1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Белешките на Лајла Грејс

    Ја видов темава синоќа, и ај реков да ја побарам на фб девојкава. Мислам дека не е во ред некој да ги фотографира резултатите од испит и да даде опис на сликата: моментот кога си го гледаш името и до него максимум број на поени (нешто така беше) или па друга фотографија во некој свечен фустан: моментот кога шнајдерката ке ти рече дека мора да ти го стесне фустанот 5-6цм оти инаку ке ти падне. Ова го кажувам во контекст на коментарите погоре, дека е очај за внимание и сл. А белешките, немам некое посебно мислење оформено, ама барем од она што сум прочитала, тинејџерска сага инспирирана од турбо-фолк стихови :) :
    „И свесна бев дека не бев совршена во очите на многумина, но морници ме полазуваа кога ќе ти го пресретнев погледот. Ме гледаше како да си ја нашол совршената слика што од секогаш си ја барал. Како разочан од сите претходни девојки кои си пробувал да ги засакаш, како трезен да ме тресеше и да ме убедуваше дека сите претходно биле к***и од кои си се срамел, лажни светици чии лица си ги видел предоцна"
    Не си светец, туку обичен слепец, кој пред очи не виде што имаше. И не можев да те убедам знам.

    "Trezan svatih iz prve da sve su sem tebe bile kurve kojih sam se stideo a ni ja nisam svetac vec obican slepac sto kraj oba oka nije video"
    :D
     
    На Ana Chio, Dream-Girl, Shmizzla и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Белешките на Лајла Грејс

    ^ Ме заинтригира, па ај си реков да прочачкам.
    Девојчево очајно пати за внимание. Страшно :o Изгледа мама и тато често одат на одмор во Шпанија, дури таа спрема испити на Фармација.
    А текстовите... кога ќе подразмислам, ме потсетуваат на предобри преводи на песни, на туѓи стихови... штознам :?:
     
    На Shmizzla, Ketrin.Moon и Esperanza им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Белешките на Лајла Грејс

    А она битно го брани Дарко Лешоски,а не сфаќа дека он е двесте милијарди нијанси на сиво само од мушки автор. Да не речам, не му е ни до колена, пошто типот е мушко, пошто типот е комерцијално подобар и благо неписмен,а има компаративна завршено ако не се лажам. Премногу грешки, премногу латиница, премногу,премногу,премногу. И премногу жени без секс кои ги пали. Што е поразлично од тоа типот кој ве сака, да ве изневери ради ниски страсти, да има секс со вас, да ви каже и да си замине,па онда отварате тема на фемина? Тоа што он нема да напише песна потоа? Па да. Тука е разликата која ви се допаѓа. Значи до тогаш романтично е да ве третира како идиот дечкото кој го сакате и тврди дека ве сака,ама таква му е очајничка природата и тоа е... тоа боемското у него така го тера да ви прави лошо у животот.
    Типот поминува зошто не пишува како жена, зошто секоја жена си се замислува како е таа.
    И дај ве молам, таа мрсна,долга коса, плаче да биде измиена како на три годишно мушко дете и зачешлана со патец, да биде облечен у пижами и да се легне во кревет со плишано мече, додека го нункаш, он ќе ги пушти неговите солзи и утре ќе биде нов човек. Личел на Џони Дип. Џони Дип со дакфејс? Ми предизвикува да ми се бљуцка во желудникот со тие негови црно-бели фотогарфии со вино и уметнички занес. Ама за 10тина години ќе се ожени за некоја просечна цуца, што ќе биде стабилна и фина, за пред мајка му да може да ја изнесе зошто е од оние кои немаат храброст поинакви да носат пред нивните, ќе му роди детенце,а тој ќе ја изневерува повеќе пати додека дреме по кафани,ама утредента ќе оди да пазарува портокали и банани.


