Здраво Дали има некој искуство со персонализирана рутина создадена од Магнолија со Белина производите?
Дали го имате користено овој чистач и какво е вашето искуство, дали може да се користи како замена за масло во ноќна рутина?
Јас имам, рутината беше ок, производите исто така само еден крем беше утнат мислам мене не ми одговараше..
Јас имам рутина од Магнолиа и ми се погоди, ми препорача убави производи и ми помогнаја да го стабилизирам лицето, но не и целосно да ги излечам акните, сепак тие ми се изгледа внатрешен проблем. Би ти препорачал да и пишеш за рутина бидејќи и ако не ти помогне целосно ќе ти даде некаков правец во негата на лицето.
Само да знаете и @Biodevojka прави рутини , по ваша желба колку сакате да потрошите пишете и тука или на инстаграм веднаш одговара
Досега ништо немам користено. Сега сакам да го пробам шампонот против опаѓање на Конопка, па се зачитав и гледам има многу задоволни @koritsaki и @Biodevojka што би ми препорачале за лице, за комбинирана кожа со мрсна т зона (посебно во лето), склона на акни во делот на брадата најмногу, и во овој период дури и суви образи и делот над усните? 31 години имам инаку. Ја меркам и кремата за очи од капина и таа со витамин Ц Совет, што да пробам?
Јас вака би ти препорачала, за преку ден чистач гел или пена, тоник, витамин ц серум , крема хидратантна за лице плус крема со спф. За вечер истото само без серумот со вит ц и без кремата со спф. Или Потоа тоник Па серум Па крема И крема со спф Јас сега оваа ја користам сега, но кога ќе биде пролет веќе би земала со поголем фактор оваа е пигментирана па не знам дали би сакала баш таква, на нивната страна има доста избор . И крема за очи. Таа крема со вит ц јас навечер ја користам зошто содржи ретинол. А другата со боровинка ја немам пробано, ама тоа е мислам маска за очи не е крема
@Orchidea јас би те советувала да почниш со минимална рутина на почеток. Наутро гел и спф крема Навечер маслен чистач па гел , тоник и хидратантна крема . После 2-3 недели да воведуваш други производи кога ќе се смири лицето. Јас добив рутина ако сакаш можам да ти пишам во дм
Производите беа супер, немав конкретен проблем со лицето така да не приметив некоја значајна промена, постигнав ефект на хидрирана кожа.
дали некој имал искуство со пилингот бидејки гледам има алкохол во составот па некако се мислам дали да го земам