Кога го спомнавте (Ј)Есенин, да се изразам ако ми дозволите. #хихи Пјеснице јадни, зар ќеш моќи опјеват стихом мјесечину? Веч одавно су згасиле очи у страсти, коцки и у вину. Ах, мјесец силази кроз раму и очи боле од мјесеца... Играо сам на пикову даму, играо сам каро кеца. Опростете на српскиот, немам српски фонт. Ако се поистоветува со големиов, треба да посети една тетка докторка. Патем предрага ми е стихозибркава оти е од татко ми за мајка ми, со посвета која е интимно убава и го цитира Превер згора на се - а, ја сам имао светилјку, а ти, ти светлост. Па ко је то продао фитиљ? Што убаво, а?
Гледав дека некои ја фалеа, а некои ја кудеа. Но сепак се одлучив да ја земам. 250 ден, беше наредниоот месец ќе ја читам и купам Карма. За распустот ќе ја читамСе надевам ќе ме бендиса. Редактитрам: Ме натеравте да се покаам што ја купив,ама ќе ја прочитам,да не одат 250 џабеее
Чекај чекај чекај, чекај..... Лајла има втора книга? Карма? Воууу и диднт си дет каминг. Очигледно не постои карма штом она има втора книга.
Леле кога ќе видам што сум бранела ми се повраќа. Си ги повлекувам кажаните зборови за лајлица. Јас мислев дека е поубава, Лајлица очигледно сака да копира некого. Демек изненадена била што добила букет бели рози. Аиии ко за м**а да се фатила, букет добила. И удри славата во глава и погрдена ми е во фаца.
На Лајлица 90% од цитатите и се крадени т.е преведувани од англиски со мали измени. Има и преведувано и песни некои. Али кога прочитав дека инспирација имала од песната Сунце љубави од Џеј ми се плачеше од мака хахахаа.Стварно за тоа да го направиш треба да си многу "креативен".
Реков дека нема ниту да ѕирнам во "белешкиве" , ама ете проклета љубопитност, што да правам. Не препознавам никаква уметност во овие белешки. Овде имаме феминки, и тоа многу, кои пишуваат милион пати поубаво од Лајла. Да не се фалам, ама еден мој состав е поубав и напишан на повисок стил.
Значи Лелјич со нова книгица? Е баш убаво,туку да седнам јас да напишам нешто за празниците,талент немам,ама гледам тоа е во тренд деновиве,може ќе заработам некој денар
Не дека се фалам,ама смешните песници што ги пишувам во „што би му кажале’’ имаат поголема длабочина од нејзиниве книги
Луѓе што никогаш не читале прво почнале со Лајла. Многу ја величеле и да, ја читав само од љубопитност, ме интересира што е како е. Пишува работи што би допреле до типична тинејџерка ама тоа не значи дека има некоја литературна важност. Сум читала повеќе типа на блогови како „на неа сличните“ и забележав дека има некои кои се многу слични на неа, ама и сосем други кои немаат толку „успех“, а можат многу повеќе. Многу ми се допаѓаше кај определени индивидуи кои покрај Лајла решиле да читаат и нешто друго т.е. да почнат да читаат онака, нешто што не правеле до сега и како после извесно време, неколку книги рекле „Како јас можев ова да го сакам?“ Издала нова книга? Таму нека ѝ е, со среќа.
- Девојки имам слушнато за неа, мислам за Кукла од Памук, девојката е стварно неверојатна, неодамна разговарав на фб со неа, едноставно е прекрасна личност. Всушност, на почетокот незнаев, што е , која е и сл. Најверојатно писател , и да. Ќе издава книга, се во свое време.Во главно пишува за љубовта, вели дека има непресушна инспирација. Што мислите за неа, сте ги читале ли нејзините цитати и колку ви се допаднале..