    Ако се прашувам јас... искрено... не ми се допаѓа ниту тој,ама пак, забавен е и безобразен, интересен да ти разбранува досаден и жежок ден и да те натера да качиш нозе на биро и да се напиеш пиво. Боље е од нијансите на сиво, иако и со тоа има додирни точки. Ако сексот у оваа е измислен и глуп, така у поезијава се емоциите,а у суштина е исто,само различно се манифестира. Глупо, површно, млако. Ама уште посмешни се коментарите на жените под сите песни,па гледаш која е загорена. А он на сметка на се тоа, кој знае па колку си увалил у кревет,милина.
    Баш би сакала да се упознаам со него, да разврземе некоја тема, да го расплачам,па да ми напише песМа. Да ми се обрати вулгарно и како права дама да му ја заврзам една.

    Ама оваа балавицава се повеќе ми е иритантна. Ми се случува повеќе пати маса со маса да ја начекам некаде,па нареден пат ви ветувам дека срдечно ќе ја поздравам и ќе и кажам повеќе ствари, меѓу кои дека е убава како Хаски во Македонија. Само убаво и бескорисно.
     
    На AryaStark, Bruinete, Dream-Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Белешките на Лајла Грејс

    Пробав да ја заследам на твитер, заштитен и е профилот па чекам да ме прифати #хехе :D

    Краток офтопик за Лешоски, јас го следам/читам уште од самите негови почетоци, и според мене, кога немаше по 600 лајкови на песните на фб и пред да го искомерцијализираат телевизииве и пишаниве медиуми исто, друг човек беше, можеше тоа да се почувствува читајќи. Интервјуа, ревии во списанија, па ајде и колумни од скоро... Тоа е. Славата дирекс во глава :) А, и да прашам, кај можам да прочитам како фамацевткињава го брани Лешоски? Баш сакам да видам со свои очи :D
     
  5. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    И јас ова сакав да искоментирам... Сега дур ја разгледував темава,си викам ај да видам кој од моите фб другарчиња верно ја следи.И сега нормално очекувам да ги видам сите пубертетлии во мојата фамилија, ама не.Никогаш не сум направила толку страшна проценка :^) Гледам 21 лице,полнолетни да напоменам, дел лица со семејства,дел наводни интелектуалци. ;( Ја следат луѓе драги,верно ја следат,до степен на лајк на секој пост.

    А сега ова.Ќе сака ли некој да ми го објасни оној албум на нејзиниот фб полн со извадоци од коментари каде ја фалат како таа е се’ нај нај и над неа нема никој? Ве молам појаснете ми,не сум доволно паметна да сфатам.Не ги сфаќам ни оние кои свршуваат додека и оставаат такви коментари,а богами не го сфаќам ни нејзиното височество што ги истакнала. :^)
     
    На Neytiri, duffi, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    ^ Па додека не умрела циганката што ја фалела, да искористи :D


    Јас не го ни знаев тој Дарко Лешовски додека Лилит не го спомна па ме наведе да проглуглам, што знам мене ми е преарогантно, бахато створење, со преголемо мислење за себе.
    Јас разбирам самоувереност, да знаеш колку вредиш и се тоа, али што е многу многу е.
    Кој високо лета, ниско паѓа, а овој според мене е ептен ниско паднат со неговите текстови.
    Прекрасна спојка би била двајцата со Лајлица, двајцата исфрустрирано неизживени личности со квази уметнички вредности и желба претерано самодокажување.
    Шитпоезија!
     
    На AryaStark, linguaragazza и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Белешките на Лајла Грејс

    Трендо упорно собира околу него банда бахатковци и досадниковци со желба за пиење и Јана. Колумната на Лешоски му е лудница глупа!
    Мислам ало ,ако Трендо пред 10-15 години беше фактор за мислење, денес не е ништо освен просечно пијаничиште на кое му падна секирата у мед. Он направи пари од се што плукаше и сега ќе воздигнува некои ко Лешоски, Јана и слични ми ти. Не знам,едно време, да не речам до лани, имав поштовање према човеков, ама кога он си дозволува да задржува колумнисти од тој тип...и ако некој упати критика,веднаш е предмет на подсмев зошто на Трендо му се може... мислам?!

