1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Белешките на Лајла Грејс

    Marija Janevska

    Едно девојче ме аднало ради блогот и вчера ми пишува.
    Она: Многу ти се убави текстовите.
    Јас: Фала мила
    Она: Ама јас не се викам Мила.
    HAHAHAHAHAHAHAHAAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHHA
    KRAJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJJ!!!!!!!!!!!


    Колку смешно, ха ха ха! |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Преголема самобендисаност, себесакање и издигнување над планинските врвови.
    Девојчицава ми нема никаква вредност, ни карактерна, ниту па литературна. Особено литературна :!: .
    Не ми е јасно како може да се нарече писател, наједноставно, не ја бива.
    И што по ѓаволите е ова
    [​IMG]

    Зарем ова вреди да биде споделено, зарем ова заслужува да се нарече, хм, дело? Срамота, срамота што девојчицава е издигната до тој степен.
    Ова нејзиново не е убава проза, ова е, како да го кажам, ама едно големо ѓубре, со големо Ѓ. Не личи дека е напишано од девојка од 20 и кусур години. Во нејзиниве парчиња нема душа, барем малку да се види душа, туку се гледа дека се пишувани онака, нашкрабани во рок од 3 секунди, колку да има нешто на што ќе се лигават луѓе.
     
    На Bescheiden, richgirl998, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  3. SideWalkGirl

    SideWalkGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Белешките на Лајла Грејс

    Добро бе луѓе, до кога ќе ви пречи секое поместување од мртвата точка. Зарем се што некому го исполнува, вас ве провоцира да зборувате колку е тоа лошо? Што вие постигнавте во животот освен тоа, да безделничите пред компјутер, правејќи се експерти за се? Да ја осудувате сечија постапка? Гледајте, вие да постигнете нешто во животот, да речете ова е мое, за ова сама се изборив, тогаш нема да ги потценувате ни цртежите на бебе, полни со шкртаници, ќе се замислете и можеби за миг ќе сфатете дека и тоа е уметност, уметнос на едно бебе, што постигнало нешто со сопствените раце.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    И претходно ја имав начекано темава, но немав што да напишам од проста причина што не бев запознаена со делата, нити со личноста која ги пишува. Не бев заинтересирана, а и коментарите тука ме уверуваа дека не ни треба да се појави интересот.

    Меѓутоа, неодамна имав прилика да поминам 15 минути со оваа, како да ја наречам не знам, појава???
    Оваа е толку дигната, самобендисана, пуна себе, што просто му се одмилува на човек да размени два три збора. Мислам дека околу себе прибира само фаци што според неа се „нешто“ во градов, размазена и лигава до немај каде.
    Типична девојка, оваа нема ништо што ја издвојува од другите.. нека не лаже по интервјуата.

    И за тие 15 минути што ги поминав со неа, искрено, се каам. Мисли дека она што го пишува е бог знае што, од 15 минути она 20 дрндаше за издавањето на книгата мислам, или извадоци, не знам не слушнав убаво. Ефтино си фрлаше пофалби на своја сметка.

    Патетична до немај каде. Жалосно.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Од кај па знаеш ти дека не сме постигнале нешто во животот?
    Од кај знаеш кои сме и што сме.
    Кое мрдање од мртва точка, молим ти се, оваа е само едно големо претенциозно его, кое сака да се храни од туѓите лигавење.
    Јас немам против нека си пишува она бе, и сите ние, ама нека не се замислува дека е Пeрл Бак или Оливера Николова, и нека си пишува во споменар, зашто работиве се само за таму.
    А па што ти толку се наоѓаш повредена од сите наши коментари, молим ти се?
    Од се на светот ова највише ме нервира, мрчење зашто некој друг мрчи.
    Немаме право да коментираме?
    А да беше темава полна со лигавешници како нејзинот фан пејџ(боже господе кој се стигна да има фан пејџ) немаше ништо да коментираш нели?
    Секој си има право на размислување и тоа лично да си го искаже и ме заболе искрено, извинете на вулгаризам ако тебе или на дотичната не и се допаѓа.
    Кога ќе се описмените, таа и таквите нејзини обожаватели, нека дојдат па нека коментираат.
    Лектирите во средно не беа да фаќаат прашина, туку да ни покажаат што е права поезија и проза.
     