Каква е оваа дрскост бре? Ја повредија лепотицата со една критика зошто е научена само на пофални зборови? И критиката баш си е на место, ама одговоров ОМГ
Оваа не е здрава. Си дала за право да зборува за литературниот јазик само затоа што напишала квази книга, а нема никаква образовна позадина? Упаднат и живели не се колоквијален јазик, туку скопски дијалект. Малку нека се наврати на основи на литература, поконкретно - дијалекти и нека прочита како некои изрази се усвојуваат во речникот на литературни зборови. Се согласувам дека македонскиот речник е мртва точка долго време, ама не и дека она токму ја има зрелоста да зборува истиот. А воопшто гледам се повеќе и повеќе луѓе се дрзнуваат да пишуваат те да издаваат книги за некакви си нивни мемоари од нивните ох пребогати и преискусни животи, кои се сосема просечни и човекот кој проси има повеќе колорит и искуство него ли нивните животи. За жал ретки, речиси непостоечки се авторите на вистински богати приказни со обработени ликови и содржини. Секој може да седне и да напише мемоари од кој ќе извлече заклучок. Кога ги читам сите се дигитални, технички, со познати евтини изрази и никаква емоција. А како што знам, животов е емоција, од текст без емоции, текст кој нема метафора не можам да научам ништо и пред се, не ни сакам да го читам. Не друго, гледам еден куп книги во најава со вакви замисли - мемоари. Угушија неписмените. Три за жал се повеќе ме разочаруваат, ама гледаат брза пара и комерцијален момент, не можеш да ги обвиниш. Пред празниците со Винка прилично долго чекавме на каса во маркет заедно, за малку не и се обратив, а и беше намргољена, па се што ми доаѓаше како желба да и речам - ееее на таа пара, а ти намуртена... чисто за да го задржиме хуморот.
Ќе го тргнам на страна арогантниот однос на девојчево кое покрај 100 илјади фанови има потреба да се расправа со некој кој ѝ посветил внимание со негативен коментар на страницата, но... Живели и упаднат стварно се дел од колоквијалниот говор, а скопскиот дијалект не се одделува од колоквијалниот говор. Колоквијален говор е секојдневниот муабет што го правиме дома и на улица и ако некои зборови се дел од некој дијалект, не значи дека не се дел од колоквијалниот говор. Конкретно живели се употребува низ цела Македонија, повеќе или помалку. Инаку токму живели ич не го сакам, зашто имаме прекрасни термини со иста намена кои се баш македонски, како на здравје или „да сме живи и здрави“, а упаднат не знам во која смисла бил употребен, не ми е баш јасен. Као „упадлив - допадлив“ или „упаднат - упаднати луѓе на туѓа забава“.
Мислам дека кој стигна почна книги да пишува. Воопшто не ми се допаѓаат овие т.н. белешки, ниту на Лајла Грејс ниту на некоја друга ( а многу се појавија во последно време). Морам да го споменам и Коста Петров со книгата Се гледаме на врвот, што иако е на различна тема и идеја не ми се допаѓа. Сметам дека се само составени од некои преводи на добро познати автори и англиски цитати.
Се согласувам со сите вас во врска со Лајла Грејс.Девојка која нема врска од литература,и пишува срања најмногу преведени од анлгиски со кои слободно можеш дома оган да си запалиш.Е сега,проблемов кај нас е тоа што има многу неначитани тинејџерки со "скршено срце",а Лајлица знае кои теми да ги одбере за да допре до нив и за да и ја купуваат книгата како луди.Жално,навистина жално за сите великани и светски класици кои од најголем дел од популацијата остануваат непрочитани..
Случајно ја отворив темата , и направив профил за да напишам нешто иритирана од многуте коментари на феминките НА ПРВИТЕ СТРАНИ НА ТЕМАТА ВИДОВ НЕКОЈ НАПИШАЛ ДЕКА Е ГЛУПА И ДЕКА НЕМА КАРАКТЕРНИ ВРЕДНОСТИ...ХАХА СЕ ИЗВИНУВАМ НОГУ ,НО ОД ШТО ПРОЦЕНИВТЕ ДЕКА Е ГЛУПА И НЕМА КАРАКТЕР.. ОД НЕКОЛКУ НАПИШАНИ ТЕКСТОВИ.....??? ОД КОГА КАРАКТЕРНИТЕ ОСОБИНИ СЕ ОТКРИВААТ ОД НАПИШАНИТЕ ЦИТАТИ И ТЕКСТОВИ ...СО ТОА ШТО СО СЕКОЈ ВАШ ПОСТ ПИШУВАТЕ ДЕКА ПИСАТЕЛКА Е ГЛУПА,ДИГНАТА,БЛА БЛА БЛА ВИЕ СЕ СПУШТАТЕ НА ПОНИСКО НИВО... БИДЕЈЌИ ДОДЕКА НЕКОГО НЕ ЗАПОЗНАЕТЕ ЛИЧНО НЕ МОЖЕТЕ ДА КАЖЕТЕ ВАКОВ Е ТАКОВ Е ......СЕ ИЗВИНУВАМ АКО НАВРЕДИВ НЕКОГО НЕ МИ БЕШЕ ТАКВА НАМЕРАТА ....ПОЗДРАВ...
Јас не знам што толку се напрегате со оваа... Нека си пишува,нека си прави што сака... Ко кујзнае што да ви мења во животот што ја читате или што не ја читате. Јас ниеден текст од неа немам прочитано,не знам ни која е ни што е,не ни имам потреба да знам..