    Лешоски веќе е досаден, со истата тематика. Лигава тематика со пцовки, без конструкција. Поезија ли е проза ли е,што ли е?
    Па уште и муабетов, некој му се заканувал, кренаа узбуна, му се заканувал зошто женска му се влажела на Лешоски...зошто дечково не можел да биде ко Лешоски. Чак што више и излезе реченица - Во секој се крие по еден Лешоски. О,не! Ве молам не! Нека не се крие зошто никад нема да најдам вистинска љубов,а башка... ако се крие, нели тоа е лоша ствар за него? Мислам не е онака единствен?
    Ако до толку ве возбудува Лешоски, не знам, замислете си како дур пиете кафе со дечко ви како он мисли да оди да го работи она што треба да го работи и му висат сто други работи над глава и ве сака многу, ама не е изгубен безделничар со бујна фантазија и онда ви буде боље. За понапатените, размислете, дечко ви ако ве изневери тоа би го направил и Лешоски, само би ви напишал и песна. И дечко ви ја знае песната мноооогу убаво,само ете е неумешен у лажењето, ќе ви рече нешто од типот не е така како што мислиш, се деси...или пијан бев.
    Гледам се збравме група загрозени жени кои за чудно не го сакаат Лешоски со страв да не ги осудат...и многу ми е мило ради тоа. Одамна сакав да промрчам,ама ај си викам,до мене е, вкусот ми е таков. Ама да испцуеш квалитетно, да ставиш некој линк, да си направиш филм што сакаш да ти се деси и тоа да се поздравува со браво... Лешоски е турбофолк и тоа е.
    Како и сите оние Че Гевари во виртуелниот простор кои од време на време ќе се појават со некој статус кога ќе претече млекото за нешто од типот - ПРЕКУ КУР, У ПИЗДУ МАТЕР ВЕЌЕ ОД, ДО МАЈЧИНАТА ВЕЌЕ ОД...и тука следи редење од што и како и претежно се воспева љубовта кон мултинационална Македонија, сите народи и вишенезнамшто. Мислам...да, умен тој, само тебе ти доаѓа преку половиот орган, мислам браво. И сите тука драматичен виртуелен аплауз наречен - шер...маестро, тоооо. И си викам у себе,а добро бе вие глупи едни требаше овој да пише за да вие го потапшате? Онака као не си го мислевте истото цело време?
    И јас пцујам, особено кога пишувам, ама кога пцовка е меч кренат во воздух во знак на револуција и мене ми доаѓа преку кур од инертната форма,иако го немам вака.

    И више кога почнав да редам, може да ја преименуваме темава во Виртуелни херои и да ја затераме у општи. Овој нема литературни остварувања,ама е извикан лик - Васиљ. Како тој човек полека се калеми за политика...како полека се калеми да си здрпа некој денар у џеб, по статусите му се гледа. Испитува простор да види до кај се неговите фанови. Сега ќе го анфренднам зошто прејде во очајна патетика и егоцентризам со неговите статуси и просење внимание, особено со последниот за Англија и пристојната работа. Со едно објаснување дека уствари не му е намерата тоа, епа шо ти е бе брат? Што ти е намерата? Кажи си брате жена ти (патем прекрасна е,јас не знам на што ја фатил) чувала деца таму,а ти си бил по плантажи, не се устручавај... бил таму некој договор од година дена и ти завршил си си дошол,немој леба ти да пишуваш трогателни приказни као ние треба да сме среќни што квалитет ко него не се задржал во Англија и дошол тука,а тука не го поштуваме доволно за да нагрне некоја паричка. Ако е за тоа, знаеш ли ти бе колку млади од Македонија у моментов пржат компири у Америка? И сеа тоа му доаѓа као, еј јас од Америка дојдов тука, а шо убаво ми беше таму, пристојна работа за мерак,ама ја сакам Македонија. А иначе у реду е, он ги сака сите,за сите ќе се бори,ама прво да го поддржиме за себе да се избори. Море мрш!

