1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    „И повторно – стана, се нашминка, ги облече високите потпетици и беше онаа старата. Без чувства, без емоции, без минато, без нивната приказна.„
    ,,И тогаш бев заљубена, заслепена. Љубев и мислев сиот свет ќе го променам. Ќе го променам и него и неговата љубов, па ќе живеевме во бајка. Но денес, денес солзите ја залечија болката и ме направија мудра – денес се менувам себе си.
    И знам дека рекол дека ме изгубил, но не, тој не знае – изгубеното е само она од кое сме се одрекле.”

    омилени ми се :$
     
  2. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    немам коментар стварно преубаво пишува
    има еден цитат/текст Скопје е мал град преубав и е неможав да го најдам да го постирам
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^Туу, каква штета! Ај те молам најди го и постирај го! :wasntme:
     
    На CameliaMiller, tanjabela, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Зошто мислам дека сите цитати и текстови и се крадени ? :?: :?: :?: Од други книги? :?:
     
    На Shmizzla и richgirl998 им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.726
    Пол:
    Женски
    пред некое време читав членки од фемина и стварно се изненадив :!: ама позитивно.
    А оваа појма си нема од пишување. Незнам што се замислува, и 11 годишно девојче (на пример) поубави работи ќе напише наместо таа :wasntme:
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Лешоски пред некој ден си имаше направено принт скрин и кога ќе види човек :o Не-знам-колку-ти-таму барања за пријателство, три пати повеќе пораки во инбокс, па ово, па оно.... пу бре, јаз‘к.
    Арно му имаше една коментар оставено attention whore male version.

    Дрш!
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Феноменот наречен Дарко Лешоски, си пати предосеќам од вредноста на вистинската поезија и вистинска уметност, па му се рефлектира тоа врз ова неговото ѓубре што го нуди, со уметничка вредност еднаква на нула. А народов у последно време е на поразително ниско ниво на културна издигнатост и писменост, и само чекаат да се појави некој како овие самопрогласениве интелектуалци(како опасно звучи тоа) и да пишува ствари со нормално свој потпис на крај, макар пишале дека ќе идат да серат, ама пошто е тоа напишано со умрсени зборови и неразбирлив фонд на зборови и фрази и за самиот автор, другиве мислат дека врвот во уметноста и поезијата е конечно достигнат!

    Пред некој ден се наканив и седнав да ја изгледам емисијата кога гостуваше во Пулс со Ана (прво си помислив, еј зарем толкава слава достигнал за да го викне Ана кај неа во емисија, кај бев јас до сега,на кое уво спиев), и едино што ми стана чисто јасно е дека е многу лош соговорник, сака да ги умрсува речениците, лошо игра со зборови и според мене има иритирачка дикција, се препотив додека разврзуваше за животни прашања, мислам дека ниту он самиот не се сфати.

    Прво мислев дека не го сфаќам него како човек, како поединец, настрана од уметничките или било какви маргини, ама сега скопчав дека не ги сфаќам едино оние што слепо го фаворизираат и него, и сите останати од негов тип, као Лајличка на пример. Ми се чини и да напише апсолутно глупа реченица, бесмислена, со лоша игра на зборови, несфатлива за човештвото, :D он пак ќе биде и лајкуван, и споделуван и коментиран по мреживе, само затоа што ќе има секогаш луѓе што би радо у денот да прочитаат некоја слика со 2 реченици на неа, од кои 1/3 е нели потписот на крај мислиш белосветска мудрост е напишана или евентуално кинеска стара поговорка, него ли една книга у месецот.

    Јас инаку личам на Севе(Севе мене ми е убава иначе), пошто слушнав некој бил македонскиот Џони Деп...


    И као за добро утро, Лајлица ви спремила нешто.
    [​IMG]

    О, неписменех!
    Се додека мешате кој со кои, и не почнете да разликувате кое е за еднина, кое е за множина, е вака ќе биде... Кои знае што е следно, о, вие богови на фејсбук и лајковите!


    Не, не, значи се подмочкувам кога ќе го видам името на крај, доле у ќош.
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Анабела, форум Фемина, лето Господово 2013.
    Чао!!!!!!
     
    На Shmizzla, calliope, Neytiri и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Заштооо зашто заштооо :@ , требало ова во спојлер да оди со напомена да не го читаат со слабо срце и премногу осеќајни, а јас па дури немав ни палома при рака, срам да ви е, безосеќајни низаедни

    Отидов да свирам серенади
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, Shmizzla, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Кој нарцис е типкава не ми се верува :^) Тоа што го пишува е многу мизерно. Чудно за девојка која е 20+ да пишува вакви глупости на квадрат. Гледам многу и се восхитуваат и ги објавуваат нејзините цитатите или што и да се. Има некои што ме погодуваат до срце, но многу малце се. 95 % од цитатите што ги има пишувано го достигнуваат врвот на глупавоста |(

    For example:

    Зар е могуче?! Е ова не, не, не знам веќе!! Ма преку такво од неа више! Преку такво!! И Чао ли ќе го узурпира сега? А овие па манијациве што се заглеале, девојче ли не виделе? Значи, не ми се верува! Едно кафе чоек да не може на раат да испие! Сегде ли ќе ја глеам? Боже сачувај! Нека ми се мавне више од животот, да продужам понатаму!!! Келнер дај сметка!!!

