Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ Ќе те молам уште еднаш Шекспир и дотичнава да не ги спомнуваш во исти пост.
     
    На Shmizzla, Aryana, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Таман работа да те критикуваме за сопствено мислење, не сме ние ашлаци некои, не сме ликови од книгата на Марија Јаневска. Има ли ликови уствари книгата нејзина или само за неа збори?

    Не бе, озбилно, ја не сум читал два реда од нејзината книга, може стварно е добра, ама по коментарите и кои луѓе чија страна заземаат, се сомневам дека е нешто битно кое го пропуштам. Според тоа како е поделена линијата на фронтот и чии сили каде се, сигурен сум дека Марија е од истиот ред на популистички писатели како Винка менторката нивна уште позната како македонската Коељка, тој со наочарите кои нè гледа од врвот и ни објаснува нам глупите како да стигнеме кај него на кафе и „суперинтелигентниот“ Игор Џамбазов кој го промовира сè она што е лошо во општеството како добра работа на начин сфатлив за обичниот човек заглавен со школо/работа/беспарица. :tmi:

    А тоа бејби, кога некој мене ќе ми го стави на екран како нешто на кое треба да речам „Браос“, одма ми иде да повратам, зашто некој ме тера да мислам дека Игор, Винка, Марија и тој со наочарите се добрите момци и дека тоа се луѓето кои пишуваат добри книги. А не се тие. Други се тие со добрите книги, тоа се оние кои не ни знаете вие напалените на Марија и Лешоски и компанија дека постојат. Кои се спикани по библиотеки и книжарници зашто не се продаваат, зашто никој не ги знае, зашто не знаат да направат маркетинг.

    Еден ден, здравје, ќе напишам книга и ќе си ја промовирам гол на плоштад. Ќе облечам онаква капа како од фалангата на Филип што ја носат суртуци по утакмици на ракомет и надоле ќе бидам скроз гол. Да ме сликаат луѓе, да ме покажуваат со прст, да ме снимаат и стават на Јутјуб, да ме тагираат на ФБ, да ме има на Бекстејџ, да ме осуди Мелита, Лила и некоја друга курва колку е срамота тоа што го правам... да зборат сите за мене колку идиотски си ја промовирам книгата, зашто очигледно дека само со идиотизам можеш да продадеш нешто.
     
    На kikikikirika, Shmizzla, Aryana и 9 други им се допаѓа ова.
  3. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    На понизоκ стил неможе да биде напишано, па ова незнам κој може да го чита, ниκаκва вρедност и длабочина немаат нејзините збоρови, пρазни се, девојκава пишувајκи неможе да ти создаде емоции, неможе да те тρогне κаκо што можат дρуги. Сево ова изгледа κаκо жалба од неκое мало детенце κое си ја загубило својата игρачκа. Бρуκи живи!!! И уште гледам κај неκои има место за воодушевување и ја ставаат во иста ρеченица со Шеκспиρ!? Хелоу! |( |( |( |(
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Марија Јаневска постигна толку голем успех баш поради таа критична маса на луѓе што не знае и не сака да критикува! Треба да ти е срам што во таков контекст го спомнуваш Шекспир и таквите како него, а благодарение на тие таленти од луѓе ти денес можеш да се наречеш писмена!
    Мене па не ми е јасно зашто се во државава мора да се тапша по рамо и да се вика дека е добро, само за да не се збори дека едни со други не сме се поддржувале! Што треба да направам сега јас, да и речам браво, да и речам алал да ти е какви бисери на мудроста имаш напишано. Како прво јас не го сметам тоа за литератирно дело па терба да заслужи и за да добие критика. Што да критикувам турбо фолкк стихови преведени на македонски напишани во форма на расказ? Нека ви биде јасно дека денес кој сака може да напише книга, да земам јас за секојдневниве случувања во градските автобуси да пишувам комични дешавки и да си издадам книга ако не, што викаш? :^) Секој кој има финанскиска поддршка од дома и кој напишал нешто на кое мама и тато паднале на задник од невидениот талент на нивното дете може да стане писател, пејач, уметник.... Исто и ако издавачкиве куќи намирисаат дека од проста маса може да извдадат добра пара плус со реклама и ете ти одма книгичка. И после пак немојте да критикувате, се што е наше македонско треба да се поддржи и да се гура напред. Ете затоа не можеме да мрднеме од мртва точка. :puke:
     
