Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027

    Какво хејтање,жити се?
    Никој неа не` ја хејта,тука се збори за тоа колку паѓаат на земја од ја видов у кафич бе брат.
    Ти ако се изразуваш на тој начин,заедно со Марија,јас и некој друг тука не се изразуваме.
    Од кај знаеш ти кој колку е способен,може јас пишувам нешто па не го изнесувам во јавност или некој друг.
    Ние не сакаме кога некој не` е оригинален.И со оригиналноста на тој другиот се слави.
    И ај тоа после неа сите почнаа да пишуваат и да се класифицираат како колумнисти.
    Башка имам една таква на фб,која не е оригинална пред се.
    Ти ако сакаш здружи се со неа и издадете ја втората книга.Читај ја бре никој не ти брани.
    И друг пат кога сакаш да ми користиш дел од постот,потенцирај ме,не јадам јас луѓе,чисто онака информативно.
     
    На ivancekitty и Shmizzla им се допаѓа ова.
  2. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    207

    Какво хејтање,жити се?
    Никој неа не` ја хејта,тука се збори за тоа колку паѓаат на земја од ја видов у кафич бе брат.
    Ти ако се изразуваш на тој начин,заедно со Марија,јас и некој друг тука не се изразуваме.
    Од кај знаеш ти кој колку е способен,може јас пишувам нешто па не го изнесувам во јавност или некој друг.
    Ние не сакаме кога некој не` е оригинален.И со оригиналноста на тој другиот се слави.
    И ај тоа после неа сите почнаа да пишуваат и да се класифицираат како колумнисти.
    Башка имам една таква на фб,која не е оригинална пред се.
    Ти ако сакаш здружи се со неа и издадете ја втората книга.Читај ја бре никој не ти брани.
    И друг пат кога сакаш да ми користиш дел од постот,потенцирај ме,не јадам јас луѓе,чисто онака информативно.[/quo

    паѓаат на земја бе и се може :) да ќе ја читам. можеби и втор дел заедно ќе издадеме никогаш не се знае :)
     
  3. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Убаво е кога се чита.
    Сепак е уметност нели :rofl:
    Опс,оригиналност :D
     
  4. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    207
    океј ако не ти се свиѓа нема потреба да ја читаш. ствар на вкус :*
     
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Па погледнете ја малку генерацијава па се ќе ви стане јасно. Направете барем 5-10 минути муабет со некое 15 годишно девојче да видите како зборува и се изразува. И ништо чудно што такви ја цитираат кога незнаат за ништо подобро. Не читале они поубави дела па да направат споредба и да сфатат што уствари читаат.
    Не дека јас сум нешто поголема, и јас сум на таа возраст, ама барем имам памет да сфатам што е вредно за читање. Седам, ја читам "Вујко Вања", да направам пауза се уклучувам на фејсбук и прво нешто што ми излезе беа нејзините белешки. И сега, споредувам што сум читала пред пет минути и што читам сега.
    Врска си нема од пишување, а овие па незнаат за ништо подобро па ја воздигнуваат и цитираат и споделуваат како некоја божица на литературата. Како некое девојче во пубертетски денови кое уште не се пронашло себеси и кое после раскинување со дечко пишува срцепатални и депресивни романи. Ама начинот на кој се изразува... Просто смешно е што на тие години,со такво нешто, се нарекува себеси писателка.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Крив е образовниот систем или наставничките по македонски уште во основно што незнаат како да ги научат децата и што не ги тераат да читаат книги што се задолжителни за секој. Јас незнам како поминуваат средно и основно без да ги прочитаат Злосторство и Казна или Ана Каренина, За кого бијат камбаните, Чичко Горио, Пиреј, без да прочитаат нешто од Марк Твен или Едгар Алан По, нашиве па да не ги спомнувам појма немаат да ти набројат 2ца писатели. Епа затоа после ќе се восхитуваат на Лајла Грејс затоа што немаат основни познавања за литературната уметност и неможат да направат споредба што е добро, а што не, што е вредно, а што не. И нормално врвот ќе им биде Лајла, Лешоски, Коста Петров, Игор Џамбазов и бла бла бла од толпата.
    Не е криво девојчево што пиша погоре, крива и е учителката по македонски што ја остаила неписмена, а и пишала 5ка.
     
