На Со био етик јас ги имам користено лајт и рич. Рич ја потрошив лани многу убава ми беше, неутрална хидратантна крема. Ја користев навечер и многу ми се допаѓаше. Лајт ја користам сега исто неутрална е, исто навечер. И оваа хидратантна само што оваа е полесна, а рич е погуста. Ми се допаѓаат многу и двете. Од серуми имам користено на Новексперт витамин ц бев презадоволна иако е скап вреди, моса глоу коктел ми беше одличен исто. Два серума се за флеки,пигментации и хидратација. Друг серум кој го користам овој период е сос од Мадара исклучливо по потреба и исто така многу ми се допаѓа.
Фала ви , јас за серуми мислев од истиве производители дали сте користеле. како и да е фала на одговорите, ќе размислам што да земам
Драга доколку ми дозволиш да ти препорачам нешто предобро, до пред недела дена ги тестирав производите на Chobs серумот, кремот и гелот за миење за кои деновиве ќе напишам и статија. Навистина од срце ти ги препорачувам. Малку се поскапи ама вредат секој денар. Ако баш инсистираш од тие три линии кои ги спомена, моја омилена е So Bio Etic. Немаш потреба од две креми може истата наутро и навечер. Еве оваа која е многу убава хидратантна и овој серум од истата марка Од лавера ги имам пробано овие два кои се одлични и овие два крема кои е за поле 40-та ( амо овие ги имам пробано) Од Еволве тестирам еден балсам за миење на лице, ама за жал креми немам пробано. Поздрав
Да да ја имам користено предобра е. Повели видео рецензија во која ја имам рецензирано и колекцијата со магарешко млеко
Мила од љубопитност после твојата порака земав сѐ од Еволве за тетирање. Дај ми две недели (почнав денес) и ќе ти пишам мислење за целата линија. Балсам за чистење, скраб и маска 2 во 1, серум со хијалуронска, рол он гел окол очи со хијалуронска и крем со пептиди и хијалуронска.
Zdravo devojki, dali nrkoja znae kod za popust za narachuvanje online id bellina ☺️ porano znam deka beshe maglonija10
Сподели твое мислење за некој производ на нивната веб страна и автоматски ќе добиеш код за попуст од 10% кој важи за твојата идна нарачка.
Јас нарачував пред некој ден споделив мислење и не добив код за попуст. Порано кога ќе напшев веднаш ми даваше код со 5%.
Пробав денес да споделам мислење и не добив ни јас код за попуст. Најверојатно веќе не важи. @ivon.93
^ Јас па толку често правам нарачки од Белина, прв пат читам дека имало попуст на овој начин, како од Марс да сум падната
Здраво драга, мене ми се најдобри нивните деодоранси. Не се антиперспиранти бидејќи кожата дише , а сепак штитат од лоша миризба 100 посто. Моментално го користам тој со ќедрово дрво. За иститеимам и напишано статија еве повели http://biodevojka.blogspot.com/2020/08/ben-anna.html
Дали некој го има користено овој пилинг за лице, дали може да го користи ќерка ми (12 год има) Го порачав , ама и јас ќе си го користам секако
Jaс, ич не ми се допадна тој од лаванда, ми излегуваа болни поткожни и го фрлив. На Лавера ми се допаѓа, добро е.
Јас го зедов тој од кедар, на попуст беше. Има рок до април, но ќе го истрошам до тогаш. Сега за сега сум задоволна.