Здраво женски јас го имам користено тој шампон и премногу бев задоволна. Го користев лани летото заедно со серумот против опаѓање. На сестра ми која еден период имаше проблем со зголемено опаѓање многу и помогна. Јас истово ова им го кажувам на луѓето кога ќе ми пишат дека органскиот производ им предизвикал бубуљици. Кожата се чисти од хемикалиите кои сте ги нанесувале претходно и има потреба да се навикне на новиот производ кој конечно ја чисти кожата и ја помага природната функција.
Не драга немам. Ај те молам стави ми слика да видам за кои производи станува збор? Ако ми се допаѓаат следно нешто е тоа што ќе пробам за рецензија...Начелно обожавам вит. Ц
На страната на белина гледам имаат само од ватите за чистење на лицето. Кај нас во Гр на страната гледам цела линија имаат донесено од крема за очи , серуми , маски , креми за лице итн.. Ова подоле е крема за очи , па еве го и составот Aqua with infusio Natura Siberica of Hippophae Rhamnoides Fruit WaterWHH, Angelica Archangelica Root Water*, Calluna Vulgaris Extract*, Calendula Officinalis Flower Extract*, Scutellaria Baicale Natura Sibericais Root Extract*, Aquilegia Sibirica Flower/Leaf/Stem ExtractWH*, Eleutherococcus Senticosus Root ExtractWH*, Geranium Sibiricum ExtractWH*, Hippophae Rhamnoides Fruit Oil*, Cetearyl Alcohol, Coco-Caprylate/Caprate, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Coffeine, Phospholipids, Glycine Soja Oil, Sucrose Polystearate, Cetyl Palmitate, Tocopheryl Acetate (vitamin E), Retinyl Palmitate (vitamin A), Xanthan Gum, Citric Acid, Benzyl Alcohol, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Parfum.
Укуцав C-Berrica на гугл и ми даде некоја страна која личи како да е поврзана некако со производителот...и разгледувајќи налетав на ова: http://eurobiolab.com/productions/natura-siberica/bereza-siberica Очигледно некоја друга линија, која ја претставуваат како новитет, а е за oily and acne prone skin. Ја има во Грција? Си пробала нешто од оваа? Или ептен е тазе? Многу возбудливи производи, а се надевам и составот дека ќе им биде ОК, не можев да најдам.
Очигледно на Балканот е многу подостапна Натура Сиберика како бренд, гледам и во Хрватска ги има на многу места, а еве ти во Грција кажуваш дека се продаваат веќе новитети некои. Тука во Германија има од пиле млеко, ама за Натура Сиберика стварно треба да се помачиш да најдеш. Ајде споделувај обавезно искуства, јас немам многу производи од нив пробано, ама тие што ги имам, се супер и затоа се радувам на новитети од овој бренд. Ако мислиш на Уртекрам шампоните, јас со две раце потпишувам за нив. Често имам пишувано за нив и ги имам веќе користено повеќето, навистина се прекрасни и ефикасни.
Само едно потсетување дека рекламирање на форумов не е дозволено. Белина мк доколку се заинтересирани за реклама нека се обратат на сопствениците на форумот, рецензии во замена за производи ќе бидат избришани.
Е баш погоди еден што немам користено. Искрено, судејќи по моите искуства со другите (меѓу кои и тој против првут со алое вера), би рекла дека и овој дека е супер. Немам утка направено до сега со нивните шампони, секако најчесто си го користам тој со зелен чај (green matcha), бидејќи ми одговара на мојот тип на влакно/коса.
Green Matcha, Rosemary, Nordic Berries, Aloe Vera, Brown Sugar и Tea Tree. По тој редослед ми се и омилени.
А што е белина мк? И колку што гледам, многу од членките што коментирале не ни живеат во мк, а се коментираат производи ко и во секоја друга тема. Прекрстете ја темата во био или органска козметика ако нема таква на пример, покорисно би било така отколку да се мавтаме во сто теми со истиот муабет.
Во принцип никогаш не трошам многу пари на гелови за тело ама некако овој ми изгледаше многу интересен и го купив. Прво 250 денари фркнав за џабе, а второ не си ја ни врши работата како што треба. Не прави убава пена и нема баш најдобар мирис. Не би купила повторно ништо од Белина
Organic shop во дм многу често се на попуст, цената им паѓа на 205 денари, имаат убав природен мирис и се многу нежни. Не прават пена бидејќи не содржат Содиум Лаурет Сулфат, обично таа состојка прави пена, но е исто така иритантна за кожата
SLS како сурфактант е забранет кај сертифицираната козметика општо, така што не само Organic Shop, туку ниту еден сертифициран производ не може да содржи SLS. Најчесто според она јас што сум го користела се употребува Sodium Coco-Sulfate. Инаку не би се сложила дека не прават пена, бидејќи ако убаво им е избалансирана формулата, има доволно пена како и кај конвенционалните.
Одлична е, кремаста е текстурата, и пријатен мирис имаат. Кожата е мазна и затегната по неколку неделно нанесување. Јас 2 пати ги нарачав, штета што потоа не беа пак на акција.