    На do-re-mi, sweet-cherry, thinkerbell и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не треба да се бара кривец. Девојко со Вујко Вања, не ја нарекувај младината денешна „младина која е необразована“? Сите генрации си имале маса на глупи деца и по некое што сака да учи. Со тоа се навредуваш и себеси и уште неколку други девојки тука на форумот на твоја возраст.

    Никој не е крив дека постојат вакви „писатели“. Ако некој веќе мора да биде крив, тогаш тоа се неинтелигентните или презафатени и лоши родители кои со време не ги научиле своите деца да читаат квалитетна литература. Никој друг.
     

    Прикачени фајлови:

    На AziskaStrslenka, Taccka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    ^Не се согласувам. Точно е дека исклучоци има во секоја генерација ама ајде да тргнеме од родителите. Конкретно за моите родители можам да ти кажам дека никогаш не читале книги, растеле во некое друго време што си го носат тоа како оправдување нема да навлегувам, значи јас ако очекував од нив да ми кажат што да читам, а што не можеби ќе си останев со Касни Порасни. Имав прекрасни учителни во основно и средно кои не не оставија така да се извлечеме без да прочитаме некоја од задолжителните книги. Сега знаеш што се прави? Имам братучедки во основно и внуци кои бараат да им напишам писмена или да им ја раскажам лектирата само за да не ја читаат и да е уште по трагично ќе поминат пак така со 5ка, ако јас ги обијам некој друг ќе им ја заврши работата и на анставничката пошто и одговара да не се замара и да не ги испрашува децата детално за книгата ќе им пише 5ки и завршила она работа. Е ако во школо не те научат да го читаш тоа што е добро никој нема да те научи, ни родителите ни никој.
    И сега како тоа јас навредив некој со мојот коментар, а не ги вреѓа та што читаат бљувотини? :^) Слободно нека си се вреѓа тој што се пронаоѓа. :wasntme:
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Чисто ме интересира дали некој ја прочита „Идиотски приказни“ од Ксенија од Бејби шоу?
     
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    A што и е финтата со тоа што објавува слики од дечко и`? :^)
     
    На ivancekitty и Shmizzla им се допаѓа ова.
  11. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    207
    јас ја барам да ја прочитам. си ја читала ?
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски

    Оваа не е ништо освен татина маза, што има огромна финансиска поддршка и не заслужува да се нарече писателка. Труд и упорност? Како да не. Ништо не се измачила таа.
    -Тато сакам да бидам писателка!
    -Ако бе ќерко, ти само пишувај си што ти текне, тато ќе ти ја издаде книгата :*
    И ова е целата филозофија околу Белешките на Лајла Грејс.
    Ако сум способна да се изразам на ваков начин? Море, на таков прост начин не ни сакам да се изразам, знаеш зошто? Зошто секој е способен да напише вакви глупости.

    За феминката што пишала дека децата во школо требало да се тераат да читаат книги - професорите не тераа да ги читаме лектирите ама повеќето си ги имаа прераскажано од претходните генерации, ќе го прочитаат, ќе прераскажат и готово.
    Но, сепак верувам дека повеќе е до родителите. Јас на пример, уште од мала имам навика да читам, и тоа не било што.

    За оние што ја читаат дотичнава, мое мислење е дека немаат прочитано ништо подобро. И знам дека е така бидејќи никој што јас го знам, а прочитал нешто од Зафон, Гијом Мисо, Агата Кристи, Џо Хил, Достоевски, Кочо Рацин (човече колку добра поезија), Харуки Мураками и многу други не и се восхитува на оваа.
    Само не ми велете дека има емоции во таа книга бидејќи ги нема. Емоции од книга се кога се тресеш од страв ( Кутија во облик на срце, Сенка на ветрот), кога не можеш да ги запреш солзите - Девствено сино.
     