    Премногу вакви несмешни фаци се појавија,има по некој бисер во цело тоа блато...
     
    На Bruinete, Neytiri, Captain-Omni и 5 други им се допаѓа ова.
  8. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Даде Бог да биде спомнато и неговото величество Трендо.Да не се повторува истото (ептен клише ми звучи ова,ама така е),Лилит за него кажа точно она што ми лежи на душа веќе некое време.

    Јас за Д.Лешоски слушнав не толку одамна,шејм он ми.Јас ретко велам еј сум згрешила,ама да,згрешив. Има некој што си се сака и преценува себе повеќе од Лајла или Марија или богзнаекаква. Д.Л. does that on a higher level :worried:

    Еве пример за тоа.
    Тука ќе сакам да го поставам и загрижувачкото прашање.Драги мои,јас не се влажнам на позлатените и до коска реални и машки зборови на Д.Л.,дали е се’ во ред со мене? :?:
     
    На Taccka и Hipica им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Белешките на Лајла Грејс

    О ну ну ну,умница таа! Иста ко Накова!
    People is always talk,so lets give them sumthin to talk about.
    Као...ТИ ГИ ДИСКУТИРАМЕ ГЛУПОСТИТЕ ШТО ГИ пишУеш, ти текнУе? Тоа што ти го нарекуваш идеја. Не ми е гајле госпоѓица фармацефткиња шо работи у животот, сама си го пласираш и мора да се оцени ко глупо, луѓето ти ги коментираат делата те идеите,а тие ти се глупи. Во ред?! Ако не сакаш да те зборат нема да замараш као мајка ти и татко ти се на Ница и шо и рекле мајка ти и татко ти, шо ти купиле, шо праиш ти...
    Твојот блог и се на него се твои идеи кои ги пласираш, следствено, зборуваме за нив... а тебе тоа не ти се допаѓа... и тоа е.
    Зошто е олку глупа бе,зошто?
     
    На Shmizzla, Golden, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Белешките на Лајла Грејс

    Hекој читал овде :D .
    A Cеме Cинапово :rofl: . ?
    Tоа е врвот на мудрости ;)
     
    На Cacy, Hipica и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Белешките на Лајла Грејс

    смајли што покажува среден прст

    Не се заебавај бе. Која си навлажнал? Онака сериозно и вистински?!

    До пред минута не го знаев лепотанов кој е самоуверен дека навлажнува туѓи женски. И прво му гледам слики, да видам дека навистина вреди да се занаса дека е Дон Жуан. "Леј" јес да сакам машки со долги коси и малку брада, ама дечково не е примерок на вистинско машко, ненен!!!!!!!!!!!!
    Ставал некои слики од голи женски, убави беа тие (некои), ама он не е УБАВ.
    Идам натаму да му прочитам некој текст. Да му ја видам генијалноста. Стигнувам до третата реченица од неговиот текст и нешто не ми дава да продолжам да читам. Толку мизерно напишани, полни со лажна самодоверба, здоени реченици сигурно од некоја пичкудојдија. Се гледа дека не е раснет како што треба, мислам со љубов наоколу (и не зборувам само љубов дадена од мама и тато - велам за љубов која му е дадена и од останатите, токму во она пубертетско време на оформување на неговото машко его).

    Човеков не е арен маж! Маженце е само кое се крие зад некои навидум храбри, но неиздржливи зборови. Не ни додржав да му прочитам еден текст.

    И навистина смета дека е вреден да се влажнат девојките на него?! ОО ти проклет Дон Жуан, на погрешни луѓе си им станал идол, дури па може и да се каже дека и погрешно те протолкувале истите!

