По фер ќе биде, ама ретко кој ќе купи, не сите продукти се за секојдневна употреба и во мали количини. Инаку ги има, сум сретнала други сајтови кај што има попуст и нагласен рок до ХХ датум.
Белина имате 30% на сѐ. Оние кои ја бараа моса спф 30 е 686денари што мислам е реално добар попуст. Бар да се искористи.
Здраво драга, јас имам нправено видео за декоративта на Лавера и може да кажам дека пудрите се феноменални и многу покривни. Еве ти линк од видеото. Инаку денес ќе направам уште едно видео само за пудрите и коректорот како најдобро да се комбинираат за дневен и вечерен изглед. Инаку декларацијата е совршена а покривноста на ниво на многу други професионални пудри.
Го купив овој спреј за лице ама прскалката му е како да моча Не знам дали така треба да е зошто пологично ми е да распрснува убаво, пишува директно да се прсне на лице. Го има некој користено? Да не не е океј нешто со прскалкава
Прво нанеси на раце размачкај убаво па потоа на лице не е добро дирекно да се нанесува на лице (барем мене така ми кажаја кога ја земав рутината)
Искуство со кремиве на Моса и Натура сиберика? Ја користам vitаmin cocktail 5in1 моментално и супер е , ама дека ми завршува кај и да е па се мислам оваа следна да ја пробам
Ја имам јас пробано таа на моса и многу ми се допадна. Лесна е, мириса преубаво, хидрира доста и трае.
Таа втората на натура се води како маска и не е за секој ден користење ако добро ме служи памтење. Инаку убава е како мус крема (како онаа со витамин ц на натура), пријатен мирис и убаво хидрира. Со овие на моса нема утка. Нема некоја да кажам не ми се допаднала. Јас сека за блек фрајдеј си направив нарачка комплет кремата 5 во 1, глоу серумот и витамин коктел кремата за очи. Да се се искористи попустот де.
Ааа така ли, не знаев , тогаш ќе си ја земам таа на Моса. и мене нема што не ми се погодило нешто на Моса. Glow serum е одличен не си згрешила, јас секој ден го користам, баш е глоу , има светки внатре , премногу ми се допаѓа Од крема за очи јас ја имам таа youth defence blueberry , прекрасна е , немсм збор. Ја земав и glow маската и кремата во боја ама во Мк ми се и за некоја недела ќе ги испробам па ќе пишам и за нив. Фала ти за советот