Може во продавниците да ги има, во Капиштец и во Ист Гејт, или штандот во Сити Мол. Не значи дека ако се распродадени на страната, ги нема никаде. Прошетај до продавниците, ќе видиш.
Некои производи што ги има во Белина ги има и тука https://www.mitra.mk/product-category/ubavina/kozmetika/licze/?filters=brands[21342] Не знам која крема ти треба од So bio etic ,тука ги има само тие со магарешко млеко
Има некој направено нарачка предходниве денови? Јас направив на 20ти и сеуште немам ниту порака од пошта дека е на пат. Предходно најмногу 2 дена сум чекала.
Јас направив нарачка на 19ти и еве првпат и мене сеуште не ми е стигната. Денес ги прашав и ми вратија дека пратката е предадена, но од страна на курирската служба во некои региони има доцнење поради недостаток на вработени. Утре ќе ги контактирале и ќе ургирале за достава во најбрз можен рок. Инаку после правење нарачка секогаш ми стига известување на емаил истиот ден.
И мене ми стига емаил за успешна нарачка, а после ми стига порака на вибер од поштата која сега ја нема. Во ред штом не е само кај мене доцнењево.
Да и јас од Уртекрам сум презадоволна овој го имам Можеш и некој од Organic shop да пробаш, едно време ги имаа во Белина сега не сум проверила
Јас имам користено,само не можам да најдам слика. Убави се, хидратантни. Кожата е мазна и мека. Само да не се нанесува после депилација затоа што пече ( грешка ми беше).
Па добри се, јас имам екстремно сува кожа, вршат работа да не се чешам. Јас прво масло мачкам на влажна кожа и одозгора лосион, така ми е убаво. Само лосион не ми е доволен, не е битно од која фирма е.
Дали некој ја има користено cream suspension Calamine 2% да ми каже дали пред неа може да се користи нешто друго,серум,тоник.. @Ketchup чинам ти еднашка пиша за овој крем или сепак не?
Може да ставиш било што пред неа, пошто секако се става само на критични места, не на цело лице. Јас лично ја користам за црвенила и флеки што ми се појавуваат на местата каде што имам поткожни влакна и ми помага. Намената и е за иритации и црвенила на лице, ама ретко имам потреба од неа за лицето.
Значи може тоник или серум така? Јас вчера ставив така на чисто лице таму каде што имав црвенило и оставив така по неа не ставив ништо друго. Сабајлево се изненадив од резултатот, повлечено црвенило и акни,навистина помага.
Може секако, и тоник и серум. Да, помага. Јас приметив на поткожните што ми се прават како флеки дека помага. А на лице немам толку проблеми.
Дали ги имате користено? Инаку ги купив дневната и ноќната на сиберика розевата по препорака од тука и сум задоволна. Сакам некоја поголема нега на лицето веќе за над 30г.
Кремата за миење лице и лосионот ги имам користено и сум задоволна. Конкретно оваа линија е за сите возрасти