Јас повеќе од половина година го користев тоникот за сува и нормална кожа на Dr. Konopka и можам да кажам дека сум презадоволна. Моментално го сменив со друг, но не сум нешто посебно задоволна. Ќе се вратам повторно на тој од Dr. Konopka штом го дотрошам моменталниот.
Последно време многу производи им нема на страната, на пример Конопка тоникот им го нема со месеци, а и некои креми често ги снемува баш штета јас сум фан на нивните производи и често порачувам од кај нив, дали знаете на колку време добиваат производи? Гледам дека после попустот за црн петок што беше, нова роба не добија, а скоро цел месец помина, или можеби знаете од каде може на друго место може да се порачуваат производите особено на Натура Сиберика и Конопка, дали ги има на некоја друга страна? Знам дека има штанд во Скопје, ама не сум од Ск па и сега поради вирусот баш и не сум шетач по молови, ако знаете од каде може да се нарача споделете искуство.
@Ева33 те читав претходно за кремите на Натура сиберика за дневната и ноќната и за филерот. Какво лице имаш и дали го проба филерот? ги гледав вчера и ако одговараат и за масно лице , наредно да ги пробам нив
Мислам не се баш за масно лице, повеќе би одговарале за нормална до сува кожа. Иако може да се користат за сите типови на кожа. Инаку задоволна бев од нив, на два пати ги зедов, и даваат убав сјај на кожата, и убаво ја измазнуваа. Преубав природен мирис имаат. Филерот ок беше, исто, два пати го зедов, но повеќе задоволна бев од кремите. Сметам дека филерот има помал ефект на кожата, за разлика од дневната и ноќната крема,а не е баш ефтин.
Имаа пред една недела, сега само на парфемите, можно е да изненадат. Инаку лани за време на карантинот имаа цело време 20% попуст.
Женски предлог на крема за лице (може и дневна и ноќна) ги имам пробано snow cladonia ,sophora japonica и таа на конопка зелената и сите ми се мн мрсни некако. Некоја друга да ми препорачате што може да се најде во белина? Имам 30+
Ако ти се сите креми многу мрсни, можеби повеќе би ти одговарале флуиди како производи, кои се еден вид на light креми или пак гелови или крем-гелови.
За од белина би ти го препорачал флуидот со витамин ц од натура сиберика, тоа е ептен лесен флуид, дури и не се задржува на прст. А крема која е многу е лесна и има таква гелеста структура од iUNK зелената крема со ниацинамид и чајно дрво, само што не е од белина, но има слична цена како кремите од белина.
Јас да го пофалам шампонот на Уртекрам со нордиски бобинки. Косава ми беше сува, на скалпот имав лушпи дури. Уште по прво миење се намалија на пола, а косава мека на допир, абе милина. Од мене 5/5.
@Biodevojka Ти ја читав рецензијата зс производиве, и ги купив. Уште да ми кажеш по кој редослед да ги користам
Кремата ја купив пред 2 недели читајќи добри коментари на форумов , одлична е. Серумот и пилингот не сум ги пробала , а по ред би одело , пилинг (не секој ден) , па серум па крема.