Мицерална вода не користам а, серумот е веројатно со витамин А...јас користев од гарниер и немаше речиси никаков ефект освен што чувствував како се затега малку кожата не ми се допадна мене и престанав да го употребувам. Инаку на сестра ми е и е серум со витамин Ц.
Кремата на Natura Siberica Anti ox wild blueberry јас ја користам, имам сува кожа, мене ми е многу погодена, брзо ми се впива, лесно се размачкана, убаво мириса.
Сите ги имам користено освен последниот производ. Спф кремата е супер за комбинирана масна кожа Чистачот 100 пати го имам купувано одличен е И кремата на Н.сиберика првата е супер еднаш ја имам користено
Задоволна сум од кремата за во лето, во постудените денови ми треба поголема хидратација. А чистачот со години го користам, друго освен него не сакам ептен е добар.
Дали само јас не можам да се снајдам да пребарувам на новата страна на Белина? Не можам да најдам пример одделени производи според бренд, пишувам Novexpert, ми излегува не се пронајдени производи?!!! Стариот изглед на веб страната ми беше многу поедноставен.
И јас тешко се снаоѓам. Нема пребарување по бренд, мора по производ да тражиш, а тоа замара реално. Јас од Конопка користам повеќе работи и морам едно по едно да отварам, да листам.. без врска ми е. Плус гледам зелената крема од Конопка ја нема воопшто, има ли некој инфо дали ќе ја има воопшто?
Anti ox, Natura siberica ги користам пената за чистење и дневниот крем. Одлични се. Дневниот крем за ништо не би го менувала во зима
Здраво дечки. Сакам да ве прашам дали некој од вас имате искуство со емулзијата витамин А (ретинол) на True Alchemy. Веќе ја користам 3 недели во рутината. Лицето многу ми се нафрла, ама прочитав дека станува збор за skin purging. Еве веќе третата недела почнува, ама не забележувам намалување на акните. Никогаш не сум имала толку акни на површината, имам комедозни акни. Му пишав на Bellina, само ми рекоја дека треба 4 недели да поминат. Ве молам ако може ваше мислење. Фала ви!
Сега нарачував и од што се изнервирав многу, морав да споделам дека новата веб страна им е КАТАСТРОФА! Не можеш да најдеш ништо, ставаш едно нешто во кошничка и како што пребарубаш други продукти тоа ти се дуплира во кошничката...од тие тестерите гратис, на ниеден му немаше слика и сите беа на 100 страници и плус тоа кога ги додавав ми ги наплаќаше, ужас! Не знам кој ја направил, но тој што ја направил слободно нека проба да нарача нешто па да го видиме. За ова време што си играв ќе одев и ќе си купев од продавница..
Јас така направив последниот пат, цел ден се занимавав со тие дуплирањата де на еден продукт де на друг, на крај отидов во продавница испазарив.
Во продавницата во Ист Гејт има доста попусти на козметика при крај со рокот, се исплати доста. Даваат поклонче со сметка над 3000 денари. За онлајн не знам дали важи истото. Сајтот не ми е воопшто прегледен, порано беше подобар, не знам зошто го сменија.
Да, пре презадоволна сум, години го немам сменето. Дома секогаш имам на залиха по две три шишиња бидејќи еден период го немаше, па лом ми се направи лицето дури си погодам нов маслен чистач. Од мене сите препораки.
Онлајн над 1500 денари периодов даваат подарок. Кај мене имаше кутија чај пратено. Инаку е многу непрегледно на новата страна, само што во мојот град нема продавница, сакам или не, мора онлајн.
Здраво, дали некој има искуство со True Alchemy vitamin A? Го користам веќе еден месец и лицето ми е повоспалено од претходно. Прочитав било нормално неколку недели додека да се исчисти лицето, па сакав да видам ако некој има искуство со ова.
Се надевам не го користиш секој ден. Мислам треба прво до два пати неделно, да ти се навикне лицето, а после зголемуваш со ставање. Направи пауза со кремот, нека ти се смири кожата малку.
Јас направив нарачка од 3400 денари мислам, и ми пишуваше дека ми следуваат 4 бесплатни тестери. Ама откако ќе ставев повеќе од 2, ми наплаќаше +100 денари за 4 тестери, а не можеш да избришеш само два, туку морав да ги избришам сите и одново да се враќам да одберам 2 тестери. Прочитав погоре дека давале подарок за нарачка над 1500 денари. Се надевам дека ќе пуштат нешто за сметка од 3400 - може и чај, одамна ги меркам оние Yogi tea да ги пробам какви се.