    На Aryana, duffi, Lizzy.Grant и 5 други им се допаѓа ова.
  5. PinkDramaQueen

    PinkDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Често кога одам во библиотека слушам барања од типот-дајте ми нешто полесно за читање,да си го одморам мозокот,а не дајте некоја книга со мудрости,да се просветлам.
    Да не се сфатиме погрешно,не ги деградирам книгите,класиците од безвременски писатели туку сакам да кажам дека сите ние имаме потреба да се опуштиме со нешто како Белешките на Лајла Грејс.
    Океј,да ја оставиме на страна Марија со Лајла,што ќе кажете за Александра Потер,Софи Кинсела?
    Јес да Лајла е збирка од раскази и дека нема приказна со обработени ликови и слично,но ги спојува тоа што е исто така книга за опуштање,напишана на разговорлив јазик,а не литературен.
    И не можам да сфатам,низ форуми сите ја хејтаат,на фб сите ја читаат,цитираат и слично :^)
     
    На blonde_supergirl и japanize им се допаѓа ова.
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Се согласувам.
    Пред некој ден,ја разлистав книгава бидејќи другарка ја позајмила.
    Кога ја отворив,не знам.
    Подобро да не ја отворев.
    Понизок стил на пишување немам прочитано.
    И ајде тоа што е на скопски дијалект,сосема ми е изгубена суштината на речениците.
    Колку и да се обидувала да опише нешто,со 'он' и "у' ме уби уште толку.

    Пред некој ден ја купив ,,Полиња со диви нарциси'' од Саздова.
    До нејзините книги ја начекав оваа од Јанеска.
    Ем поскапа од останативе,ем ставаа уште копиии.
    Ми изгледа дека луѓево ја купуваат заради нејзините 'освојувачки' статуси на фб.
    Искрено парчево од листови(бидејќи не ја сметам за книга)ми изгледа само џабе пресечено дрво за некоја да пишува и да се изразува лошо.

    :?:
     
    На Shmizzla и calliope им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Ок, тоа ти е чик литература, мислам дека Лајла неможе ни во оваа категорија да се стави. Тоа не е лесно за читање, тоа е просто, по просто неможе ни да постои. Тоа ти е исто ко да читаш статуси на фејсбук од тинејџерка на која и раскинал дечкото, незнам што жанр е тоа.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Баш убаво што си ги спомнала Софи Кинсела и Александра Потер.Тие и многу други пишуваат чик литература,нешто за на плажа кога не сакаш да си го преоптеретуваш мозокот.Ама разликата е што имаат приказна,комични ликови и комични ситуации,нешто што те тера да дочиташ.
    Белешките на Лајла ти е збирка од депресивни реченици,ни малку креативни и ни малку оригинални и не гледам како би ми се одморил мозокот со читањето :D

    Никој не вели да се читаат само класици и психолошки книги,ама не може и секој втор што начичкал две-три просто проширени реченици да се нарече писател.
    И навистина ми е жал кога ќе слушнам колку ја купуваат книгата,а во нив спаѓаат и познаници за кои сум сметала дека читаат солидна литература и имаат разбирање.
    Инаку се согласувам комплетно со Омни за Винка и Џамбазов,се излажав да ја купам Последниот чај и да ги жалам потрошените пари.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Мислам дека цела оваа прашина што ја создаде (нели она била добриот коњ) може да падне ако книгата се класифицира под областа детска книжевност. И двете страни задоволни :)
     
