1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белина козметика

Дискусија во 'Лице' започната од TMarijaT, 1 мај 2020.

  1. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Јас нарачав минатиот четврток, во саботата веќе ми стигна..и тоа во друг град..а читав овде членки се жалеа...јас повеќе од 2 дена никогаш немам чекано
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.838
    Пол:
    Машки
    Пиши им на фб/инста, многу е 7+ дена.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Им пишав меил, тоа им стоеше како контакт, не враќаат.
     
  4. Anomys

    Anomys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Јави се. 078/885-333 - овој беше пред неколку години, јас кога вртев. Провери
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Ден 8ми поминува, нарачката уште не е стигната.
    Не одговараат ниту на меил, ниту на порака на инстаграм.
    :?:

    (tumbleweed)
     
    Последна измена: 18 јули 2023
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.902
    Допаѓања:
    108.053
    Пол:
    Женски

    Screenshot_20230718_134936_Chrome.jpg

    На телефон си ги барала?
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Еве ги ми одговорија дека денеска ја испратиле порачката, откако им пишав фактички. :rofl:
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Верувале или не уште не ми е стигнат серумот. :rofl:
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.838
    Пол:
    Машки
    Мора да им досаѓаш на фб/инста/тел.!

    Малку ми е чудно шо не ти враќаат на пораки/одговараат на тел зашто секогаш беа брзи и ажурни. :?:
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Ми вратија еднаш, го пратиле, ама сега овој пат не е до нив, каргото зафркава. Де колата им е расипана, де топло му било на тој не возел преку ден и секој ден ми вика 'ај утре'. Како и да е, смешно ми е што стана историски серумов, а можев од ДМ да си го земам фино лепо.:rofl:
     
    На Bella2_ и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Преку Еко логистик е доставата? Ако да, тогаш верувај дека до нив е, ужас се. Стално они као наводно „се јавиле ама не сте кренале“ и си стои пакетот кај нив во магацин. Ако е некој друг, тогаш очигледно не се нешто поразлични и тие. :D
    Јас затоа од ДМ и Космо си купувам Натура Сиберика козметика, не можам веќе да се темпирам со овие карговци.
     
    На simoncelicius, Bella2_ и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    8.760
    Пол:
    Женски
    Од Белина јас веќе одамна не нарачувам онлајн, со доцнење на пратка или неодговарање на порака немам искуство, но затоа се случило да пратат производ платен по регуларна цена, а при крај на рок, исто така фискална никогаш не праќаат:D Голем дел од производите на Natura Siberica, Mossa и Organic shop ги има во ДМ и Космо, во ДМ се и поевтини, а и нивната продавница во Ист Гејт е доста снабдена.
     
    На MandyLane и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.902
    Допаѓања:
    108.053
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230826_143737_Chrome.jpg

    Овие спф креми сте ги пробале?
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Денес кога купив нешто од Белина во East Gate ми дадоа подарок спреј Jonzac термална вода... и не ми е јасно што е тоа, која му е намената, како се користи? Не е ли вода.. само вода? :D Се прснав и делува освежувачки, ама мислам дека истото може да се постигне и со обична вода, или јас нешто грешка сум. :D
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    254
    Термална вода е на некој начин нешто што е многу поздраво од тонер и есенција. Повеќе хидрира, кај некој помага за розацеа и црвенило додека кај некој сјај дава на лицето. Сите се различни искрено јас на авене ја знам ја користат за црвенило и смирување ,додека овие другиве ги немам истражено искрено. Повеќе го користат и сензитивни лица од причина што не го допираат лицето и внатре нема никакви киселини ниту некој состојки што може дс иритираат и е баш на база на вода како што си кажа. Корисни се да ама на за секого и за секоја употреба искрено :)
    Јас некогаш би пробала ама во моментов имам неколку побитни работи за пробување ама интересно би било да се проба да се види каков ефект би се постигнало.

    Како се користи /
    Можеш два пати на ден после миење лице
    Можеш и кога си цел ден дома или во денот кога не носиш шминка ако ја осеќаш кожата сува или дека ти треба малце сјај малце свежина да прснеш.
    Во буквална смисла кога сакаш можеш да ставаш само да е на чисто лице да не ти е над шминка :).
    Обично ставаат два пати на ден ама кога доаѓа лето го прскаат и до 4 пати бидејќи тогаш кожата ептен бара. Почни си ти со 1-2 пати на ден види како ќе ти биде и како ќе ти се свиѓа па сама ќе си одлучиш како тебе најмногу ти одговара да прскаш и ставаш од него.
     
    На marchi-cool и blueeparadise им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Фала ти на опширниот одговор. :)Според мене најкорисна би била во лето, кога е ептен топло да се освежиш, вака во најладното уште со вода фали да се прскаш. Инаку, се зачитав на интернет и фала богу ко за секоја нова работа што ќе искочи, паѓање во несвест, еликсир ја направија водава :D и многу спротивставени работи - на едно место пишале никако врз шминка, на друго супер е како фиксатор за шминка. Јас и ја дадов на мајка ми, нејзе многу и се допадна, она има многу суво лице и ми кажа дека во последно време ептен и се затегало и и се правеле брчки, се прсна два пати, тврди дека ја освежило, и го хидрирало лицето и не го осеќала веќе затегнато. Иначе ако сакаш да пробаш, ова од Jonzac е 100 ден за 50мл.
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Јас термална вода купував коа син ми беше бебе. И летно време му прскав за ножиња и тело за освежување :)
    Не дека и обична вода не би завршила работа ама како нова мамичка сакав да купам се што постои за моето бебе па го прскав со авен термална вода :D
    Се смеам сама на себе. Која глупост и фрлање пари е ова :D
    Инаку за мене примена му најдов како прскање на лице пред нанесување хијалурон. Оти тој се става на влажна кожа.
    Ама и оваа причина е глупава пошто едноставно можеш да го нанесеш после миење лице или едноставно намокри со обична вода :D


    Ја искрено не верувам дека има нештп поразлично од термална и минерална вода за прскање лице.
    Секакп дека термалната си има доста позитивни ефекти. Ама за прскање на лице во таа колична тешко дека има разлика за да ја плаќаме толку
     
    На Bella2_, blueeparadise, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.084
    Пол:
    Женски
    Здраво, станува збор за термална вода која летно време се користи за освежување на кожата (секојпат кога ќе почувствуваш пореба за тоа), а зимно како еден вид на тоник кој се испрскува пред нанесување на кремот (секако откако ќе се впие). Доколку навечер користиш некое масло или омега масни киселини на Новексперт, во тој случај најнапред испрскај од спрејот па нанеси од маслото на благо навлажнета кожа за подобро да се впие. Како и да е термалната вода е позната по своите лековити состојки и бенефиции врз кожата. Јас ја обожавам оваа од Јонзак и имам цело големо шише.
    Поздрав.
     
    На zence, marchi-cool, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    12.048
    Пол:
    Женски
    Ве читам дека ви доцни доставата, мене па од Белина доставата ми е една од најбрзите, за два дена ја имам пратката.
    Некогаш зависи од карго доставувачите. Од еден бутик што нарачувам знам секогаш дека пратката ке ја чекам 6,7 дена што кај мене не е случај со ниедна пратка. Секогаш ја добивам за 2,3 дена. Зависи во кој град, со која достава соработуваат.