Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Најпрвин стварно сакав да ја купам книгата и ме привлекоа доста од цитатите,ама пробуричкав подлабоко и така наидов на темава.Од кога ги прочитав мислењата,анализирав и сфатив дека довојкава не прави ништо друго освен што се експонира со порцеланските шолји,вечерите во елитни ресторани и тоа како она напорно работи,дури опсесивно.Е,од вакви си патиме...:fubar:
     
    На Shmizzla и ivancekitty им се допаѓа ова.
  2. Jovananana

    Jovananana Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    На форумов е океј да се каже мислење,но воопшто на сите социјални мрежи јас па не знам што толку ја напаѓате. Само уште попозната ја правите :D Кој си сака,нека ја чита,кој ја нејќе,нека не ја чита и крај. Јас не би ја читала никогаш ама што да и правиме :D
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Јас поминувам во темава само за дополнително инфо за книгата на Симпл :)
    Пишав претходно дека е издание на Македоника Литера, само не знам дали имаат книжарница. На ценовникот што го имаше поставено на сајтот пишуваше дека чини 220 ден. Пишува и адреса (најверојатно е стан) ама како за беља деновиве кога поминував од таму улицата беше затворена, нешто се градеше, па немавме каде да паркираме. На бројот никој не ми се јавуваше повеќе пати, не знаев ни работно време дали имаат, па ја оставив книгата за друг пат. Денес во Матица ја побарав, ја имаат и чини 300 ден. Има околу 90 страни. Кој сака да си ја купи, а не може да ги најде овие од Македоника Литера, нека ја побара таму :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Ај пак јас за Симпл доколку некој случајно ги има нејзините постови бидејќи не можам да ги најдам по интернетов ве молам пишете ми. :)
     
  5. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    Ајдеее втор дел лајна ќе читаме :envy:
     
  6. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Мене ми е срам да се фалам јавно дека го читам Џамбазов, Коста Петров или “Срањата на Лајла Грејс“! И се додека човеците се восхитуват на такви книги, идам до заклучок дека во Македонија не се чита доволно!
    И не сакам да се правам некоја важна и начитана цура, туку жал ми е шо децата на моја генерација им ги плакнат мозоците со такви срања! Кога има овци, има и волна, така?
     
    На Shmizzla, crazylady, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  7. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :hai: случајно ја најдов
     
    На Shmizzla, anuskaNESTLE, BoneMachine и 3 други им се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    33.810
    Пол:
    Женски
    Едно девојче со мене што учи ја купила оваа најновата-Карма шо му се вика.И си викам ајде,да видам шо е то која шо како....не е нешто којзнае што,ама оваа мисла е така..ми се допадна:
    И чудно е како луѓето кои некогаш ни биле среќа,стануваат далечина.Стануваат странци со неколку убави сеќавања.
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас мразам кога Коста Петров го ставате во иста категорија со Џамбазов и Марија.
     
  10. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Potpolno se soglasuvam so tebe no sepak dobro e sto imame nekoj pisatel i vo makedonia vo 21vek
     
  11. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Да ги оставиме граматичките грешки, дијалектизмите и очигледниот недостаток на талент настрана. Јас вистинскиот писател го препознавам токму со своите чувства. Доколку не почувствувам дека во неговите дела тој ја остава својата душа, на директен или метафоричен начин ги открива своите вини, стравови, највалкани сексуални фантазии, најгрди делови од сопствената психа кои му создаваат огромни комплекси и несигурности од кои би му се треселе рацете додека ги искажувал тој за мене не е писател. Доколку не почувствувам дека посегнал по најсветлата нијанса на неговите најнежни емоции, додека не го доживеам како човек, грешник, со милион битки во себе како сите нас, и не ме убеди дека пишува за да го искаже исконското во себе, а не за да стане богат, познат или барем тоа кое што тој мисли дека значи зборот „писател’’, тој за мене не е писател.
    Писател не е оној кој што ќе напише книга. Писател е оној, кој додека пишува ги испушта заканите на своите најзли демони и песните на своите најмили ангели во умовите на своите читатели. Писател е оној кој ќе допре до тебе, ќе успее во тебе да разбуди некои посложени емоции и со своето дело ќе те направи побогат, како за едно животно искуство. А дали Марија Јаневска е писател? Индивидуално е. За мене, не е. :)
     
