1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    А како ги оправдувате оние 70 000 фанови на страната на фб? Ај нас не кривите што ја хејтаме, а тие 70 000 што ја читаат, лајкаат и шернуваат,т.е споделуваат и стискаат ми се допаѓа поточно?


    За сленгот,еве да им одговорам на Ана и Кримсон, горе доле ги употребуваме сепак некои од овие зборови,на кафе муабет со другари или на зезанција, скопјаништа ние.
    "Што се пуваш бе ко паун" или јас често знам на шала да речем "абе пувам од среќа".
    Цурата додуша не користам често, ама и кога користам не користам во негативна конотација.
    Пример "цура ипол накај две". Мајка ми го користи често ова.

    Ама кога ќе седнам да напишам нешто на хартија не го цитирам трачарскиот муабет од кафе со другарките туку се обидувам да пишувам и да ја доловам поетичноста на Ацо Шопов или Венко Андоновски или било кој друг наш писател. Тие ми се репер, "идоли" и се угледувам како треба од нив.
    Тука лежи зајакот, a кој и се нејзе пишувачки идоли знаеме.

    Плус не ја кривам ја неа толку за сленгот, ајде неписмена е знаеме. Винка слепа е? Платила некој лектор да ја лекторира книгата?
     
    Последна измена: 31 март 2015
    На Neytiri, De-lovely, Shmizzla и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Мене знаат да ми прокоментираат дека ретко зборувам на дијалект, ама може да е до мене, зашто по дома збориме тетовски. :D
    Иако сепак, не познавам никој што зборува така како во нејзините текстови.

    Мене не ми се јасни тие над 18 години што ја читаат, најсериозно не разбирам како може тоа да ти е забавно за читање и да мислиш дека е уметност.
     
    На Shmizzla и Hipster им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Да напишела биФшиот наместо бившиот (а камоли поранешниот), ќе имаше кис4е од мене, вака ништо, не вреди за "пољубац".
    Можеби бев разбрана погрешно, сакав да кажам дека тоа е прва и единствена страница што сум ја прочитала од Лајла, а не дека прочитав два нејзини "романи" па од таа страница ми се слоши :D
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Види, ако си писател, не треба да доловиш ничија поетичност, ниту да бркаш нечиј стил. Сосема исправно е да бидеш писател со сопствен стил, па тоа што не се труди да биде како Шопов или Андоновски, па дури и тоа што најверојатно воопшто никогаш ништо не читала од нив, не е страшно.

    Дури, не е ниту страшно тоа што напишаните редови не се никаков уметнички изблик, зашто Македонија како и светот, низ годините наназад редовно зборувала за вакви „недела“ кои се многу популарни. Секогаш имало вакви шунд писатели и писателки. Дури, на некој начин тие се и добри, зашто луѓето кои ги воздигнуваат најчесто не читале ништо во животот, па можеби преку неа, ќе ја научат основата и надежно, ќе се заинтересираат за нешто посериозно.

    Според мене, најголемата измама во случајот на Марија упк. Лајла, е што конкретниот, а верувам и останатите нејзини напишани раскази се чист одраз на нејзиното секојдневие. А секојдневието не пренесува никаква поента, нема поучна содржина, но, таа го споделува со светот, а светот поврзувајќи се со нејзините случки, кои ги доживува како поезија, мисли дека разбира нешто кое е над него, па се чувствува убаво. А навистина не е некоја филозофија да напишеш расказ во кој ќе го опишеш обичниот ден со обични зборови.
    --

