Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белина козметика

Дискусија во 'Лице' започната од TMarijaT, 1 мај 2020.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    Пред поскапувањево Мосса беше 980 на сајтот, а 885 во дм. Се е преоскапено, нема ниту попусти како порано.
     
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Се е поскспено у глобала ама ова ептен мрднати не праат...
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    После ова и јас веќе се откажувам од Белина, а редовна им бев. Кога споредував со странски цени гледав дека се многу поскапи, ама вака веќе ептен не е фер. Имаат супер производи, џабе им е.
     
    На simoncelicius и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Епа не може затоа што ја правиш онлајн и е од магацинот најверојатно директива. И јас сега да одам овде да нарачам одма и да кажам сторнирајте ми ја ќем си купам од овде нема да можат.

    За поскапувањето не знам зошто вака.. ама веројатно е за царина. Штета, погоре Мосса беше 800 некаде сега дупло.
    Инаку одамна немам порачано ни јас, а и кај мене ги најдов некои за дупло поефтина цена да не речам упола.
     
  5. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Да разбирам јас како одат тие работи меѓутоа сепак 21 век сме и синхронизацијата и поврзаноста спрема секторите не треба да е научна фантастика.
    За цените неам коментар. Еве и 2 месеци да не приметиме 3от иќе приметиме и ккја им е политиката питај Бога...
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Машки
    Не можи во ДМ работите да се дупло поевтини ако се работи за царина… И на двете места ќе има драстично поскапување, плус знаејќи ги мкд газди, се е за профит, изгорени се за профити, затоа нема ни попусти веќе.
     
    На simoncelicius и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    Очигледно нема врска царината со поскапувањето. Белина се единствени увозници за мосса/тру алхеми/натура сиберика итн. односно истите производи што се поефтини во дм им ги доставува белина. Така да нема логика, сигурно дм не работат во минус:D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    11.992
    Пол:
    Женски
    Со цениве накачени нема шанси повеќе да порачам од bellina, преголема разлика за исти продукти меѓу нив и дм, ја претераја, нема врска царина туку сакаат максимален профит
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Женски
    Мене ми се малку чудни цените во дм. Поефтини се и од официјалниот сајт на брендот.
    Mossa прочистувачката пена ја нарчаав од нивниот сајт (има мк достава) за 13e, а во дм е 480 ден. Како може ова?
     
  10. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Да не се работи за акциски намалени цени во дм, според нивниот нов концепт на намалување
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Белина ги снабдува Дм, они само ги снабдува а што како со цените си одлучува самиот маркет.
    Така да, сосема ми има поента нивното покачување што не го оправдувам, ама секаде во светот има поскапувања и не е спорно ништо.
     
  12. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    18.016
    Нема поента ако е дистрибутер и единствен увозник да има поскапа цена од маркетот каде што носи.
    Пологично е дм да ја има оваа цена што е во Белина, отколку обратно. :?:
     
    На simoncelicius и naturally им се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Машки
    Точно, но ДМ е голем ланец на маркети и можи да си дозволи пониска цена, додека Белина е помала фирма, со многу помал број артикли. Ист е одговорот и на тоа зошто нема почесто попусти.

    Како и да е, една членка посочи погоре дека ДМ со таа цена секако не работи во минус, шо значи и тие на таа(за барем 400ден пониска) цена имаат профит, а камоли Белина.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. B3LL1NA

    B3LL1NA Нов член

    Се зачлени на:
    5 јули 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    @AlicaInWonderland @Waverly Raven @anggell @ana-sweet @Noranora @naturally @LivingGlam @FridaodaMk @CooperD @Antolinaa

    Здраво на сите.
    Ви пишувам во име на Белина.

    Најпрво да ви се заблагодарам на сите што и тука на форумов ве има во голем број како наши потрошувачи, следбеници и сл.
    Исто така сакам да ви потврдам дека многу ни значи секој ваш фидбек, па затоа редовно следиме што се пишува тука, со цел да го запознаеме вашето мислење, вашите сугестии, пофалби, поплаки, критики и сл. Само со искрен фидбек директно од потрошувачите можеме да имаме реална шанса да се подобриме.

    Сакам да појаснам неколку работи во врска со разликата во цени што се јави, која се коментира тука во неколку наврати.