    No comment :clap: :envy:
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Веќе одамна се изминати времињата кога преовладуваа квалитетни блогови, испишани со искрени исповеди во форма на проза или поезија. Тоа не беа некакви очајни обиди да се твори и создава, туку чисти чувства пренесени низ зборови. Во тоа време пишуваа поинакви генерации кои веќе не се тинејџери, но во нивните приказни за љубовта, болката и среќата се пронаоѓаа многу млади читатели кои минуваа низ најранливите години. Меѓу кои и јас.

    Како вљубеничка во уметноста која пишува поезија, би рекла дека секој има право да се изразува на свој начин. Некој тоа го прави преку пишување, некој преку сликање, некој преку фотографирање. Никој нема право да те спречи во она што го создаваш, сé додека истото произлегува од твојата душа и е отсликување на твоите внатрешни чувства. Во природата на човечкото битие е да ги пренесе тие емоции и доживувања. А не секој може тоа да го стори преку разговор.

    Вистинската поезија и проза допира до секого, затоа што е производ на нечии вистински чувства предизвикани од лични или туѓи приказни. Тоа е оној момент на наплив од ненадејна инспирација, кога седнуваш пред тастатура или лист хартија и почнуваш брзо да пишуваш затоа ти се чини дека ќе ти избегаат мислите. Едноставно, не размислуваш. Само пишуваш.
    Јас не пишувам за да бидам лајкувана, дури ни за да бидам читана.
    Затоа дел од песните ги чувам само за себе.

    Нема да пишувам за тоа дали Лајла Грејс е нарцисоидна по природа, самобендисана и желна за внимание. А ако се обидам да направам барем површна психолошка анализа врз нејзината личност, лесно ќе можам да заклучам едно - не пишува од душа.
    Затоа, нека ги продава нејзините приказни на некој кој никогаш не го читал Неруда.
    А за таквите - еве еден мал патоказ кон поезија која не бара ништо за возврат.
     
    На CameliaMiller, Dream-Girl, Shmizzla и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Само треба да се пролиста темата Што би му кажале..и да се прочитаат текстовите на девојките во крајно емотивна состојба(одредени),лесно е да се согледа разликата.

    А Лајла,не ги преточува зборовите од срце ,лупа некои жаргонски игрази.
    Не допираш така до оние кои се барем малку упатени во поезијата-прозата.
    А добро ќе беше и да ги знае правилата на својот мајчин јазик.
     
    На Shmizzla, glosipgirl, cheetah.girl и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Лајла ми е тип на човек убеден дека (скоро) совршено го владее македонскиот јазик, а од тие нејзини искачања, муки, цури и слични гумени бонбони човек треба да се отепа од барање да најде нешто од македонската литературна лексика.Најново од Лешко. И од мобилен пишува човекот, да не се забаи за негде случајно.
    Ааааааааа, мјау.мјау... Па јас сум воодушевена од овој богат фонд на зборови. Ги испотрошил сите зборови на планетава, па создава нови, чиниш неологизми, наследник на Гане Тодоровски. Може следно ќе ни приложува и аудио-материјали, за поубаво да ни доловува што сака да каже.
    Што бре тебе толку те израдува што двеве девојки биле среќни. Или те израдува долгоногата што и‘ се кренал фустанот и и‘ се виделе гаќите. Една тематика за поезија... просто њамам думИ.
    Плус, ми се плаче кога ќе видам дека 40годишни жени се испревозбудуваат на неговиот лик и дело. Мајка ми на ова само би се изнасмеала, ама ја поштедувам.

    Него, пред некој ден налетав на Фросина. Воглавно туѓи цитати сум забележала дека објавува (со нагласен автор).
    Следбеничка ли ќе биде на озлогласениве? :D
     

    Прикачени фајлови:

    На M.a.r.i.l.y.n, glosipgirl, tanjabela и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    :o Цела тема за Лајла Грејс и нејзи сличните, а јас не знам?

    Ако правиме муабет за Лајла, Лајла нема 3 грама мозок. Односно, да преформулирам, Лајла можеби има 3 грама мозок, но нејзините фанови дефинитивно немаат. И таквите луѓе ја заслужуваат Лајла Грејс, со целиот нејзин благ плагијат асортиман на вербални бљувотини.
    Марија Јанеска од другата страна, бивша Лајла Грејс, е многу убава девојка која што за жал мисли дека е дел од редок феномен кој сеуште не е дефинитивно утврдено дека постои, а тоа е убава девојка со мозок. Значи да, убава си е, но, нејзините текстови не се. Можеби се и убави, но не се длабоки, паметни, емотивни, барем не до тој степен колку што најверојатно таа си мисли. Во најмала рака, патетика на хартија. И тоа патетика која што поминува кај поголемиот дел од женската популација, што исто така кажува за тоа колку се и тие патетични безмозочни ветрушки со промаја низ ушите.

