Забележувам дека цените на производите на брендовите што ги носи Белина кај нив се поскапи за разлика од ДМ. На пример, пенливиот гел на Novexpert што го користам во Белина е 1050, а во ДМ 875 денари. Тоникот исто - 425 денари во ДМ, а 505 во Белина. Не е некоја драстична разлика, но неколку производи од цела рутина ако купам од ДМ наместо Белина, би се заштедиле 500 денари +/-.
Па не е ни мала разлика, и само еден производ да купиш пак е голема разлика. Пред некое време се правдаа зошто е така ама помина многу време, како демек многу време работеле во загуба. Како па да не.
Отсекогаш било тоа така. Претпостаувам поради тоа што ДМ е голем трговски ланец, можи да си дозволи повеќе да ја спушти цената на тие производи, за разлика од Белина кои се мала компанија. Воедно, тука се вклучени маржи, даноци, итн. Е сега, сметај штом ДМ можи да ја спушти цената и пак да прави профит, што е со Белина..? Патем, од Белина се секогаш ексклузивни застапници за сите производи кои ги имаат така да и тука мора да има добра зделка…
Обично кога е рокот пред истек даваат вака големи попусти. Од Jonzac само гел за миење лице имам користено и задоволна сум, од органски состојки се сите производи. За толку пари земи ја, можда ќе те бендиса.
Големи се шансите да е рокот при крај. Јас така имав нарачано на доста голем попуст, рокот и истекуваше за два месеци и морав да ја фрлам дека не ја дотрошив. Ако си во можност оди директно во продавница да си видиш
Јас се што имам земено на попуст поготово ако е 50, 70 % се било пред истек. И тоа не е баш фер некои од производите се месец два пред истекот и немаш време да ги потрошиш.
Ништо не им е. Јас само така купувам од Белина пред истек на рок. И нема проблем, ги користам и по истекот.
Јас сум користела, мислам од Лавера дека беше ако не се лажам. Ништо посебно, малку боја им даваше на трепките, некое особено издолжување не.
Од кои серуми сте задоволни од Белина? Имаат акција некоја, па има ц витамин серуми, има маски за лице, пилинзи, креми...Од Конопка и Натура Сиберика ги гледам, тие линии
Од Натура Сиберика имам користено повеќе серуми и креми, и за цената се супер, мене ми одговараат. Со производи од Конопка немам искуство.