Точно. Мислам дека 99% проблемот е во карго. Дури и не во целокупното карго кај мене зависи и кој доставувач е на смена. Има еден коа ќе му доделат пратка ми ја доставува истиот ден. Другот шофер од истото карго ги чува у комбе по 2-3. Некогаш и јас го барам оти знам дека е кај него да го најдам јас каде е да си ја земам. На бизнисиве што продаваат онлајн не им одговара пратките да си ги чуваат во магацин и автоматски со тоа да одолговлекуваат приходи, нема логика
@Biodevojka што мислиш за портокаловата и ликјаковата линија,со боровинките на Натура сиберика? Доволни ли се за нега на лицево имам 35 години?
Здраво драга дали мослиш на оваа линија Анти окс? Доколку да, ти гарантирам дека е многу добра. Јас ги имам пробано следниве производи : двофазниот серум кој го обожавам, ноќниот крем маска и тоникот за лице. Дневниот не го змав зошто ако не се лажам беше со СПФ со хемиски филтри. Ти оставам комплетна статија со слики и рецензија од ефектот. Мене многуми се допаднаа овие три. http://biodevojka.blogspot.com/2021/06/nti-ox-natura-siberica.html Која е портокаловата линија со што е? Да знам да ти кажам дали сум ја пробала. Поздрав.
Фала Портокаловата со витамин Ц исто од Натура сиберика. И ако може препорака за спф крема имам многу мрсна кожа
Јас бев презадоволна од чистачот , ноќната крема и серумот од линијата со боровинки. А па како мирисаат само
Драга од портокаловата имам пробано две маски со Ц витамин потоа оваа крема флуид Другата крема со СПФ не поради хемиските филтри и серумите ги немам пробано поради ретинолот. Овој флуид крем и маските подолу се супер и многу убаво делуваат врз кожата За СПФ зимно време немаш потреба, освен ако не одиш на планина каде си повеќе изложена на сонце и поради снегот кој рефлектира
@anggell пудрата течна на Лавера ти ја имаше користено? https://www.bellina.mk/p/3670/liquid-foundation-techna-pudra-za-litse-30-ml?categories=114 И за кармините на Лавера ме интересира дали некој ги користел
Да јас ја имам, убава е, ама за мрсна кожа не ја препорачувам, за сува кожа би била идеална. Самата пудра кога се нанесе има како сјај на лице, мајка ми ја купи ама таа ептен свети не и се допадна, мене ми е добра имам нормална до комбинирана кожа. Пудрата е таква, не се добива сјај после некој час, туку веднаш по нанесувањето. Кармините и јас се мислам да ги пробам. До сега не сум ги користила. Од Лавера најмногу ми се допага компактната пудра и камената пудра, уште комбинираната ми остана да ја пробам.
За течната пудра и јас ја имам користено, Еве видео Исто така имам пробано и еден од кармините. Предобри се, еве ефект од употреба во ова видео.
Оф, штета @Biodevojka и тебе планирав да те прашам а ако ја комбинирам со пудра во прав може ли да биде поиздржлива или?
Здраво, може ли подетално да пишете дали и колку е штетен дневниот крем со спф? За доилки конкретно. @Biodevojka
Ја користев летото кремата со спф од Lab Biome, ок беше, имам сува кожа и по нанесување малку лицето како да добиваше повеќе сјај. Еве сега гледам, не сум ја ни дотрошила.
Има ли некој спф со минерални филтри за комбинирана кожа тука на Белина? @Biodevojka дали можеби ти текнува? јас џабе читам кога не разбирам...
Здраво драга кажи ми кој фактор ти треба и дали може тониран да биде кремот? Јас имам комбинирана кожа така да може да ти препорачам неколку варијанти.
Не би ми менувал фактот за кој фактор станува збор и дали е тониран или не, само да не ме нафрла, многу ми е осетлива кожата
Ок драга во тој случај пробај некоја од овие Оваа од Мадара е моја омилена спф 15 за зима е сосема ок (иако јас зимно време не препорачувам СПФ креми), има предобра структура и тонирана е. Практично е 3 во 1: негува, хидрира и штити. Одлична е за комбинирана кожа