Јас веќе со месеци користам чистач, серум и тоник за лице од оваа линија, се е преубаво. А каков лосион, мислам го немам видено кај нас или грешка сум, баш сега ќе погледнам.
@Biodevojka мислење за Мадара козметиката? Имам 33 години , препорачај ми нешто за нега на лице , дали од Мадара од Моса или Novexpert..за мрсно лице. Нешто за против брчки
Не сум Биодевојка, ама користам производи од гореспоменатите брендови. Имам комбинирана кожа, користам млечен чистач со магнезиум, пена за миење со витамин Ц, двете на Новексперт. Одлични се и хијалуронскиот бустер серум за хидратација, како и бустерот со витамин Ц. Креми против брчки користам од VLift линијата на Моса, дневен и ноќен, заедно со glow cocktail серумот, а има и крем за околу очи од истата линија. Кога има сонце, тонираниот крем со спф 30 на Моса. Од Мадара го користам city cc кремот наместо пудра (спф 15), и навечер повремено SOS кремот кога кожата ја осеќам уморна и дехидрирана. Во суштина нема да погрешиш со ниеден од овие брендови, мене ми се покажаа одлични. Не ги користам сите производи истовремено, туку зависно од денот, избегнувам да комбинирам повеќе од три производи наутро или навечер. И @Biodevojka ќе ти каже што може да користиш, а ако имаш плус проблематична кожа со акни, црвенила, флеки, дел од овие производи се добри и за тоа. Битно е да не се претерува со многу препарати, туку да си најдеш рутина што ти одговара, со два до три производи што одговараат на твојот тип кожа.
Здраво драга, мадара е фантастична козмеика јас сум дефинитивно вљубена. Ги користам млекото за миење, кремот, за хидратација СОС и серумот, а навечер плус и маслото. Еве ти оставам видео од производите За масна кожа на лицето јас повеќе би ти ја препорачала линијата на Новексперт овие три производи наутро и навечер Оваа комбинација е одлична за масна кожа, а последниот производ е одличен хидратантен и ја оддржува правилната еластичност на кожата. За било што слободно пиши.
Ви благодарам @Annath @Biodevojka Ја земав оваа крема на Мадара СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ROSA DAMASCENA (ROSA) FLOWER WATER, ALCOHOL, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL, GLYCERIN, POLYGLYCERYL-6 DISTEARATE, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE, PERSEA GRATISSIMA (AVOCADO) OIL, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA BUTTER) FRUIT BUTTER, SODIUM PCA, DICAPRYLYL CARBONATE, JOJOBA ESTERS, DIHEPTYL SUCCINATE, TRIFOLIUM PRATENSE (RED CLOVER) FLOWER EXTRACT, RUBUS IDAEUS (RASPBERRY) SEED OIL, ARTEMISIA VULGARIS (MUGWORT) EXTRACT, TILIA CORDATA (LINDEN) FLOWER EXTRACT, LECITHIN, AROMA, POLYGLYCERYL-3 BEESWAX, CETYL ALCOHOL, XANTHAN GUM, CELLULOSE GUM, STEARIC ACID, PALMITIC ACID, CELLULOSE, SODIUM HYALURONATE, TOCOPHEROL, ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), MICA ( CI 77019 ), SODIUM PHYTATE, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891), LACTIC ACID, CAPRYLOYL GLYCERIN/SEBACIC ACID COPOLYMER, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, VANILLA PLANIFOLIA (VANILLA) BEAN EXCTRACT, LIMONENE, LINALOOL, CITRAL Се надевсм ок е составот? @Biodevojka
Прекрасен е , два пати го имам купувано зелениот исто го имам користено тој содржи салицилна киселина и е наменет за помрсна кожа со акни. И двата се одлични
Задоволни сте од рутините на Магнолиа што ги изработува за Белина? Мислев да се пријавам за рутина, ама се плашам да не ја влошам состојбата со акни дополнително.
Можеш на @Biodevojka да и пишеш, од се до сега што ми има препорачано да користам , сум била презадоволна.
Маската ја немам пробано ама шампонот е феноменален како впрочем и сите од таа линија. Станува збор за многу убаво избалансирани формули а по одлични цени. Слободно земи го...
Јас ги купив гелот и тоникот од Береза Сиберика (зелената линија) затоа што имам комбинирана кожа па ќе споделам искуство. Гелот за миење ми е добар, два пати се измив ок е, за понатака ќе видиме, ама од тоникот имав реакција, ми се воспали цело лице а не ми е осетлива кожата, дури ми се лупеше кожата како изгорена. Имав прочитано две три мислења дека истото им се случило на неколку девојки па не знам, изгледа некоја состојка не ми одговара. Претходно имав користено ниацинамид и витамин ц немав никакви реакции.
И мене не ми одговараше тоникот ниту серумот воопшто од оваа линија, а имам масна кожа и не ми е осетлива воопшто. Од тоникот ми се вцрвенуваше лицето а од серумот ми излегуваа големи поткожни акни. Сега ги користам на Новексперт скоро сите производи и сум презадоволна
Кој шампон од Балина ви се покажал најдобар ? Се мислам помеѓу Natura Siberika или Urtekram некој , инаку имам нормална коса а се масти на 3-4 дена
Recepie of Babushka Agafie - зелена амбалажа, мене ми се покажа како најдобар, го користам во комбинација со маската од истиот бренд. Инаку имам пробано на Левера- нижто посебно, Конопка- ок, некако мене мн брзо ми се трошеше, Натура Сиберика исто беше солиден а на Утекрем ги немам пробано
Овој можеш да го пробаш. Јас го користев истиов за мрсна коса, супер ми беше. Овој е за нормална. Од Уртекрам овој го имав Добар беше , ама е за волумен и мрсна коса Од Natura siberica овој го имам користено