@anggell @LadyInPainting да повторно им работи продавницата во Капиштец од пред неколку дена веројатно. До пред викендов беше затворена.
Некој да го има користено серумов за усни со хијалурон, врши ли работа? Малце се соленки овие од Новоексперт, се надевам дека е добар https://bellina.mk/prodavnica/nega-...CQN8_b5CWAawyiiZf0_aem_uApPKNbgNl9ZXPyazjhEXw пс. Ја мислам Белина има еден газда, брачен пар се.
Најново од денес. Во продавницата во Капиштец даваат подароци од СПФ линијата на Organic Shop. Ми рекоа ќе трае уште неколку дена како промоција за повторно отворање на продавницата.
Сакам да пробам некој од шампоните на Конопка, ми делуваат солидно и исплатливо во однос на количината. Ама проблемот е што имам мрсен скалп и многу брзо ми се мрси косата, а не видов шампон од брендов кој е наменет стриктно за таков тип на коса. Кој ми го препорачувате? Или некој на Органик и Натура Сиберика? Ама тие како да беа помали пакувања.
Мене на Конопка ми одговараат за волумен и тенка коса, моментално го користам за регенерација на Конопка повеќе ми ја мрси, знаев дека така ќе биде ама морав малку косата во живот да си ја вратам. А на Уртикарм многу се задоволни од него, мене косата тесто ми ја правеше, никогаш не се вратив на него. Конопка за волумен со години го користам. Исто и Натура Суберика се добри.
Пет и пол години ја користам следнава комбинација од Натура Сиберика и не ја менувам. Некое време користев на Уртекрам со рузмарин за мрсна коса и некои други на Натура Сиберика од другите линии но секогаш се враќам на овие со волчји трн. Косата е свиленкаста, се мрси по 3-4 денови. Шампонот и регенераторот се по 400мл, не се мали.
Се сомневам дека има нешто на попуст, освен тие шо рокот им е при крај. Така им функционираат попустите. Инаку, Белина имаше 4 газди, два пара, од кои еден брат и сестра. Сега откако се поделија, не знам што како…
Фала ти многу. Спрејот е за расчешлување или има некоја друга намена? Мене секако не ми е потребна којзнае каква нега, немам оштетена коса. Битно ми е само да не ми ја измрсат косата уште толку.
Продавницата во Ист Гејт сега е реотворена под брендот Биошоп и се наоѓа карши дм, на 1спрат. Вчера бев изнакупував работи за на одмор. Супер избор имаше и на храна и на козметика
И јас сакав да прашам за лосиониве со СПФ, конкретно за тој од кокос ме интересира. Обичниот од ванила не ми се допадна, може овие со фактор подобри им се. Баш некоја ако ги има пробано нека сподели.
Не знам дали е до мене, ама многу слаб избор имаат во последно време. Баш пред некој ден влегов во BioShop во Ист Гејт, барав некои производи, ги немаа. Ми рекоа да проверам онлајн во Белина. И ајде проверив, пишуваше дека ги има на залиха производите што ги барам. Ставам во кошничка шампон, пилинг за скалп и СПФ за лице. Ми дава да изберам еден бесплатен тестер, бирам и тоа, одам кон наплата, внесувам податоци за достава, број на картичка и сѐ тоа и гледам дека и бесплатниот тестер сепак ми го наплаќаат и дека го немаат пилингот за скалп (иако пишуваше дека го има на залиха). И ајде тоа, самото автоматски ми го внесе ZIP кодот за Скопје и после ми вика невалиден ZIP код. Пробувам неколку пати од почеток, пак истото. Се изнервирав и баталив. Добро, што се дешава? Јас негде грешам или сајтов нешто не им е океј?
Дали можеби некој ги има користено да сподели искуство? Ги добив на подарок од биошоп со секоја сметка над 1500 денари.
лосионот за тело е супер. И јас го добив на истиот начин. Го искористов на плажа. Донар е за секојдневна употреба. Од една страна убаво мириса баш како свеж овошен лосион од друга страна има и заштитен фактор