Мене линијата со боровинките ми беше супер. Моментално го имам чистачот за миење лице дома. Исто и од Береза линијата задоволна бев.
Ја затвориле ли продавницата во East Gate? Дали ја имате видено кремава за околу очи во ДМ и која и е цената?
Зарем ја затворија и таа во East Gate? Пред некое време ја затворија таа што им беше во Настел - Тафталиџе.
Јас ја барав продавницата долу до L’Occitane, мислам дека таму беше ако не се лажам? Сега на тоа место има друго отворено.
Да таму беше, ако не е таму, значи изгледа ја затвориле. Можно е, во последно имаше многу поплаки дека им праќале производи со изминати или кратки рокови. Не дека тоа не го правеа и порано, ама сега изгледа зачестиле. Инаку, многу имаа глупава политика за попуст. Само производи со рокови што беа при крај, почнувајќи од 6 месеци па пократки, ги ставаа на попуст. Ретко, ретко да имаат друг, регуларен попуст.
Јас како што разбрав ја реновираат и наскоро ќе ја отворат повторно продавницата прва што им беше во Капиштец
Не знаев дека и таа е привремено затворена/се реновира. Како и да е, мислам дека им фали многу поголема и подобра промоција на социјалните мрежи, а воедно и подобра стратегија за продажба. Ми се чини Coslovemetics им се сериозна конкуренција, особено откако се проширија со локации.
Колку што ми кажа девојче што работи таму, газдите се скарани и се поделени белина и биошоп. Едните ќе работат само онлајн, а другите (мислам биошоп ми рече) ќе си имаат и физичка локација
Ауу значи ја оплескале работата. Мене ме зачуди ова дека го реновираат нивниот прв дуќан во Капиштец, бидејќи тој релативно неодамна им беше реновиран, така да можно е и трајно да го затвориле. А ако е како што викаш, значи козметиката ќе си остане онлајн, а органската храна ќе оди во продавница… Интересно.
Вака гледано, држат некако. Ама не му завидувам на тие што ќе треба да работат таму, ги жалам. Во белина или во биошоп - исто е.
А баш ова дојдов да го прашам, гледам 2 различни сајта со малтене истите производи... А од неодамна и Магнолија најави дека веќе нема да дава рутини преку Белина, плус затворањево на дуќаните. Трач партија во скин кер заедницата си истерав Мене речиси цела рутина освен СПФ и ноќна крема ми е од брендови што ги има во Белина, така што дефинитивно ќе продолжам да пазарам, само сега наместо Белина и ДМ ќе треба и со трето место да споредувам цени и попусти
Штом Магнолија, која им беше најверен промотер, се тргнала од нив… Ептен ја зафркнале работата значи…