    Имено, најголем „револт“ предизвикаа неколку брендови, односно промената на цените на неколку брендови, која признаваме дека беше доста голема, како на пример Mossa (која тука најмногу се зeма за споредба).
    Конкретно кај овој летонски бренд, ние имавме направено пропуст кај формирањето на првичните цени, при што е направена ненамерна грешка и се позиционирани пониско од препорачаната продажна цена на производителот. Тоа значи дека кај нас со месеци, брендот Mossa можеше да се купи за цена пониска од матичната земја на брендот - Летонија. Нешто, што во дистрибутерската пракса не смее да се случи, односно производителите не дозволуваат, нивните застапници/дистрибутери, да формираат цени пониски од фабричките препорачани цени.
    Како што споменав и претходно, бидејќи пропустот во формирањето на цените е направен ненамерно, ние не го забележавме ова се до моментот кога требаше да се променат цените на Mossa заради глобалното поскапување, кое сигурни сме дека сте го забележале кај сите брендови од сите сфери од нашето опкружување. Така, наместо да се поскапат производите за 5-10%, колку што беше наложено од страна на производителот, кај нас поскапувањето излезе 30-40%, бидејќи ние претходно сме биле цело време за 20-30% поефтини од самиот производител (по грешка).
    На пример Juicy Clean производот е зголемен од 610 на 835, меѓутоа старата препорачана цена требала да биде 745 наместо 610, па и поскапувањето наместо 35% трбеше да биде 12%, што е сосема во рамките на нормалното поскапување, па дури и пониско од просекот во индустријата. Повторно, наша е одговорноста и грешката за прениско поставените цени првично, па оттука и целата забуна и оправданиот револт од ваша страна, кој комплетно го разбираме и ви се извинуваме.

    Што се однесува до разликата во цените со дм, тие секогаш биле за нијанса поевтини од нашиот сајт, бидејќи како и секој трговец, секој има право да ја одредува својата продажна цена како сака. Ние како официјален дистрибутер и „лице“ на брендовите кои ги застапуваме во Македонија, обврзани сме продажната цена да ја држиме на исто ниво како препорачаната цена од производителот или повисока, но никако пониска од нивната препорачана цена, со цел да не се создаде рушење на цените на регионално ниво. Од друга страна, трговците кои ние ги снабдуваме со нашите производи, не се приморани да се придржуваат до таа препорачана цена и истата е необврзувачка. Значи трговецот може на своја рака да оди со цената нагоре, надолу или да се придржува до истата. Тука ниту можеме, ниту смееме да интервенираме. Она што е до нас, е на сите наши соработници да им ја понудиме истата препорачана продажна цена. Како финално ќе одлучат, е исклучиво до нив.

    Да биде револтот уште поголем (разбирливо), како велат „кога ќе тргне работата наопаку, тргната е“, кај Mossa освен проблемот со цените опишан погоре, се јави уште една разлика, а тоа е поклопувањето на период, кадешто ние продаваме по нови цени (по поскапувањето), а дм сеуште продава по стари цени (пред поскапувањето). Згора на тоа, кај нас не беа сите производите на попуст, а кај дм беа дел од кампањата „секогаш поволно“. Така се јавува огромна разлика во цена, како кај 365 Day Defence кадешто разликата беше цели 73%. Ние со нова цена без попуст, тие со стара (од наша страна прениско поставена згрешена) цена со попуст. Како што има за еден производ различни рокови на траење - бидејќи се произведени во различен месец, така може да има за еден ист производ и различни цени, бидејќи „новата пратка“ е со цени повисоки од „старата залиха“, па оттука во прелазниот период можни се уште поголеми разлики во цени од вообичаеното.

    Инаку може слободно да ги проверите цените кај самите производители и да увидите дека кадешто имаме простор и можеме, секогаш се држиме „до денар“ до странските цени (и покрај фактот што имаме најмалку за 20% повисоки трошоци од сите трговци/дистрибутери во рамките на ЕУ, ние таа разлика ја ставаме на „наша сметка“):

    https://www.mossacosmetics.com/en
    https://www.madaracosmetics.com/en
    https://novexpert-lab.com/

    True Alchemy исто така беше бренд кој имаше поголемо зголемување, меѓутоа кај нив причината беше што брендот ги крена цените за 20% во просек, а истовремено заради Руско-Украинската војна, руската валута рубљата се крена за 35%, што доведе до поскапување на самите производи за некоиси 50-60%, наместо на 20%. Сега откако се стабилизира и се врати на старо ниво рубљата, ќе можеме повторно да ги поевтиниме производите на True Alchemy, можеби не на старото ниво пред војната, но секако подостапни од сега.

