Па една ампула може два или три пати да се користи, зависи колку ставаш. 2мл е количината, за интензивен третман е цела ампула навечер, за одржување е 1 мл навечер. Има соодветен апликатор со кој се затвора отвореното шишенце за да се искористи повторно она што останало. Има седум ампули. Нагласено е дека се за ноќна нега.
На која страна имаше производи од Белина? Некаде сретнав ама заборавив каде беше, во Белина некако баш тоа што ми треба нема одамна..
@Jessica88 Јас општо би ти ги препорачала производите на Моса , тебе ти треба пена за миење лице, серум (витамин ц), хидратантна крема и крема со спф https://www.bellina.mk/p/3600/glow-cocktail-pena-za-site-tipovi-na-kozha-150-ml?categories=94 https://www.bellina.mk/p/1056/youth...-za-site-tipovi-na-kozha-200-ml?categories=94 https://www.bellina.mk/p/1059/glow-...i-za-site-tipovi-na-kozha-25-ml?categories=94 Серум со вит Ц можеш и на La roche posay да го пробаш https://www.bellina.mk/p/1053/vitam...a-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml?categories=94 http://www.annifarm.com.mk/en/product/pure-vit-c10-serum-30ml/ По ред ти ставив што можеш да користиш и на крај обавезно крема со спф. Ако сакаш тонирана https://www.bellina.mk/p/1069/365-d...so-zashtiten-faktor-spf30-50-ml?categories=94 Или оваа https://www.bellina.mk/p/1474/alga-maris-krema-za-litse-so-spf30-50-ml?categories=111
Одлични креми, презадоволна сум од се. Кремата е 5во1 содржи витамин Ц , хијалуронска киселина , природни масла, антиоксиданси, витамини од бобинки , не е масна иако хидратантна, нема спф фактор па може да се користи и како ноќна. Серумот внатре има светки, на лице не се познаваат ама дава прекрасен сјај. Кремата за очи е за +30 , веднаш се впива, по состав не е ни течна ни густа. Немам замерки никакви. Мирисаат прекрасно , овошно.
Производите од моса дефинитивно најмногу ми одговараат и по структура и по мирис и ефект. Сите три креми за под очи ги пробав, кремите од влифт и јут дифенс линијата. Само двофазното за отстранување на шминка не ме воодушеви. Ако не си ја пробала пробај ја и бб кремата 5 во 1, јас сум воодушевена и од неа. Толку убаво изедначува тен и хидрира. Овој серумов ми е некст на листа да го земам, ама незнам дали е дозволен во бременост, никако да седнам да го видам составот, а гледам многу се задоволни од него.
Еве го составот , како што гледам нема некоја антиејџ состојка што не е дозволена во бременост. @Biodevojka би ја прашала да провери. И јас не останав воодушевена од двофазното. Два пати го пробав последниот пат некако очите ме пржеа и едвај го дотрошив. Мало е и брзо се троши. Се мислев последниот пат за бб кремата и ете не знам зошто не ја земав. Здравје во декември ќе ја купам таман некои други пудри и бб креми што ги имам дома да ги потрошам. Нијансата каква е? Јас сум доста светла. Јас и од еден друг производ се имам воодушевено Не знсм дали сум ја пофалила маскава ама феноменална е, кожата е сјајна по нејзина употреба. Само мислам сега во бременост не смееш да ја користиш поради некои состојки во неа како lactic acid и тоа е во втора позиција. Ама многу е добра маската здравје понатаму пробај ја Едит: сега гледам и во серумот има lactic acid , Биодевојка нека ни каже доли таа состојка е ок за во бременост
Јас и ти ист тен мислам имаме. Сум те прашувала за нијанси. Буржоа 52, ревлон 180... така да одлична ќе ти е. Плус многу прилагодлива нијанса. А lactic јас колку што читав секаде ја водат како безбедна во бременост, ама убаво би било и @Biodevojka ако може да сподели нејзино мислење. Двофазното мене не ми ни чистеше убаво. Од тоа до сега што сум пробала само мицеларната на оливал од смиљ и белиот путер од натура најдобри ми се покажаа, и наредно пак ќе си се вратам на едно од овие две.
Да имаш право, ќе ја пробам нареден пат. И мене поубаво ми чисти м.вода од Оливал да бидам искрена и двофазното им е добро
Здраво девојки простете ми за доцниот одговор. Јас лично не сум љубител на киселини (тоа е мое мислење) ама во производов лактинската е во многу мала количина се наоѓа после ксантан гума која обично се става околу 0.50 гр. во производ. Најверојатно лактинската е ставена како корекција на пХ вредноста. За бремени жени сепак јас препорачувам само неопходни производи на пример убаво средство за миење и крем. Нема потреба во тие месеци никакви додатни третмани со киселини или пилинг. Доколку треба помош за избирање на козметика за бремени жени слободно пишете. Белина има прекрасни прозводи наменети токму за овој период. Инаку нешто последно што пробав од Белина се овие ампули со коноп. Нема подобро нешто ептен сум задоволна.
Утре во продавницата во Ист гејт ќе има 30% попуст на сите производи, поради една година од отворањето н продавницата
За тие од Скопје, во која продавница на Белина да одам, ја има на две локации? Каде има поубава прегледност?
Во био шопот во Тафталиџе (кај Настел) и Ист гејт. Во тој во Тафталиџе има плус храна и поголем избор на шминки