Јас ја користев оваа до скоро искрено не видов скоро никаков ефект. Претходно ја користев таа што пишуваше soothing night cream мислам дека и поголема хидратација и општо имаше посмирувачко дејство
Јас се мислам дали да ја купам, имам комбинирана накај мрсна кожа и на интернет читав некаде дека дополнително ја мрси кожата. Ти како си задоволна?
Ти благодарам. Решена сум малку повеќе внимание да обрнам на нега на лицето, па истражувам кои производи да ги купам.
Немам проблеми со лицето во однос на пигментации и сл ,ама од аспект на хидратација бев презадоволна. Општо и од кремите на Моса бев ептен задоволна убаво ми "легнуваа" на кожата
Ми стигна маил дека лозинката ми е променета, а јас немам ништо сменато. Можно ли е да се хакирани или некој друг проблем? Дали на некој му стигна ваков маил?
Конечно го земав серумот на mossa за пигментации, е сега и кремата што ја користев од embryolisse ми е при крај и сакам да земам крема на mossa во комбинација со серумот. Сте користеле ли некоја да ми препорачате?
https://bellina.mk/product/vitamin-cocktail-5-во-1-дневна-крема-за-сите-типови-на-к/ Доколку имаш комбинирана масна кожа оваа супер ми беше исто од Моса, заедно со серумот се покажаа одлично