    А овој Дарко Лешоски/Лешкоски не знам точно, е тој истиот педерот нешто со геј парада нешто каменуван нешто, знам дека не ме разбирате ама пробајте да енкриптирате (гледате, и јас сум исто толку мистериозна како Лајла) бидејќи не се сеќавам што точно се случи со еден македонски педер а ме интересира дали е тој. Инаку немаше да знам кој е да не беше темава, а сега кога дознав, им посакувам многу среќа со Лајла, дефинитивно си се заслужуваат, и ако случајно навистина тој е педер, многу ми е жал што не се заедно и се надевам ќе се инспирираат од трагедијата за нивното небидување и ќе напишат некој срцепарателен пасус.

    А гледам по темава, има и некоја нова Текстовите на Теса Пирс? Ах Дарко, имаш избор!

    Значи Белешките на Лајла Грејс, Текстовите на Теса Пирс, Мекиците од Стража, до кога вака Македонијо?
     
    На glosipgirl, Sara123, Bescheiden и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не сте ја видела Лајла без шминка, не е ништо посебно толку убава колку што се замислува.
    Али жени, ќе се нашминкаме, стокмиме и мислиме дека Doutzen Kroes сме.
    Нема врска убавината и јас да не ја тупам ко баба некоја, у главата е битно што има у главата, што ни викаше еден професор у основно, ај да видиме дали главата само за фризури и за шминки ви служи.
    На оваа само за тоа и служи, докажано.

    Али џабе збориме, има тајфа верни обожаватели и лајкувачи, книга спрема цурата ќе не забезекне со некоја мудрост, а верувам и цената нема да биде така фина и приступачна, али тоа ти е, знае што пали кај наш народ па ќе го искешира тоа, што да кажам, Ким Кардашијан два, не ја бива али сите ја зборат, исто со оваа.
     
    На Shmizzla, richgirl998, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Еднаш почнав да читам еден нејзин текст, по препорака на една пријателка која е воодушевена од неа :^) и со сила го дочитав. Почнав да читам друг, овој не го ни дочитав. Да читам пак нешто друго нејзино - Не благодарам! Толку, завршив со неа.
     
    На Shmizzla и richgirl998 им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Минус и плус ко .. незнам таму што . У мом свету ти си коров а ја хибискус :D
    Магазин бе :lol:
     
    На Shmizzla, Bescheiden, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Зашто темава не е во НАСМЕВКА ај модератори ќе ве молам па јас се згазив од смеење читајќи ве :lol: .

    Неам некој нагон на повракање на типкава некогаш знае да избаци добра реченица , две или три . Кога си го откри идентитетот ја побарав на фејсбук моја оцена не различна од другите .
    Ладна , самобендисана нафурана со самодоверба многу повеќе од нормалната но пред се ОСАМЕНА . Не знам таков впечаток ми дава , има некоја тага во неа . Човек што не се смее , за мене не е човек а бар тогаш видов 248549 слики се во некои филм пози . Млада , убава девојка а толку депримирачки , срцепарателни белешки . Малку енергија и волја за живот побогу . И се бројат на прсти позитивните текстови . Пак велам има по некој добар текст , цитат или што и да е . Преценета е тоа е најсигурно ...
    Ми го крши филмот кога ќе налетам на некоја глупост од искомбинирани зборчиња влепнати на слика :( . Почетните текстови мнооогу подобри и снема идеи или популарноста си го зема данокот ?! :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Еј оваа Фросина, каде каде е покреативна од овие, гледате името у ќош доле со италик си го напишала. Бродвеј, светла, екшн плиЗ!

    [​IMG]
     
    На Shmizzla, Sara123, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Хипстер убава е бе да не и го земаме и тоа сега :D Да не претерувам не го познавам девојчето видов некоја слика и стварно е убава , може си има и други квалитети , ама за поезија и проза не !
    Ова нејзините се споменарки ,само тоа и задоцнет пуберт ...
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Мими ја знаеш поговорката знам те пушко кад си пиштољ била?
    Е така Хипстер ја знае дотичнава лично и персонално уште кога беше пиштолче на вода. Не викам дека е грда, апсолутно не е, ама не е до толку лепотица како што ја направија некои(самата поише). Али и давам рака за тоа како знае да се нашминка и среди, секоја чест.
    И така освен името според мене нема ништо ептен убаво :D

    Mене оваа новава Фороска, ми е копи пасте на Лајлица, ќе падне сеа јак кетфајт, оваа ќе се накостреши со тоа авторски права биче интересантно, слушајте ме.
    Е ова пример, да плачам или да се смеам, не знам.
    [​IMG]
    М?
    Заклучок- малку простичка нација сме си, неначитана и лесно запалива со ефтини зборови и дела.
    Господ нека ни е напомош.
     
    На Neytiri, Buttterfly, Domino и 8 други им се допаѓа ова.