Фала ти Јас лично оваа ја немав , ама сум користела други (на Виши, Ла рош,Апивита..) како тоник за лице пред да нанесам хијалуронска киселина, зошто нели лицето треба да е навлажнето за да се упие. и во лето за разладување се прскам
Здраво драга јас ја имам термалната вода на Жонзак и ја користам на повеќе начни. 1.Ја испрскувам на лицето наместо тоник пред да нанесам серум. 2. Доколку сакам да нанесам масло тогаш најнапред прскам од водата и чекам малку да се впие да биде благо навлажнета па нанесувам од маслото за подобро да се впие. 3. Исто така оваа вода ја користам за правење на маски од глина на пример од розева или бела глина кои се одлични за кожата. Како и да е термалната вода има многу убаво дејство врз кожата. Летно време стави ја во фрижидер и испрскај на кожата секогаш кога ќе почувствуваш потреба од тоа. Поздрав.
@Biodevojka може ли да ми кажиш ANTI-OX BLUEBERRY SPF кремата дали е штета во бременост? Јас ја користам меѓутоа сега прочитав погоре некои мислења па би сакала да те слушнам. Поздрав
Драга таа крема има хемиски филтри, а знаете дека јас препорачувам само физички. Она што јас би можела да ти го препорачам како спф се овие производи Овие на Леврана се моментално на попуст по 400 мкд и секако оваа која ми е омилена
Дали некој има користено од парфемите? Како сте задоволни? Секако, за цената не очекувам предолга трајност, ама па и да не е како вода да сум напрскала.
Освен во ист гејт имаат ли белина друг продажен салон? Ми дава некоја локација кај тц зебра позади викинг
Да, има таму. Има и во Карпош, на булевар 8 Септември. Во Настел зграда. Има мапи на нивниот вебсајт.
Кај мене за 2,3 дена најдоцна, никогаш немам доцнето од кај нив. Многу се жалат дека не им стигнуваат ама мислам дека не е до нив туку до доставувачите.
Стално плаќам со картица, досега сум немала никаков проблем. Битно да добиеш повратен мејл. За чистач, само пената на Лавера, за сензитивна кожа. Најубава ми е. А за креми, јас имам комбинирана, ми одговараат и помасни креми. Влифт линијата на Моса не е лоша, исто и спф кремот. Имаат и серум од истава линија ако сакаш и тоа. Спф исто на Моса, или на Натура сиберика, зависи што фактор ти треба и дали лесно гориш. Тоа е она што сум користела и би користела и понатаму оти ми се погодија.