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    45.202
    Пол:
    Женски
    Девојко прави се паметна ти колку сакаш, ама научи барем дека СВАЌАШ е со Ф.

    Патем не ја читам типкава и дознав за неа туку од форумов и да мене ми се повраќа од неколкуте белешки што и ги имам прочитано, дотичнава не е некоја писателка, јас поим немам како постигнала да биде толку читана.И да разбирам да ја читаат млади тинајџерки...ама 37 годишни мислам WTF?
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Апсурдноста е да исправаш нечии правописни грешки, а веќе во следниот пост да имаш милион такви.

    Кога сме веќе кај просветлувањето:
    Незнам и нетреба се пишуваат одвоено.
    Сватиш се пишува со Ф.
    При тоа се пишува споено.
    Ке се пишува со Ќ.
    Нај паметна се пишува споено (како и сите останати суперлативи на придавки што ги спомна).
    Три точки се доволни.
    После секој интерпукциски знак се остава едно празно место.

    Како и да е, целта на темава не е да правиме психолошки анализи, ниту да даваме часови по правопис. А ти Florenca, кога веќе толку самоуверено одговараш на нечии постови овде, дај барем и на мојот одговори ми. Ако имаш со што.
     
    На Jinx, Foreveryoungiwannabe, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    Ах, ах... :rofl:
    Како и што си мислев...
    Што не се осврна на аргументи, се осврна на анализа за Лилит?! Ма ти благодарам од срце. Нарцисот во мене порасна за многу пати на посветеното внимание кое не го ни побара, а го доби. :wasntme:

    Благодарам на мајнд ридингот,но повеќе ќе бев среќна ако ме цитираше погоре и ми речеше Лилит за ова и ова не си во право, затоа што јас мислам дека е вака и вака заради ова и ова, ама за жал капацитетот толку ти дозволува.

    Не знам колку си свесна за својата интелектуална ограниченост, а се трудиш да изигруваш ниво полно со изобличености. Премногу си заспана за да видиш дека во сите твои описи се опишуваш себе си и тоа е тажно.
    За оние кои треба,не сум анонимна, а рака на срце, не се изложувам на такви дејствија (односно работа, важна животна активност) кои бараат од мене јавно прикажување на мојот лик и дело за да трпи критика. Ако сакам да се промовирам низ колумни, поезии, ју нејм ит, ќе бидам подготвена машки да ги издржам сите критики и разумно да ги обмислам што значат всушност, биди сигурна во тоа. За моите лик и дело одговарам на моите претпоставени на работа за се она кое го работам и трпам критика кога треба, зошто тоа сум го одбрала, тоа го работам, таму го добивам тоа што ми треба. Или пак не ти е јасно како одат тие работи?

    Немање чувство за реалност (како што го немаш ти и тие, затоа и си се допаѓате, не знам колку знаеш, обично ни се допаѓаат луѓе кои се сличини на нас) е страшна работа, ама има нешто кое ќе се погрижи да го добиеш по нос токму кога не се надеваш. А верувам дека тебе често те уќутуваат во реалниот живот па дојде тука да се лакташ со АНОНИМНАТА ЛИЛИТ оти веројатно ти гледаш некој предизвик, а толку си досадна зошто во тебе нема ништо различно, туку толку е се исто и досадно секогаш кога ни пишуваш, не се ни трудиш да прогледаш, иако јас се трудам да ти ја доближам работата од друга позиција и агол.

    А што се однесува до моите мислења (патем повторно ти благодарам на вниманието), ти ни половина не си ме разбрала бидејќи си стерилна личност и бидејќи на лично ниво ги сведуваш сите мои размислувања, а тоа говори за тоа колку си ти мала, мала како личност неспособна да си го рашириш светогледот. Кога ќе ми дораснеш (а си МНОГУ постара од мене) и имаш аргумент на некоја тема, те молам обрати ми се. До тогаш, можеш слободно да мастурбираш (ова од колегите ми е, јас зборов прв пат прееска во канцеларија го слушнав) на помлади дечки кои пишуваат поезија. ;) Мене бабичките на кои им мерам притисок не ми сметаат лично и на драго срце им помагам, мене ми пречи тоа што ме празнат и потресуваат нивните приказни и жал ми е за нив и староста која им е неминовна, само како што ти кажав, си премногу мала за да го разбереш тоа што сум го кажала, односно напишала. ;)


    И замисли Флоренса, јас те разбирам тебе што сакаш да кажеш и исто така не се согласувам со тебе и можеме тука да се разминеме во несогласување и да се сретнеме на друга тема каде што можеби ќе се согласиме за нешто друго, ама не разбирам што е тоа толку болно во тебе, што е тоа толку што те пече што сакаш да не напаѓаш на лично ниво за некои си ликови кои не ти се ништо во животот? Или можеби и ти се? Ако не ти се, јас би ти преорачала да се консултираш со стручно лице, од секогаш ме плашеле вакви луди фанови за селебретис, мајке ми.


    Биди поздравена и биди сигурна дека ова ти е последно од мене. Што год пишувала, сматрај се за победник во дискусијава, само откачи се. Досадна си и безпредметна во секој збор што го пишуваш, иако како што реков, подраго ќе ми беше да ми објаснеше со аргумент како е во ред да се навредуваат жени на име - климас и како е во ред да не признаеш една цела институција како МАНУ, на што би го препишала ти тоа? Веројатно не на мојата нарцисоидна личност? Тука веќе ќе имавме муабет.
    Се што напиша многу повеќе зборува за тебе, него ли за мене. ;)


    1209, В, зошто е буквалист. В се слуша, в се пишува како постојана очигледна грешка,ама тврдоглаво се оди зошто ете така и се слуша неа, наспроти слаткото Пи, ирационална. Не се ни труди, ова е последно на кое и пишувам на оваа анонимна (ЗАМИСЛИ ФЛОРЕНСА И ТИ СИ АНОНИМНА...омг, какоооо не го знаеше ова до сега?!) личност, зошто гледам нешто друго во неа кое ми создава морници.

    Јас пишувам често како еден братски народ во државава, па ако налетам на свое старо мислење се фаќам за глава како сто пати редактирам да се дополнам, а никогаш не се препрочитувам пред да пратам мислење за да си ги поправам грешките. Пишувам како што ми тече мислата и сум мрзлива да се препрочитувам, ете тоа.
    Ама ваков момент, кога својот кредибилитет го врзува за во случајов за поправање на правописна грешка, а нон стоп ги прави... освен да се изнасмеам и да речам, ма сериозно оди по ѓаволите.
     
    На CameliaMiller и Kacjushka им се допаѓа ова.