    „Гаражата на комшијата“

    Ја крева и ја спушта пред мене, секое сабајле коа ќе излезам од дома, демек има нова врата од гаражата и као све у тој момент излага и он на работа. Се пува бе, сељачиште.
    И стојам ја денеска така, го гледам како со даљинското демек незаинтересирано ја дава командата да се отвори гаражата за да тргне и тој на работа и гарант си мисли „го работам комшијава како сакам“.
    Стојам на прагот додека си го барам клучот да заклучам и со десната веѓа поткрената, го гледам, го гледам и си викам „И шо... сеа фраер си?“ Абе море, види си ја прво гаражата каква ти е, па после автоматска врата ставај. Исчисти си ја од лисјата паднати од минатата есен уште од дворот на Митре бе, море, абдал. И ставил автоматска врата на гаражата, а внатре колана, ни автоматско заклучување нема, Ауди од 2000 година, мисли не знам дека ја зема од Прилеп од автоплац за пет илјади евра. Гаражата автоматска, ама ако сакаш да влезеш на совозачко, ќе причекаш да отклучи. И шо?
    Епа брат, ако сакаш комшиите љубоморни да ги направиш, ќе мора нова кола да си купиш и малце да ја нашминкаш, спојлерче, ауспуси, нешо...
    И комшија, го знаеш чувството сопствената жена да се пали на поштарот? Ни јас!
    Ај да си жив и здрав, ме пресмеа. Знаеш, ме насмеа, ме изнасмеа толку многу што ме пресмеа. Сега сум прецвикан на пола од смеење, нозете ми се тргнати на работа, ама рацете и лицето уште ми се на прагот и заклучуваат врата.
    --

    Еве, Винка би била горда на мене. Истово ова рандом комшија сигурно му го раскажува на некого на работа во моментов.:x
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Golden и 17 други им се допаѓа ова.
  5. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Мислам дека сите треба да признаеме, за вакви фрази потребен е човек со посебна дарба, многу посебна дарба.
     
    На Shmizzla, WarriorAngel, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Авторите на ТРИ растурија месецов! Коста Петров, Игор Џамбазов и јас на врвот за месец Јануари! :)) #proudofyouguys http://www.kupikniga.mk/BestSellers.aspx…

    (нејзин твит)
    Нормална е да се става во иста реченица со Џамбазов?! Овој Петров неќам да го коментирам, не можам да го сварам.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Капетане во право си сосема за забелешката, да никој не треба да копираш или да доловиш.
    Но, секој почнува од некаде, и на сите првите некои си дела да ги наречам ни биле претежно инспирација од некој веќе еминентен автор. Но тоа не значи дека го копираш.
    Плус речник се збогатува со читање на книги.
    Никој не станал писател само благодарение на талентот.
    Талентот како талент некои го поседуваат некои не, ама успеваат оние кои работат на себе. Докажно.
    Ова чудово пример нема талент, ама работи, неизмерно многу работи. И ете и се посреќи. Па мене нејзинава "слава" ми е посреќување, зашто ја намирисаа дека е добар профит. Тоа што нашава мила земја е полна со полуписмени луѓе.
    Некаде го прочитав на форумов ова дека треба да се плашите од учени ама не доучени луѓе. Подобро не може да биде кажено.
    Квази интелекутални накази што ми се перчат дека читаат стручна литература и не знам какви други дела и оп слика со книгава на госпоицава во рака. И сега каде?
    Да се разбереме, мене ми е потценување и ми се допаѓа да ставам на фан страната на социјалната мрежа, па дури и од воајерство да се шегувам со неа. Потценување ми е кон некои што ги знам и творат нешто и оставиле нешто вредно за читање. Зашто и они се чудат каде завршивме.
    Некој погоре рече дека секогаш имало вакви евтини приказни споделувани кои биле акутуелни, популарни и имале свои пишани хартиени изданија, ама ова сега што се случува е преплав од кич. Кич од сите страни, ги фати мајата од целокупната состојба во државава и "уметнициве" изгледа.

    70 000 е сериозна бројка, за толку мала држава тоа е навистина голем број луѓе. Скоро 1/20 од населението.
    Фрапентен процент на неписменост.
     
    На theowndemon, Shmizzla, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Со сленгов делува толку лигаво и неприродно :puke: но ај да речеме дека не е толку битен сегмент за еден писател колку што е битна содржината, иако со начинот на изразување исто така градиш препознатлив стил но еве да го иземеме тоа, еве и интерпукциските грешки ги оставаме на лекторите. Содржината е битна! а содржината и е еднаква на 0, нема содржина, дец д' проблем. :(

    Ма да она со сленгот сака да добие на популација затоа што без сленгот и онака невпечатливиот текст би делувал уште посмешен а овие несекојдневни акцентирани зборчиња го задржуваат вниманието па било тоа да е и негативно, најверојатно на таа карта игра, ма да лош избор морам да признаам ама нема како поинаку да ja истакне таа сирмашна "содржина". :(

