Пуздер се направија денеска https://www.facebook.com/photo.php?fbid=809604489119645&set=gm.484296645051632&type=1&theater
Да, најверојатно затоа не ми отвара, ме нема таму. Мислев да не се работи за некој кетфајт помеѓу „литературните“ блогерки, ама очигледно е уште некој лапсус на Лајла.
Интересна група е, убави дискусии има. Овде интересното беше што се вклучи Лајла со коментар под статусот, па фрчеа психоанализи и коментари од тој тип (мислам, можеш да замислиш ).
Oваа е сериозно глупава... и невоспитана. Оваа не знае за пораз никогаш, дури и кога е очигледен. Тоа е одлика на нарцисоидност. Убаво ви реков, ова е дете кое што цел живот родителите го бодреле дека е подобро од останатите. Мочла. Па уште и пишала на Јасна, лично е... и се исклучила од групата. Каква глупача, а и каква иронија, се зачленила во ваква група, а македонската граматика ја нарекува - исфрустрирани правила. Она ќе ги менувала правилата на граматиката... каде бе девојче? Кога оваа категорија на луѓе тука не ја прифаќа, нека си се опрости од пишувањето и нека си остане во лабараторија, каде што и таму не била баш најдобра, освен празно да буба... Греота.
Ана си ме претркала, сакав да го постирам и јас. Ама дечково и го спопика, ама со стил. Капа симнувам. Немам што да додам јас, дечково со овие 6 реда ја објаснува целата фрка околу Лајла Грејс.
Немам ништо против девојкава, но не чудете се зошто е толку позната и книгата и таа. Па денес, само опиши со најглупави поими некоја кежуал ситуација каде што се работи за некоја силна, самоуверена девојка која се бори буквално со својот живот после бившиот, ќе скокнат сите тие силни, самоуверени девојки кои навидум ќе се пронајдат во текстот и ќе ја направат славна. Ете толку е едноставно, ма и поедноставно од ова сигурно
Ако има нешто уште полошо од белешкиве на Лајна, тоа се дефинитивно твитовите што ги објавува на твитер.. Се откри мистеријата дали е возможно да е толку глупа, - ДА, НАВИСТИНА Е! (даблфејспалм) Г-ца Фармацевткиња@MacedonianGirlM Κога нема да добијам нешто доволно бρзо, немам ни желба да го имам. До мене е изгледа. И κо мала со игρачκите исто пρавев. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM Ако си и предизвик на некоја девојка, не се радувај. И испитите и се предизвик, ама после комотно може да го заборави индексот на полица. Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM · Jan 29 У сред напад на паника, 20 саати пред испит, јас земав нокти да лакирам. Ебати логиката фармацевтска. Не знам дали повеќе ме јаде туѓ срам или жал
Јас: Κаκо беше дечκото од вчеρа? Дρугаρκа ми: Дечκото беше "Доџи ми вечеρас и ниκад више". Зашто бе девојче?
^^ Ова е прва страна од нејзе, што едвај ја прочитав . Само едно не ми е јасно, зошто и е апостроф во ваков неписмен текст полн со иритирачки изрази (цура, певаљка, ми се пува, испентарила, продужи...и тоа само во една страна) Женава не ја прави "популарна" нејзиното неписмено "дело" туку еве ваквите муабети по форуми, друштвени мрежи, на улица, на автобуска, при што и се билда популарноста. Не знам на кој може ова да му е интересно, можеби на некоја наивна тинејџерка чиј симпатија ја ќарил кучката од другиот клас па сега е скршена од болка и глуми дека е среќна и подобра од новата цура де, а и доаѓа од мост да скокне Барем "писателкава" да се трудела да пишува литературно и правописно, ако не друго да научат да читаат младиве оставени и напатени душички. Како што тргнало може и да им ја воведат како задолжителна лектира во прва година средно, па дури и да ја разработуваат како писмена задача.
Самиот факт дека книгата и е издадена во седмо издание, е доволен показател за македонската неписменост, невкус и непостоењето на квалитетна критика. Книга е, не е форум. Не е ФБ. Лајла и Лешоски се најлошото што се случило на маледонската сцена од областа на пишувањето, а мнгоубројните изданија на такви лејм книгички зборуваат дека глупите работи проаѓаат. Ако сакате да сте продавани, пишувајте глупи работи. Наравоучение Ако напишете нешто паметно, мудро и добро, тоа ќе стане познато откако ќе умрете. Денес никој не цени квалитет
Мене ова ми беше тешко да го дочитам, најсериозно Ретко налетувам на нејзини цитати, ама забележувам дека и двете книги ѝ се напишани во ист стил. Гледам критикувана е за простиот јазик што го користи, ама нешто прочитав дека намерно така пишува, „на скопски сленг". Искрено кога го прочитав ова си се зачудив каде сум родена и каде живеам, зашто јас вака не зборувам. Ниту пак во мое друштво вака зборуваме, не знам... Тоа може некои „напувани фаци" се служат со вакви изрази
Цурата,Цурата,Цурата,Цурата -Најглупав збор на светот Знаев дека се никакви Белешките,ама овој извадокот е само да се нервираш како профитираат некои од неписменоста на целокупниот народ. Другарка ми ја купила книгата,вика добра е,и реков да ми ја даде за потпалување на оган или ќе ја банирам од другарството
Јас не и замерувам на Лајла... ја удрила фармацијата во глава и наместо структури да црта по фармацевтска хемија, таа фати да пишува на Скупски чувече . Сум ја видела во живо и убава ми е. Мислам дека премногу сака да се докажува и покрај негативните критики... можеби има некои такви родители кои нон-стоп ја прицкаат и така си е научена. Јас се чудам само како стигнала да напише книга, со оглед на тоа што студира на Фармацевтски факултет, а кај нас нон-стоп има за учење и полагање.
Значи вистина било она дека хартија сВе трпи... Некаде се сечат дрва, се уништува природата за и ова да се испечати... А и вие сте виновни што ја споделувате и кликнувате таму по глупавите блогови... Јас прв пат разбрав која е преку форумов. Барем тролајте ја на фејсбук на лице место, вака не гледам поента да се шири словото аналфабетско насекаде.
И јас се чудев кој зборува така во Скопје. Од скопски дијалект може само некое "шо" или "као" да ми се провлече низ секојдневен говор, или евентуално "кафич" или некој сличен збор, ама ако некој во вистински живот ми рече "цурата се пува како певаљка", ќе умрам од смеење.