1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Размерите се тие заради фејсбук ама читателите/љубителите?
    Се и сешто се споделува на фб ама ние сме тие што селектираме што сакаме да читаме а што не.
    Сепак врти сучи до интелектот е и до тоа колку чита нашата младина и што чита.
    Не може да направи споредба за што е добро а што не кога сите читаат кратка содржина на класиците и еден немаат прочитано, камоли половина. Затоа Лајла им е врв. А оние теткине(со извинение) , тие некој да ми ги објасни што на 40+ Лајла ја воспеваат.

    Во мое време мојата професорка се противеше што сите ние ги имавме прочитано Хари Потер книгите и не убедуваше дека тоа е кич летература. Тогаш оваа сега не можам да замислам што е ако Хари Потер било кич.
     
    На theowndemon, Shmizzla, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    А да ми си жива и здрава.

    Еве ова се поврзува со она што го велел професорот на @Cka (Кажи ми што читаш и ќе ти кажам каков си).
    Многу нормално дека ако се дрзнуваш да се наречеш читател и љубител на пишаниот збор само затоа што ја сместуваш дотичнава во ЛИТЕРАТУРА (да се разбереме, јас не сум мераклија на чик-лит, иако знам да прочитам такво нешто одвреме-навреме колку да го одморам мозокот, ама ова ни во чик-лит не спаѓа; таму бар пописмено се изразуваат, ако не друго), некој со поголеми знаења од тебе во оваа област ќе те оцени како површен и недоделкан.

    За мене оние кои и‘ се восхитуваат (не велам оние кои ја читаат затоа што секој може да земе и да ја чита и да си фаќа сеир, или сам-свој-лектор да си изиграва поправајќи и‘ ја книгата со молив) се недоделкани.
    Пред неколку дена гледам на вести некој прилог за книгите и интернетот (не се ни сеќавам како беше точно), и имаше штанд од некоја издавачка куќа. Анкетираат случајни минувачи или посетители на штандот и ми излегува во кадар млада жена со дете в раце и вели „Па, ја читам Лајла...“ и сменав канал.
    Толку.
     
    На ivancekitty, De-lovely, Shmizzla и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    Писалтека од Италија Shelly која после раскинувањето со првиот маж го напишала следниов текст:
    п.с во тоа време на иста воздраст била со Лајла и останатите наши писателки.

    Shelly:
    Мир, Мир- тој не е мртов,ниту спие
    Тој е полу заспан од сонот на животот
    Како и ние,изгубени во бурни визии, остануваме со него.
    Со пантомими од непрофитабилен раздор,
    и во луд транс,вадење на сопствената утроба со сопствениот духовен нож.
    Неранливи-тврдиме ние.
    Како тела во мртвовечница- уплашени и тажни.
    Ладни надежи се леат во нас како црви во глина.
    Единствениот останува, многуте се менуваат и поминуваат.
    Светлината на рајот сјае, сенките на земјата летаат.
    Имаат бели тргови од светлината на вечноста.
    Додека смертта не исползи во тебе - почивај.
    Сите сме нешта кои калта ги бара!
    Пливај и пратиги сенките во реката кадешто сите бегаат.

    Лајла:
    Згρешив што ти веρував. Сто пати вечеρва си повтоρив. Виното ме теρа да бидам исκρена и дρсκа со себе си. Згρешив. Постојано ми се мота во глава тој ладен бездушен поглед κога ти станува сеедно. Не ти го можам тој поглед, жими се. Не го заслужив. Не ти го можам тој пρазен и блутκав изρаз на лицето κога ρешаваш деκа е вρеме да ме оставиш и палиш нова цигаρа. Не ми се јасни тие глупави игρи. Не ми е јасна твојата намеρа да ми го наполниш сρцето со пρазни лаги κаκо балон и наеднаш да го дупнеш.

    Понекогаш посакувам да им го имам мозокот на тие што ја читаат Лајлица....
     
    На Cinderfakinrella, Вереничка, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  4. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    76.275
    Пол:
    Женски
    Кај Лајла мора секогаш да има вино и цигари ако нема тоа текстот не и е целосен хахахаха...Ја вакви текстови пишував на 12 години.
     
    На Cinderfakinrella, Вереничка, ivancekitty и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    81.657
    Пол:
    Женски
    И чоколадо со малини. Мислам, соу фенсеј, нема што.
     
