Јас искрено им се чудам на луѓево,а најмногу од професориве.Ќе ги мислиш професори образовани луѓе,начитани. А тие,лигуши. Слушнав од професор: ЈАС МУ СЕ ВОСХИТУВАМ НА ДАРКО ЛЕШОСКИ ЗАТОА ШТО ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ТОЈ НАПРАВИ БУМ И ЗА ПРВ ПАТ ЧИТАТЕЛИТЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ШТО ЌЕ ЧИТААТ СЛЕДНО. Луѓе јас слушнав и се чудев,јас сум дефинитивно крајно разочарана!
Девојки знам дека е офтопик,но гледам зборувавте за Симпл погоре па да прашам доколку некој знае каде можам да ја најдам нејзината книга Запалка?
Леле Лајлица зарем и за неа има тема тука бе ко кујзнае какво селебрити да е Ај за сеир фаќање арна е Не знам за вас ама јас попрво мени од ресторан би читала отколку патетиките нејзини ај јас што сум неромантичен тип тоа друга работа е,ама оваа ни со романтика ни со патетика си нема везе бетер и од тоа и од тоа е да му се споврати на човек
По препорака на другарки и јас ја зедов книгата. Тогаш беше вистинки хит,цитати на фејсбук,статуси,па се решив да ја земам. И да ви кажам искрено тоа беше најлоша одлука што сум ја донела во животот. Како прво се те едно исто се повторува,чоколадо од малини,вино,Лондон,тој таа..многу се сакат не се заедо бла бла, дрн дрн и такви некој сл. глупости. Ја читав и само се надевав дека ќе дојде некој дел кој е поинтересен,кој ќе ме натера да ја читам понатаму,ќе ме заентересира,ама ништо од тоа. Не ја дочитав цела,мислам кој би сакал да чита книга од 200 страни каде се повторува едно исто. Оние што мислат дека Белешките на Лајла Грејс е убава книга,сигурно тоа им е единстевна прочитана книга во животот. Жално е што околу оваа книга се дигна толку голема прашина,а реало не вреди.
И јас ја барав, ама на интернет нема никакви информации освен за промоцијата на 20ти октомври во МКЦ. И ептееен ми е криво што касно видов, инаку ќе отидев Издание е на Македоника литера, планирам деновиве таму да поминам или евентуално да ја пратам мајка ми. Па ако имам дополнителни информации за цена и за тоа каде може да ја најдете - ќе ве известам во темава
^ Фала ти Ана, и јас доколку можам ќе поминам, па ќе прашам, ако случајно поминам пред тебе и јас ќе известам.
Изгледа целната популација на авторката е 10-16 години што е во ред, толку може и знае и тоа го пласира, иако сум изненаден од жестокоста на коментарите и злобата овде, небаре се работи за тежок криминал или нешто слично, си пишувала типката, издала книга, ништо спектакуларно. Тежок некој народ живее тука.
Мишела значи не е воопшто лесно да се најдеш во таква дилема, да те видам тебе во таква ситуација па да видиш како е! Само жената си знае колку и било тешко да се одлучи.
Верувај Мимс, подобро што не сум била таму или пак не дај Боже да бев на местото на продавачката, гарант ќе ме имаше во весник! Вест на денот - „Збесната продавачка во книжара нападна муштерија“.
И ја ја имам лајкнато бе, сеир за без пари... Целна група и се тинејџерките, и да има талент, не може никој да ја сфати сериозно со таква публика. Толку реченици без смисла, нафрлани зборови, длааааааабоко непознавање на македонскиот јазик и збороредот, не знам. Само да се драми, па овие будаливе попалени се лепат на такви, шта речи... Девојки што не знаат како треба да изгледа една добра книга паѓаат во занес, уау, ВОВ, таленти, хаштази.... Веќе не важи тоа од порано, читајте да се описмените. Сега немојте многу да читате, неписмени ќе станете. Да му е страв на човек да купи книга на македонски јазик веќе, сешто може да ти стаса во рака.
@senza.parole шта речи, а не заплакати На каде отиде светот, туку ајде тинејџерите ги разбирам, туку возрасните луѓе кои ги сметаш за созреани и на место, што ја лајкнуваат
Marossa ако сакаш коментирај ги цитатите и расфрланите реченици и текстовите, а не годините на блогерот, затоа што никој не знае кој колку има поминато, и не смееш така да судиш. Има некои деца што патат (не знам но кажувам), па така се испразнуваат. Може има рустурено семејство, лоша судбина, скршено срце... Бебе има некои маки и проблеми, а не пак 15 годишни. Не смееш да судиш по тоа.
@Jovana988 Разбирам човек што се може да преживее,ама дека ја изгубил вистинската љубов на 15,нема да верувам.Можам да гарантирам дека баш ова дете,што го коментирам не е нималку напатен,се разликуваат зборови напишани од емоции и зборови напишани ради реда.