1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Метафора е ова за секс, знам јас :D :D :D

    Ај направете споредба.
    - Quentin Scribbler
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Работава со дотичниве веќе излегува од контрола.
    Порано беа смешни а сега од оваа Фросинка малце и страв ме фаќа со тие текстови којзнае што и се мота по глава.
    А гледам дека најново нешто на дотичнава Лајла и е слика некоја од уфилмани жени и на неа демек драматичен текст. Два три реда напишани без врска колку да си ја одржува популарноста помеѓу оние празни глави кои и се верни следачи.
    Жално.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Фросина ми е пријателка.
    Од кај и текна,појма неам. :D
    Идевме заедно по литературни читања на времето. :D :D :D
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ајј како не сум налетала на темава порано. :o
    Незнам колкава е типкава но трогателнава поезија, проза или што и да е ми изгледаат ко да ги пишувала некоја седмоодделенка.
    И да, некаде низ темава прочитав дека изгледало ко мислите да и се крадени што донекаде мислам дека е точно бидејќи мене ми делува ко само да ги извртувала зборовите. :wasntme:
    Значи ништо ново освен уништени реченици.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.210
    Пол:
    Женски
    "Многу ми се свиѓа,ама не се сложувавме он е ебач у хороскоп а ја бубалче" :lol: јака мисла нема што :D и е гајле на девојкава дали ги врти исти 2-3 реченици пак си има свои фанови,гледам бурно и книга пишува :D
     
    На Shmizzla и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Прости им Господе,не знаат што зборуваат,т.е пишуваат..

    Инаку се пресмеав за таканаречените белешки,посебно за кондурата :D
    Што ли сакаше да каже авторот се прашувам :?:
     

    Прикачени фајлови:

  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам за Фросина не знам која е,ништо немам прочитано од неа и затоа не би ја коментирала!
    Што се однесува до Лајла,која е поентата да измислуваш псевдоним под кој ке се сокрива твојата права личност а искачаш по телевизии даваш интервјуа со твоето целосно име и презиме??? Не сфаќам ама ич! Пуста желба да ме има на тв...
    Или премногу посветено време на глеање сексот и градот!
    Тоа што го пишува ми е толку без длабочина,најобично,веќе видено и напишано во мн.книги..жалам ама ја не гледам тука оригиналност или креативност а уште помалку подлога за пишување на книга!
     
    На Shmizzla и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Може темава и во насмевки да се смести.
    Всушност и не, дури е и тажно...

    Патем, последниов текст кој ми излезе на фејсбук, слабо е крадено од уводниот дел на Ride на Лана. Оф, боже. |(
    http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com/2013/05/30/цитати-душа-на-камелеон-јаневска-м/
     
    На Ицолгудбејбе и Hipster им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.726
    Пол:
    Женски
  10. pticaitrica

    pticaitrica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ги има многу вакви девојчиња што си направија блогови и страни на фб и си ги постираат текстовите. Не мислам ништо лошо за нив, но ете не треба толку многу да летаат во облаци, сепак не се сеуште Шери Аргов, ни па Адел Паркс.. Како и да е, еве најдов уште една нова е.. мислам дека е океј девојчето (секако,ако е девојче) само што уште не е прославена..

    https://www.facebook.com/pages/%D0%9D%D ... 3948121840
     
  11. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Криво ми е што вакви мозоци кои се на долната линија на просекот денес се протнуваат во општеството. Ама белки ќе се смени нешто во блиска иднина. Штом на форуми постојат вакви теми каде се исмејуваат (а богами вакви текстови се за смеење) значи дел од младината е сепак освестен и има надеж.

    А и уште нешто, поназад сте пишувале за оваа Лајла дека е убава. Што толку, мене ми е ептен просечна и на изглед, ништо посебно. Малку и накај грдичка ми оди на некои слики :D ОК, не е убаво оговарање за физички изглед, не е грда да се разбереме, само просечна... проблемот е што наметнува потпросечни текстови како квалитет.
     
    На tessie, Hipster и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Кај беа бе овие јас у седмо одделение блог кога имав, а? :rofl:
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.114
    Допаѓања:
    81.614
    Пол:
    Женски
    Ваистина, ваистина, нема некоја којзнае каква лепота како што трубат, ако ја сретнете некаде на улица сигурно нема ни да ви привлече внимание - барем јас не ја ни познав, ми беше просечна, обична девојка, ама што знае да се нашминка и да се замаскира - знае.
    Многу ми е патетична, посебно со оние сликите шврцнати од весникот - не знам дали ја видовте онаа кога весникот е ставен на биро, а во позадина се гледат книгите Самрак ... JASNO MIJE SESRO, ODI CITKAJSI, SRCESI.
     