    На CameliaMiller, blonde_supergirl, Yowannty и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^^ Среќа на Лајла остана да го обели образот на модерната литература, кам он.
    Свесни ли сте дека не е она писател па уште помалку претсаваник на младата генерација писатели.
    Ама не бе, овој нов тренд на блогови колку е позитивен толку е негативен.
    Се се сервира на јавноста и што е најтрагично нашите издавачки куќи го купуваат само ѓубрето, зашто сме навистина неедуцирана нација па само вакви ниски страсти палат кај нас. Свашта еј. Имаме ние писатели во 21 век и без Лајла ич да не се секирате.
    Срам да и е на Винка Саздова само, мислев дека е попаметна. Мислам она е паметна зашто направи голем профит од неа, ама дали треба на сметка на парите да се октаже од квалитетот не знам баш.
    Добар бизнис вие во неа нема што, искрено се надевам дека само и тоа гледа и дека апсолутно никогаш не би ја прочитала или купила книгата на госпоѓицава.
    Сакате модерна литература од 21 домашна- читнете го Никола Маџиров, навистина талентиран дечко и за а тоа што го поседува воопшто не е исфорсиран.
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На Tanjamm, Shmizzla, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Единствено ми е жал што има толку талентирани млади луѓе, чиј талент останува неоткриен, заради издавачките куќи што немаат никакви критериуми.
     
    На Tanjamm, Shmizzla, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас имам прочитано нешто од Лајла, колку да видам за што се работи. Ама ништо не ме допрело в срце. Многу ми е вештачка, копи пасте, веќе видено... Нема емоција, нема жар во пишаното...

    А, за тоа колку ја величаат и тоа што попрво ќе ја читаат неа, отколку нешто квалитетно, покажува колку луѓево немаат поим околу таа тематика.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Почнав да ја читам темава и првпат слушам за девојкава, отварам facebook гледам дека има околу седумдесет и четири илјади допаѓања дури од луѓе што знам дека имаат аверзија кон читање книги.Возможно ли е да сум бил изолиран сево ова време. Проклетство, тоа сигурно е сомнително зашто знам дека таква фама се создаде за Кодот на да Винчи, но што е уште потрагично истите луѓе што ја прочитаа пред десет години сеуште не ја надраснаа,
    Да не зборувам пред време можеби деновиве ќе прочитам нешто од неа па ќе коментирам.
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Имаш среќа што си бил изолиран :D
     
    На Shmizzla и BoneMachine им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Само да ве поздравам со нашите најголеми книжевни ѕвезди :rofl:
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, BoneMachine и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  18. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    А лајла што се сликала вака ко за плејбој? Со заводнички погледи чиниш на вог магазин е :D
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Може да ги посетам чисто од љубопитност :)
     
  20. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Вака значи:) ги немам читано ни Џамбазов,ни Коста нити пак ова како беше...а Лајла. Џамбазов мислам ок е,секаде по светов познатите луѓе објавуваат автобиографии. Игор е една легенда кај нас,еден и единствен шоумен кој имаше големи подеми и падови. Неговиот живот одсекогаш бил интригантен така да ми е ок да објавува книги,ама останативе бљак. Коста е можеби млад,успешен амбициозен човек кој многу постигнал,ајде ќе разбирам една книга...ама се напрај писателиште. Па Венко Андоновски толку не е активен. А Лајла не ја коментирам.Веносечачки просто-проширени реченици никогаш не ме привлекувале.
    Ме мрзеше да читам нагоре па не видов дали некаде македонскиот Сергеј Есенин (Лешоски) е споменат?:D
     
    На Shmizzla и bleff им се допаѓа ова.