Одамна го имав земено, као почнав да го ставам, немав никакви реакции, ама го баталив оти не сакам да користам такви препарати, преферирам други активни состојки. Тргни го од рутината, види дали може да го замениш со нешто друго. Предолго ти е воспалено лицето, немој да го форсираш, не ти одговара веројатно.
Кај мене е овој https://bellina.mk/prodavnica/organska-hrana/kafe-kakao-i-chaj/detox-органски-чај-х17/ Убав на вкус, уште повеќе на мирис ама после голтка толку благ вкус во уста остава, како со секоја голтка и лажица шеќер да си зела. Инаку без шеќер го пијам јас секако, како и секој друг чај.
Мене кремов/путер за тело ми го дадоа како поклон со нарачката, ја се чудам што тежи пакетот толку. Го пробав, онака е ок, а и не користам креми за тело, така да ќе го поклонам на мајка ми. Јас убедена чај дека ќе добијам, уште разочарана. https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/telo/kremi-telo/raspberry-fluff-крем-суфле-за-тело-360-мл/ Инаку, сега приметив дека спреј тоникот против флеки од Novexpert е со рок на траење до 02/2025. Вака супер е, ставив два пати до сега, ептен освежува и го омекнува лицето, за други промени уште е рано да видам. Јас секако брзо ќе го потрошам зошто малку немам осет кога се прскам, ама како вака праќаат продукти што им истекува рок за 20 дена? Туку, морам да спомнам и за тестерот од Madara што го земав, серум за очи е, ама тестерчево беше како крема внатре и пишуваше на цело лице да се стави. Лицето вака не ми било меко од било што друго што имам ставено, инстантно ги измазнува фините линии под очите и лицето буквално сјае и е одма посвежо. Ама прескап е, 2515 денари за 15мл, нема шанси да го земам... И тестерчево беше за една употреба. https://bellina.mk/prodavnica/testeri/regene-тестер-серум-за-околу-очи-со-лифтинг/ Исто земав тестер од Madara, Vitamin C Intense Glow Concentrate, тој уште го немам пробано, тој е уште поскап, скоро 3000 за 30мл. Јас плус пребрзо трошам продукти, и ич не би ми било исплатливо, премала им е количинава. Ќе си се тешам вака со тестери, од време на време.
До крајот на февруари е рокот бидејќи не е наведен датум од месецот. И јас купив таков спреј, но мојот е со рок до крај на јуни. Ама јас од продавница го зедов, не онлајн. Исто зедов и спреј за коса на Мадара, со рок до крај на април, верувам дека ќе го потрошам. А стварно е убав, сјај и дава на косата. Заради роковите се производите на намаление, не е првпат, постојано така прават, само треба шест месеци пред истек на рок да ги намалат, не месец два, тогаш веќе и по набавна цена треба да ги даваат. Ама кај нас тешко тоа. А попусти онака промотивно да има на производи со добар рок нема во Белина, тоа сум забележала.
Јас мислам дека не го земав по намалена цена, барем на страната не пишуваше дека има попуст, 1840 беше, не знам која е цената со попуст? Ама во секој случај, за производ што има рок уште месец ипол, треба да има гоолем попуст, не е битно дали си го купил онлајн или од продавницата. Ај памет за друг пат, директ од Белина ќе купувам, не вака. А за Мадара, верувам дека се им е убаво, од само една работа што пробав. Сакав да им го земам и серумот за трепки од Лавера, ама out of stock им е, приметувам дека многу продукти така немаат.
Толку им е хаотичен новиот сајт, ко изнатрупано и непрегледно, eye strain ме фаќа кога отворам да разгледам што има. Што им требало да го расипат вака, не ми е јасно.
Околу 1220 денари го зедов јас, не знам на страната дали има попусти, ама треба. Често немаат продукти, тоа е точно, па чекаш додека го донесат, а тоа може да потрае, па ќе ти се смачи да чекаш и ќе купиш нешто друго.