    Откако се формиравме како фирма, првичната идеја ни беше да створиме нешто различно, нешто несекојдневно за македонски услови, нешто „европско“, модерно, а пред се корисно за нашите потрошувачи. Профитот, иако е неразделив дел од функционирањето на секоја фирма, не е наша главна преокупација и наш главен мотив за напредок. Правењето позитивни промени во општеството, менување на навиките на луѓето кон поздрав стил и начин на живот, тоа е она што ни дава мотив секојдневно да работиме и да даваме се од себе. Самата индустрија на природни и органски производи е далеку понископрофитна од конвенционалната. Да сакавме високи и големи профити, немаше да ја одбереме оваа гранка. Само запрашајте се зошто најголемите корпорации, дистрибутери, производители и сл. не се занимаваат со природно и органско? Заради ниската рентабилност и далеку понискиот обрт на производи на слободните пазари. Дури и во најразвиените земји како Скандинавксите, органските производи не поминуваат 15% од вкупната продажба, што сепак остава 85% на корпорациите, кадешто навистина главен двигател е профитот, а не вашето здравје и благосостојба.
    Ние од еден производ од органската храна што чини 300 денари, имаме помала заработка од дистрибутери, кои нудат конвенционална верзија на истиот тој производ за 100 денари! 200 денари повисока цена, а пониска заработка и секако понизок обрт, но сепак сме пресреќни кога некој ќе искоментира дека сме различни од она што се гледа на пазарот и дека го даваме нашиот скромен придонес за подобро утре за сите генерации. Сепак, високиот квалитет си има и цена, иако ние се трудиме и даваме се од себе да ги држиме цените што е можно пониски, генерално огромната разлика во квалитет што она што обично се нуди на пазарот, најчесто резултира и со повисоки цени, што е неизбежно.

    За крај само би напоменале, дека доколку навистина во прв план ни беше заработката и профитот, ние поскапувања на брендовите ќе имавме уште од 2019 година, а не 4 години подоцна. Имено некои брендови, кои ги застапуваме веќе подолго време, во текот на изминативе 4-5 години, поскапеа и ги зголемија цените не еднаш, туку неколку пати, додека ние го држевме истото ниво на цени со години и сите поскапувања ги амортизиравме на наша сметка, со цел да ви овозможиме што е можно подолго, коректни и достапни цени, надевајќи се дека овие вртоглави поскапувања ќе запрат и ќе се нормализираат. Сепак, дури и на таа идеја и надеж дојде крај, кога ние веќе немавме апсолутно никаков простор, повеќе да ги држиме цените од пред 4-5 години, кога сите останати не еднаш, туку неколку пати ги зголемуваа, а згора на тоа вртоглаво се зголемија и сите останати трошоци околу дистрибуцијата и функционирањето на фирмите. Можеби сте забележале, можеби и не, но ние бевме едни од последните, кои ги зголемивме цените на козметиката.
    Сите овие работи беа одлучени во ваша полза, во ваша корист, со цел сите вие да бидете позадоволни и посреќни. Некој ќе рече дека пристапот ни е погрешен, секако дека не сметаме дека сме безгрешни, но намерата ни е таа - да овозможиме што е можно подобри производи, за што е можно подобри цени - за вас.

    P.S. Некој праша зошто толку време немаме брендирани кутии. Специјално изработени брендирани кутии не користиме од еколошки аспект. Сепак сме фирма која застапува природни и органски брендови, кои пропагираат и се залагаат за заштита на нашето здравје, но истовремено и заштита на животната околина, па така сметаме дека специјално изработување на брендирани кутии, кои веднаш по примањето на нарачката ќе бидат фрлени од ваша страна (барем од повеќето), не е ништо повеќе отколку дополнително создавање на отпад без додадена вредност за општеството и околината, само за некој краткотаен „wow“ ефект на клиентот при примањето на пратката. Ние би сакале сите вие „wow“ ефектот да го добиете од самите производи и од нивниот бенефит кон вас, а не толку од кутијата во која истите пристигнуваат. :)
    И тука можеби некои нема да се сложат со нашиот став, но тука сме за сите сугестии, прашања и критики.

    Доколку имате дополнителни нејаснотии, би биле среќни да ви излеземе во пресрет со соодветни одговори.

    Уште еднаш во име на целиот тим ви се извинуваме за сите непријатности и ве охрабруваме за сите негативни искуства (од било каква природа), да не контактирате директно нас и да ни се пожалите, верувајте многумина од вас ќе бидат позитивно изненадени колку работи може многу лесно да се решат и да се најде компромис за истите, само доколку ни ги посочите.
     