    На Dream-Girl, Golden, LaraSolare и 27 други им се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    И посакувам успех на девојката, навистина ценам кога некој е успешен во тоа што го сака ама мене ми се многу лигушки статусите и текстовите нејзини. Општо ме нервираат такви работи, некако ми е тоа ко за осмооделенки. Мене ме интересираат колумни како оние на Трендафилка и на другите авторки тука, или како бавчите од оффнет, колумните на оннет, некако тие белешките ми се ‘серење у вода‘ не само нејзините, туку општо тој стил на пишување.

    Гледам лешоски реагирал на мислењето на Лилит. Иако некои негови песнички на трендоленд ми се допаѓаат мора а да не искоментирам. Аман бе човек не ти личи ко јатрва да скокаш право на секој што не му се допаѓа тоа што го работиш.
     
    На richgirl998 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Белешките на Лајла Грејс

    А ти му го прати на Лешоски постот аааа?! :D Или која и да е,се надевам дека ќе биде удостоена соодветно, зошто такви лижигз потези заслужуваат соодветна награда за трудот.
    И што сега? Вака ќе се одмие од моето размислување и убаво ми покажа? Многу ми е гајле. Ова е неговата тактика која во иднина ќе го заштити од лоши коментари?! Демек ќе го оставам ова тука,па вие мислете му ја дали нема да ме сакате,има да ме сакате бре! Па кој те мрази бе чоек? Ти за нас си шоумен и толку.
    Ова ми делува како политиката во нашата земја. Не се согласуваш, ми е гајле, немаш право на размислување, ти си туп, ти си идиот, приЕтно,ние ќе си тераме по свое,ама ќе те сатанизираме и ќе те спалиме на плоштад за да види рајата што не смее да прави!

    Се додека постојат луѓе кои се нарекуваат уметници,а не можат да се носат со критика, нема да бидат уметници. И што повеќе да речам?Моментот кога ти не можеш да се носиш со различни коментари и различни размислувања,а пишуваш за да те читаат и треба по логика на нештата да си СПРЕМЕН да сносиш секаков коментар, е показател дека го пишуваш од чиста желба за внимание. Чиста како солза, неизгнасена со лош збор. Не постои такво нешто. Ако сакаш да не бидеш допрен, пишувај си за себе и читај си ги песните/текстовите.

    А нели деновиве констатиравме сите дека за вкусови се дискутира? Епа о чему је проблем луѓе?
    Мислам дека Лешоски со ваквите лоши одбивања на секаква критика и тапшањата од околината, не си прави добро и не покажува некоја изузетна големина како што прилега на уметник. Мислам мене ми е женска карактеристика ова...најсериозно. Типично женска. Толку му е важно што на кавер ме стави,мислам,почестена сум. :D *длабок наклон*
    Знаете како онаа лична воздигнатост на Есма?! Епа тоа,така му доаѓа. Сите знаеме дека урла, сите знаеме дека е вештачки создадена икона, своевремено стварно привлекувала внимание кога се забавувале простите југословенски маси,а сега е друго,ама она не, уште е убедена дека она е исправна.
    Некој ќе рече,ако не ти се допаѓа, не ни коментирај, не читај.

    Сите почнаа од некаде и беа забавни и после се стана тажно. Зошто? Зошто ги занесе славата. И сите ќе се потпикуваат по инбокси и Директни пораки,а никој нема да има петља да си каже поштено. Ако мрчиш анонимно, види го нема гз да ме пише, се курчат,ако мрчиш отворено, ма како тоа?! Зошто кога ќе влезеш во бубањот веројатно се очекува од тебе да им правиш постојана забава,а во даден момент и сериозно се забегува и тука веќе нема уметност од уметникот, критика од критичарите... Има само забегување. Зошто генерално, сите овие инстант виртуелни фаци ги "засакуваме" ради тоа што го пишуваат/критикуваат и само тоа,а не заради тоа што забегуваат лично и мислат дека се богови. Зошто реално, јас сакам да читам тоа што мене ме интересира, твојот став за нештото како на почетокот,а не потоа преоѓаш во некоја форма каде што започнуваш да маваш на лична основа која што останатите кои со задоволство те читале едноставно не ги интересира. Не сакам Радлер, си сакам Скопско и точка. Не ми го мешај со лимон,не е тоа тоа!

