Здраво дечки. Бидејќи гледам дека по форумов во неколку разни теми се има дискутирано за производи на Белина, мислам дека може тука да ги собираме сите прашања и дискусии околу нивните производи. Јас лично имам користено од 2 бренда, од Уртекрам тоникот за чистење на лице и дневната крема од скандинавска бреза (кои ги добив на поклон и така дознав за оваа марка) и уште неколку производи за лице од Конопка. Другите сеуште ги немам пробано.
Јас имам сигурно над 10 различни производи користено, од различни брендови, и сеуште некои ги користам. Од се сум во глобала задоволна. Последнста нарачка дури и поклонче добив, пилинг за тело.
Натура Сиберика ми се најубави гелови за туширање. Во аптеките во мојот град веќе ги нема, па гуглав и така испадна да налетам на сајтов. Пратката стигна броз, имаше поклонче внатре (бомба за када), и плус тестери. Ептен сум задоволна и ќе им се вратам сигурно. Производите се супер. Е сега, само гелови за туширање нарачав а од останатото ништо не сум пробала, ама тоа што го одбрав е .
Јас Конопка лани ги дознав од форумов, некоја членка го фалеше шампонот за против опаѓање. Не знам дали беше @koritsaki или можеби грешам. Инаку од Белина ги имам купено кремата и тоникот за мрсна кожа, мислам calming и balancing беа називите на линијата. Супер ми се погодија, особено од тоникот бев задоволна, а и кремата не беше тешка и не ми светнуваше лицето. А од Уртекрам буквално се би препорачала. Од нега за лице до нега за коса. И лосионот да го пробаш од Nordic Birch штом ти одговара тоникот, преубав е!!
Не , го немам користено тој шампон од Конопка , туку тој од Органик шоп инаку сакам да ги пробам и шампоните на Конопка
Јас го користам моментално шампонот против опаѓање од Конопка и рано е да кажам резултати , инаку убав е , не ја масти косата , не ја суши и дава волумен. Друго што сум задоволна е тоникот за сува кожа од Конопка , многу ми се допадна. Исто така кремата жолта од Конопка не ми одговара на мојата комбинирана кожа , остава масен траг некако и не ја чувствувам убаво ( дополнително и составот не и е нешто добар ) Од organic shop пилингот за тело со какао е одличен и гелот за туширање . И последно го пробав ролонот против потење и некако ме ми ја дава потребната заштита , мирисот е премногу слаб ( контректно тој зелениот со алое и портокал ).
Сакам да нарачам нешто но да ми кажите од кои производи за мрсна кожа сте задоволни, исто и за косава многу ми е оштетенa, се фарбам црвена.. Секој совет е добредојден?
@crazylady јас го купив маслово за оштетена и фарбана коса, се нанесува од скалпот па низ цела коса, чекаш 30 минути и се измиваш...сега не сум го пробала да видам дли врши работа, денес за прв пат ќе го пробам https://www.bellina.mk/p/540/restoring--n52-maslo-za-suva-farbana-i-oshtetena-kosa---30-ml За маски , доста ги фалат овие Oblepikha, ги има некоја пробано?
Заборавив да го спомнам интимниот гел од Натура Сиберика(розев) , ужасно чешање ми предизвикува , до сега ниту од Бекутан , ниту од ДМ Jessa интимните ми се нема случено тоа .. првиот пат кога го пробав ми се случи така но искрено си викам нема шанси органски е и пак му дадов втора шанса и пак истото ! Така да не го користав повеќе..
Sodium Coco-Sulfate има како сурфактант на втора позиција, што по мене е преагресивно за интимна регија (за гел за туширање или шампон за коса е супер). Не значи дека е лоша состојката или производот, но јас не би го користела од причина што може да предизвика такви несакани реакции како што си имала еве ти. Гледам од истата марка имаат пена и многу ми се допадна формулата: СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, COCAMIDOPROPYL BETAINE, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM WATER*, OENOTHERA BIENNIS OIL*, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, SPIRAEA ULMARIA EXTRACTʷʰ, FLAVOCETRARIA NIVALIS EXTRACTʷʰ*, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, LACTIC ACID, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, BENZOIC ACID, SORBIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE.
Јас од Natura Siberica од кавијар, дневната и ноќната крема сум задоволна. Немам проблеми со кожата, но лицето стакло чисто ми е од нив, а и тие минимални брчки што ги имав, се измазнети.
Јас го имам користено, заедно со тоникот исто за мрсна кожа, супер ми се погоди мене. Лесно се нанесува и се впива, нема тешка и многу мрсна структура и прекрасно мириса.
Нешто испод 300 ден. ако добро се сеќавам, не ме држи за збор, знам за двете не платив повеќе од 700 ден.
Од Белина најпрвин порачав шампон Urtekram од скандинавски бобинки како за проба, а после тоа уште неколку нарачки имам и секогаш ми праќаат некое поклонче. Шампоните Utrekram-бобинки и лаванда се прекрасни за сува коса. Кремата на Konopka ја порачав и јас заедно со серумот, добра е, ама мене ми светнуваше лицето, не многу, ама ја променив со една на Балеа по препорака тука на форумот. Сепак, зависи, на некој може ќе одговара. Не е тешка, се впива и убаво мириса. Геловите за туширање на Organic kitchen се исто супер, 2 имам пробано досега. Мицеларен лосион на Natura Siberica за мрсна и комбинирана кожа, убаво го чисти лицето, се осеќа свежо. Наредно за пробување: шампон Urtekram со кафеав шеќер, маска за фарбана коса од Konopka, лосион за тело од јагода на Planeta Organica.
Не сум ти одговорила за лицето.. и јас имам мрсна кожа , ги имам користено овие две креми на Натура сиберика https://www.bellina.mk/p/703/sophor...-za-mrsna-i-kombinirana-koza-so-spf-15--50-ml од истата линија има и ноќна крема , бев многу задоволна ама сега сум 30 години па ги сменив поради возраста ( овие креми се за 24+ ) сега ги користам исто од НС , Snow cladonia , тие се соодветни за возраста моја плус не ми го мастат лицето , ми одговараат и задоволна сум https://www.bellina.mk/p/698/snow-cladonia--dnevna-krema-za-lice-za-zategnuvanje-so-spf-15--50-ml Од НС исто го имам користено и лосионот https://www.bellina.mk/p/677/enriched-cleansing--anti-ageing-tonik-za-lice--200-ml и беше ок. А од пенава не бев задоволна, брзо ми се мастеше лицето од него , не го чувствував чисто по миењето https://www.bellina.mk/p/677/enriched-cleansing--anti-ageing-tonik-za-lice--200-ml Пилинзите од Планета органика некоја да не ги пробала? Слични ли се со тие на Органик шоп? Мислам тешко да се најде подобра замена со тие во големото пакување на Органик шоп
Девојката што ми ги подари производите од уртекрам, ја користи целата линија од нордиски бобинки и е многу задоволна. За сува и оштетена коса е, она исто се фарба и скоро секојдневно ја пегла косата. За лице ја имам испробано истата крема како eva993 од конопкас, https://www.bellina.mk/p/118/calming-krema-za-lice-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml и сум презадоволна. Кремата лесно се впиваше и не ми го мастеше додатно челото.
Ќе мпже да мо пратиш слика да видам како изгледаат бидејќи ги барав на белина страната по име , ги нема
Да не се имаат потрошено, па ги имаат тргнато од страната. По втор пат ги користам кремиве, траат околу два месеци и одлични се. *го имам и филерот за брчки со колаген, од истата линија, но го немам сеуште почнато да го користам, чекам да ми заврши стариот.