    Сите нејзини "цитати" и се бледа копија на детски песнички или во крајна мера и турбо фолк стихови или лошо преведени стихови, а текстовите набилдани со енормно големо его, селф делужнл конфиденс ќе да е у прашање...
    Најстрашно е што девојката и после многуте критики упатени кон неа од страна на професионалци пак си подолжува со пишување, најмногу ме плаши нејзината самодоверба, девојката сериозно си има проблем, селф делудед е, не ги препознава реалните вредности туку мисли дека со неа е се во ред а другите што ја осудуваат и критикуваат и се љубоморни, натака ми изгледа работава.
    А и тие што ја поддржуваат и' даваат лажна перцепција за нејзината талентираност и тоа и' дава поттик да продолжи, уште неможам да прифатам дека толкав голем број на луѓе ја поддржува или сепак се работи за иронија и цинизам зошто во спротивно имаме гооолем проблем со критичкото размислување.
     
    На Shmizzla, Someonespecial, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    На blond.bunny и hrcace им се допаѓа ова.
  10. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
  11. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    И се смеевме ние на глупите, ама они ни се одмаздуваат. Моментално со ваква Влада па и прелесно е за нив, до душа.

    Дојде ред една Лајла да биде пример за армија глупачки и да се билдаат на нејзината неписменост. А Коста, таа и Игор се светото тројство кое и ја полни касата на Винка. Се знае дека кичот се продава насекаде пошо зафаќа поголема маса, посебно овде па кај нас.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Настрана лекторатот, нели се согласувате со некои цитати дека и се реални, што во реалниот живот се замачкани и отфрлени?
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    27.280
    Реални можеби се.Ама сите можеме да напишеме книги со реални случки од животот на две на три.Работата е тоа да се напише убаво,со убави реченици и на крај на македонски литературен јазик,а не на скопски дијалект.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше настрана лекторатот.
    Она што сакав да кажам тука е настрана пишувањето и бирањето на зборови, сите се пронаоѓате во нејзините цитати. Но, Лајла со таквата книга сакала да направи пресврт во светот на писателите, не е ни чудно што самиот лекторат кој и помогнал и го дозволил тоа, знаејќи дека критиката е навикната на чист македонски јазик.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    81.658
    Пол:
    Женски
    Кој црн пресврт бе Бубаче? Е*ате пресвртот во литературата, ако е финта да се пишува на дијалект и да се вметнуваат србизми, фори, доскочици и што ли уште не.

    Да им ја свртам една и нејзе и на Лешоски, може ќе им се спојат оние жички во глава што одамна им се откачиле ...
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Лешоски го немам читано, но таа самата изјави дека лекторот и вршел притисок да се смени дијалектот. Секоја ноќ.
    Денес секој може да биде лектор, макар и со средно школо. Во Македонија живееме.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Читав колку малку ги плаќаат лекторите, ми падна жал.

    Не е до лекторот, до нејзиното пишување е. Колку и да преправа, самиот факт дека девојчето пишува патетични љубовни текстови што порано ние ги пишувавме по споменари во основно кажува доволно за делото.
     
    На CameliaMiller, Kom.pot, Shmizzla и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    81.658
    Пол:
    Женски
    Да, многу логичен потег е да се вадиме на она „во Македонија сме“ секогаш кога ќе ги заташкаме работите. Паметно, нема што.
    Не е тоа причина, а и оние кои оставиле доволно силен траг во литературата не се согласуваат баш со девизава погоре, ама сепак на крајот од денот останува тоа дека секој сам си бира што ќе чита.
    Ниту ги сакам , ниту пак некогаш ќе ми се јави љубопитство да прочитам некој урнебесен пост од плејадата „млади таленти“. Немам никаква корист, ниту пак се чувствувам попаметна откако ќе прочитам нешто вакво.

    Ако ми е до смеење, си го отварам споменарот и си читам чик-лит на големо. Дури и со сигурност можам да кажам дека некои текстови се навистина квалитетни, но тоа не ме прави достојна да се наречам писателка и да им парирам на оние кои веќе се докажале.
    Кај овие двајца, инает и аздис се во прашање и ништо друго.
     
    На CameliaMiller, ivancekitty, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hija.de.la.luna

    Hija.de.la.luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и низ споменарите може да се најдат подлабоки текстови отколку во книгите на дотичниве.
     
    На bella96, sparklie, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.