  10. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    "Писателката Марија Јаневска, која доби огромна популарност на Фејсбук објавувајќи кратки текстови под псевдонимот Белешките на Лајла Грејс, смета дека постојат услови за изразување во градот, а просторот мораш сам да го создадеш.
    - Не беше тешко да издадам книга бидејќи отсекогаш сум пишувала, само што сега решив да се појавам во јавност. Морална поддршка добив од најблиските и од обожавателите, а материјална од мојата издавачка куќа. Факт е дека во Македонија спонзорствата за културните манифестации се многу мали, а самото тоа ни кажува дека никој не верува во креативниот дух на младите, кој треба да се продлабочи и да се развива. Никој не верува дека уметноста ќе успее и никој не знае дека уметноста секогаш успева да си го најде својот пат надвор од лавиринтот на секојдневната прашина. - вели Јаневска. "

    Креативен дух на младите?
    Кој креативен дух?
    Со транслејт на песните на Дино Мерлин? Или со превртени реченици од Самрак?
    И згора на се,ова било уметност.
    Ова ти е во фазон-Од далеку блиску до уметност,од блиску далеку од уметност.
    Ех моја Лајлице,со хартијава твоја можам комотно да палам оган во зима.Ма ни до толку не се вредни.
     
    На eliesaab, Ketrin.Moon и Shmizzla им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Уметноста кутра неможе да си го најде патот од ваквите ко неа и нејзините обожаватели.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    Се гледа дека или не ја прочитала или ја прочитала,но не ја разбрала. |( Ја расположувала... или па може има болен ум.

    Ај што е контрадикторна целава изјава, туку и има и дијагноза, се вика биполарност.
     
    На glosipgirl, sweet-cherry, Aryana и 12 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    ^Или научила некои интересни нови зборчиња па сакала сите да ги употреби во една реченица! :rofl:
     
    На tanjabela, sweet-star и Shmizzla им се допаѓа ова.
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Каков Хесе, Демијан и незнам уште што. Типката е луда за внимание, а популарност не е кога пубертетлии и ги споделуваат ,,цитатите'' , популарност е кога потписот ќе и стане автограм.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Тажно е што се се печати денес. Доста сум селективна кон "новокомпонираните романи" бидејќи ја ценам сопствената душа и не дозволувам така лесно да ја затрујам. За жал, повеќето романи денес се штанцаат, чест на исклучоци. Така е и во светот, така е и кај нас. Сосема е доволно да се има пари, секој може сешто да објави.
     
  16. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    „Белешките на Лајла Грејс“
    „Белешките на Катерина Монсен“ (брутална копија на оваја првата само во машки род)
    „Белешките на Мерјема Јасмин“
    „Белешките на Дороти Самро“
    „Белешките на Ариса Блу“
    „Белешките на Лана Литзи“
    „Белешките на Лавли Нортон“
    „Белешките на Дариа Јохан“
    „Белешките на Џејси Броун“
    „Белешките на Аманда Бисон“
    „Белешките на Сара Морсен“
    „Белешките на А.Романов“
    „Белешките на Кети“
    „Белешките на Лана“
    „Белешките на Алисон“
    „Белешките на Зеленооката“
    „Дневникот на Samantha York“
    „Дневникот на Ана Влис“
    „Дневникот на Сара Полсон“
    „Дневникот на Лејди Крофт“
    „Дневникот на Саманта Круз“
    „Дневникот на Мередит Кортни“
    „Дневникот на Лиза Луи“
    „Дневникот на едно девојче“
    „Дневникот на Бела“
    „Дневникот на Софија“
    „Дневникот на Лариса“
    + многу други...

    Д О К А Д Е В А К А ? ! АЛООО
     
    На AziskaStrslenka, valery15 и gingerchild им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас само не знам, толку ли малце ја учат младинава на писменост, на читање меѓу редови, на интелектуален напор во поубави дела, па сите заглавија палејќи се на овие бљувотини - просто не можам да сфатам... :worried:
     
    На Aryana, WarriorAngel, Shmizzla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    па тооолку да се немало чувство за оригиналност... греота... :puke:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.686
    Допаѓања:
    162.087
    Што е бе ова? Да не има некој генератор за рандом имиња со белешките на?
     
  20. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    207
    окејј зошто ја хејтате девојката ? ајде ако сте способни и вие изразетесе на тој начин, издадете книга... користет транслејт од дино мерлин или самрак и незнам кој уште не. со труд и упорност си постигнало девојчето доволен успех :)