Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Бубаче напиши еден цитат кој одговара на секојдневна ситуација на една зрела возрасна девојка или подобро да кажам жена од над 20 години.
    Цитатите за женската на бившиот? Заборава она дека е сега девојка на некој кој има бивша, па тоа истото значи важи и за неа сега.

    Баталете сленгот, констуркција на реченици, што мудро има она да ни понуди?
    Јас гледам само простачки изрази и препишани евтини текстови од трубофолк песни, патетични патење по бившиот. Да многу реалистички реченици или како и да и ги нарече.
     
    На BoaVista, Kom.pot, Shmizzla и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.556
    Допаѓања:
    139.892
    Лајла пишува за површи работи кои му се случиле на секој, за површни емоции кои му се случиле на секој, и затоа имаа армија обоживатели - површни луѓе кои се неспособни да навлезат во некоја емоција подлабоко. На тие дотаму им сече и подлабоко, не можат да сфатат. Затоа и се во толкав број.

    Капетанов си напиша одма расказче од типот на Лајла, не верувам дека многу мислење му удрил, ама уште 15 такви и може да издаде книга. Ете на тоа се сведе македноскиот читател, на Винка, Лајла, бедниот Лешоски, со најнизок стил на изразување, или напишана книга од зае*анција. Едно време се смеевме на бестселери од типот - 10 начини да се збогатиш, а сега отидовме еден спрат, не само скала подоле. Сега веќе имаме писатели и поети кои си пишуваат на ФБ, онанираат на лајкови, имаат изданија од 500 книги, за потоа да кажат дека имале 7 изданија, од кои 50% се купени од нивните роднини и пријатели или дадени како подарок...

    Не знам кој е и дали има начин овоаа срамна ера на бедни писатели и поети да се заврши, или уште ќе се продлабочува поради невкусот на читетелите. Нешто мора да се направи, ама не знам што.
     
    На Offspring, Вереничка, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Јас не се наоѓам во нејзините зборови,ама баш ич.Не значи дека не сум ги доживеала истите работи,само мојата перспектива е поразлична,да не речам подлабока.
    Чист пример,прочитај ми го потписот,е во такви зборови јас ја разбирам љубовта,а не во начинот на кој ја опишува Лајла и нејзините сленгови.
    Постои емоција и длабочина во зборовите на еден писател,тоа е мерилото на популарноста,како читателот ќе се соживее,мада веќе се е измешано,па затоа изникнуваат некреативци и се полнат со пари.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто ги навредуваш таквите луѓе. Бидејќи Лајла ја читаат и постари, сведок сум на впечатоци такви да одам на кафе и постара госпоѓа да ја чита Лајла, и затоа треба да ја сметам неспособна или дека и фали некој даска во главата?
    Мислам претеризам, едно е да коментирате за стилот на книгата, но сосема друго е за луѓето. Кој што сака ќе си чита, но тоа човекот не го прави неспособен.

    Ако зборувате за помладата генерација тоа е друга тема на муабет, не можете да барате ваши истомисленици притоа нарекувајќи ги неспособни. Ако го земете за пример Џамбазов го читаат дедовци и му се диват, значи дека се неспособни и толку им клика кликерот?
    Ако ти утре на стари години го читаш Лешоски и тебе не ти клика кликерот?
    Неможеш така да размислуваш, ако тебе не ти се допаѓа книгата не мора да значи дека и другите се неспособни.
    Фактот е дека Марија Јаневска не може да биде писател користејќи лош лекторат. На ланскиот саем за книга Лајла беше најпродавана, ја купуваа од старо до младо.
    Што се однесува до останатото се согласувам со тебе, но со болдот не.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.556
    Допаѓања:
    139.892
    Бубаче, возраста нема врска со длабочината на емоциите. И не можеш да кажеш дека високоинтелегентни луѓе лудуваат по „пува“, „цура“, „напунила години у гзот“, „го глеам на косо, го глеам, го глеам“...

    Ова е навреда за вистински читател. И не и е крив лекторот на Марија што пишува за површни работи. Она е. Кога ќе успее да побуди скриени чувства, длабоки емоции, возвишена љубов, кога ќе наежи со чисти зборови, е тогаш може да ја вброиме некаде во писатели. Ако некој се наежил и восхитил на „напунила години у гзот“ тогаш според мене е површен човек. Жал ми е, ама така мислам.

    Имаше една поговорка кога учев средно, професорот ја кажуваше: „кажи ми што читаш, ќе ти кажам кој си (каков си)“. Според ова, фановите на Марија за мене се површни луѓе.
     
    На Offspring, CameliaMiller, Neytiri и 13 други им се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ако се постари, не значи оти се многу паметни оние што ја читаат. И мислам дека не може да се искорени ова бидејќи има премногу самобендисани луѓе како Марија, кои мислат дека се најдобри, најпаметни, најубави и кои имаат пари за да си дозволат да си издадат книга, и има премногу неначитани луѓе, и секогаш ќе ги има. Што оти има задолжителни лектири и дела кога многу малку луѓе ги читаат?
    Пак ќе кажам, се си е до домашното воспитување. И од коефициентот на интелигенција секако.
     