    На Taccka, ivancekitty, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Може да дискутираме за ова со професорите и наставниците и во друга тема ама ќе напишам овде.
    Нормално е дека и од дома родителите имаат големо влијание врз тоа да му ја всадат на детето љубовта кон книгата и кон вистинските големи дела, да го насочат, да го образуваат каква литература да чита и така натака. Ама како што кажав не секој родител е начитан и ги познава големите класици, затоа има по образовани луѓе низ образовните институции на кои тоа им е работа, школувани се и имаат големо знаење.
    Прво некои професори незнаат како да ја обработат книгата на час. Нели задолжителна е и ајде сеа да ја обработиме на часот, што прават повеќето, ќе ви дадат да напишете расказ, ќе ви го даде делото за писмена, два тројца што стварно прочитле ќе кренат рака и на крајот пак сите ќе добијат 5ки. Они самите дозволуваат да им се провлекуваат декцата со прочитана кратка рецензија или кратко прераскажано дело.
    Делата и лектирите се знае како се обработуваат. Се почнува по азбучен ред или сеедно по каков било ред и почнува да се раскажува делото, да се анализираат случувањата, ликовите, да се издвојат најдобрите цитати и на крај да се напише обемен есеј за делото. Е тој некој што го прочитал прераскажано делото тука нема да може да се извлече и заслужено ќе си добие кец, како и оние кои воопшто не се преправале дека го прочитале делото. Оние што го прочитале ама не го разбрале ќе имаат можност да го разберат на таквиот час каде што ќе може да се раскажува и дискутира за делото.
    Запрашајте ги роднините и пријателите или било кој што е во средно или основно сега и прашајте го чисто информативно како ги обработуваат лектирите на час и после пак кажете дека не се професорите виновни.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    :o :o :o И таа дојде на ред за книга??? Прв пат слушам за ова. Не се ни сомневам дека и оваа е од редот на лајлица. |(

    Инаку, морам да кажам дека се согласувам со mims-89. Во главно професорите се тие кои ја засадуваат љубовта кон книгите. Некои од родителите читале повеќе, некои помалку, некои воопшто и не сите деца имаат дома можност да осознаат за големите литературни дела, ама затоа пак на професорите тоа им е еден вид на обврска. Тие се тие што ги описменуваат идните генерации и тоа им е работа. Реални да бидеме, кој дома со неговите го обработувал Достоевски на пример? Реткост е. Затоа си постои таков предмет во школо кој ги изучува тие дела и не за џабе се ставени во образовната програма. Всушност тоа си доаѓа уште од најраната возраст. Уште од прво одделение. Наставничките имаат преголемо влијание врз описменувањето на децата и воопшто нивниот понатамошен развој во врска со оваа проблематика. Некои луѓе не се ни свесни колку може еден погрешен професор, што треба да му даде основа на детето, да го уништи за цел живот, да, буквално може да го уништи. Мене лично тоа ми се случи со Математика. Ме уништија за цел живот, и не само мене, туку цела моја генерација. Ама тоа е друг муабет. Професорот и тоа како има влијание.

    Јас од прво до четврто одделение имав наставничка на која ние и' бевме прва генерација, всушност прво работно место, од факултет директно на работа. Но беше професор во права смисла на зборот и професор со кој ретко кој може да се пофали. Моите беа презадоволни од неа, а денеска сфаќам и зошто. И сестра ми по нивна иницијатива беше исто така во нејзино одделение. Не' описмени и двете. И не само јас туку цела генерација си заминавме од кај неа со одлични знаења и реални оценки. Моите дома вежбале со мене, да, ме учеле на основни работи ама професор си е професор, ако родителите знаеја се' и можеа сами да си ги описменуваат децата немаше ни да одиме во школо, нит па да постои Филолошки факултет. Исто од петто до осмо имав професорка која беше иста како претходната, млада ама полна со знаење. И денеска се' уште се сеќавам на некои нејзини лекции. Знаеше да предава како ретко кој професор. Целосно заслужени работни места. Истото се повтори и во средно. На професорката во средно и ден денеска и' се восхитувам. Имав среќа што цел живот ми се погодуваа такви професори. Порано можеби разултатите (позитивни или негативни не е битно) доаѓаа малку покасно ама сега со матуриве и тоа како се гледа кој професор како предавал. Иако и тоа веќе е дискутабилно. Ние кога полагавме (меѓу првите) веднаш се виде која професорка добро си ја завршила работата, а денеска сигурна сум дека и со тие полагања се прават еден милион "далавери".

    Штета е што една таква света професија (за мене е света) им се дава на несовесни луѓе, без основни познавања на својата работа, а жалосно е што ретко кој е вистински свесен за тоа. Ама ќе се освестиме за неколку години кога ќе имаме целосно неписмено население кое нема да знае ни една нормална, правописно точна реченица да напише. Форумов е чист факт за ова. Тука одма можеш да препознаеш кој е писмен, а кој не. Овие вториве за жал се во поголем број.
     
