Јас го користам , мене ми е супер ,немам проблем иако има алкохол во него. Гранули доста има ама се мноооогу ситни , и според тоа не ја иритира кожата
Веќе два месеци на неколку производи online пишува coming soon и никако да стават дека ги има на залиха. Дали некој знае ако отидам директно во белина дали има шанси таму да начекам некои производи иако пишува дека ги нема online?
Јас во декември сакав да ја земам цц кремата на Мадара, но лајт нијансата не беше достапна. Кога отидов во East gate, таму и двете нијанси ги имаа. Така да тоа што не е достапно на страната , може да го имаат во продавниците. Најубаво да прашаш
Бидејќи користам(според мене) многу производи а добивам минимален ефект, сакам да вметнам нови производи постепено како ќе ми се трошат старите, но стриктно од новексперт. Немам ништо пробано од овој бренд и сакам да слушнам плус мислење. Имам комбинирана кожа, некогаш знае да е посува, склона кон акни и флеки. Најмногу од се сакам минимална рутина, бидејќи преку глава ми е од шлакање секој ден со мал милион производи. Па ќе прикачам некоја слика од производите што сакам да почнам да ги вметнувам. Секој совет ќе ми биде добредојден
Маслото одлично вади шминка , пената убаво го мие лицето и е баш хидратантна, по миењето со неа лицето сјае , спрејот го имам ама дека не го користам често и немам некое мислење. Серумот не сум го пробала
Ме интересира дали можам да ги користам заедно. Ќе ја тагнам @Biodevojka ако прочита да ми каже нејзино мислење.
Јас ја имам пената но сеуште ја немам пробано,а од спрејот сум задоволна. Спречува појава на акни но треба да го користиш почесто пример два пати неделно на чисто лице.
Здраво, јас ги користам продуктиве подолго време плус користам и гелот за миење од цинк линијата и флуидот од цинк линијата. Серумот го користам само врз акни, по потреба. Можам да ти кажам дека кожата ми е препородена. Рутината ми е следна Наутро Миење со пената со Ц Мадара хидратенд тоник Флуидот од нов експерт цинк СПФ (моментално на мосс) Навечер: Миење со маслото миење со гелот со цинк мадара хидратентен тоник серум само по потреба (тој од нов експерт) Флуидоот од нов експерт Еднаш неделно ја користам маската од цинк линијата на нов експерт инаку имам и многу други продукти дома кој не ги користам (Бреза целата линија, азелеичната на тру акцхеми, преку 10 производи од ординери) И јас сакав минимална рутина и можам да кажам дека ми е препородена кожата, од длабоки акни, веќе немам акни само некој флеки. Инаку на почетокот пред 3 месеци кога имав огромни,болни акни го кристев и маслото со чајно дрво на YOU&OIL од Белина и е совршено за смирување. знам да земам и хидратантен cерум, бјути шотс со хелуронска ми беа откритие Следно на листа ми е витамин ц од нов екперт, кој го имам користено мината година и е совршенство од витамин ц, скап ама вреди. Имам испробано многу, многу производи од белина и од ревокс, ординери и оваа рутина ми го препороди лицето по 3 години, никој ми нема составено рутина си пробувам и гледам што ми одговара најмногу Спрејот од цинк го имам купувано 5-6 пати и собар е и тој, мегутоа будејќи имам повеќе производи со цинк трешив да земам хидратантен тоник за баланс.
Многу ти благодарам Значи нема проблем да се користат секој ден и заедно. Каков тип на кожа имаш? Дали можам и јас да ги користам бидејќи имам комбинирана накај сува кожа?
Може и за комбинирана. И јас сум презадоволна од Новексперт производиве. Слично како и Кејти имам рутина. Само што наутро го користам гелот од цинк, па флуидот и спф на Фризидерм. Преку ден знам да шприцнам од мистот. На вечер маслото, гелот, флуидот и хијалуронската крема или флуидот ги ротирам. На листа ми е хијалуронската киселина и вит Ц да ги пробам.
Па пред 4 месеци имав комбинирана накај масна, сега имам нормална накај комбинирана, меѓутоа производите не ја сушат кожата и нема да имаш проблем, ако ти е пре затегната лицето земи некоја побогата хидратантна крема за навечер, на натура сиберика или веледа лајт варијантата, или можеби на со био некоја
Спф =то на фензидерм ми е еден од по омилените, незнам колку пати го имам купено, сега ја пробав на мосс, ама сепак повече ми се допаѓа фензи дерм , дава таков мат ефект, совршенство
За твојот тип на кожа и она што го објасни јас би ти препорачала ова: https://www.bellina.mk/p/831/vitamin-c-pena-za-chistenje-na-litse-150-ml https://www.bellina.mk/p/760/trio-zinc-sprej-za-litse-protiv-akni-150-ml?categories=97 https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml Имам пробано многу креми за лице за комбинираба проблематична а дехидрирана кожа оваа е најдобра верувај!!!
Девојки, пред 2 дена се обидов да се регистрирам на страната на Белина, и се обидов да се најавам, но ми пишува дека маилот не ми е одобрен. Дали и кај вас се случило истото при регистрација или пак кај мене нешто е проблемот?