    На Cinderfakinrella, Вереничка, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    @macka91 хахаха и ја во лексиконите кога ми раскина првиот дечко заради што незнаев да се бакнувам и баш имав напишано ''никогаш нема да го заборам неговиот поглед кога ми раскинуваше'' хахахахаха @Mishela и ја бев соу фенсеј имав напишано дека личам на Бритни Спирс , Лајла нека јаде чоколади ;)

    Него прочитав кај една друга ваква писателка Жива меѓу Мртвите нешто у фазон како тој и раскинал, па таа почнала да спие со разни дечковци, па на крај ја чувстувала само иглата од инфузијата,а не на крај медицинската сестра рекла ''кутро девојче неможе никаде да излезе само до градината на лудницава'' и што е најтрагично мајка и и имаше ставено лајк :^) наместо да и побара стручна помош таа лајкова на текстови кадешто ќерка и објаснува како завршила у токсикологија. Патетични трагедии.
     
    На ivancekitty, theowndemon, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Јас лично не ја следам на фб Лајла, ја следев ама и тргнев фолов. Глупи ми се текстовине, во нив нема ништо кое ќе ми влезе во психата ќе ме тера да размислувам и размислуваме се повеќе и повеќе да се пронаоѓам. Не би дала јас лично ни 50 денари за таа книга а не па 250.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Некој збореше дека некои луѓе се пронаоѓале во нејзините текстови, дека сепак кажувала вистински работи од секојдневието кои на секој му се случиле и слично па добив желба да одговорам или барем да се обидам да одговорам од мој аспект, а верувам и од аспектот на многу други луѓе кои и немора да се посебно начитани и образовани туку едноставно свесни луѓе.
    Прво морам да прашам нешто, зошто толку многу сакате да читате работи од секојдневието? Зошто ви е интересно нешто што ете да речеме секојдневно се случува...? Зошто имате потреба да го прочитате и да си го потврдите тоа што секојдневно се случува? Не ви е тоа досадно? Не сакате да читате за работи кои се невозможни, недостижни, нереални, толку ви е поинтересна секојдневната рутина?

    Во ред, ајде сега да напишам на кратко која категорија на луѓе може да се пронајде во нејзините белешки:
    - почитувачите и верните слушатели на турбофолк музиката
    - испозаљубени невоспитани дечишта
    - луѓе кои не ги познаваат вистинските вредности во животот, немаат почит спрема останатите луѓе и односите со нив во било која форма, најчесто се асоцијални, ќе фатат дечко, тој ќе им раскине па сега им е крив цел свет и среќа тука се нашла книгичка од ваков тип за да си се утешат дека не се едниствени на кои тоа им се случило и дека сепак они не се криви за ништо, околината и дечкото и сите девојки кои го погледнале се виновни!
    - девојки со ниска самодоверба, им треба Лајла за да ги убеди дека сегашната на бившиот е мизерија, а тој изгубил кукла (ха ха ха)
    - жени во позрели години кои ги акнал втор пубертет
    - жени во позрели години кои не успеале баш најдобро да го преживеат пубертетот, најчесто се нерализирани и неоформени како жени, едноставно уживаат во ваквите дела
    - луѓе кои немаат прочитано ништо паметно во животот, немаат основни познавања од литература и најверојатно после Зоки Поки ова им е втора книга што ја читаат
    - луѓе кои се палат на тоа да читаат актуелна книга, не е битно за што е и каква е, битно е нова и бум и најпродавана па дај да читнеме
    - сите роднини и пријатели на дотичната писателица, оти ако не ќе треба да ја слушаат како им плаче над глава, ги моли и форсира да ја купат и после ги напнува во извадоци: „а ова ти се допадна„ , „а кажи ова како ми текнало„ , „а за ова бе, сите ми викаат леле кај ти текна мацо ова е најјако„ , „а тебе кој ти е омилен цитат?„ .... да не си им у кожа...

    Сигурно има уште категории, мене овие ми текнаа, па бујрум да ја дополниме листата. Не за друго туку да бидеме на чисто кои се тие категории, тие 70.000 фанови. :*
     
    На Вереничка, UnordinaryOne, ivancekitty и 20 други им се допаѓа ова.
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    76.275
    Пол:
    Женски
    Најдобар опис до сега дефинитвно хахахахахахаххаха...
    - Имав еднаш пишано цитат од Спаркс и дотичната ми пиша во инбокс да сум ја потпишала нејзе затоа што нејзин бил цитатот.Не знаев дали да плачем или да се смеам. А 70% од текстовите и се украдени делови од некои книги, па и песни како на пример од Taylor Swift-I knew you were toruble почетокот и е преведен и напишала текст. Многу е тешко тоа да се направи стварно
     
    На CameliaMiller, theowndemon, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    -луѓе кои не ја знаат вредноста на книгата и убавината која може да ти ја овозможи.THE END
    леле па и низ блоговите кога ќе отворам и ќе прочитам ''писател/ка'' ми иде доброволно да се потурчам,бугазиризам,да станам србоманка да се преселам у пустец.
    Ништо чудно да се појави некоја Лајла алан по ;(
     