    Ова е нешто друго - некој хулиган :) ама ова е добро:

    Одгледување облаци
    Ми недостигаш
    за да направиме нови бори сеќавања,
    за да ми ги полниш очите со нови погледи,
    за да бидеме просто дишење
    во свет за двајца.

    Ми недостигаш сред утрото.
    Пред денот.
    Пред ноќта.
    Ми недостигаш во ноќта
    и пред утрото по ноќта.

    Ми недостигаат нашите вистини
    и вистините од времето кое треба да дојде.

    Во твоите очи
    јас го видов сето она
    за кое сме родени,
    за кое живееме
    и заради кое можеби
    еден ден ќе умреме.

    Ми недостигаш
    во некое идно време
    да воспитуваме поколенија живот
    сред солзите од нашата прва љубов
    во денови за старост.

    Твоето во мене ми недостига.
    Како да фали дишењето од мојата кожа.
    Како да нема доволно светлина.
    Како што нема кој да ми биде
    тишина во мракот.

    Твоите очи во моите очи.
    Твоето време во моето време.

    Ми недостига прост допир
    со кој ми го прераскажуваш денот.
    Ми недостига твојот прст по мојата кожа.

    Ми недостигаш
    во некое идно време
    да воспитуваме поколенија живот
    сред солзите од нашата прва љубов
    во денови за старост,
    како збрчкани лица
    во полна насмевка сонце,
    како последен ден
    од последните денови
    од она кое треба да го оставиме.

    Така ми недостигаш:
    како мекост во покривањето со сон.
     
    На LilBaby и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Белешките на Лајла Грејс

    Ни тоа што повеќето од вас сте грди ко казакстанска пијана свадба во двор со полско веце и кал во најтемна ноќ без месечина.

    :D :D :D
    Eптен си ласка дечково.
    Aј Tапшин тапшин та на на !
     
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Белешките на Лајла Грејс

    Целосно се сложувам со претходните негативни мислења за дотичната.

    А друго мене не ми е јасно: Како е можно нејзин цитат да се појави на статус на ФБ кај девојки кои јас сум ги сметала за креативни и паметни. Мислам абај...

    „Никаде да не одиш со грд човек. Со грд човек секаде ќе ти биде грда работата.“ Бравос... :bow:

    Барем до вчера ќе најдеа некој цитат до кое го има името на Ајнштајн и постираа, дупло помала штетата...

    Без зборови... :x
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Белешките на Лајла Грејс

    У реду е се, само уште нејзин да беше цитатот.

    „Никаде да не одиш со грд човек. Со грд човек секаде ќе ти биде грда работата. Ќе си земеш некој убав човек со голема сенка и насекаде свртен. Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето. На сите страни да има лице. И тој не мора ништо да зборува ами остави го само до тебе да стои. Покрај убавиот човек и ти ќе бидеш поубав. Оти се рекло: убавината секогаш изгледа невино иако најмногу гревови носи... Само убавината прави пазар.“

    (Петре М. Андреевски, Последните селани, 1997)
     
    На CameliaMiller, Shelea, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Белешките на Лајла Грејс

    Жити се.... :D

    Е па можеби некој нешто се спобркал зошто нејзиното име го имаше до ова.... Опет цитати од интернет :)