    На Shmizzla и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Остај што се гледаат исечоците од весник, ама си ги има и урамено на ѕид у соба и стојат за да си се восхитува. Рагледај и слики да видиш :D Не ја можам значи :D
     
    На Shmizzla, tanjabela и tessie им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.114
    Допаѓања:
    81.614
    Пол:
    Женски
    :D
    Набрзина разлистав, ама дефинитивно ќе се задлабочам и ќе си ја чувам на ум опцијава кога ќе ми фали некој виц за да се насмеам така фино лепо. :wasntme:
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.109
    Пол:
    Женски
    Читнав сега, онака на кратко.
    За убавината нејзина незнам , ја видов само на 1 слика...сигурно со фотошоп ама како и да е симпатична е.
    За пишувањето како блогерка, колумнистка и тн. пред се треба добро да го владее македонскиот јазик. Пишува како обичен муабет да прави или како на форумов да дискутира буквално :D .
    Она пишувала и нагласувала некои битни моменти со србизми и слично, значи девојката не е способна да го долови моментот на македонски.
    Штета што вакви луѓе успеваат, додека талентираните се скриени во сенка.
    Се надевам дека талентираните луѓе ќе почнат да се пробиваат како неа (и сигурна сум дека ќе постигнам за многу брзо време многу повеќе од што постигнала она) бидејќи во вакви случаеви талентот е пресуден.
     
    На Shmizzla, Ketrin.Moon и Name им се допаѓа ова.
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Мала критика за вас - гледам нешто се коментирало за физичката убавина..А што па тоа има врска стварно не разбирам. Користела фотошоп, незнам ова незнам она..а ние па сите поштените, со инстаграми и тон ефекти на сликите :D
    Девојката за убава, убава е, но не разбирам како е тоа поврзано во целиов муабет.. Нејсе..

    Layla Grace was pseudonym for the macedonian author Marija Janevska that used to write under-cover. She considered that writing under the unknown will most likely be graded objectively.

    Чеј..контрадикторни сме сега.. Ами што тогаш си го открила името не ми е јасно? Знам многумина од вас истово го пишаа.. ама зашто побогу тогаш пишуваш под псевдоним кога името ти се знае?
    Што не биде белешките на Марија Јаневска... или така е модерно сега..

    Потполно се согласувам со вас, текстовите и се толку празни и без душа, патетики без потреба..ептеен ретко нешто да се најде добро напишано.
    Али ај, порано, пред некое време барем пишуваше подолги текстови...се помачувала во чукање на тастатурата ако ништо друго...така беше подобро...а сега ќе бапне некоја апстракт слика, и ќе залепи 2 реда текст..и тоа е тоа....
    А врвот е што како што видов, правела грешки со "koj" и "кои" ... страшно
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Па сега не знам за ВАС и за вашите ефекти, јас искоментирав конкретно за неа :D . Во поглед на убавината мене ми е сосема просечна, но точно дека нема што да се коментира тука, таа не се декларирала како модел или манекенка за да ја анализираме физички. Ама некој го спомнал и тоа, па да не се остане покусо. Иако не би требало да се спомнува понатаму.

    А за тоа колку вистинските таленти полесно можат да се пробијат, не знам. Се надевам барем во блиска иднина повторно ќе биде така. Ама како што дошло време се да оди преку врски и саморекламирање, а никој не е заинтересиран за поддршка и поттикнување на млади вистински талентирани личности...

    Ах, и за ова од пред некоја страна
    [​IMG]
    Јас не ја следам, не ја читам девојкава, ама може некој да и’ објасни (зашто историја очигледно слабо) дека Македонија нема аристократија уште од доаѓањето на Турците? Добро, таа не се сеќава, пред пет века беше...
    A колку убаво би звучела една титула до моето име, штета што за разлика од некои мене не ми исчадил паметот па се уште ја гледам реалноста таква каква што е, сива, без благородничка традиција во големото Скопје, проследена со фактот дека сите наши предци потекнуваат од планина, кој порано, кој подоцна симнат во градовите ;( Мене се’ ми е не сиво... црно откако живеам со тоа сознание, а Лајла и нејзе сличните се’ уште летаат во облаци. Не е фер.

    Оној Лешоски пак, нешто имам читнато... ептен без врска. Ама за тоа друг пат ако имам време и волја. А и вака сега двајцата одеднаш, многу бесмислици ќе ми дојдат одеднаш.

    Впрочем, јас не знам зошто воопшто им обрнуваме внимание кога нели сме свесни дека не го заслужуваат, темата нека остане исклучиво за нивните фанови и дури тогаш ќе нема ништо паметно да се прочита.
     
    На Danilela, Sara123 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  19. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Мене девојката ми е сосема симпатична и ми се допаѓаат нејзините белешки :) <3
     
  20. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Толку многу ми е антипатична баш поради нејзините белешки. Па тоа се нискоинтелегентни текстови. Убаво кажаа, потпросечни. Девојката нема капацитет за писател, али не сфаќа.
    Ќе кажам дека најдобро би било во најскоро време да престани да се бламира. :puke:
     
    На tanjabela, richgirl998, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.