Белина козметика

Дискусија во 'Лице' започната од TMarijaT, 1 мај 2020.

  1. TMarijaT

    TMarijaT Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.

    Бидејќи гледам дека по форумов во неколку разни теми се има дискутирано за производи на Белина, мислам дека може тука да ги собираме сите прашања и дискусии околу нивните производи.

    Јас лично имам користено од 2 бренда, од Уртекрам тоникот за чистење на лице и дневната крема од скандинавска бреза (кои ги добив на поклон и така дознав за оваа марка) и уште неколку производи за лице од Конопка. Другите сеуште ги немам пробано.
     
    На crazylady, koritsaki и eva993 им се допаѓа ова.
  2. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Јас имам сигурно над 10 различни производи користено, од различни брендови, и сеуште некои ги користам.
    Од се сум во глобала задоволна.
    Последнста нарачка дури и поклонче добив, пилинг за тело.
     
    На crazylady, Aschenputtel и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.785
    Допаѓања:
    50.221
    Пол:
    Женски
    Натура Сиберика ми се најубави гелови за туширање. Во аптеките во мојот град веќе ги нема, па гуглав и така испадна да налетам на сајтов.
    Пратката стигна броз, имаше поклонче внатре (бомба за када), и плус тестери.
    Ептен сум задоволна и ќе им се вратам сигурно.

    Производите се супер. Е сега, само гелови за туширање нарачав а од останатото ништо не сум пробала, ама тоа што го одбрав е (y).
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Јас Конопка лани ги дознав од форумов, некоја членка го фалеше шампонот за против опаѓање. Не знам дали беше @koritsaki или можеби грешам. :)

    Инаку од Белина ги имам купено кремата и тоникот за мрсна кожа, мислам calming и balancing беа називите на линијата. Супер ми се погодија, особено од тоникот бев задоволна, а и кремата не беше тешка и не ми светнуваше лицето.

    А од Уртекрам буквално се би препорачала. Од нега за лице до нега за коса.:inlove: И лосионот да го пробаш од Nordic Birch штом ти одговара тоникот, преубав е!!
     
    На crazylady, koritsaki и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    73.598
    Пол:
    Женски

    Не , го немам користено тој шампон од Конопка , туку тој од Органик шоп :) инаку сакам да ги пробам и шампоните на Конопка :)
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beautys20

    beautys20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    4.537
    Пол:
    Женски
    Јас го користам моментално шампонот против опаѓање од Конопка и рано е да кажам резултати , инаку убав е , не ја масти косата , не ја суши и дава волумен.
    Друго што сум задоволна е тоникот за сува кожа од Конопка , многу ми се допадна.
    Исто така кремата жолта од Конопка не ми одговара на мојата комбинирана кожа , остава масен траг некако и не ја чувствувам убаво ( дополнително и составот не и е нешто добар )
    Од organic shop пилингот за тело со какао е одличен и гелот за туширање .
    И последно го пробав ролонот против потење и некако ме ми ја дава потребната заштита , мирисот е премногу слаб ( контректно тој зелениот со алое и портокал ).
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    7.614
    Сакам да нарачам нешто но да ми кажите од кои производи за мрсна кожа сте задоволни, исто и за косава многу ми е оштетенa, се фарбам црвена.. Секој совет е добредојден?
     
    На TMarijaT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    73.598
    Пол:
    Женски
    @crazylady јас го купив маслово за оштетена и фарбана коса, се нанесува од скалпот па низ цела коса, чекаш 30 минути и се измиваш...сега не сум го пробала да видам дли врши работа, денес за прв пат ќе го пробам
    https://www.bellina.mk/p/540/restoring--n52-maslo-za-suva-farbana-i-oshtetena-kosa---30-ml
    За маски , доста ги фалат овие Oblepikha, ги има некоја пробано?
    [​IMG]
     
    На MoreNa-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. beautys20

    beautys20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    4.537
    Пол:
    Женски
    Заборавив да го спомнам интимниот гел од Натура Сиберика(розев) , ужасно чешање ми предизвикува , до сега ниту од Бекутан , ниту од ДМ Jessa интимните ми се нема случено тоа .. првиот пат кога го пробав ми се случи така но искрено си викам нема шанси органски е и пак му дадов втора шанса и пак истото ! Така да не го користав повеќе..
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Sodium Coco-Sulfate има како сурфактант на втора позиција, што по мене е преагресивно за интимна регија (за гел за туширање или шампон за коса е супер). Не значи дека е лоша состојката или производот, но јас не би го користела од причина што може да предизвика такви несакани реакции како што си имала еве ти.

