Одлична, јас ја користам моментално и сум презадоволна. Хидрира одлично , не е мат, за комбинирана кожа е супер.
Дали имате искуство со овој чистач? Да не е многу агресивен, еднаш го пробав гелот за миење лице со салицилна од береза сиберика и имав реакција па затоа прашувам. Сакам да вметнам нешто што ќе ми помогне општо со изгледот на кожата, минимално црнки, флеки, whiteheads
јас го имам, не е агресивен овој, додека од гелот со салицилна од береза сиберика и јас имав реакција. маслениов чистач на тру алхеми не знам дали смее да се користи секој ден? иначе е многу добар.
Погледни на страната, има некои на Лавера шо се на попуст. Можно е и во продавниците истите да ги најдиш на попуст.
Дали некој ја има користено пената за лице? Немаше од кремата што си ја користев за миење па оваа ја порачав.
Јас ја користев, супер е. Имам комбинирана кожа и ја користев еднаш дневно(навечер), ама по неколку секојдневни користења сфатив дека на образите ми ја суши кожата и ја користев 3-4 пати неделно.
Ви се случило ли да ви испратат производ со краток рок на траење? Платив 1200 денари за 50мл крема со рок до Февруари :/.
Да, на попуст беше. Незнаев дека имаат таква практика. Значи не ни останува ништо освен да шлапкаме малку поголема количина
Дали некој ги има пудрите од Лавера користено што ги има во Белина? Се мислам една да си земам само не знам која.
Не знам дали си го видела видеото на @Biodevojka ама многу убаво ги има претставено производите на Лавера
Денес ја добив нарачката исто така ми имаат испратено серум со краток рок т.е до 01.23 Доколку е таква политиката на фирмата мн по фер е да нагласат дека имаат попуст со краток рок. Мојата нарачка беше серум намален на 1500 ден за 30 мл со краток рок. А останатите продукти не беа на попуст и имат добар рок .