Си ја врши работата но не е за мрсна коса, ја сплескува и мрси дополнително. И шампоните од оваа линија мене не ми се допаднаа а имам 3-4 искористено. Живите витамини за коса и тело и геловите за туширање ми имаат оставено најголем впечаток.
Фала ти на одговорот, сепак си знам сега шампоните ги имам пробано , мене добри ми беа. Ама за маската имам слаба коса , така да може да ја отежнува. А да не си пробала маска на Др. Конопка или на Планета органика?
Ке ги побарам да ги купам . Мене ми е нормална до сува кожата па ќе видам како ќе ми одговараат . Фала во секој случај
Немам. За коса почнав да користам од шампоните на Уртекрам и се прекрасни. И да ти предложам нешто за волумен. Има еден серум од Конопка се нанесува на влажна коса во коренот и стварно дава волумен.
Јас имам мрсна и слаба коса. Го користев тој со расул глина и многу ми се допадна, ми даваше волумен а и убаво ја чисти косата. А сега го почнав тој со мача и зелен чај, многу пофален шампон но само еднаш го имам пробано, од првпат и тој е добар.
Јас имам исто како тебе мрсна коса и тенко влакно. Го користам Green Matcha шампонот во комбинација со спреј регенераторот од рузмарин. Супер делува како дополнителен третман и тој, а мене ми е и многу попрактично, бидејќи не се измива.
https://www.bellina.mk/p/39/anti-hair-loss--serum-protiv-opagjanje-za-site-tipovi-na-kosa---20-ml Дали некоја го има користено серумов и искуство ако може да пишете.
Женски, а дали имате користено од маслава за коса , поточно за врвовите ми треба, за оштетена коса и да штити од топлина.
Јас ги имам користено кремата од dr.Konopka за мрсна кожа и маската за прочистување на пори, двете содржат органско нане и даваат свежина на лицето, но кремата малку ми го мастеше лицето. Сега се заинтересирав за производите на True Alchemy го нарачав пилингот со AHA киселина, па ќе видам како ќе ми делува.
Последно си порачав тоник од Конопка за нормална до комбинирана кожа и ББ кремата од Натура Сиберика. И од двете сум задоволна и дефинитивно пак би нарачала. Тоникот не ја суши воопшто кожата, а за ББ кремата многу се мислев затоа што има само една нијанса. Буквално личи како сосем малку тонирана крема за лице. Да напоменам дека не е покривна, откако се впие во кожата за десетина минути изгледа кожата здрава и сјајна. Јас и покрај тоа што на некои делови имам мрсна кожа, не светнувам многу со оглед дека кремата е за сите типови кожа. Доколку сакате покривност на критичните места би можеле да ставите коректор. За сува кожа би била идеална. Мене и за мојата кожа ми е супер со оглед дека сме лето. Дефинитивно пак би ја купила.
Ги има некаде да се купат на физичка локација освен онлајн? Задоволен си од пилингот? Составот му е одличен, ако мислиме на истиот: Aqua, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Glycerin, Xanthan Gum, Lactic Acid, Citric Acid, Mains Domestica Borkh Extract, Betaine, Lavandula Angustifolia Oil, Sodium Hyaluronate, Benzoic Acid. Баш се израдував кога видов дека конечно почнал некој да прави сертифицирани органски серуми со активни состојки налик на The Ordinary.
Да, имаат продавница во Капиштец, малку е тешко да се најде дека е запикана во зградите и ги имаат сите производи таму. Инаку пилингот го користам веќе три недели, првата недела ставав секој втор ден и мислам дека малку ми го изритира лицево, но сега сменив на секој трети ден и лицето ми е стабилно, го чувам околу 20 мин. бидејќи имам мрсна кожа. Кога се нанесува се чуствува благо пецкање кое поминува за 1 минута и потоа го затегнува лицето но не премногу, откако ќе го измијам го чуствувам лицето чисто, но сеуште немам некој големи промени, сеуште е рано за тоа.
Јас го користев пилингот од конопка за лице,како крема што е,и ми се појави црвенило и мали црвени акни на цело чело,се исплашив и престанав да го користам,после некое време пак пробав да му дадам уште една шанса ,исто,и ми стои така сега,страв ми е да нарачам други производи од нив да не ми се случи истото. Дали имам чувствително лице незнам,ама и кога го користев тоникот на др.хаушка,исто ми се случуваше,може да не ми пријаат органскиве/природни производи.
MiAmor, имам читано дека лицето се "чисти" доколку претходно си користела производи со силикони, н.деривати и сл , па ќе треба време да помине додека се привикне кожата. Ако не е до тоа, може и некоја состојка не ти одговара , не мора да значи дека ако нешто е природно ќе нема да прави проблеми на лицето.
Каде можат да се најдат производите на Натура Сиберика и Конопка освен во Белина. Веќе месец и повеќе имаат недостаток на производи, а јас баш од тие сум задоволна, не сум од Ск па онлајн порачувам. Во ДМ Штип нема, освен два, три производа некни што имаше на рафт и не беа баш од оваа колекција.
Прочитај ја статијава кога ќе имаш време... ќе ти се разјаснат некои работи. https://labmuffin.com/purging-vs-br...is when your skin,to something in the product.
Ретко кој го знае ова. Делумно причината е што гигантите од производителите на конвенционална козметика го негираат ова, бидејќи секако не им оди во прилог.