    На ku4ence, eliesaab, Shmizzla и 2 други им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на дискусијата..

    Јас лично не знам и не се сеќавам кој мене ми го одредил правецот на книги кои ќе ги читам, ама познавам професорка по македонски која секој ден ги споделува бљувотините на Лајла Грејс.
    Нека ги чува виша сила мозочињава на идните генерации, што да кажам друго. :D
     
    На Hipster, Shmizzla, Golden и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Првиот пат не ти реплицирав, зашто видов дека силно не се согласуваш и нејќев да ти кршам атер да бидеш у право, ама сега морам. Сори. :)

    Глеј, на професорите не им е работа да им ја всадат на децата желбата за читање, а дури и да им е, никогаш нема да можат да го направат тоа зашто желбата за читање е нешто кое се наследува од родителите и само родителите може да го научат детето од мало да САКА да чита. Професорот може со сила да го натера да чита, ама тоа не е исто, зашто ништо не значи да ја прочиташ војна и мир со скокање по 30 страни кај што е најдосадно. Поентата на книгите е да уживаш во нив, а не да знаеш да го прераскажеш секој наслов.

    Вториот болд. Размислувањето ти е многу ограничувачко и во склоп на сфаќањата на образованието. А образованието е страотно лоша форма на воспитување. Особено кога се работи за читање книги и останати уметности. Книгата не е ковње шајки или заварување шипки. Книгата е нешто кое секој читател може да ја доживее поинаку во поинаков дел од денот, поинаков дел од годишното време и поинаков дел од животот. Книгата се чита надвор од секоја рамка, а образованието единствено знае да ги оковува децата внатре во рамката. Затоа, оние кои од дома се научени да читаат и имаат желба за читање, никако не може да се споредат со оние кои професорот ќе ги научи да читаат дела според програма за оценка.

    Да сакаш да читаш и да мораш да читаш, не е исто. :!:
     
    На QueenElena, Taccka и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  17. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Јас сум свесна дека секоја генерација си има такви деца, само викам дека оваа па ги има претерано. Не викам дека сите во денешно време се глупи и неписмени, напротив ги има и спротивните. Целта ми беше дека ако во времето на татко ми се појавела Лајла Грејс сигурно немала да добие толкав публицитет затоа што тогаш на многу поразличен начин ја сфаќале литературата. Кога наставничка по македонски јазик, онаа која всушност и треба да ги учи децата на вредно, им кажува дека книгата е "одлично напишана, баш како за нивна возраст, вреди секоја тинејџерка да ја прочита", тогаш...
    И тоа што кажа Мимс, воопшто немаат ни желба да прочитаат барем најзадолжителна книга во петто како Пипи Долгиот Чорап. Ми се има случено, со моите отидени на гости, каде што има единаесет годишно дете, да дојдеме и родителите да ме замолат да му одговорам дваесеттина прашања во врска со книгата затоа што ја нема прочитано. Седнав, ја пролистав, ги одговорив и добил петка. И сега тоа е решението? После кога неговите ги прашав зошто ја нема прочитано, кога е толку интересна ми одговорија во стилот па што да му правиме, не сака да ги чита, досадни биле. И тоа е тоа, они се помируваат со тоа,не сака, не мора, нека си остане со најпрост речник.
    Е сега се сложувам со тебе, ако родителите не го воспитале детето на начин да почитува и чита асална литература, наставничката неможе со сила да го натера. Моите никогаш не ми кажувале што да читам а што не, ама едноставно сама видов што тие читаат, што имаат во домашната библиотека, како се изразуваат како последица на читање книги и како тие се описмениле. Значи главен фактор се родителите кои треба да им вродат желба за книги на децата, а потоа наставничките се тие кои ги надградуваат нивните знаења.
    Едино што денешниве наставници не заслужуваат да се нарекуваат така. Како што кажа Мимс, на многу погрешен начин се обработуваат лектири. Мојата наставничка во основно ќе ја земам за пример. Со нејзе обработувањето книги беше на А4 да донесеш идеја, мотив, фабула и ликови. И ете петка. Немаше некоја дискусија на часот за книгата, а и да имаше беше никаква, учествуваа само оние кои ја прочитале (два-тројца).
    Поентата е дека, од вакви деца (со исклучоци,не зборам за цела генерација), не очекувајте ништо друго од цитирање на Лајла Грејс.
     