    Ако не знам од каде е што има да го постирам да се брукам.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Хохохо Лилит :D баш пред некој ден, кога за прв пат ја отворив темава да видам што пишува, прва мисла ми беше; зашто бе не е општа тема - за сите виртуелни интелектуалци што се изродија по социјалниве мрежи коти некои месии, дојдени да ја избават оваа напатена земја од гревовите на Грујчета.
    И, прв на врв на јазик меѓу господата - Васиљ. Ауууу! :D
    Како ми е драго што го спомна оти мислев дека само јас не можам органски да го сварам, да му ги сварам статусите, погледите, аглите од каде зјапа на нештата, тоа, како зјапа на нештата, бррр... А, после него мислев на Сеад Џигал и на ред,ред,ред други.
    Патетики.
    Доволна навреда за интелегенцијата треба да ни е што трпиме/избравме... ваква влада, ваков премиер со вакви министри,така да, жими се... не можам и такви новокомпоновани, читале-недочитале, без идеа, без поим и смисла за тоа „што?!“ уствари зборуваат „опозиционери“ да трпам. Експертчиња за сенешто,абе...да ти пукне чирот.
    Ама ете, се си велев, можеби да е комплекс у прашање, пошто, јас не сум по тоа да ме има на ТВ, не сакам фотоапарати, не сакам камери.. не сакам да јас излезам и пред сите кажам: еее, јас ова и ова го направив.. јас мислев и мислам, оти, треба косата да ти обели пред да се дрзнеш да отидеш на докторски... треба да се откостиш од книги пишување, пред да се наречеш себе си: експерт. Но... Погрешно сум мислела. :worried: :D
     
    На Neytiri, kikikikirika и Lilit им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Заборавив, па да дополнам... и не се овие луѓе криви. Криви се „нашите“ ниски стандарди за многу ствари. Кај нас се чини дека се' поминува.
     
    На Taccka и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Белешките на Лајла Грејс

    ... Да не ве прочитав овдека, немаше да ми текне да и го ѕирнам фејсбукот. Епа глупа и самобендисана е, и точка. Триљон слики од филџани и чаеви има, мајке ми ја толку у живот неам испиено.

    На фан пејџот, цитира у неколку наврати текстови на песни од Северина, не е сериозна нели?!
     
    На CameliaMiller, Valentina.Vaki, Shmizzla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Белешките на Лајла Грејс

    И кој всушност се крие зад Лајла Грејс? Како би се опишале себеси?

    - Мислам дека сум комплексна личност. Постојат неспоиви делови во мене. Од една страна сум девојка која знае да напише добра приказна и знае да биде емотивна и романтична. Од друга страна сум фармацевт кој е опседнат со лабораториска пракса, книги и задржување на високиот просек. Но, тука е и онаа девојка во мене која е неуморна од забава и дружење, останување до раните утрински часови за време на викендите и девојка која обожава да биде заљубена.

    Aбе ајде..... |( |( |( И кој всушност се крие зад Лајла Грејс? -Комплексна личност. Мижи асан да ти баам работава.....Јас ќе ви кажам што се крие зад тоа име : Француска продавница за мебел :party:
     
    На CameliaMiller, Chemical, Shmizzla и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Белешките на Лајла Грејс

    Еве нешто што доби многу лајкови и споделувања пред некое време на фејсбук, премногу ми се допаѓа, 100 пати го прочитав и си го рецитирам одвреме навреме :rofl: :

    Бездушник

    Како кошула ја исправ душата во леген.
    Ја триев, ја виткав, ја цедев...
    Црната вода им ја фрлив на мршојадците,
    нека се напијат горчина,
    нека сркаат гревови,
    стари одрекувања,
    неискажани мисли,
    неисполнети ветувања...
    Ене ја душата,
    ја оставив да се исуши на ветрот.
    Страв ми е.
    Се плашам да ја вратам во телово,
    така бела,
    проѕирно невина,
    исчистена...
    Оти ѓаволот настрвено
    ги чека таквите души,
    да ги распара со својата
    лигава муцка.
    Ја оставам душата
    да се лула на ветрот.
    Вие оправдано
    наречете ме
    бездушник.


    Како што можев да разберам од коментарите, никој не го знае таинствениот поет што пишува веќе подолго време (Quentin Scribbler). Те тоа се вика пишување под псевдоним, а не Белешките на Лајла Грејс, и во информации Јаневска Марија.
     
    На LaraSolare, QueenN, alessandraaa и 3 други им се допаѓа ова.