Јас скоро и да се откажав од нивните нарачки. На две недели или на еден месец правев големи нарачки, секогаш со дупли нарачки затоа што секогаш оставав залиха ама сега со месеци немам порачано а не сум ниту во план. Има навистина добри производи, ама цените доста високи посебно делот за храна ми е превисок. Ептен ме иритира она качување на цени и на производи плус и доставата, над 1500 бесплатна, далеку повисока од првичната.
Мене особено непријатно ме изненади тоа шо цените на нивните производи во ДМ му се пониски, а тоа значи дека ДМ и на таа цена прави добар профит, а камоли тие на повисоката.
Имаја тука одговор во врска со цената. Али помина доста долг период и сеуште има разлика кај нив и во дм
A шо не е хемија? И “природните” производи се хемија бидејќи се составени од хемиски супстанции, соединенија… Впрочем се она шо не опкружува е хемија.
постои хемија и хемија...не се сите формули исти... ако сакаш ќе споредиме две формули за да биде појасно...
Здраво дечки ,искуство со овие две креми? Сакам да ги купам,ги имам пробано само како тестерчиња и ок ми беа.Па ме интересира дали некоја ги користела? Едната е за матирачки ефект мислам а другата е против акни
Ништо ми се нема погодено од Белина. Имам купувано неколку пати производи за лице, имав и рутина преку Магнолија ама со се имав лошо искуство.
Ќе пукнам од мака Си купив еден шампон, си реков ај од Белина директно од продавница, можда подобро, поевтино.... Шампонот за коса беше 315 ден. Одам следниот ден во ДМ, истиот за 235 ден
Здраво драга, за Jonzac ти гарантирам дека е една од најдобрите марки, сѐ што имам пробано досега е феноменално. Таа и Madara ми се врв. Слободно земи ја... Драга, многу зависи и од рутината која си ја правела. Секако сите сме различни и некој има резултати а некој можеби има потреба од други производи и комбинации.
Кој е најдобар помеѓу овие 3 витамин Ц серуми на Натура Сиберика? Конкретно ми треба за избледување на флеки, подочњаци и општо да ми го живне лицето. Тој hydration мислам дека не е, и се мислам помеѓу energy и antioxidant, ама за жал тие два ги нема во ДМ, а во Белина верувам има голема разлика во цената. Во право сте иначе, чим ДМ може да прави заработка на толку поефтини цени, што останува за Белина... Јас немам нарачано со години, последен пат кога земав нешто имаа некоја минимална достава, сега ептен ако ми треба нешто си земам директ од продавницата во Ист Гејт.
Ниеден, од аспект на тоа што имаат ретинол а јас сум против таа состојка. Земи го овој кој е феноменален
Сега ми текна дека имаат и крема од таа линија, што ја има и во ДМ, па може да ги земам и кремата и серумот. Ок би била вака во поглед на тоа што го барам? Ретинол нема ко што видов.
да да и кремот го имам пробано предобар е...земи ги во комбинација двата производи Едит: Само што ја видов декларацијата ова е дневниот крем со хемиски филтри е...земи го ноќниот тој е поприроден.
Хмм, мислам дека нема ноќна крема од оваа линија... Јас ти пратив декларација од витамин Ц кремата со СПФ 20 што е, од истата линија со витамин Ц серумите. Јас те испомешав, не напоменав од која крема ти пратив декларација. Ама гледам дека и Anti Ox кремава има ниацинамид, така да веројатно би помагала за осветлување на флеки и таа. Фала ти
Има ноќна крема од оваа линија, само не се употребува секој ден како стандардна крема , туку 2-3 пати неделно (јас според инструкциите се водев )