@Annath Благодарам ќе одам денес да видам дали ги имаат @buba4e89 на страната има позитивни коментари за таа крема. Ќе прашам и за таа, ако има тестер и неа ќе ја пробам Mossa ми се погодија премногу , кремата 5во1 е врв , ќе видам општо од креми што имаат и во новиот биошоп. Ако имаат некоја останато било која ќе ја земам
Овие креми ги земав mossa ништо од креми немаат, so bio etic имаа дневна немаа ноќна, па решив овие да ги пробам. Плус серумот од иста линија го имам. Единствено што дневната има хемиски спф фактор.Ќе пишам какви се
Па не е како гел, кремасти се ама не густи, баш се лесни. Вечер ќе ги отворам Имаат баш добри рецензии и среќа тие беа достапни. На Mossa glow serum ми завршува, и никаде го нема, не знам што ќе правам, најверојатно овој двофазниот на НС ќе го користам и наутро и навечер..
За Натура сиберика ме прашуваш? јас без попусти ги земав кремиве Еве линк да видиш на што имаат попуст https://www.bellina.mk/c/69/christmas-sale
Јас го имав овој со СПФ 20, супер ми беше и многу ми се допадна. Поубава ми е линијата со витамин Ц, ама ете сакав да сменам и солидно се покажа и овој со боровинка.
Два пати ја пробав тонираната крема од тестерче на Novexpert и премногу ми се допадна , има лесна покривност, супер е за комбинирана кожа , со коректор и сетирана е како да сте нанеле течна пудра. Мириса на кафе и карамела . Толку ми се допадна што размислувам да ја купам. Само ја имав нијансата 02 и ми беше темна, дали некој ја пробал 01? Само две нијанси се
Да не има некој искуство со овие креми? Не се достапни на сајтот а и прв пат ги гледам. Нема никаков коментар за нив. Па ме занима ваше жислење ако сте ги користиле.
Да, од True Alchemy има производи во ДМ. Конкретно можеш да ги прашаш dm_makedonija на Инстаграм за да ти кажат во кои нивни дрогерии го има на залиха.
Девојки, 33 години имам предлог за креми од Лавера , Со био етик или на Еволв , сакам дневна и ноќна. И серум исто сакам да земам , сакам сите производи од иста линија да се @Biodevojka @Ano @Reina.Gitana @Annath @koritsaki вие да не имате нешто пробано?
Јас користам креми од Со'био етик, дневниот и ноќниот крем од линијата precieux argan. Задоволна сум, во зима ептен ми одговараат, имам комбинирана кожа, со тоа што во зима ми се сушат образите доста. Серуми немам користено од нив, само од Натура Сиберика, Новексперт и Моса. Хијалуронот на Новексперт, хијалурон на Натура сиберика во сквалан, од Моса glow cocktail (мора спф за последниов ако го користиш преку ден) ми се омилени. Од Лавера креми имам користено ама од различни линии, а од Еволв не сум зела сѐуште ништо. Задоволна сум од кремите и серумите што ги користам, не мора да се сите од ист производител за да има ефект.
Од Еволв имам користено серум со бакучиол и задоволна бев. Од Со био етик и Лавера немам користено ништо од креми, бев во план да купам од нив крема ама се беше распродадено за НГ Edit: сега ми текна , ја имав со алое на Со био етик ама rich верзијата, по грешка ја земав и ја дадов на свекрва ми. И се допадна многу има многу сува кожа.