Од Уртекрам шампонот од wild lemongrass мислам дека би бил добар за твојата коса, евентуално од алое вера. Од Натура Сиберика немам пробано, а од Конопка редовно си ги имам шампонот против опаѓање и шампонот за волумен.
Девојки зедов ампули витамин Ц од Белина, една ампула ја користев на два пати, најмногу заради темните флеки од сонце на образите. Осум дена ставам секоја вечер, ми останаа уште три ампули. Дали е потребно да направам сега пауза (негде така прочитав) па да продолжам, или да ги доставам сите во континуитет? Колку најдолго може да се користат, има ли некој оптимален период за најдобар резултат, колку често може да се користат?
Се сложувам за snow cladonia и двете да ги земеш,ама и на Novexpert не е лоша. Можам да ти ја препорачам на So bio etic rich hydra богато хидратанта крема која остава некој слој но тоа е минимално,ќе ти одговара.
Дали некој знае производите кои ги немаат на страната после колку време пак се достапни ? Веќе чекам 3 недели и повеќе за овој шампон ..
Од сите овие, Моса, Натура Сиберика и Новексперт ги имам пробано, добри се. Нема да погрешиш со ниедна, а верувам и кремите на SoBioEtic се одлични.
Оваа не ја пробав,ама другата рич баеги ми легна а имам комбинирана кожа. Во лето мрсна,во зимо сува. Мислам дека од оваа линија сите креми се одлични и длабоко хидратантни.
Маска можеш оваа да ја пробаш , јас од истава фирма користам маска ама со ензими и аха киселина и многу сум задоволна. А за крема од Natura siberica snow cladonia ти ги препорачувам , има и дневна и ноќна од нив, баш за таа возраст и се наменети
Дали производи што се sold out на страната на Белина, може да се најдат во продажните места? Или ако нема нема нигде?
Производите од Белина може да се најдат и во ДМ и Космо. Во ДМ ги има од Bereza Siberica, True Alchemy, Mossa, Pulpe de Vie и некои од линијата на Oblepikha C-Berrica. Во Космо знам дека има од линијата на Organic Shop. Сега зависи што ќе начекаш во ДМ маркетите од тоа што е останато. Ако и таму се потрошени и ги нема, тогаш останува да почекаш да ги донесат повторно во Белина.