    Последна измена: 14 април 2015
  11. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    76.275
    Пол:
    Женски
    Супер е девојката што се труди ама нека не се нарекува себе си писател нека се нарече склопувач на повеќе цитати во еден текст хахахаха...Мене ме нервира што луѓево се топат во нејзините цитати и се пронаѓаат,а да прочитале некоја книга ќе виделе дека ги има истите реченици што ги користела она дека не се нејзини измислени.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    Океј то нека се топат, нека плачат, нека се тешат нели тие се оставени принцези а девојката на ангелот со ладен поглед е најголемата ороспија у град :?:

    Мене посебно ме нервира што се декларираат како пистател/ки...Не се сеќавам точно од која ''писателка'' беше текстот но у овој смисол беше: ''Јас сум биполарна исто како Хемингвеј овој тип на луѓе се створени за успех'' и потоа следуваше плачлив текст како со бишиот имала секс на хауба нормално со секојдневното прашање кое најчесто го користат дали се сеќаваш''.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.688
    Допаѓања:
    162.101
    На Offspring, CameliaMiller, Cvekjence и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.863
    Toj беше лут и небањат, а таа мусака правеше во кујната.
     
    На Shmizzla, Cinderfakinrella, Offspring и 19 други им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Пукнете бе, цури пувалски!
    Не е Лајлица, али да не ѝ правам реклама, пошто очигледно тоа е поентата.
    Еве ви поздрав, вие неписмени непочитувачки на уметноста.
    Не се вртам баш по фб да знам какви кукли, кралици и цурици имаат фан страни, ама ова ми излезе и ми падна ептен смешно вакво палење у стил љубоморне душе могу да га пуше ако човек има над 15 години, па да ви кажам право и заслужувате човек да ви се смее вака што се фурате.
    Може не сум ја читала темава доволно, али муабетов со курвите...втф?
    р.ѕ. Супер совет е да не читаш/манијачиш што не ти се допаѓа, али очигледно тежок за самоприменување.
    р.р.ѕ. Ако видиш, лошо ти е преведено името на блогот на англиски. :shake:
     
    На Hipica, Marossa, JustFun и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    хахахахахаха свака ти час, ме изнасмеа :clap::D:D:D:D
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    @calliope иако ти не сакаш да ја ирекламираш јас ќе го направам тоа као навредена скопјанка !
    Жива меѓу мртвите:

    - Скопјанките имаат интересен акцент, додека Битолчанките имаат интересен говор на тело.
    - Скопјанките имаат добар стил на облекување, додека пак Битолчанките имаат топ фигури и лични фаци.
    - Скопјанките имаат култура на моменти, додека пак Битолчанките ви покажуваат што е тоа култура во секој момент.
    - Скопјанките знаат како да ве одебат непристојно, додека пак Битолчанките го прават тоа на фин и културен начин.
    - Скопјанките знаат добро да се забавуваат на забави, Битолчанките се оние што ги прават забавите.
    - Скопјанките се убави со шминка, Битолчанките се убави секако.
    - Скопјанките се нафурани, Битолчанките ве прават да се чувствувате нафурани во нивно друштво.
    - Скопјанките знаат да пијат само мартини за фама, додека Битолчанките знаат да акнат две три пива на Широк Сокак без да се прават шмизли.
    - Скопјанките глумат лудило по балетанки замислувајќи дека се во Париз, Битолчанките се постојано на штикла бидејќи знаат дека се во Битола.
    - Скопјанките се обични убави шмизли, но да си Битолска пуфла е нешто посебно, гордост!


    немогу више РАСИЗАМ!
     
    На Cinderfakinrella и tessie им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    АКО НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА НЕ ЧИТАЈ ИЛИ ОСЛЕПИ!

    Wow, некој се изнервирал.
    Јас првпат слушам за блогеркава. Ќе имам со што да се забавувам вечерва :)
     
    На tessie, calliope и Hipster им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Не ве разбирам понекогаш велите дека секое мислење се почитувало, а потоа се собирате меѓу себно и скокате ко риби во плитка вода да се обидете да го нападнете мислителот и според вас кој не се пронаоѓал дрн дрн? Ама според вас на форум. Верувам дека надвор од него секој си има друго скриено мислење.
    Ај пак нападнете ме оти не се согласувате или не ви одговара моето мислење.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми падна во очи и си велам зарем е можно?

    Девојко која и да си, ти имаш сериозен проблем со самодоверба, со лична (не)култура, со изразување и со сФе!
    Заради еден негативен коментар толку навреди, а замислете некој да и напишеше издржана долга критика, може ќе не најде по IP адреса и не знам што ќе прави.
    Пораснете и научете се да прифаќате критики, мислам срам ми е што сум женско покрај толку еднокеточни амеби од овој тип. А многу се.
     
    На sparklie, sweet-cherry, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.