  18. s.h.e.wolf

    s.h.e.wolf Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    19
    Не сум некоја која доколку прочита некоја досадна книга, вика дека и е жал што потрошила време на неа кога можела да чита нешто поасално, бидејќи од секоја книга извлекувам некоја поука, мисла, мудрост и слично.. Но кога ги прочитав белешките, за прв пат, жалам што изгубив драгоцено време читајќи глупости.. :tmi:
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Делумно се согласувам. Прво од самото дете многу зависи дали има љубов кон книгите и дали сака да чита, дали тоа ќе му го всадат дома или во школо не е многу битно, затоа што ако детето одбива да чита и мрази да чита никој нема да му помогне, освен единицата во школо па сакало нејќело ќе мора некако да се описмени. Јас не реков дека секој треба да има љубов кон книгите и да сака да чита. Како што кажав, моите родители не се многу образувани и начитани, поготово па од литература појма немаат, немаат прочитано ниту едно дело, а тоа што јас сакам да читам најверојатно ми го всадиле учителките уште во прво одделение кога ме запознале со прекрасни напишани работи, не сум го наследила тоа од пра баба ми. Дома никогаш не ми рекле земи читај или да ме тераат да читам со сила, тоа е моја желба, затоа што ако сакам ќе се затворам во соба и ќе се преправам дека читам. Немора секој да сака да чита, и можеби ми се ограничени и строги сфаќањата ама некои работи мора да се прочитаат ако сакаме децата да бидат барем малку малку по паметни. Немора секој да го сака Достоевски или Толстој ама сакал нејќел во средно мора да го прочита и тоа е тоа, не се за џабе ставени тие книги и не се за џабе ставени оцените од 1 до 5, ама ти кажав што е погрешното, што се провлекуваат децата со непрочитани книги и затоа после се е наопаку. Едноставно неможе да ти се допаѓа Лајла Грејс ако претходно во училиште те научиле што е добро и што треба да се вреднува, а што не, неможе да ти се допаѓа нешто толку ниско ако претходно си го читал Хесе.
    Тоа ми е поентата, доколку жениве и девојчињава некогаш во животот ги прочитале големите дела сега немаше Лајла и компанија да биде толку популарна и величена.

    П.С. Ни малку не ми кршиш атер, не ми е целта да испаднам во право, само си искажуваме мислења. Јас ја гледам вината во образованието ти во родителите. :)
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Еве ќе почнам од мене. Татко мие со средно образование и тоа ми вонредно го земал средното поради проблеми. Во животот негов немал услови да се образува работи уште од мали нозе и ја има прочитано жими на Тито биографијата, на Гоце Делчев биографијата и уште неколку слични. Со мајка ми е слична прича, и таа не одела на факултет ама лектирите си ги читала. Дури мајка ми, таа што повеќе демек читала беше таа што кога јас ќе читав некоја книга ќе преобратеше очи или кога ќе си купам книга ќе ми рече поарно купи си нешто да го износиш отколку книга. Сепак, иако тато не е начитан и не е образован знаел дека е важно јас да не бидам како него, знаел дека книгите се битни, дека е битно јас да читам и уште од мала ме поттикнувале да читам - тој и сестра ми. Не ме трупале со книги, ама првично тој и сестра ми ми го покажале светот на книгите. Сестра ми била таа која ме научила да читам. До 7 години јас ги имав прочитано лектирите до 4 одделение и барав уште. Сама си барав уште. После тоа, изборот дали ќе продолжам да читам или не бил само мој. Ниту на професорите ниту на родителите.

    Во мојот клас кога имаше дело, се знаеше кој ќе раскажува, кој ќе прави анализа на ликови. 2-3 души што прочитале и други што имале прераскажано од претходни генерации и толку. Кога ќе видеше книги на мојата клупа професорката по македонски дури и ми се караше зошто сум читала одреден жанр, одреден писател и слично. И немаше никакви дискусии на часот, се пенев таму од раскажување, а таа се правеше дека слуша.

    И што и да ги читале лектирите и делата, тоа не е апсолутно ништо. Имав и такви школски - бубалици кои јадеа се што ќе им се принесе пред нос само за петка. Тоа апсолутно не формира критички став кон книгите. Затоа и ги читаат овие белешките, овие глупости оти не се научени да размислуваат критички.
     
    На Lella, anneyy, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.