    На Bella2_, AlicaInWonderland, Dorisce и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Јас сакам една забелешка да дадам ...некогаш кога имате намаление на цените на некои производи и кога тоа намаление е поради истекот на рокот на производот добро би било да го напуштите тоа како забелешка затоа што јас рокот го гледам откако ќе ми стигни нарачката дома а понекогаш правам залихи од некои производи и ќе ми испадни дури да почнам да го користам тој производ да помини рокот. Конкретно ми се случи тоа со лавера шампонот за бебиња, го порачав за Блек фрајдеј а го почнав да го користам малку подоцна и кога помина рокот го фрлив скоро цело пакување. Фала.
     
    На simoncelicius, Waverly Raven, ElenaRbd и 3 други им се допаѓа ова.
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.478
    Благодарам на прекрасното објаснување. Покажавте дека сепак мислењето на потошувачите е најбитно. Ние како потрошувачи сакаме најповолни цени со најдобар квалитет што е и нормално, но на моменти и не размислуваме толку длабоко која е реалната причина за поскапување.
    Искрено, јас стојам на ставот дека треба да имате брендирани кутии. Кога би се решиле на таков чекор, постојат биоразградливи материјали што немаат штета за природата, а верувам и вие тоа го знаете.
     
    На B3LL1NA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. B3LL1NA

    B3LL1NA Нов член

    Се зачлени на:
    5 јули 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Сосема на место ви е забелешката и комплетно се сложуваме со вас дека тоа мора да постои.
    Имено ние веќе подолго време веќе работиме на случајот да го има и тоа, меѓутоа верувајте некои работи кои вака на вебсајт навидум се „ситница“ или „мал детаљ“, позадински/системски се цел лавиринт на комплексни процеси, кои мора да се обмислат, организираат, мапираат и на крај внимателно имплементираат, за сето тоа да функционира како што е и замислено. Ќе се изненадите колку навидум едноставни работи, бараат буквално месеци напорна работа од нас во соработка со програмери, за сето тоа да се постави да работи за вие да може да гледате еден „обичен“ рок на траење.

    Инаку да, работиме на случајот кај сите производи (и тие што се на попуст заради краток рок, но и кај редовните производи кои не се на попуст), да се прикажува рокот на траење. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме да го имплементираме тоа.

    Во моментов работиме и на нов вебсајт, кој треба да биде многу помодерен, побрз, по-user friendly, со далеку повеќе опции. Исто така работиме и на лојалти програма, со која би сакале да ги наградиме оние од вас, кои со години ни се верни потрошувачи и поддржувачи, но и сите нови кои би сакале да ни се приклучат.

    Повторно ќе ве охрабриме, за секој проблем на кој сте наишле од наши производи или услуга, слободно обратете ни се, дали по телефон, меил, порака или било како, верувајте нема сигурно истото да биде изигнорирано и најдетално и внимателно ќе биде обработено, со цел соодветно да ви се помогне.

    Ви благодариме и сите вам на добронамерните критики и сугестии. Тие се оние кои низ годините ни имаат помогнато да се издигнеме на едно повисоко ниво и да станеме подобра верзија од самите себе.

    Ќе ја земеме во предвид вашата сугестија за брендирани биоразградливи кутии и да размислиме дали сепак би можело да биде опција, која би можеле да ја нудиме за нашите онлајн пратки.
     
    Последна измена од модератор: 9 јули 2023
    На Ano, naturally, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. pipi24

    pipi24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    И јас имам забелешка во врска со доставата, почна многу да касни, ако порано ја добивав пратката за 2-3 дена сега касни по 7 и повеке денови.
    И во врска со сајтот, на секое најавување треба да ја сменам лозинката бидејки ми пишува дека сум стар корисник.
     
  19. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    7.925
    Пол:
    Женски
    Здраво :)од мене едно прашање дали ќе биде пак достапен серумот со 3% Хијалуронска киселина на True Alchemy во шприц што му беше пакувањето, или воопшто веќе не се произведува ни во Русија?

    И да се надоврзам на тоа со рокот на траење да биде наведен кога се производите на попуст поради краток рок, ако не може на сајтот тоа одма да се направи, на објавите на социјалните мрежи барем да биде назначено, и при онлајн нарачките да доставувате и фискална сметка со пратката.
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Дали имате проблем со доцнење на нарачки? Пишува достава 1-2 дена, ајде разбирам и 3, ама 7+ дена, што е проблемот?