    Гледам од истата марка имаат пена и многу ми се допадна формулата:

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, COCAMIDOPROPYL BETAINE, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM WATER*, OENOTHERA BIENNIS OIL*, HESPERIS SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, SPIRAEA ULMARIA EXTRACTʷʰ, FLAVOCETRARIA NIVALIS EXTRACTʷʰ*, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERYL OLEATE, LACTIC ACID, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, BENZOIC ACID, SORBIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE.
     
    На beautys20 и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Јас од Natura Siberica од кавијар, дневната и ноќната крема сум задоволна.

    Немам проблеми со кожата, но лицето стакло чисто ми е од нив, а и тие минимални брчки што ги имав, се измазнети.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    7.614
    Дали го имаш користено овај крем за мрсна кожа? Screenshot_20200503_134454_com.facebook.orca.jpg [/QUOTE]
     
  13. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено, заедно со тоникот исто за мрсна кожа, супер ми се погоди мене. Лесно се нанесува и се впива, нема тешка и многу мрсна структура и прекрасно мириса. :)

    48514E33-D3BF-43FE-97CD-0F6D653875BF.jpeg
     
    На koritsaki и crazylady им се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    7.614
    Тоникот која цена е?
     
  15. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Нешто испод 300 ден. ако добро се сеќавам, не ме држи за збор, знам за двете не платив повеќе од 700 ден.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    6.452
    Од Белина најпрвин порачав шампон Urtekram од скандинавски бобинки како за проба, а после тоа уште неколку нарачки имам и секогаш ми праќаат некое поклонче.
    Шампоните Utrekram-бобинки и лаванда се прекрасни за сува коса.
    Кремата на Konopka ја порачав и јас заедно со серумот, добра е, ама мене ми светнуваше лицето, не многу, ама ја променив со една на Балеа по препорака тука на форумот. Сепак, зависи, на некој може ќе одговара. Не е тешка, се впива и убаво мириса.
    Геловите за туширање на Organic kitchen се исто супер, 2 имам пробано досега.
    Мицеларен лосион на Natura Siberica за мрсна и комбинирана кожа, убаво го чисти лицето, се осеќа свежо.
    Наредно за пробување: шампон Urtekram со кафеав шеќер, маска за фарбана коса од Konopka, лосион за тело од јагода на Planeta Organica.
     
    На crazylady, eva993 и beautys20 им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    73.598
    Пол:
    Женски
    Не сум ти одговорила за лицето.. :D и јас имам мрсна кожа , ги имам користено овие две креми на Натура сиберика https://www.bellina.mk/p/703/sophor...-za-mrsna-i-kombinirana-koza-so-spf-15--50-ml од истата линија има и ноќна крема , бев многу задоволна ама сега сум 30 години па ги сменив поради возраста ( овие креми се за 24+ )
    сега ги користам исто од НС , Snow cladonia , тие се соодветни за возраста моја плус не ми го мастат лицето , ми одговараат и задоволна сум
    https://www.bellina.mk/p/698/snow-cladonia--dnevna-krema-za-lice-za-zategnuvanje-so-spf-15--50-ml

    Од НС исто го имам користено и лосионот https://www.bellina.mk/p/677/enriched-cleansing--anti-ageing-tonik-za-lice--200-ml и беше ок. А од пенава не бев задоволна, брзо ми се мастеше лицето од него , не го чувствував чисто по миењето
    https://www.bellina.mk/p/677/enriched-cleansing--anti-ageing-tonik-za-lice--200-ml

    Пилинзите од Планета органика некоја да не ги пробала? Слични ли се со тие на Органик шоп? Мислам тешко да се најде подобра замена со тие во големото пакување на Органик шоп
     
  18. TMarijaT

    TMarijaT Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Девојката што ми ги подари производите од уртекрам, ја користи целата линија од нордиски бобинки и е многу задоволна. За сува и оштетена коса е, она исто се фарба и скоро секојдневно ја пегла косата.
    За лице ја имам испробано истата крема како eva993 од конопкас, https://www.bellina.mk/p/118/calming-krema-za-lice-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml и сум презадоволна. Кремата лесно се впиваше и не ми го мастеше додатно челото.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. coolgirl123

    coolgirl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Ќе мпже да мо пратиш слика да видам како изгледаат бидејќи ги барав на белина страната по име , ги нема
     
  20. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Да не се имаат потрошено, па ги имаат тргнато од страната.

    По втор пат ги користам кремиве, траат околу два месеци и одлични се.

    *го имам и филерот за брчки со колаген, од истата линија, но го немам сеуште почнато да го користам, чекам да ми заврши стариот.

    IMG_20200504_065939.jpg
     
    На coolgirl123 и koritsaki им се допаѓа ова.