    Јас Лешко ќе си го читам и понатака во доцни летни попладниња со пиво и ќе се смеам. Јас пак реков, он ти е златна кокошка за комерцијална литература што ја прифаќаат сите. Од вулгарно до меланхолично, она кое продава увек е секс,па вие како и да го вртите...исто ви е. Он може да успее зошто го сакаш-не го сакаш, пак ќе го прочиташ, не ти пречи,ама знаеш дека не е тоа тоа,ќе го искоментираш ко такво,ама Лајла Грејс не. ;(
    Интересното е што Лешко го среќавам од време на време по скопските улици,мало е Скопјево, тие се местата,шта ќеш. Наредно нема да ја пропуштам шансата да му се претставам, не ми е проблем,а и баш би било интересно. ;)
     
    На CameliaMiller, tessie, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    На Dream-Girl, Sara123, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Белешките на Лајла Грејс

    Лудо,ти заебавај се,ама тоа ти е исто ко да си на насловна страна на Вог или нешто такво,што знам. :D
    Лутка са насновне стране беше ?! :D
    ИИИИ ИДЕМО!
    https://www.youtube.com/watch?v=Y6gqusOW9dE
    На,на,на,д-дш! Дум-тс!

    Аманте бе луѓе,аманте...
     
    На Dream-Girl, Sara123, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Аи, жениве се озбилно напаст, очај :D и очекуваш нешто повеќе кај нас,ха! :rofl:
    Ама ќути, ја нарекол другарка :D и она цути сега, ко цвече у пролече
     
    На CameliaMiller, senza.parole, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Белешките на Лајла Грејс

    Јас сум забезекнута. Смешно ми е,сериозно! :D
    Славко Јаневски го лустрираат, овој за мене се фати! Ало бре! АЛО! Добро Лешко не те лустрирав,ама другарка ти треба да се лустрира,пошто е шпион,поткажувач, предавник! :D

    Ама баш ми е драго што поред сите други мислења,иако јас ја отворив темата, девојкава го издвоила моето. :clap: :* Сонце напатено за песничка, а сигурно тапшин тапшин тапшин танана и е комплексна за обработка и разбирање. Денес другарка,утре кој знае...
     
    На CameliaMiller, barbiche, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Белешките на Лајла Грејс

    Уште па Лајла Грејс лајк мавнала на насловната :D
     
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Белешките на Лајла Грејс

    Поим немав кои се овие и едно саркастично благодарам што ме информирате за постоењето на ликови од овој калибар, толку солидно интелектуално и правописно потковани како и целата виртуелна еготриперска раја, нели...
    На овој форум дознав и за раке шлуке пуке, инаку.
    Второ, „дискусијава“ би требало да се премести во таа темата кај што си оговарате, Македонските јавни дебили... фаци... (заради 99% од споменатите таму го збркав насловот), или на кое било друго место, не и е местото на скопска рекла-казала во Литература и уметност.
    Ова некој уште го читал и го анализирал. Тука ќе прекинам да си го трошам драгоценото време оти дa слушнам мене некој да почне да ми зборува за нешто слично го бришам од листа на писмени.
     
    На WarriorAngel, anabel-a, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс

    Лилит ич да не му се секираш, сега кога ќе му залепиме една тужба за користење на туѓ авторски текст без дозвола, ќе се чуди што го снашло, ај, ај :D
    Нели тоа е у мода сеа нешто, ги гледам се тужакаат на фејсбук, твитер и се остало за крадење па паѓаат такви тешки зборови, мислиш им фалсификувале некој бестселер...
    А знаете што ми е мене најсмешно?
    Што овие такозваниве(сам себе додадена титула)-писатели и блогери, што се вивнале во небесата после 4 свршувачки у гаќи коментари од малолетници дека се писателско чудо, нели сега си мислат дека се тоа, епа како "прави" писатели, нели треба да се отворени за секаква критика и став од читателите(намерно не реков обожавателите, зашто тоа не сме, ни у сон)
    Сам себе се побиваат со тоа што не знаат ни една критка пристојно да поднесат.
    Нека си кукаат и двајцата за нивните сексуално незадоволени фантазии, додека они кукаат, други си уживаат во сексот. Who is the winner now ;)
    И у право е и..ја, доста ги коментирав веќе, поточно госпоѓицата тросед, двосед и фотеља, не e ни уопште битнa ни вреднa толку простор да зафаќа.
    Не за друго, после ќе си ја употреби реченицата- "позади добар коњ, прашина се крева" па ќе се изнервирам зашто ми уништува стари македонски поговорки.
     
