@Annath благодарам а од серум, се мислам тој на Моса да го земам со витамин Ц што е, да не го имаш користено?
@hello-kitty.90 Јас таа 4тата и 5тата ги имам користено, едната пишува дека е бб крема ,има некоја нијанса кремата ама немаше никаква голема покривност како бб крема туку само дава некоја хидратација. И мат е да напоменам И таа на НС со боровинките е супер, јас многу задоволна бев не само од неа туку и од целата линија. Даваа одлична хидратација, не ми ја мастеа кожата иако имам мрсна кожа. И двете се дневни креми инаку. Таа на oblepikha vitamin c ја имаат пробано @Biodevojka и @Annath ги имав читано во некоја од темите дека се задоволни од кремава А за тие со спф на Органик шоп и мене ме интересира дали се добри
Првите две креми првпат ги носат годинава, додуша не знам дали се достапни, пошто последно пишуваше coming soon, немам искуство. Oblepikha C-berrica ми е една од кремите што секојдневно ги користам, има текстура како мус, лесна е, пријатна, треба малку време да се впие, ама убаво легнува и дава убав сјај. Detox Kamchatka не е лоша, треба да има намена како бб крем, не е екстра покривна, ама изедначува тен, и е доста светла. Не дава сјај, матира, ама спф 15 ти е слабо ако поминуваш време на отворено. Таа со боровинките не сум ја користела. Пак си купив спф на Моса. Некако пак му се враќам, најпристапна цена ми има.
@koritsaki @Annath фала ви. Ми треба да е со спф зошто ме фаќа сонце редовно. Инаку кожата ми е сува, посебно делот над носот на чело и околу носот е перутава, па ми треба баш да е хидратантна. И само совет, читав дека оние кои содржат нијамицид и вит ц не се препорачува да се ставаат и да се изложуваш на сонце, а повеќето се дневни креми за преку ден. Дали е погрешно да земам таква некоја и да се изложувам на сонце, или тоа што имаат и заштитен фактор ги прави погодни и за преку ден па не смета?
@hello-kitty.90 Сега зошто доаѓа лето, земи си ја на Mossa има спф 30,јас бев задоволна од неа (јас имам мрсна кожа па ја сетирав понекогаш со пудра) а тебе бидејќи ти е сува кожата исто ќе ти одговара зошто не е мат, баш сјајна е Јас па знам обратно,наутро е пожелно да се става серум со витамин ц , па спф крема, ретинол и салицилна киселина не се користат наутро
Да те прашам за кремиве на Моса, ноќната од дневната дали се разликува по структура? Дали е по густа, по хранлива?
Не се сеќавам, ама мислам дека немаше разлика меѓу кремите. На пример кремите со арган на Со Био Етик беа различни, дневната полесна, класичен крем, ноќната со текстура како вазелин, ама не беше премрсна. А овие на Моса ко исти да ми беа, можеби за нијанса ноќната малку потешко се впиваше. Ама не ми ја мастеше кожата.
@Annath фала ти од Моса јас ја користев 5in1 24 часовна е таа крема и супер беше, сега сакам нешто друго да пробам
3тата моментално ја користам и сум задоволна, многу хидрира,лесно се размачкува и прекрасно мириса. Да ја дотрошам и друга 50ка ќе земам, веќе мислам 20 спф слабо е за сонцево ептен. Последната зимоска ја користев и не ми беше нешто нај нај, едвај чекав да ја дотрошам.
Здраво девојки од линиите со вит. Ц и анти окс на Натура Сиберика имам пробано: ноќните креми кои се одлични, и некои од маските и серумот анти окс оној двофазниот кој е незаменлив. Дневните креми со СПФ не.
Овие од Белина ја претераа, прво беше сметка над 800 ден бесплатна достава, па 950, сега над 1500 ден. Секој месец правев нарачки ама дефинитивно ќе ги менувам, и така она што ми треба во ДМ го има поефтино. Не дека не трошам толку ама некогаш само ситници ми требат и морам да правам нарачка дупла или нешто ради реда..
Зависи од производот. Јас ги имам користено овие и ги ставав секој ден наутро и навечер по пола ампула Моментално се на попуст 583 мкд
Здраво драга, сѐ што имам досега пробано од Мадара било врв вредело секој денар. Овој стриктно го немам пробано ама според декларацијата е одлично СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, BETULA ALBA (BIRCH) JUICE, PENTYLENE GLYCOL, SODIUM PCA, SCLEROTIUM GUM, LACTIC ACID, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, AROMA, SODIUM PHYTATE, LINALOOL. Дефинитивно хидрира, одличен е за под крем како наутро така и навечер.
Вчера бев во Белина за прв пат по скоро една година. Запрепастен сум колку уште повеќе се покачени цените! Баш гледав мејлови од онлајн нарачки од пред 2-3 год, некои производи имаат и над 60% поскапување.
Јас ја имав ваљда таа среќа да ги одберам трите најгрозни производи. Многу лоши мириси, имам земено пилинг, гел за туширање и лосион за тело. Yves Rocher ми се незаменливи.