    На Schizophrenia1, crimson и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    За нејзините 20 години она ако била толку способна ке напишела книга што едноставно ке те задлабочи, книга во која ке можеш да се пронајдеш ти како личност или пак да ја развиеш својата имагинација. Ова нејзиново може да го напише 13 годишна тинејџерка на која и доага времето да мисли за тоа или па можеби и поубаво како што рече WarriorAngel зависи од коефициентот на интелегенцијата и домашното воспитување.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Во мое време 13 годишните не се занимаваа со вакви работи, во модерно време и можеби е способна.
    Јас во ништо не верувам додека не видам со свои очи.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, болдот има голема врска. Можеби не си увидела, но ќе увидиш некако.
    А другиот болд не верувам во такви работи и поговорки, неможе една книга да каже за тебе каков си.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^Во твое време 13 годишни девојчиња не пишувале? Сигурна си?
    Само тогаш немаше или пак не беше распростането блогерството па и да пишувале пишувале во тетратка, школски весник или некоје чик списание.
     
    На Shmizzla, Hipica, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Да, сигурна сум.. мада имало списанија но не со толку широк спектар на Лајла. Во мое време сме читале ТАА која не верувам дека ја пишувале 13 годишници.
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Јас па баш се сеќавам дека имаше посебни рубрики во некои тинејџерски списанија кај што девојчиња праќаа текстови што ги напишале. :)
     
    На sweet-cherry и Hipica им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.767
    Вие двете нели сте иста возраст :rofl:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    ^абе сте ги прочитале, муабетот ми беше дека немало толку широк спектар како на Лајла, дај не испревртувајте како ви одговара.
    Едит: Јас не сум видела да има такви текстови. Пораки имало, но има разлика од кратка порака и текст.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Eпа јас сум сигурна дека пишувале, т.е сме пишувале.
    Во мое време имаше школски весник во кој пишувавме ние ученицете. Во 5то оделение и тоа. Не беше со и волку големи размери но сепак цело школо го читаше. Имаше секција во која членуваа деца од 5то до 8мо. Имаше многу критички текстови. За брзо згасна зашто немаше спонзор кој да плаќа принтање и хартија.

    Во 4то оделение бев на литературно читање каде се одбираше по еден од секој клас и се наградуваше со некоја симболична награда. Трудовите се објавуваа восписание кои се викаше развигорче или пак наш свет кое го купуваше секој втор од моето школо и се купуваше во поголем дел од основните училишта во Македонија. Сум била и на други литератирни читања во склоп на учичиштето и надвор, каде во публика седеа нашите најдобри писатели.
    И тогаш се пишувааа срцепарателни причи ама искрено пописмени сме биле и со подобар речник тогаш него таа сега. И нашите текстови ги прегледуваше професорот кој беше прилично строг во однос на граматиката и лексиката.

    Дани може сме иста не знам, ама кој за што се интересирал на тие години. Она не е запознаена ама јас тврдам зашто многу добро се сеќавам.
     
    На theowndemon, anel, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ние и во средно имавме училиштен весник, и да, имаше текстови.

    И знам дека имаше љубовни пораки, ама дефинитивно и по наш свет, таа и остали списанија имаше љубовни патетични текстови, знам затоа што другарка ми ги препишуваше во тетратка редовно :D

    А да, јас пишував на 13 години. Не објавував никаде, ама пишував за себе. Пишуваа и куп други мои врсници.
     
    На Sunshine.Sunshine, Hipica и Hipster им се допаѓа ова.
  17. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Разликата е што Лајла одамна нема 13 год. :D а и текстовите во "Наш Свет" од седмооделенките беа далеку подобри отколку белешкиве...
     
    На Shmizzla и crimson им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ние немавме школски весник, нас ни нудеа развигорче или она другото здравје кое го плаќавме незнам колку пари. За читање на поезија имавме ( правете разлика меѓу поезија и текстови ). Трудовите не ви се книги како на Лајла ( правете споредба ).
    Не дека не сум запознаена, ама ти можеби си постара или помала од мене. Јас после во средно почнав ТАА да ја читам ( но муабетот е за основно ).
    Така да има разлика меѓу Лајла, немавме широк спектар, никој не пишувал книги толкави и колку што знам ниту еден 13годишен ученик не издал книга нити пак пишувал книги и текстови од типот "те сакам,ми требаш, ми фалиш итн".
    Така да сигурна сум во тоа што го пишувам, ако не сум сигурна нема да пишувам.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Па немаше ни Лајла да издаде книга да не постоеше фејсбук, а кога ние бевме основно/средно, немаше.

    Уствари не сум толку стара, имавме фејсбук во средно ние, ама не се користеше за споделување блогови се уште :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Јас не ја оправдувам Лајла нити ја читам, само ве прашав.

    За фејсбук дознав дека постои кога имав 17 години мада ни тогаш не го користев воопшто. Фејсбук тогаш сеуште не беше доволно развиен, се праќаа пораки нешто како електронски пораки со слики и можеше слика да ставиш, тогаш не постоеја ни групи ни фан страници ни ништо.