Благодарам на одговорот @koritsaki ја меркам кремава подолго време но исто така подолго време и ја нема достапно на сајтот на белина.
Благодарам на одговорите. Имам уште едно прашање ако може некој да ми одговори. Како последен чекор од вечерната рутина според вас која крема би била подобра опција за сува кожа со брчки дали да ја земам од true alhemy со хијалуронска и бетаин или пак другата со ретинол?
https://www.bellina.mk/p/848/snow-cladonia-age-defying-nona-krema-za-litse-za-zategnuvanje-50-ml https://www.bellina.mk/p/1929/subli...otiv-stareenje-za-normalna-i-suva-kozha-40-ml
@vecnost Супер, зошто да не јас имам користено крема за лице на Мадара за комбинирана кожа и мн ми се допаѓаше. Кога ќе ја пробаш пиши мислење
Во моментов ја користам. Има лесна структура, ставам отсабајле, па врз неа кремата со фактор од Моса. Суво лице имам, преку лето посебно, сметам дека ми помага за поголема хидратација и нахранетост. Не масти, брзо се впива, добра би била и за помасни типови на кожа.
Фала ти, јас комбинирана накај мрсна кожа имам, па викам наредно да ја пробам неа, сега на Конопка ја користам инаку Исто и навечер ја користиш нели? Гледам нема спф внатре
Првите две недели ја користев и навечер, нема фактор, сега друга рутина имам за навечер, и коктелов само отсабајле го ставам. Дефинитивно ќе ти одговара, мислам на секоја кожа ќе одговара, само за оние со суво и дехидрирано лице како мене, не би била доволна само таа за преку ден.
Сакам препорака за ноќна хидратантна крема. Кожата не ми е мрсна а ни сува - нормална но ми е многу чувствителна.
@koritsaki ја купив маската од кавијар. Мислам ти ја имаше препорачано во една тема. Вечер ќе ја пробам. Ја измазнува косата убаво?
. Да да , таа ја имав супер е јас ја држев 15 минути, само претходно 5 минути ја исцедувам косата во пешкир па потоа ставам маска. Потоа е мека и многу сјајна, сигурна сум дека ќе ти се допадне @orevokrsacka фала ти, ја земам сигурно
Дали некоја последниов период нарачала од шампоните на конопка? Баш сакав да нарачам и ги нема на лагер.