    На Neytiri, tessie, SexiLy и 5 други им се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Белешките на Лајла Грејс

    Пола од сликите со шолји чај, као она е дама, цело време објавува слики од книги, као она многу чита, си слика факултетски книги и спомнува читални, као демек многу учи...
    Мислам, простите ние што не си ги сликаме книгите и порцеланот по дома. |(
    Веќе видено, веќе надминато и преџвакано... :yawn:
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, richgirl998 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Белешките на Лајла Грејс

    За типката имам само да кажам дека е една обична "шмизла" и ништо повеќе. 300 слики со книги и кафиња, она учи, она е фармацевтка и се остало |(. Убава е до некаде, не велам не ама знаете некои луѓе стануваат одбивни со самата препотенција и самовоздигнување.
    Личности очајни за внимание. Сакала као демек да пишува "under-cover" ама и се засвиѓала популарноста и име и презиме. Мислам..

    Почитувам луѓе кои сакаат да направат нешто со себе, се борат да напредуваат со талентот ама нејзиново ми е воздигнување до небо и назад. Прочитав онака, поголем дел од нејзините цитати или споменарки како и да се рачунат и го делам мислењето со повеќето од вас.

    Ама сите сме тука љубоморни, без живот и не сме постигнале ништо во живот. Кои сме ние да коментираме. И после на статуси ќе се пишува како "се додека привлекуваш внимание добро е, значи вредиш" итн итн.
     
    На Shmizzla, richgirl998 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Белешките на Лајла Грејс

    Марија јаневска (А.Каренина)
    Нема смајли што може да опише како се чувствувам во моментов!
     
    На Shmizzla, Neytiri, Name и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Белешките на Лајла Грејс

    Ако си уметник или се сметаш за таков, треба да ја имаш доблеста и понизноста да прифатиш сечие мислење и КОНСТРУКТИВНА КРИТИКА.
    Веројатно јасно и` е и на Лајла и на Лешко дека не е можно да им се допаѓаш на сите... нели?
    Мислам стварно... не може да им се допаѓаш на СИТЕ. :^)
    Некој ќе те возвишува, некој ќе те плука, помири се, ако ти знаеш колку вредиш не криј се таму позади глупави Хелоу кити пенкалца со розева пердувка и не напаѓај одма со акнување скрин шот од нечие мислење на ФБ бе... демек види ме колку сум моќен, ми се може.
    Тоа е... така ТИПИЧНА женска особина. :|

    Уметникот не се брецнува така лесно...
     
    На Neytiri, SexiLy, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Белешките на Лајла Грејс

    Реално, дотичнава не ги заслужува сите овие страници испишани за нејзиниот лик и дело, ама морав да го споделам и моето мислење тука.
    Не ми е јасно зошто некои луѓе се толку препотентни и неможат да поднесат една конструктивна критика. Девојката не ја бива, пишува текстови кои можат да им се допаднат само на амеби. Досадна тематика, испреплетена со пцовки, омаловажување и издигнување на сопственото его. Инспирација сигурно пронаоѓа во песните на Карлеуша зашто некако ми се слични барем од она што можев да го прочитам.
    Жалното е што има огромен број на фанови кои ја следат и се трескаат од под заради нејзините текстови. Мене лично не ми смета она, ниту пак нејзините 2-3 едвај склопени срцепарателни реченици. Мене само ми е чудно како на толку луѓе може да им се допаѓа нешто толку просто и бесмислено.
    И баш и е гајле за сите негативни коментари кога очигледно има маса на луѓе кои што ја читаат и издигнуваат. Само што не секогаш е битен квантитетот на читателите туку и квалитетот. Без навреда ама сите оние што се трескаат по неа ми се или деца у пубертет или дрољи на кои омилено четиво им е од типот на Пауло Коељо и Лајла Грејс. За жалење се и она и нејзините следбеници.
     
    На Shmizzla и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Леле можам да замислам каков бес ќе ја фати кога ќе види дека темата не е веќе наменета само за неа, туку и за на неа сличните (колку “ненавредливо“ звучи тој дел од насловот :D- ми се допаѓа :D ) и дека не е веќе во категоријата Литература туку во Слободно време, ма има да си го скрши пенкалцето со розево пердувче од нервоза ;( .
     
    На crazylady, Shmizzla, Neytiri и 16 други им се допаѓа ова.